IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Закон за употреба на македонскиот јазик
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Закон за употреба на македонскиот јазик

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Закон за употреба на македонскиот јазик
    Испратена: 21.Јули.2008 во 00:36

Гледам многу многу не се зборува за ова на овој форум па решив да отворам тема...да видам кои се вашите мислења за овој закон.





Цитирај
Изгор казни за неправилен македонски јазик
Најмалку 2.500 евра ќе плати секој издавач, медиум, општина, фирма што ќе објави нелекториран текст

Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува
Скапо ќе плати секој што во иднина преку медиум ќе опише некој „божанствен крузинг“, ќе огласи место за „адвертајзинг менаџер“ или ќе отвори „beauty studio“. Најмалку 2.500 евра ќе биде глобата за секое прекршување на Законот за употребата на македонскиот јазик. За секој нелекториран текст што ќе го објават правни лица, како издавачи, фирми, медиуми, општини, институции ќе следува глоба од 2.500 до 3.000 евра. Тоа стои во измените на Законот за употребата на македонскиот јазик, а кои деновиве ги изгласа Собранието на РМ. Според дополнувањата, одделно ќе се казнуваат и одговорните лица што дозволиле да се објави нелекториран текст и тоа со казна од 700 до 900 евра. Со новите одредби речиси десетпати се зголемени долните прагови од казните предвидени за отстапување од правилната употреба на јазикот. Досега, за правни лица тие се движеа од 10.000 до 200.000 денари, а за одговорните лица беа предвидени казни од 1.000 до 35.000 денари. Сепак, ретко кој во минатите години кај нас беше казнет за неправилна употреба на јазикот. Поддржувачите на измените во Законот сега веруваат дека висината на глобите ќе помогне да се сочува нормата на македонскиот јазик во јавната употреба.
ВИСОКИ КАЗНИ ЗА ПОВИСОКА СВЕСТ
Лилјана Поповска,водач наДОМи претседателка на Организацискиот одбор на манифестацијата Година на македонскиот јазик, верува дека македонскиот јазик ќе почне да се употребува правилно. Казните не се популарна мерка за да се развива свест за употреба на еден јазик, но сепак, во нашиот случај тие се неопходни за да се воспостави ред во настанатиот хаос што ни го уништува јазикот. Секој што ќе ја прекршува нормата ќе биде соодветно казнет. Македонскиот јазик беше речиси заборавен 16-17 години во Република Македонија. Иако постоеше закон за негова употреба, тој речиси и да не се применуваше. Токму затоа пред една година беше иницирана и Годината на македонскиот јазик, со што успеавме многу работи да поправиме во полето на јазикот - вели Поповска.
Најзадоволни од воведените измени се лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои со години укажуваат дека јазикот ни се уништува, зашто не се почитуваат правилата. Оттаму негодуваат што фирми, медиуми, јавни личности во минатите години неказнето го прекршуваа јазикот, користејќи зборови и изрази од англискиот јазик и од јазиците на земјите во нашето соседство.
- Од донесувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик изминаа повеќе од десет години. Но, секако состојбите укажуваат дека не можеме да бидеме задоволни од неговото почитување. Многу списанија и телевизиски куќи се без вработен лектор, најголем број од имињата на трговските објекти, рекламите, излозите не се на кирилско писмо, сведоци сме на нелекторирани книги и прилози во весници, лоши преводи на филмските програми. Сето тоа добива загрижувачки обем. Дали зголемените казни ќе ја зголемат свеста за почитување на законот и на свеста за сопствениот јазик и идентитет, ќе покаже времето - вели Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот.
ЦЕЛИ ОПШТИНИ НЕ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ
Макаријоска додава дека е загрижувачки што во некои општини во земјава не се користи македонскиот јазик, иако неговата употреба таму е законски утврдена. Загрижува и тенденцијата пројавена во некои од единиците на локалната самоуправа за избегнување на употребата на македонскиот јазик утврдена со закон. Не ни е познато дали воопшто досега надлежните судови изрекле казни за прекршување на овој закон - вели Макаријоска.Надлежно за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик и за измените во него е Министерството за култура во чии рамки работат Советот за македонски јазик и инспекциските служби. Сепак, од ресорното министерство се' уште не знаеја кога и како ќе ги применат новите одредби од Законот. Велат дека стратегија за тоа ќе нема се' додека не биде назначен нов министер за култура. Немаа одговор ниту дали ќе ги казнуваат и одговорните во одделни општини во кои се избегнува употребата на македонскиот јазик.
Наесен нов том од Толковниот речник
Нов, четврти том од Толковниот речник на македонскиот јазик ќе биде објавен наесен, најавуваат од Институтот за македонски јазик. На 600 страници ќе има повеќе илјади термини од нашиот јазик што почнуваат на буквата П. Толковните речници се водачи во правилната употреба на јазикот, но кај нас објавувањето се' уште се одвива бавно, зашто како што велат од Институтот, паричната поддршка за неговата подготовка е недоволна.- Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе разбирање за финансирањето на проектите од национален интерес. Афирмирањето на македонскиот јазик, во услови на постојано негирање, е влог за сегашноста и за иднината - велат од Институтот.

__________________
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 00:39
П.С. Не сум сигурен али мислам дека овој закон важи и за форумите....
Мислам дека од сега па натаму членовите ќе треба да пишуваат на кирилица...
Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 00:59
Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:05


Поголема глупост не можеше да изгласаат!

Не може странски реклами и натписи, а на албански јазик може...? Е па мили мои за мене албанскиот е странски јазик и не го разбирам и сега каде се моите права?

Не знаат од бес и глупост што да направт!

Наместо да се отвараме кон светот ние се вракаме 60 години назад...се изолираме...само нека се продолжи овака...гледам далеку ке стигнеме...

Нека се фатат за работа и нека носат закони кои ке имаат за цел да ни го направат животот поквалитетен а не да се замлатуваат со закони кои уназадуваат!




Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:07
Originally posted by mileg mileg напиша:

Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci



...не никако...сите што знаат аглиски на бесилка...!!!

...се читаш ли воопшто што си напишал...не ми се верува дека може некој овака да размислува...се и сешто...



Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:13
Pred tri nedeli mi zemaa pari za "patriotska" fiskalna . Imam dve svetlecki reklami edna po mala i edna golema za da gi smenam na kirilica ke mi trebaat okolu sto evra minimum . Inace budzetot imal dve milijardi i kusur evra e pa ako taka treba .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:15




...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...


...не дефинитивно ова е апсолутно лудило...ке станеме како Либија, кај и да е...



Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:29
Originally posted by moira moira напиша:





...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...







Па ја колку што знам во Македонија официјално писмо е кирилицата а не латиницата мислам тоа е сепак наше писмо... а многу ретко се употребува во Македонија.А еве за ваша информација во Русија и странските брендови на какво писмо ги имаат напишано имињата на нивните продукти...
Ова ќе испадне другите повеќе го ценат кириличното писмо од нас...а од наши луѓе е создадена и глаголицата и кирилицата....





Изменето од moira - 21.Јули.2008 во 01:31
Кон врв
RUSHKA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2837
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RUSHKA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:32
За овој закон сега ‘‘слушнав‘‘ од вас и се прашувам до каде ке се оди....цело време треба да пратиме што ново ке излезе од лабораторијата на парламентот за да не плакаме казни за кои немаме пари ,а работата Цацко ке ни ја вршиох
4ISTA SOVEST=MIREN SON
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:36


...и во некои земји за кражба сечат раце...бесат...стрелаат...и што треба тоа да значи...?
...видела жабата коњот се потковува, па кренала нога...


...кога ке се тргнат натписите на албански јазик и кога ке научат и во Парламентот да зборат сите литературно македонски, тогаш може да размислам дали ке се согласам со оваков закон...се дотогаш ова е глупост невидена и уназадување...и пак ке повторам со ова и низа други работи кои се случуваат во државата одиме во самоизолација...



Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:44
П.С.

Еве линкови..

http://www.lexlibertas.com/pics/McDonalds%201-w.jpg
http://www.julesverne.ca/Russia_adoption/Trip-one/images/images_moscow/IMGP0332_aeroflot%20pepsi.JPG
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 02:32
Браво! Само така треба. Меѓу новинарите во Македонија владее една страшна неписменост. Катастрофа! Секоја им чест на новинарите (или лекторите, како сакате) од Дневник. Останатите се...да на зборувам. Особено Македонски спорт, за кој не сум ни сигурен дали се` уште излегува. Не може да се појави една Ивона Талевска да чита вести и притоа правилно да ги акцентира само едносложните зборови. Значи, мора да се има ред...А што се однесува до форумите, верувајте никој не може да забрани дали ќе се пишува на кирилица или латиница, литературно или - што знам, на некој дијалект. Но во официјалната употреба редот мора да постои!!!
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 03:59



...дека се оди во самоизолација тоа е факт и не само со овој закон...туку со многу непромислени потези и закони кои се случуваат во последно време...

...македонскиот јазик и култура не се запазуваат и негуваат со ваков закон...но ова е сепак само фралње песок во очи на македонскиот народ...предигра и вовед за новиот закон за јазици кој ке се крои по теркот на новиот коалиционен партнер во Валадата...


P.S.

...јас ниту во говорот ниту во моите постови не употребувам србизми...во врска со јазикот немој само со мене да спориш...те молам...

...и напредувам...барем не сум ви здодевна...до пред некој ден бев ВМРО и форумов беше квалификуван како ВМРО-вски, сега сум комуњара...хахахаха...што се уште нема да се каже во недостаток на аргументи и рационално размислување...





Изменето од moira - 21.Јули.2008 во 04:04
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 08:38

Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Браво! Само така треба. Меѓу новинарите во Македонија владее една страшна неписменост. Катастрофа! Секоја им чест на новинарите (или лекторите, како сакате) од Дневник. Останатите се...да на зборувам. Особено Македонски спорт, за кој не сум ни сигурен дали се` уште излегува. Не може да се појави една Ивона Талевска да чита вести и притоа правилно да ги акцентира само едносложните зборови. Значи, мора да се има ред...А што се однесува до форумите, верувајте никој не може да забрани дали ќе се пишува на кирилица или латиница, литературно или - што знам, на некој дијалект. Но во официјалната употреба редот мора да постои!!!


Коментаров ти е на место...

Изменето од Vladimir88 - 21.Јули.2008 во 08:43
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.