IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 26>
Автор
Порака
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 08:48
vo golema merka se slozuvam so Al Masih.

no zidarski sosema dosledno i do bukva go sproveduva noviot sovremen totalitarizam na mislata, koj pod prevezot na tolerancijata vsushnost promovira dekadencija. vo sovremeniot svet, veke e 'navreda' (zamislete!) da se kaze deka gej ne e ok! ili deka odredena religija ima sotonski elementi. ili ne daj boze da se kaze deka nekoj drug ne e vo pravo.

prasanjeto moe e, ako vo ime na tolerancijata se dozvoluvaat sekakvi pojavi i religii, kako togas vo ime na istata taa tolerancijata ne se dozvoli (tolerira vo najmala raka!) i GOVOR za licnite stavovi po prasanjata kako seksualnosta, religijata i slicni?

zosto ako nekoj pravi budala od sebe so svoite veruvanja, i nie site go tolerirame toa, isto taka da ne tolerirame nekoj da se obide da go vrazumi?

i taka, na eden suptilen nacin, vo naseto vreme i opstestvo se promoviraat budalesti idei, bidejki nikoj nema hrabrost (nitu pravo!) da im protivreci. ke se cudime li togas kade ke otide nasiot svet?


(se izvinuvam sto mozebi, a mozebi i ne, ovoj post ne e na temata, ako e taka, molam da se premesti na soodvetno mesto)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 09:18
Знаеш зошто... затоа што сега и ти и АлМасих сте со став против Прахристијаните... И еве, ако ве оставам (а нема) да го правите тоа - ќе ги убедите другите дека тој не е во право. Тоа што ќе го постигнете е тој да го напушти форумов, ние да останеме со многу малку знаења за нивните ставови и идеи и ништо повеќе.
Потоа - ќе се зафатите со муслиманите... Ќе ги убедувате дека грешат, тие вас ќе ве убедуваат и така до бескрај. Да речеме дека и тие ќе напуштат... Едва ли некој од нив ќе го убедите да смени вера само затоа што му велите дека му е погрешна, ама ќе напушти, толку може да направи...
И на крај - кога нема да остане никој против кој и двајцата (извинете што ве земам за пример) да проповедате, тогаш ќе се нафрлите еден на друг. И кој ќе биде во право тогаш?
Не оди тоа така... СЕКОЈ човек има право на свое мислење, на свои ставови и на своја верска определба! И секој има право тоа негово право да биде почитувано!
И ти, и Мајкл, и АлМасих. Секој од вас тројца има различна идеја за тоа што е христијанството и како треба да се биде Богоугоден. Со што евангелец, твоето мислење е повредно од она на АлМасих или од она на Мајкл? Со што си ти повреден од него?
Како да го прифатам твоето мислење за вистинито - да не слезе Христос да ти прошепна дека ти си праведниот, па да те следиме тебе? Ниту на тебе тоа ти се случило, ниту на некој друг... Затоа не треба да бидеме судии, затоа што само Тој има право да суди!
Ако сакаш некого да го убедиш во неговата грешност, убеди го првин во твојата правота. Тогаш тој самиот ќе ја согледа сопствената грешка (или не). Вака - гледам само суета и ништо повеќе...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 15:13
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Прашање до Мајкл
Какво учење имаат овие следбеници на Габриела за:

Мала исправка. Прахристијаните не се следбеници на Габриеле, туку се сметаат себе си за следбениците на Назаретќанецот - Исус, кој е Христос првороден Син на живиот Бог, избавителот на сите луѓе и души.
За некого тоа може да е заблуда, но прахристијаните никогаш не рекле дека се следбеници на Габриеле ниту пак таа вели дека има следбеници, ниту пак на Габриеле и се укажува некаква почест, обожување и сл. бидејќи само на Бога му припаѓа сета слава и пофалба.

Габриеле е само инструмент кој божјите објави ги изговара или запишува и и` ги предава на јавноста понатака преку радио, книги, интернет и сл.

Кон прашањата кои следат би сакал да го појаснам и следново:

Според „Универзален живот„ во сите религии има аспекти на вистината, но со тек на време верниците се оттргнале од изворното учење(Ова важи и за на пр. дел од Богомилите.) што соодветно се одразило во нивните преписи на верските списи и практики.

Вистината е една! Но таа свети во безброј фасети на вистината. Никој не може да каже дека тој ја има апсолутната вистина - бидејќи таа е Христос во Бога, а ниту Христа ниту Бога никој не може да го поседува како личен имот. Ова важи за секого па и ако некој се декларира себеси како прахристијанин во Универзален живот.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Харе Кришна (Бактиведанта)

Нема да зборувам за Меѓународното друштво за Кришна свесност(Ваишнавска верска заедница, позната и како Харе Кришна движење - ако сакате отворете посебна тема за нив)иако сум прилично добро запознаен - така по „име„ и „презиме“ во Универзален живот, начално, нема директен став.

Ќе дадам општ осврт за ставот на Универзален живот кон источните-индијски духовни учења воопшто. Но ќе морам да се осврнам и врз некои други работи за да ставовите бидат појасни.

Источните религии претежно зборуваат за тоа дека се` произлегло од струечкиот етер - Светиот Дух(безличниот браман) и дека се` еден ден повторно ќе се стопи со безличниот браман. Дури во некои, се слави и како конечна цел - стопување со ништо како вид на духовно ослободување(нирвана, нпр.во будизмот).

Но, тоа - растворување на сите создадени духовни форми, кое видовитите во времето на Ведите(хинду свети списи)во визија го гледале - било реална тенденција да се случи до пред Христовата Избавителска жртва на Голгота. Воедно тоа била и е желбата на силите на Темнината.

Имено, телото на духовните битија и сето Создавање е составено од духовни атоми. За разлика од материјалните атоми, духовните се не-деливи. Тие имаат своја духовно- законска ротација. Колку душата или човекот се оддалечуваат повеќе од Бога преку негативни мисли, зборови и постапки, дотолку тие поспоро ротираат. Колку повеќе човек или душата без тело доброволно настојуваат да живеат според божествените законитости(најбитните се изнесени во 10те Заповеди и Исусовата Беседа на Гората) дотолку побрзо ротираат духовните атоми.

Желбата на Сатаната(првиот создаден женски принцип т.е.битие) била таа да стане Бог и да се врати состојбата каква што билa пред создавањето да започне. Тоа се нарекува уште и првата мисла на Падот преку која започна едно космичко случување од несфатливи негативни димензии - кратко наречено Падот на Ангелите.
Сатаната преку вешти интриги сакала да ги наведе духовните битија да преку крајно оддалечување од Бога ги наведе духовните атоми да ротираат се` поспоро и поспоро. Во еден момент, тие би запреле накратко, за потоа да почнат да ротираат во спротивна насока. Доволно би било тоа да му се случи само на едно духовно битие - за да преку ланчана реакција биде зафатено целото создавање.

Тоа би довело најпрвин кон деградација на животните форми(индијските религии зборуваат за реинкарнирање во луѓе па во животни, па во билки, минерали)а потоа до нивно распаѓање и целосно исчезнување во течечкиот етер. Тогаш создавањето би можело да почне наново, но по волја на Сатаната. Оваа намера на Сатаната и нејзините следбеници е осуетена од страна на Христос кој појде во инкарнација и се симна од Духовниот универзум - Небото(источните религии зборуваат за аватар=оној кој се симнува)во оној момент кога Падот ја достигна својата најниска точка. Тој преку жртвата на Голгота го раздели своето духовно наследство - и во сите луѓе и души ја всади Христовата избавителска искра која стана потпора на духовните атоми.

Имено, колку и да се оддалечат човекот или душата од Бога преку грешење, духовните атоми ќе продолжат да ротираат, додуша мошне бавно. Но никогаш нема да запрат и со тоа да предизвикаат деградацијски процеси.
Оттаму, назадувањето и реинкарнирањето на човечката душа во една животинска или растителна душа или тело е трајно невозможна. Воедно со тоа Христос станал учител на сите учители, и едниствен сопственик на клучевите од портите на вечниот Живот - кој е духовен, а не материјален, оти материјата е привремена и со тоа е привидна реалност(истокот зборува за маја=илузија).

До Христовата жртва на Голготата, беше возможно тнр.самоспасение кое го подучуваа (особено во Источните подрачја на Земјата) просветлените (како на пр. Буда). Но услов било, за да можел да се помине светлосниот ѕид и да се врати во Небесата, да тие самоспасени души го признаат тројното владеење на Бог-Отец како највисока духовна форма, Христа како со-владар на Небесата, и сеприсутноста на Светиот Дух.

После настанот на Голгота, спасението е возможно само преку Христа, секој поединец кој за себе изјавува дека е духовен учител(гуру) и дека тој може да ги превземе туѓите гревови(карма) од минатите или овој живот и луѓето тој да ги доведе директно кај бога, - според Универзален живот - е шарлатан.
Таквиот (невидливо)ги врзува луѓето за себе, постапува против божјите закони, а под околности тоа врзување е мошне опасно за душата на човекот.

Пророците испратени од Бог, напротив, само укажуваа на Оној кој е Патот, Вистината и Животот - Христос Божји.

Понатака, источните религии учат честопати дека за да се достигне Бог покрај духовен учител( гуру ) потребно е и практикување на одредени аскетски вежби, ритуали, техники на дишење, постење, и/или повторување на збор или формулација на зборови со волшебна моќ наречени - мантри.итн...

Напротив, според тоа што Христос го објави во "Универзален живот" преку Габриеле, ослободување од гревот = патот кон Бога, е возможно само со препознавање на грешното, покајување, искрена молба за прошка до тие што се засегнати, простување, надокнадување на штетата(доколку е тоа сеуште можно), и повеќе НЕ повторување на истиот или сличен грев. Силата за тоа, ја дава Христос ако искрено и доброволно го замолиме. Овој процес се нарекува и кружен тек на чистење. Воедно тоа е патот за излез од болести, неволји, судбински удари и катастрофи.

Доколку човек се нафати со тнр.источни духовни практики повторувајќи мантри или медитирајќи на слики и предмети тој ја насочува својата духовна енергија кон невидливата хиерархија на учители кои не стојат во Христовиот налог а тврдоглаво сеуште се држат за науката на расткајување на сите создадени форми - тие немаат никаква врска со некогашните просветлени учители како што беа Кришна или Буда(за кои пак, поради древните времиња во кои живееле, имаме повеќе фантастични легенди отколку вистинити факти)пред Исуса од Назарет.

Преку некои источни духовни техники можат да се ословат духовните центри на свест кои служат за распределба на духовната енергија во човековото тело(истокот зборува за чакри)но ова отворање на чакрите е духовно незаконско. Душевно лабилниот човек може да стане потоа жртва на различни астрални влијаниа што за последица во текот на овој живот или некоја наредна инкарнација може да има континуирана летаргичност, помрачување на умот, болести итн...
Центрите на свеста т.е. чакрите спонтано се прочистуваат и отвораат законски САМО со живеење на божествените законитости(на пр.10-те заповеди и Беседата на Гората)во секојдневниот живот а позитивна последица од тоа е зголемена добра волја, здравје, оптимизам, опуштеност од стрес итн...

Источните религи, поседуваат условно кажано, повеќе знаење за создавањето и духовно-енергетските токови во човекот, меѓутоа и нивното знаење е непотполно бидејќи не дојдоа во силен контакт благовремено со изворното христијанство. Според Универзален живот, тоа не е затоа што тие се повластени, туку затоа што оние кои се нарекуваа христијани се оддалечија од Христовото учење и го заборави знаењето кое го поседуваа и применуваа апостолите Христови.

Доколку навистина се ширеше Евангелието на Љубовта ширум светот тогаш народите на оваа планета Земја ќе беа крстени со силата на Светиот Дух и сите други религии ќе беа спонтано надминати. За жал тнр. христијани ги крштеваа народите насилно со меч, а вистинската порака не стигна на Исток и тие останаа во незнаење за Христовиот чин на Голгота и неговото длабоко космичко значење.

Во Христовата објава од 1981 година „Хиерархија на учителите и жртвата на Голгота„ беше кажано дека неуките христијани од Запад несвесно ширум ги отвораат портите на спротивните сили од Исток. Тоа што на запад особено во текот на 20-иот век масовно се појавиа гуруа од источните земји воопшто не е случајно. Но, тоа нема ништо заедничко со духовното будење предводено од Христа.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Дон Хуан (Карлос Кастанеда)

Индиректно важи одговорот од претходното прашање, директно ништо, но дека: Во сите религии има делови од вечната вистина па и кај латино-америкнските шамани но тоа не значи дека и таму не се протнале заблуди и визии кои немаат врска со реалноста.

Колку што ми е мене лично познато, Дон Хуан употребувал и дроги(100% природни)за духовни искуства и визија на единство со природата.

Во "Универзален живот" преку Габриеле е кажано дека оној кој употребува такви супстанции(хемијски или природни) привлекува астрални влијаниа и не може да има реален преглед на невидливите Небесни светови кои се врвната реалност - ниту пак да ја спознае вистината - таа се спознава само со, како што веќе беше објаснето - живеење на високите етички начела како на пр. Исусовата Беседа на Гората.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Ислам (мухамед)

Не ми е познат директен став на Универзален живот во врска со Исламот освен дека и таму постојат позитивни етички начела кои доколку муслиманите би ги живееле Бог може правилно да ги води кон вистината. Кога муслиманите се обраќаат искрено до Аллах за помош, тоа е истиот еден Бог кон кој се обраќаат и луѓето во другите религии.
Повеќе е кажано во врска со духовната позадина за честопати лошите односи помеѓу тнр. христијански запад и тнп.муслимански исток.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Дали горниве се пророци, ангели или ништо не се

Ангелот е чисто духовно битие - луѓето се некогашните паднати ангели, во кои се оладила љубовта Божја и станале души.

Пророк е оној кој освен што го слуша јасно Божјиот светлосен Говор има налог од Господа порката да ја пренесува во јавноста. Пророк не се станува, пророкот е роден со таква мисија.

Горните се наши духовни браќа и сестри во Бога кои треба несебично да ги љубиме, без разлика дали нивното мислење е идентично со нашето или не. А за тоа што некој мисли, зборува и прави - одговорен е само пред Бога, не пред други или трети.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Какво учење имаат за ИСУС
Дали Исус е Пророк Бог Учител ?


Христос е првороден син на живиот Бог. Тој е со-владетел на Небесата, духовниот универзум. Од времето на распетието на Голгота, тој стана единствен избавител на сите луѓе и души и водич во вечната Татковина од каде некогаш многумина сме заминале заведени од Сатаната и постепено сме станале луѓе. Христос е гаранција дека ниту една душа нема да биде вечно изгубена, туку порано или подоцна ќе се врати кај Бога. Тој е единствен Небесен учител, учителот на сите учители.

Христос се инкарнираше(отелотвори)во физичко тело како телесен син на Марија и Јосиф, и го доби името Исус од Назарет. Неговата служба беше воедно и пророчка и беше најголем пророк од сите пророци кои се појавиле во познатата и непознатата историја на човештвото. Но неговата конечна мисија беше нешто незамисливо големо.

Постоеа две можности: тогашните евреи да го препознаат Месијата во Исуса од Назарет и следејќи ги неговите заповеди да ја рашират Внатрешната религија на љубовта кон ближните ширум светот и на тој начин ги неутрализираат дејствувањата на мрачните сили, или доколку тоа не се случи, тогаш преку жртвувањето на крстот се изврши распределбата на Христовата искра во сите луѓе.

За жал се случи потешката опција - Христос како Исус превзеде дел од гревовите на родот Давидов и стана видлив за Темнината, која преку своите човечки инструменти кои и` беа послушни, го осудија, мачеа и убија неговото физичко тело. Но привидниот пораз беше всушност победа!

Во оној момент кога Исус на крстот го изговори: „Свршено е!„ се распредели Христовата искра а на Сатаната и беше оневозможено да направи пресврт во ротацијата на духовните атоми и изврши расточување на духовните форми во вечен етер. Непосредно пред да го испушти Духот, само Исус можеше да види како една жена - Сатаната, го прегрнува и бакнува крстот признавајќи ја својата конечна капитулација.

По смртта на крстот, Духот Христов се симна во сатанските хиерархии - Пад подрачјата(симболично пеколот). Седумте сатански сфери Ги преобрази во 4 сфери на чистење(наречени и астрални светови т.е. чистилиште) и 3 припремни подрачја за влез во Апсолутноста - Небото. Од тогаш натака овие 7 сфери се нарекуваат и со имињата: Ред, Волја, Мудрост, Сериозност, Трпеливост, Љубов и Милосрдие и претставуваат скалила кон нашата вечна Татковина.

Меѓутоа дел од следбениците на Сатаната(во невидливите подрачја) кого тие го беа прогласиле своевремено за Луцифер(носител на светлината)не сакаа да се помират со поразот и се повлекоа во еден посебен дел на материјалниот универзум. Сатаната ја напуштија и ја прогласиа за обичен слабак, и си одбраа нов водач кого го нарекоа Демон а тој своите следбеници демони.

Демоните и ден денес се активни противници на Христовото дело и телепатски вршат невидливи влијаниа преку луѓето кои со своето од Бога оддалечено мислење, зборување и постапување им се ставаат на располагање како енергетски бази. Во „Универзален живот„ е кажано дека омилена маска и наметка на демоните е маската наречена Христос и наметката „христијански„ со цел да се предизвика забуна и манипулирање на луѓето.
Но и времето на демоните е одбројано и Христос 1991 година објави во објавата насловена како „Демонската Држава:Нејзините сојузници и жртви„: „На змијата главата ќе и биде згазена. Активностите на демоните наликуваат на конвулзии на смртно ранет ѕвер... ...ќе дојде миг кога демонското нема да може да мрдне ниту напред ниту назад во мрежата која самите ја исплеле, ќе немаат друг излез освен капитулација.„

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


И кој е Брат Емануил (Ангел, Пророк, Син Божји, каде го има во Историјата ?)

Брат Емануел е еден од 7-те чувари на Законот - Херувим на божествената Мудрост. Тој пред неколку илјади години беше инкарниран во форма на старозаветниот пророк Исаија и го најави царството на Мирот.

Додека пророчицата е во временското, тој за луѓето денес се нарекува Брат Емануел - тој не е човек туку (за физичките очи невидливо) духовно битие - ангел Господов.

Брат Емануел е одговорен службеник во Исус Христовата мисија на водење во Татковината и преку Габриеле го подучува Внатрешниот пат кон срцето Божјо наречен и Внатрешен пат:Поблизу мој Боже до тебе.
Тој воедно има функција на контролно битие - битие кое пред Бога е одговорно да пророкот, без мешање на човечки представи и туѓи влијаниа, ги прима само чистите светлосни импулси од Бога во своите мозочните клетки кои таму трансформирани примателот т.е.пророкот ги доживува како глас кој говори на неговиот мајчин јазик. Сите вистински пророци како Илија, Мојсеј и други имале покрај себе вакво од Бога ополномоштено контролно битие.

Цитирај ФАЛА ФАЛА

молам, молам

Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 13:40
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 16:45
На тема источните духовни учења „Универзален живот„ издаде книга со наслов „Опасност од Источните учители„ на македонски јазик под наслов „За источните учители„(нарачка на тел.02/3111-043).

Еве го линкот кон содржината од истата книга, но на хрватски јазик.

http://www.rijec.com.hr/article_info.php?articles_id=22



Изменето од Majkl - 07.Април.2010 во 21:09
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 19:19
Фала
Мислам дека ова е вистинска смисла на овие форуми
Фино да се запознаеме, а не да пагаат навреди, лоши зборови, потценување, исмејување ...

Среќен Пат на Сите, во потрагата по Вечен Живот

АЛИЛУИА
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 19:23
Сепак
Дообјасни ми за вашето толкување на Багавадгита, ако сакаш
Надвор од нејзиното влијание на покретот за Кришна

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 19:25
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Фала
Мислам дека ова е вистинска смисла на овие форуми
Фино да се запознаеме, а не да пагаат навреди, лоши зборови, потценување, исмејување ...

Среќен Пат на Сите, во потрагата по Вечен Живот

АЛИЛУИА


Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 21:36
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Сепак
Дообјасни ми за вашето толкување на Багавадгита, ако сакаш
Надвор од нејзиното влијание на покретот за Кришна


Незннам дали можеби не го разбрав твоето прашање?

Универзален живот нема свое толкување на индијската Бхагавад Гита(санскр.Божјата Песна). Само е накратко кажано дека и во Ведите(индијските свети списи)провејува Духот на вистината, како и во библијските списи., но и човечки представи кои според сфаќањето на Универзаелн живот немаат ништо заедничко со Бога и вечната Вистина.

Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 17:43
За Мајкл Прашање ?

А има ли нешто кажано Габриела за тоа каков е животот во Царството Небесно
Постојат ли различно светови, повеќе подобри од овој и повееќе полоши од овој
Кажува ли нешто Габриела за нив ?

И какво е учењето на Ун Живот за Еротските Односи
Дали е во ред да имаш однос чисто од уживање, а не за деца ?

Дали е во ред да се користат кондоми ?



Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 16:32
Мајкл
кажи ми дали во Универзален живот веруваат дека Дева Марија воскреснала, дали имала и други деца после Исус
Дали се молат на Дева Марија

Дали во Ун Живот се верува дека библијата некој неовластено ја променил
или некои заповеди се кажани за во она време а денес не важат засто Бог има нови заповеди за нас?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 18:27
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


А има ли нешто кажано Габриела за тоа каков е животот во Царството Небесно

На ова ќе одговорам со цитат т.е.
Извадок од книгата ЛИОБАНИ: Јас раскажувам – слушаш ли?(за децата од првиот ден на животот до шестата година на животот)достапна и на македонски јазик, нарачки на
тел.02/3111-043 или адреса
УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ
п.фах 892
1000 СКОПЈЕ

Лиобани:

„Драго дете, тоа што го посматраш на Земјата, тоа што живее, значи – растенија, животни, камења – тоа го има, исто така, и во големата Бесконечност, далеку, далеку зад многубројните ѕвезди кои ти ноќе ги гледаш.

Таму постојат големи, дури бескрајно големи светли светови. Таму живеат безброј духовни битија, кои ти ги нарекуваш и ангели. Во тие големи царства на Небесата живеат, исто така, и многу животни. Таму има и чудесни кристали, кои се бестежински. Ти едноставно би рекло: Камења, коишто немаат тежина.
Таму има и најпрекрасни дрвја, цвеќиња и грмушки. Се` е нурнато во една светла, света Светлина, која има небесни бои.

Многуте животни форми кои ги гледаш на Земјата, ги има, во изменета форма, и во божественото Царство: бестежински и пропустливи за Светлината, значи без сенка.

Ти мора, исто така, да знаеш дека во твојата вечна Татковина – во која повторно ќе се вратиш кога ќе ги имаш совладано сенките на својата душа – не постои никаква бура како на оваа Земја, туку само фино, тивко дувкање на ветер.

Духот на Таткото е Тој кој нежно движи и прострујува се`. Тој ветер ние го нарекуваме и Здив на нашиот Небесен Татко.

Во Небесните светови, во твојата вечна Татковина, нема ни кавга, ни завист. Нема ни омраза, ни непријателство, ни неслога. Во нашата вечна Татковина се` е исполнето со мир и се` е во хармонија, бидејќи секое духовно битие несебично го љуби другото и така е слободно и отворено за сите животни форми.

Небесните светови тебе ти се многу блиску, бидејќи тие се чистиот, божествениот, вечниот Закон. Небесните светови, Законот, Бог, живее и дејствува во тебе. Тоа е Светлината на таткото, Неговиот Дух.

Таму во вечните Небеса има, исто така, големи, прекрасни куќи. Ние можеме да ги наречеме и зданија од Духот Божји. Стилот на градба на духовните градби е сосем поинаков одошто на оваа Земја.

Становите на Татковината се бестежински. Тие имаат прекрасни форми, на пр. без агли и рабови. Нив ги прозрачува вечната Прасила, Светлината на нашиот Татко. Така во вечната Татковина нема сенки. Постои само Светлина од Неговата Светлина.

Во духовните Градби живеат небесните битија. Сега ти слушна дека ние ги нарекуваме духовни битија, или ангели. Тие живеат во големи семејства и со сите духовни битија, со ангелите, се чувствуваатмкако едно големо единство, бидејќи меѓусебно многу, многу се љубат. ...
...
...по големите светлосни патишта кон вечната Татковина, кон бесконечно големото Вечно Царство на Љубов и Мир, може да оди само душата која е проникната од Божјата Светлина, која во човековото тело живеела исполнето со љубов, радосно и хармонично. Само онаа душа која Бога Го љуби над се` и своите ближни како самата себе, која ги љубела животните, растенијата и камењата и во нив го препознала владеењето на нашиот Вечен Татко.

По таа голема светла улица може да оди само Внатрешното тело, не човекот. А и тоа е можно само ако во земната облека, како човек се` искрено си љубело; ако никакви лоши зборови повеќе не си изговарало и никакви темни мисли повеќе не си имало – тогаш твојата душа еднаш ќе ги гледа големите светли улици и ќе оди по нив.„

****************************************
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Постојат ли различно светови, повеќе подобри од овој и повееќе полоши од овој
Кажува ли нешто Габриела за нив ?

Во преносна смисла постојат безброј светови. Но во суштина, нам во Универзален Живот преку пророкот ни беше објаснето дека во основа постојат три вида универзума:

- материјален универзум
(каде спаѓа и Сончевиот систем со планетата Земја)

- делумно материјални подрачја на универзумот, и

- Духовен Универзум
(наречен и чисто Небо, Вечноста или Апсолутот)

Освен за човека видливиот материјалниот свет, постојат и отадестраните подрачја каде душата заминува после смртта на физичкото тело. Тие се составени генерално од 7 основни сфери со свои подсфери.

Отадестраните подрачја се составени од:
Чистилишните сфери наречени и астрални подрачја(бидејќи се составени од планети и ѕвезди)и ги има 4.
Потоа следат 3 подрачја на подготовка за влез во Апсолутноста. Значи вкупно 7.

Сите луѓе и души кои според својата свест се наоѓаат на првите 4 степени(наречени и степен Ред, Волја, Мудрост и Сериозност) на духовниот развој а соодветно тоа ќе живеат на некое од првите четри сфери, се магнетично заробени во тркалото на повторно раѓање(реинкарнација). Тоа значи дека тие души постојано тендираат кон раѓање на Земјата.

Потоа постои во посебен дел на универзумот еден свет
наречен Демонската држава - таму престојуваат Демоните = мрачни души без тело кои се директно против Христа и Бога и сакаат да станат богови(што е невозможно, види претходниот пост) и имаат пристап т.е. влијание во првите три нивоа на астралните светови и влијание на Земјата и дел од луѓето.
Тоа е така благодарение на негативната енергија која ја произведуваат луѓето преку мисли, зборови и постапки на завист, омраза, егоизам и сл.
Демоните привидно им овозможуваат на некои луѓе цел живот прават зло а животот им тече подмачкано, среќно, здраво, но порано или подоцна и тие ќе бидат повикани да положат сметка пред законот на причина и последица(сеење и жнеење,наречен и карма закон), било во отадестраните подрачја или во некој од наредните инкарнации.
Демоните претежно се држат понастрана од тркалото на повторно раѓање бо кое делува законот на сеење и жнеење, освен кога некој од демоните не се инкарнира со мисија т.е. налог од Темнината. Варава кој се спомнува во Евангелијата кого го ослободија за Пасха наместо Исуса, беше една душа од демонските сфери. Но влијанието на демоните и нивното вешто одбегнување да не бидат зафатени од делувањето на нивните сопствени дела нема да биде можно уште долго време.

Напротив, оние души кои живеат во петатта, шестата односно седмата сфера(воедно духовната свест се наоѓа од 5-ти до 7-ми степен т.е. Трпеливост, Љубов и Милосрдие) се мошне светли души и не се врзани за тркалото на повторно раѓање, но можат да се инкарнираат ако превземат мисија од Бога за да вршат несебична служба за ближните на Земјата и на тој начин уште повеќе духовно да напредуваат за кратко време(но тоа носи и опасност тие додека се луѓе, да се оптеретат и се лизнат на пониските степени и станат заробени од тркалото на повторно раѓање).

После астралните рамништа и подготвителните подрачја следи светлосниот ѕид. По него се наоѓаат бескрајното и вечночисто Небо - Апсолутноста.

Во материјалниот универзум најниска точка на духовна згуснатост и грубоматеријалност е Земјата. Планетата Земја е единствена која е населена со потполно материјални битија - луѓе. Воедно планетата Земја е единствено место каде отелотворени души од сите сотојби на свест и духовен развој, од најмрачен до најпросветлен, се измешани и се стретнуваат едни со други. Затоа планетата Земја е најидеална духовна животна школа во целото постоење вон Небесата, бидејќи постојат секакви примери на однесување а одтаму и можности да се прават споредби како треба а како не треба да се поставиме.

Делумно материјалниот универзум е населен со битија кои во процесот на Падот на Ангелите забележале дека колку повеќе тие самите се оддалечувале од бога, толку нивното душевно тело губело на светлосниот интензитет и станувало постепено погрубо. Тоа го сфатиле како опомена и ја откажале својата послушност на самопрогласениот Луцифер(Носител на светлината) - Сатаната. Божествените законитости понатака не ги прекршувале и само во таа мера ги исполнувале колку да не пропаднат понатака во бездната т.е. нивниот регион да не прејде во потполна материја.
Тие според состојбата на свеста се наоѓаат помеѓу 5 и 7то скалило кон Духовниот Универзум и Бога(односно духовниот развој им е на еден од последните 3 степени на духовен развој од вкупно седумте). Тие со своите делумно материјални тела се само делумно врзани на просторот.

Од времето на Христовата избавителска жртва која се одигра со распнувањето на Голгота, сите битија од делумно материјалниот универзум доброволно преминаа во Спасителската мисија на Исус Христос. Но нивната мисија во целост ќе дојде до израз дури на крајот од Царството на Мирот на Земјата кога и самите тела на луѓето ќе станат делумно материјални.

Духовниот универзум - чистото Небо - е нашето вистинско постоење - вистинскиот Живот, нашето реално дома, нашата изворна Татковина. Тоа е составено од безброј духовни сонца, планети, галаксии итн... Духовниот универзум има средиште - тоа е централното Пра-Сонце околу кое во незамисливо долги светлосни циклуси ротира се`.
Но таму, во чистото Небо, може да влезат само оние души кои со себе ќе донесат Небо преку апсолутно остварување на Божјите закони во сите негови сегменти под Христово водство бидејќи Христос е клучот од вратата на Животот.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


И какво е учењето на Ун Живот за Еротските Односи

Еротски односи? Претпоставувам дека прашуваш за сексуалните односи? Ќе го ословам паралелно и прашањето секс и брак.

И на ова ќе одговорам со цитат, поточно извадок од брошурата Пророк бр.10 „Младиот и Пророкот„ - во еден разговор, група млади ја „изрешета„ Габриеле со прашања. Брошурата може на македонски јазик бесплатно да се добие на горе наведените адреси.

Младиот:
„Секс пред бракот – што мислиш за тоа?„


Oдговор на Пророкот:
„Тоа е деликатно прашање, на кое не би сакала да одговорам ниту со не,ниту со да, бидејќи знам за реинкарнацијата, значи дека зад себе имаме повеќе животи. Во еден од тие животи можеби сме си натовариле таканаречени програми на уживање, кои ги презема и нашето душевно тело и кое по смртта на телото душата ги носи со себе во отадестраните подрачја од пофина материја, доколку ова премногу човечко не е исчистено. Она што душата на онаа страна не го исчистила, си го носи со себе во едно следно отелотворување.
Ако во констелацијата на планетите која ја води душата да стане човек, програмот за сексуално уживање станува засилено активен, тогаш младиот човек во кого се` врие и зовира, многу тешко може да ги запре активните хормони што притискаат. И пак се` зависи од тоа, како се однесуваме ние спремаовој притисок – дали дозволуваме преку нашиот нервен систем тој да струи во нашите сексуални хормони за да извршиме сексуален акт, сеедно со кого, или, пак, младиот човек ја проработува сексуалноста. Ова проработување се извршува, како што е веќе речено, во главата, во разумот, со тоа што тој одмерува што има од тоа ако си побара сексуален објект, прашувајќи се дали е тоа неговата етичко-морална животна линија, илидали не сака постепено да се ослободи од овие сексуални желби што притискаат. Честопати е и така, што во едно пријателство во кое се влегло, еден од другиот бараат сексуално задоволување; младиот маж од младата жена, или младата жена од младиот маж. Тогаш секој би морало да си го постави прашањето: што имам од тоа? Каква цел имам со тоа? Сакаме ли само обајцата задоволување или сакаме да засноваме партнерство или брак? Натаму: Може ли тој брак, што се темели врз сексуалност да биде траен или не би требало ли, сепак заедно да станеме свесни дека еден друг начин, како, на пр. едно добро отворено пријателство, би можело да не` ослободи од оваа страст за сексуалност, од што ќе може да се развие постојана поврзаност, во која секој се почитува себеси и другиот.

Генерално може да се каже: се` што правиме зависи од она како. Тоа важи за сите подрачја, па и во поглед на сексуалноста.
Јас верувам дека оној кој внимателно го чита ова издание „Младиот и Пророкот„ сигурно ќе може да пронајде и останати гледишта, по кои ќе може да се ориентира, ако сака. Динамиката на младоста се изразува во различни активности, исто така и спортот и во хобито од различен вид. Токму младите луѓе кои се наоѓаат во периодот на „бура и притисок„ би можеле преку спортот да изградат отворено, искрено и полно со доверба пријателство и со другиот пол, бидејќи спортот или хобито често интересот го насочува кон друго, а половото „задоволување„ оди во заден план.
Но младиот човек во никој случај не би требало мислите и желбите за сексуалност да ги потискува со спорт или хоби, туку би требало да анализира што би можело да биде коренот на неговиот сексуален притисок. Важно е, исто така, младиот човек да размислува за својот натамошен живот, било да е тоа за професијата, за семејството, за вистинското пријателство и за нашето општество. Ако има добро друштво за разговор, во кое може да се изрази, тогаш преку тоа тој сигурно и ќе може да намали понекоја сексуална желба.„
*************************

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Дали е во ред да имаш однос чисто од уживање, а не за деца ?

Во Универзален Живот прахристијаните од Духот Божји не добиваат наметнати ставови што мора и како смее да се однесува, јаде, облекува итн... туку совети за она што би било добро, што помалце добро а што непожелно. Што од тоа луѓето ќе прифатат или не, дали по тоа ќе живеат или не, е нивна слободна волја те.е право на избопр на секој поединец - слободната волја меѓутоа значи воедно и одговорност да се сносат последиците, било негативни било позитивни, произлезени од нашите ставови и нашето однесување.

Во објавата насловена како: „ТВОЕТО ДЕТЕ И ТИ:Животна школа на несебичната љубов„ преку Габриеле, Брат Емануел објасни:


„...Поради душевното оптеретување меѓутоа, во повеќето бракови и партнерства главната привлечна сила е сексуалноста. Телесното соединување на мажот и жената не смее да се обезвредува доколку почива врз взаемна љубов, а сексуалното изживување не е во средиштето. Ако телесното соединување во бракот и партнерството се` повеќе се облагородува и ако жената и мажот се свесни дека Бог ја одредил силата на мажот само за зачнување на нов живот како мажот и жената би ги усреќил со деца, тогаш бракот и партнерството со тек на време ќе станат благородна и несебична заедница во која двајцата, мажот и жената, се среќаваат како брат и сестра. ...
... Природата не пропишува дека човекот треба да ги истисне и потисне љубовниот нагон и нагонот за одржување на видот. Законот меѓутоа пропишува дека страстите треба да се одложат а желбите на сетилата да се облагородат.
На почетокот на својот брак или партнерство на двајца луѓе можат во телесното подрачје добро да се согласуваат едно со друго. Меѓутоа ако не постојат душевни и духовни согласја и ако нема взаемна волја еден со друг да се носат и еден на друг наново и наново да си простуваат, тогаш вистинскиот среќен заеднички живот како брачен пар или во партнерството одвај да е можен на долги стази. ...
Чезнеењето кон телесно соединување на двата пола ќе постои на Земјата толку долго додека душата не се воздигне до божественоста и дуалното единство.„

но Брат Емануел, херувимот на Божјата Мудрост воедно изричито предупреди:

„Доколку човекот тежнее кон духовноста, поврзаноста со вечната свест, со Бога, и живее воздржано и подалеку од спротивниот пол за да ја постигне својата цел, тогаш тоа е противзаконски; тој го крши законот на поларитетот. Доколку тој потоа доспее во состојби на напуштеност, незадоволство и осаменост, тоа може да доведе кон агресии и депресии. Како резултат на тоа можат евентуално да настанат душевни и телесни оштетувања.„

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Дали е во ред да се користат кондоми ?

Уште еднаш ќе повторам дека во Универзален живот не постои каталог на однесување каков што постои за верниците на пр. во католичката црква. Само совети од чистиот духовно небесен свет.

Во книгата „Твоето дете и ти„ претходно спомната, Брат Емануел одговарајќи на прашањето Како може навистина да се помогне на луѓето од третиот свет? (се мисли на неразвиените земји) меѓу другото објасни:

„...ниту со средства за спречување на зачнување и конторла на раѓањето не можат да се отстранат внатрешната беда, недостигот на духовниот развој на оние кои таму се отелотворени.
Ако контролата на раѓање во некои земји е успешна, тогаш во некоја друга земја или во сиромашните подрачја на другите земји на сметка на тоа се појавува зголемен број на луѓе, што значи отелотворувања(инкарнирања). Отелотворувањата кои на пр. на Запад се спречуваат со абортус, контрола на раѓањето и средствата против зачнување, се изразуваат затоа пак на Истокот, во третиот свет. Секогаш кога во некој дел од светот се спречува ат инкарнациите, настанува пренатрупаност на некое друго подрачје на оваа Земја. ...„

Но треба да се знае и дека доколку еден или двајцата партнери се болни од некаква болест која е наследна и е/се свесен/ни за тоа а сепак зачнат дете/деца кое потоа ќе пати поради наследената болест - тогаш тоа е против божјиот закон на слободната волја - и оној кој тоа го направил ја оптеретува својата душа со грев кој порано или подоцна за него ќе донесе соодветни последици.


Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 03:29
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 19:07
Ух... Мајкл, благодарам за одговорот, но имам неколку забелешки од чисто административна природа.
Прво - дали текстот кој го постираш е со слободни авторски права или не? Ова е сериозно прашање и ги молам сите корисници да внимаваат кога копираат текстови од друго место.
Второ - од чисто практични причини - не е добро да се пишуваат волку долги постови, затоа што се губи вниманието и од прашањето и од темата во целост. Скогаш е многу поценето ако соговорникот даде сопствено мислење, конкретизирано во концизен текст, отколку копирање на официјалниот став на црквата (освен во случаи кога е тоа неопходно).
Се надевам ќе го сфатиш добронамерно, затоа што единствената намера ми е да може секој за секого да разбере повеќе...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 20:24
Се согласувам со советот за кратко и јасно, желбата ми беше подетално да ги објаснам работите. Другпат ќе насотјувам да бидам поконцизен.

Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 17:18
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 17:12
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Мајкл
кажи ми дали во Универзален живот веруваат дека Дева Марија воскреснала,

Воскресението на телото претставува всушност асимилација на материјалните молекули и атоми во духовна супстанција. Физичкото тело не може да воскресне во физичка смисла(на пр. како во филмовите телото на мртовец кој почнал биолошки да се распаѓа да стане од гроб). Лицата кои биле воскреснати од страна на Исус од Назарет, всушност биле само во длабока кома.

Прахиристијаните во Универзален живот не веруваат во телесното вознесение на Марија, мајката Исусова, во Небото, бидејќи ниту едно материјално тело не може да влезе во Духовниот Универзум - наречено чисто Небо.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

дали имала и други деца после Исус
На ова не можам најпрецизно да ти одговорам бидејќи не се сеќавам точно во врска со таа информација.
Во големото дело на откровение „Ова е Мојата Реч:Алфа и Омега„ Христос само кратко објаснува дека тој имал телесни браќа и сестри. Дел од нив биле родени од првата жена на Јосиф која починала, за подоцна Јосиф ја земе Марија за жена која го родила Исус.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали се молат на Дева Марија

Не. Во една објава преку Габриеле се јави Серафимот на Божественото Милосрдие, која некогаш беше инкарнирана како Марија, телесната мајка на Исус и замоли луѓето да не и се молат бидејќи таа не е Бог, туку само еден од чуварите на законот а додека била на земјата ја извршила својата мисија - овозможување на отелотворување на Христос во Исуса и негово воспитување и одгледување како дете.

Догмата за Марија како Мајка Божја била утврдена на концилот во Ефес 413 година. Ефес инку бил во тоа време познат како центар на култот на божицата Дијана која била божица на ловот. За време на тој собор во Ефес,   фанатизирана толпа луѓе одело низ градот и барало стариот култ на Дијана отсега натака да се претвори во култ на големата мајка божја.
Подоцна папата Пио ХII ја обзнанил и догмата за нејзино телесно вознесение во небото.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали во Ун Живот се верува дека библијата некој неовластено ја променил

Христос преку Габриеле во Универзален Живот, објасни дека Библијата(Стар и Нов Завет) е спис кој е скроен според мерка на свештеничката каста и претставува збирка книги кои биле намерно и ненамерно(по грешка)преправани од страна на писателите, преведувачите, редакторите и тн.
Но она што може да се земе со сигурност дека е божествено, според Универзален живот се Десетте Заповеди преку Мојсеја и Исусовата Беседа на Гората содржана во Евангелието според Матеј како и Откровението Јованово(познато и како АПОКАЛИПСА).

Павле, некогашниот Савле, не се прифаќа како авторитет и е кажано дека преку него биле внесени многу работи кои немаат врска со учењето на Исус од Назарет, и дека тоа не било случајно. Савле т.е. Павле ги измешал несвесно своите пагански представи, интелектуални знаења со христијанското учење. Имено Темнината така сосема постепено почнала да навлегува во раните христијански заедници а тој процес на инфилтрација бил завршен кога Царот Константин го признал христијанството како официјална религија на Римската империја.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

или некои заповеди се кажани за во она време а денес не важат засто Бог има нови заповеди за нас?

Бог е еден, совршен и непроменлив. Вчера, денес и утре од сета вечност во сета вечност. Тој своите заповеди и пораки само ги проширувал со тек на време како духовната глобална свест на луѓето созревала се` повеќе и како фондот на зборовите станувал побогат.

Но во текот на историјата многу работи во многу религии, на Бога му биле ставани во уста(повик за убивање на цели народи, каменување на непослушни деца, жртвување на животни итн.)нешта што тој не можел и не ги објавил бидејќи тој е чиста Љубов и Милосрдие.

Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:16
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.