Испечати | Затвори го прозорот

Закон за употреба на македонскиот јазик

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14634
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 00:43
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Закон за употреба на македонскиот јазик
Постирано од: Vladimir88
Наслов: Закон за употреба на македонскиот јазик
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 00:36

Гледам многу многу не се зборува за ова на овој форум па решив да отворам тема...да видам кои се вашите мислења за овој закон.





Цитирај
Изгор казни за неправилен македонски јазик
Најмалку 2.500 евра ќе плати секој издавач, медиум, општина, фирма што ќе објави нелекториран текст

Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува
Скапо ќе плати секој што во иднина преку медиум ќе опише некој „божанствен крузинг“, ќе огласи место за „адвертајзинг менаџер“ или ќе отвори „beauty studio“. Најмалку 2.500 евра ќе биде глобата за секое прекршување на Законот за употребата на македонскиот јазик. За секој нелекториран текст што ќе го објават правни лица, како издавачи, фирми, медиуми, општини, институции ќе следува глоба од 2.500 до 3.000 евра. Тоа стои во измените на Законот за употребата на македонскиот јазик, а кои деновиве ги изгласа Собранието на РМ. Според дополнувањата, одделно ќе се казнуваат и одговорните лица што дозволиле да се објави нелекториран текст и тоа со казна од 700 до 900 евра. Со новите одредби речиси десетпати се зголемени долните прагови од казните предвидени за отстапување од правилната употреба на јазикот. Досега, за правни лица тие се движеа од 10.000 до 200.000 денари, а за одговорните лица беа предвидени казни од 1.000 до 35.000 денари. Сепак, ретко кој во минатите години кај нас беше казнет за неправилна употреба на јазикот. Поддржувачите на измените во Законот сега веруваат дека висината на глобите ќе помогне да се сочува нормата на македонскиот јазик во јавната употреба.
ВИСОКИ КАЗНИ ЗА ПОВИСОКА СВЕСТ
Лилјана Поповска,водач наДОМи претседателка на Организацискиот одбор на манифестацијата Година на македонскиот јазик, верува дека македонскиот јазик ќе почне да се употребува правилно. Казните не се популарна мерка за да се развива свест за употреба на еден јазик, но сепак, во нашиот случај тие се неопходни за да се воспостави ред во настанатиот хаос што ни го уништува јазикот. Секој што ќе ја прекршува нормата ќе биде соодветно казнет. Македонскиот јазик беше речиси заборавен 16-17 години во Република Македонија. Иако постоеше закон за негова употреба, тој речиси и да не се применуваше. Токму затоа пред една година беше иницирана и Годината на македонскиот јазик, со што успеавме многу работи да поправиме во полето на јазикот - вели Поповска.
Најзадоволни од воведените измени се лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои со години укажуваат дека јазикот ни се уништува, зашто не се почитуваат правилата. Оттаму негодуваат што фирми, медиуми, јавни личности во минатите години неказнето го прекршуваа јазикот, користејќи зборови и изрази од англискиот јазик и од јазиците на земјите во нашето соседство.
- Од донесувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик изминаа повеќе од десет години. Но, секако состојбите укажуваат дека не можеме да бидеме задоволни од неговото почитување. Многу списанија и телевизиски куќи се без вработен лектор, најголем број од имињата на трговските објекти, рекламите, излозите не се на кирилско писмо, сведоци сме на нелекторирани книги и прилози во весници, лоши преводи на филмските програми. Сето тоа добива загрижувачки обем. Дали зголемените казни ќе ја зголемат свеста за почитување на законот и на свеста за сопствениот јазик и идентитет, ќе покаже времето - вели Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот.
ЦЕЛИ ОПШТИНИ НЕ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ
Макаријоска додава дека е загрижувачки што во некои општини во земјава не се користи македонскиот јазик, иако неговата употреба таму е законски утврдена. Загрижува и тенденцијата пројавена во некои од единиците на локалната самоуправа за избегнување на употребата на македонскиот јазик утврдена со закон. Не ни е познато дали воопшто досега надлежните судови изрекле казни за прекршување на овој закон - вели Макаријоска.Надлежно за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик и за измените во него е Министерството за култура во чии рамки работат Советот за македонски јазик и инспекциските служби. Сепак, од ресорното министерство се' уште не знаеја кога и како ќе ги применат новите одредби од Законот. Велат дека стратегија за тоа ќе нема се' додека не биде назначен нов министер за култура. Немаа одговор ниту дали ќе ги казнуваат и одговорните во одделни општини во кои се избегнува употребата на македонскиот јазик.
Наесен нов том од Толковниот речник
Нов, четврти том од Толковниот речник на македонскиот јазик ќе биде објавен наесен, најавуваат од Институтот за македонски јазик. На 600 страници ќе има повеќе илјади термини од нашиот јазик што почнуваат на буквата П. Толковните речници се водачи во правилната употреба на јазикот, но кај нас објавувањето се' уште се одвива бавно, зашто како што велат од Институтот, паричната поддршка за неговата подготовка е недоволна.- Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе разбирање за финансирањето на проектите од национален интерес. Афирмирањето на македонскиот јазик, во услови на постојано негирање, е влог за сегашноста и за иднината - велат од Институтот.

__________________

-------------

http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling



Коментари:
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 00:39
П.С. Не сум сигурен али мислам дека овој закон важи и за форумите....
Мислам дека од сега па натаму членовите ќе треба да пишуваат на кирилица...

-------------

http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling


Постирано од: mileg
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 00:59
Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:05


Поголема глупост не можеше да изгласаат!

Не може странски реклами и натписи, а на албански јазик може...? Е па мили мои за мене албанскиот е странски јазик и не го разбирам и сега каде се моите права?

Не знаат од бес и глупост што да направт!

Наместо да се отвараме кон светот ние се вракаме 60 години назад...се изолираме...само нека се продолжи овака...гледам далеку ке стигнеме...

Нека се фатат за работа и нека носат закони кои ке имаат за цел да ни го направат животот поквалитетен а не да се замлатуваат со закони кои уназадуваат!






-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:07
Originally posted by mileg mileg напиша:

Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci



...не никако...сите што знаат аглиски на бесилка...!!!

...се читаш ли воопшто што си напишал...не ми се верува дека може некој овака да размислува...се и сешто...





-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:13
Pred tri nedeli mi zemaa pari za "patriotska" fiskalna . Imam dve svetlecki reklami edna po mala i edna golema za da gi smenam na kirilica ke mi trebaat okolu sto evra minimum . Inace budzetot imal dve milijardi i kusur evra e pa ako taka treba .

-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:15




...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...


...не дефинитивно ова е апсолутно лудило...ке станеме како Либија, кај и да е...





-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:29
Originally posted by moira moira напиша:





...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...







Па ја колку што знам во Македонија официјално писмо е кирилицата а не латиницата мислам тоа е сепак наше писмо... а многу ретко се употребува во Македонија.А еве за ваша информација во Русија и странските брендови на какво писмо ги имаат напишано имињата на нивните продукти...
Ова ќе испадне другите повеќе го ценат кириличното писмо од нас...а од наши луѓе е создадена и глаголицата и кирилицата....





-------------

http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling


Постирано од: RUSHKA
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:32
За овој закон сега ‘‘слушнав‘‘ од вас и се прашувам до каде ке се оди....цело време треба да пратиме што ново ке излезе од лабораторијата на парламентот за да не плакаме казни за кои немаме пари ,а работата Цацко ке ни ја вршиох

-------------
4ISTA SOVEST=MIREN SON


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:36


...и во некои земји за кражба сечат раце...бесат...стрелаат...и што треба тоа да значи...?
...видела жабата коњот се потковува, па кренала нога...


...кога ке се тргнат натписите на албански јазик и кога ке научат и во Парламентот да зборат сите литературно македонски, тогаш може да размислам дали ке се согласам со оваков закон...се дотогаш ова е глупост невидена и уназадување...и пак ке повторам со ова и низа други работи кои се случуваат во државата одиме во самоизолација...





-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 01:44
П.С.

Еве линкови..

http://www.lexlibertas.com/pics/McDonalds%201-w.jpg
http://www.julesverne.ca/Russia_adoption/Trip-one/images/images_moscow/IMGP0332_aeroflot%20pepsi.JPG

-------------

http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling


Постирано од: dudulovski
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 02:32
Браво! Само така треба. Меѓу новинарите во Македонија владее една страшна неписменост. Катастрофа! Секоја им чест на новинарите (или лекторите, како сакате) од Дневник. Останатите се...да на зборувам. Особено Македонски спорт, за кој не сум ни сигурен дали се` уште излегува. Не може да се појави една Ивона Талевска да чита вести и притоа правилно да ги акцентира само едносложните зборови. Значи, мора да се има ред...А што се однесува до форумите, верувајте никој не може да забрани дали ќе се пишува на кирилица или латиница, литературно или - што знам, на некој дијалект. Но во официјалната употреба редот мора да постои!!!

-------------
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 03:59



...дека се оди во самоизолација тоа е факт и не само со овој закон...туку со многу непромислени потези и закони кои се случуваат во последно време...

...македонскиот јазик и култура не се запазуваат и негуваат со ваков закон...но ова е сепак само фралње песок во очи на македонскиот народ...предигра и вовед за новиот закон за јазици кој ке се крои по теркот на новиот коалиционен партнер во Валадата...


P.S.

...јас ниту во говорот ниту во моите постови не употребувам србизми...во врска со јазикот немој само со мене да спориш...те молам...

...и напредувам...барем не сум ви здодевна...до пред некој ден бев ВМРО и форумов беше квалификуван како ВМРО-вски, сега сум комуњара...хахахаха...што се уште нема да се каже во недостаток на аргументи и рационално размислување...





-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 08:38

Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Браво! Само така треба. Меѓу новинарите во Македонија владее една страшна неписменост. Катастрофа! Секоја им чест на новинарите (или лекторите, како сакате) од Дневник. Останатите се...да на зборувам. Особено Македонски спорт, за кој не сум ни сигурен дали се` уште излегува. Не може да се појави една Ивона Талевска да чита вести и притоа правилно да ги акцентира само едносложните зборови. Значи, мора да се има ред...А што се однесува до форумите, верувајте никој не може да забрани дали ќе се пишува на кирилица или латиница, литературно или - што знам, на некој дијалект. Но во официјалната употреба редот мора да постои!!!


Коментаров ти е на место...

-------------

http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling


Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 16:59


Овој закон не важи за форумите!!!




-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: moira
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 02:30


Тука од сеогаш се бара да се пишува кирилица...така е и во правилникот на Идивиди...така е и во Политика...но некој членови едноставно немаат кирилична подршка...и јас на еден од компјутерите немам ...и тоа што значи...дека не треба да се учествува на форумот...?





-------------
...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 05:12
Многу работи се изнакажаа за овој закон, без да се размисли трезвено малку.
Прво - правата на останатите народи во Македонија не се засегнати, затоа што за нив ќе продолжи да важи законот за употреба на јазикот на заедниците.
Јас апсолутно ја поддржувам идејата за ваков закон и за жал Моира, тука не се согласувам со тебе дека е враќање назад. Ако идејата е дека ова ќе не врати назад во однос на ЕУ, не е баш точно... Ајде да ги погледнеме земјите кои наскоро влегоа во ЕУ, како на пример Бугарија, Романија, Полска. И трите многу го почитуваат и сопствениот јазик и писмо (иако последните две користат латиница, сепак доста се разликува од останатите нации).
Пољаците одат дури до уште поголеми крајности - на пример, никаде нема во Полска да сретнете напишано град кој се вика Њу Јорк, туку Нов Јорк (да, ова е веќе претерано, ама го давам за пример за земја од ЕУ).
Франција има ваков закон за заштита на јазикот многу одамна и нивните казни се уште посурови. Не само - ами имаат многу строги правила за тоа колку странски филмови може да има во кината, на телевизија и слично...
Во моментов еден од најголемите проблеми кои ги има Македонија е битката со Грција. Таа битка не е само за името, туку уште побитно - за идентитетот. Јазикот е неодвоив дел од тој идентитет, да не речам најважен.
Сепак, сметам дека треба да се испегла малку законот, затоа што во македонскиот јазик недостасуваат доста зборови кои се од техничка природа, а истотака има многу зборови кои се релативно нови, кои не може да се преведат правилно на македонски, затоа што не би го вклучиле целосното значење на зборот (конкретен пример што е даден во прилогот - Адвертајзинг менаџер - нема како да се преведе, затоа што Рекламен менаџер не би било правилно, рекламирање реално не означува исто што и адвертајзинг иако тоа е буквалниот превод на зборот).

Најголемиот проблем е што ваквите закони не се донесоа во 91 година. Тогаш се занимаваа со глупости и ги заборавија суштинските работи. Тоа - како што гледаме, доста погубно се одрази врз целото општество.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: boris-007
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 13:10
Јас сакам да казам дека овој закон не треба да постои.Кога ке дојдат странци како ке дознаат дека е тоа продавница?Јас сфаќам дека сме патриоти ама измена на тој закон не го прифаќам.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 14:06
Originally posted by orlov orlov напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

П.С. Не сум сигурен али мислам дека овој закон важи и за форумите....
Мислам дека од сега па натаму членовите ќе треба да пишуваат на кирилица...



Еми како. Ќе си играме со сопствениот јазик. А? Е, нема повеќе така.
 
Нема, сигурно. Јазикот мора ад се запази. Само така орлов. Остро. Што е ова, латиница, србизми, те англиски терминилутина


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 14:22
лутина
Originally posted by moira moira напиша:

Овој закон не важи за форумите!!!

 

Треба да важи, зар попусто се бореа нашите борци за одбрана на честа и идентитетот на Македонија? И на македонските форуми треба да се пишува кирилица. На кој германски или француски производ, а пред се лек, сте виделе да пишува нешто на англиски на пример?

 

Така се чува јазикот, видиш како орлов има право, тој е прав борец, а кому не му одговара, нека оди...нека оди...по други странски форуми.лутина


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 15:53
Originally posted by boris-007 boris-007 напиша:

Јас сакам да казам дека овој закон не треба да постои.Кога ке дојдат странци како ке дознаат дека е тоа продавница?Јас сфаќам дека сме патриоти ама измена на тој закон не го прифаќам.


Ќе има напис и на кирилица и на друг јазик. За се има решение, ама нели мора да се пожалиме...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 00:11
http://www.kultura.gov.mk/documents/Zakon_za_upotreba_na_makedonskiot_jazik.pdf - Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 година


Законот за измена и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Службен весник на Р. Македонија бр.89/08 од 18.07.2008 година

Член 1

Во Законот за употреба на македонскиот јазик (“Службен весник на
Република Македонија“ број 5/98), членот 13 се менува и гласи:
“1) Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност
ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран
текст (член 7 став 1).
2) Глоба во износ од 700 до 900 евра во денарска противвредност ќе му
се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на договорното лице во
правното лице.
3) За прекршокот од ставот 1 на овој член на правното лице може да му
се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети со кои е
извршен прекршокот“.

Член 2

По членот 13 се додаваат два нови поднаслова и два нови члена 13-а и
13-б, кои гласат:
“Надлежност на судот
Член 13-а

За прекршокот утврден во членот 13 на овој закон, прекршочна
постапка води надлежниот суд.
Порамнување
Член 13-б

1) За прекршокот во членот 13 на овој закон, инспекторите за култура
се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка на
порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка.
2) Инспекторот за култура може во постапката за порамнување на
сторителот на прекршокот да му даде платен налог“.

Член 3

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија“.



-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 07:49
Originally posted by Македон Македон напиша:

http://www.kultura.gov.mk/documents/Zakon_za_upotreba_na_makedonskiot_jazik.pdf - Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 година


Законот за измена и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Службен весник на Р. Македонија бр.89/08 од 18.07.2008 година

Член 1

Во Законот за употреба на македонскиот јазик (“Службен весник на
Република Македонија“ број 5/98), членот 13 се менува и гласи:
“1) Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност
ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран
текст
(член 7 став 1).


Малку имам забуна околу ова, ОБЈАВИ се однесува само на писмено објавување или збунетост,  бидејки под објавување спаѓа и вестите на ТВ, радио, говорот во парламентот, на седници. Презентерот на вестите ги чита, значи објавува. Досега не прочитав негде дека некој од овие правни лица (мислам на телевизииве, собранието) им е изречена таква глоба.


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 13:06
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

http://www.kultura.gov.mk/documents/Zakon_za_upotreba_na_makedonskiot_jazik.pdf - Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 година


Законот за измена и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Службен весник на Р. Македонија бр.89/08 од 18.07.2008 година

Член 1

Во Законот за употреба на македонскиот јазик (“Службен весник на
Република Македонија“ број 5/98), членот 13 се менува и гласи:
“1) Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност
ќе му се изрече за прекршок на правното лице што ќе објави нелекториран
текст
(член 7 став 1).


Малку имам забуна околу ова, ОБЈАВИ се однесува само на писмено објавување или збунетост,  бидејки под објавување спаѓа и вестите на ТВ, радио, говорот во парламентот, на седници. Презентерот на вестите ги чита, значи објавува. Досега не прочитав негде дека некој од овие правни лица (мислам на телевизииве, собранието) им е изречена таква глоба.


Кога се мисли на текст, се мисли на пишан текст објавен од правно лице, во смисла на реклами, натписи, објави и слично.
Правно лице претставува трговското друштво, верска заедница, граѓанско друштво и слично. Телевизиите истотака се правни лица.

Собранието е институција ( според член 7 од Законот за употребата на македонскиот јазик од 1998 година и за законодавната, судската и извршната власт важи истото ) не е правно лице. Пратениците истотака не се правни лица.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk