IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 26>
Автор
Порака
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 21:53
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Во тој контекст тогаш Габриеле е многу блиску до учењето на Богумилите (за чие учење има оригинални записи и нивно евангелие, не само енциклопедии и учебници кои најчесто прикажуваат доста погрешна слика). Но, истотака - во тој случај - тоа е доста далеку од Христијанството и од Библијата - затоа што е директно негирање на Генезисот (како за почеток)...
Во секој случај - учењето се повикува на Христос и зборува од негово име, но е во доста голем конфликт со било кое друго толкување на Христијанството.


ne sum zapoznaen so socuvani zapisi OD bogomilite. bas bi me interesiralo ako gi ima.

ako mislis na Tajnata kniga (na Bogomilite) taa e samo mitoloska kniga koja vo realnosta ne postoi, t.e i da postoela bila spalena i unistena.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 22:07
Евангелие по Јован (иако во некои записи се сретнува како Евангелие по Јаков). Не се однесува на библиското евангелие! Го има на современ македонски...
Do what is right, come what may...
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 22:27
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Евангелие по Јован (иако во некои записи се сретнува како Евангелие по Јаков). Не се однесува на библиското евангелие! Го има на современ македонски...


aaa na toa li mislis. da donekade toa se smeta za nivna kniga, no verodojnosta e pod znak prasalnik. vsushnost se sto denes imame za bogomilite e pod znak prasalnik.

toa bi bilo isto kako site informacii za evangelska crkva da gi imate od vecer i vest. mislis vistinata ja znaeme za niv?

ne bi rekol.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 22:42
Е па сега... во моментов ти играш "адвокат на ѓаволот"...
Тоа е информација што ја имаме за нив. Има зачувани записи од 10-тиот век кои потврдуваат дека го користеле тоа евангелие (меѓу другите книги). При недостаток на останати факти, тоа ќе мораме да го прифатиме. Инаку - ќе навлеземе во претпоставки и "најверојатни" теории.
Но - темава е сосема друга, така да - НАЗАД на тема.
Do what is right, come what may...
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 22:57
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Е па сега... во моментов ти играш "адвокат на ѓаволот"...



da da... mozebi.

ne sakav da kontriram, tuku da kazam deka ubeden sum deka bile podobri lugje otkolku sto gi pretstavila crkvata koja gi spalila nivnite spisi i koja gi progonuvala.

sto ne znaci deka i tie bile cvekinja za mirisanje, no mi ja razbiras poentata. toa sto go znaeme za bogomilite e kako bugarite da ja pisuvaat makedonskata istorija - ili so drugi zborovi epten/toptan nesigurno.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 23:02
Да, апсолутно се согласувам со тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 23:42
Од книгата на Joakim Gert(поранешен судија):
“Судијата. Тоа е, сепак, БОГ, Вечниот - Вистината за Габриеле, пророчицата Божја”



"Зошто говори Бог, Вечниот?"

Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, одговори на ова прашање:

"Од историското минато ние знаеме дека Бог, Вечниот, ни испраќаше нам на луѓето пророци, преку кои Тој не само што сериозно опоменуваше, туку и го покажуваше интензивно патот, секогаш тогаш кога растеше подивеноста на народот, којашто се изразуваше во вид на најниските ексцеси и екстази на човечкото јас и воведуваше, преку силно изразено постапување против темелните принципи на божествениот Ред, решавачка пресвртница во историјата на човештвото.

Ако го посматраме нашиот денешен свет и ги анализираме дневните настани и збиднувања, тогаш е очигледно зошто Бог испраќа еден пророк во денешно време, преку кого Тој се објавува. Будниот препознава дека сега се наоѓаме во една силна пресвртна точка од земниот живот, во еден пресврт каков што немало досега во историјата на човештвото. Во нашево време ги доживуваме почетоците и збиднувањата коишто се сликовито пренесени во Јовановото откровение.

Катастрофи, како во светот така и оние што произлегуваат од Земјата, Надвладуваат. Луѓето ја разориле во значителна мера Земјата и нејзиниот заштитен штит, атмосферата. Стратосферата се отвора сè повеќе. Влијанијата од Вселената нè погодуваат нас, луѓето, на различен вид и начин.

Морињата се претворени во ѓубришта на човековата не-култура; во нив ги наоѓаме отпадните води од безброј фабрики и отстранетиот складиран атомски отпад. Почвите на Земјава се испрани. Дождовните шуми, кои се белите дробови на Земјата, се сечат по цели огромни парцели. Џиновски водени маси се пренасочуваат и се градат соодветни брани. Над растенијата и животните се манипулира; животните неискажливо се мачат, исто така и во лаборатории заради експериментални цели. Илјадници и илјадници животински видови умираат, бидејќи, како последица од зафаќањето на човекот во поставеноста на дејствувањето на природата, Земјата не може веќе да им понуди животен простор со животни услови што им одговараат.

Луѓето стануваат сè посвирепи. Се прави трговија со човечки органи. Научници од понекои стручни области свесно зафаќаат во подрачја и структури на Животот, зафати во од Бога дадениот ред, пред кои досега уште луѓето беа создржани заради извесна природна бојазливост. Во пораст се досега непознати болести. Зачестуваат и се трупаат судбини. Глад, болести, ѕверски воинствени постапки, насилнички злосторства му се закануваат на човештвото во сите подрачја на Земјата. Јазот меѓу богати и сиромашни станува сè поголем. Има сè повеќе скандали, сè повеќе случаи на корупција. Неурамнетежености, неправедност, манипулација, лага и измама во мало и големо, како и невработеност водат до растечки напнатости. Неиздржливите состојби во светот стануваат видливо подрастични и алармирачки; развојот веќе колабира – она што уште вчера важело, денеска е веќе ништо и не важи. Ова вреди и за зборовите на моќните на оваа Земја. Веќе од овие неколку ударни примери може да се согледа дека се наоѓаме во првата фаза на еден пресврт од големи размери и со катастрофални последици.

За состојбата на подивувањето на народот е карактеристично дека исчезнуваат сите етички и морални вредности. Незауздано се зафаќа околу себе. Очигледно е дека институционалното “христијанство” не им нуди на луѓето веќе никакво потпиралиште. И покрај својата надворешна раскош и својот златен сјај црквите стануваат попразни – толку празни каков што е и “побожниот” збор што во нив се изговарал и се изговара. Многумина кои Бога, својот Татко, и патоказот кон Него ги бараа во црквите, мораа да утврдат дека таму Тој не може да се најде. Богот на црковното учење не им помага нив ниту да ја разберат својата лична судбина, ниту да се соочат со неа. Бидејќи луѓето не можат да го доведат тоа во согласност со верската слика за еден Бог кој љуби, дека нивните судбини, нивните болести, нивните неволји и сè што светот носи од нечисто тој бог ниту ги ублажил ниту ги отстранил, тие загубија верба во Бога. На еден бог кој своите деца ги испраќа во вечна проколнатост, тешко му се оди во пресрет со доверба. Црковните моќници, со своите лични парадни обележја, се прикажуваат само себе самите, наместо да поучуваат за јасното и нефалсификувано учење на Исуса, Христа, и ова самите да го овоплотуваат, во свеста дека тие самите не се ништо, освен служители на Оној кој е сè и да Му изразуваат чест на Оној кого Бог ни Го испрати: Неговиот Син.

Таканаречените црковни носители на служба тогаш се закачуваат за државата, за да влечат, преку државата, црковен данок и слично, значи соодветни поволности коишто една службена Црква – т.е. државна Црква – си допушта себеси да ги бара. Црковниот народ и народот плаќаат за црковните властодршци, без да прашаат за што.

Ако се присетиме на животот на Исус, на Неговото учење, радосната вест, обзнанувањето на големата Божја љубов, и ако го споредиме со тоа денешното христијанство, тогаш утврдуваме: Од едноставното и обично Исусово учење одвај уште преостанало нешто. Сè е ориентирано кон црковна моќ и црковен профит. Малкумина црковни христијани знаат дека тие самите се храмови Божји и дека Духот Божји живее во нив. Малкумина знаат дека можат просто и едноставно да се свртат кон внатре кон Бога на срцето за да водат разговор во двајца непосредно со Него преку молитвата којашто настојуваат да ја остваруваат во секојдневјето, и да Му се приближат Нему преку исполнувањето на Божјите Заповеди и на Исусовата Беседа на Гората. За тоа не се потребни црковни кнезови, никакви црковни градби облепени со злато, никакви догми и ритуали, туку единствено знаењето дека Бог, кој престојува во срцата на луѓето, ги љуби и сака да им помогне, доколку тие сакаат. Нам не ни е потребно повеќе од знаењето дека човекот е самиот одговорен за сè што прави, според зборовите на Исус во Беседата на Гората, по смисла: За секој некорисен збор, мора да положшш сметка на денот на судот. Тоа важи и за злобните мисли, за нечистите чувства и ниското постапување, за постапувањето според најниските човечки нагони.

Од ова произлегува дека она што човекот го посеал, тоа и ќе го ожнее. Не ни го испраќа Бог она што треба денеска да го поднесеме и да го истрадаме; не ја онечистил Бог земјата и морињата; не зафаќа Бог во атмосферата за да ја отвори; не ни го испраќа Бог гладот, болестите и патилата. Не ни Го испрати нам Бог Својот Син за да научиме како се откинуваат органи од телото на децата од Третиот свет, како се мачат, смртуваат и јадат животни, како се сечат дождовните шуми и како, преку изградба на џиновски брани, се свртуваат водните жили на Земјата. Бог не ни Го испрати Својот Син за да нè поучува како се станува богат преку стопанство што се пробива со лактови, така што настанува сиромаштво. Исус не нè поучуваше ниту за ѕверски воинствени постапки, а ниту ни даде совет да ги слушаме црковните властодршци. Тој ни рече нам на луѓето: Следете Ме Мене, Исуса, Христа! Како? Тој нè поучуваше за ова со едноставни, обични животни правила, кои наедно се највисоки поуки. Масата народ се држеше инертна и глупава, а го поднесуваше и тоа што теолозите, црковните моќници, станаа владетели над една религија која само ја носи наметката “христијанска”.

Треба ли Христос Божји да молчи кога Неговото учење се искривоколчува и се применува за практикување на моќ и за собирање богатства, а верниците на Црквите се водат во заблуда? Од Внатрешната религија, религијата на срцето, длабокото верување во правилното остварување на учењето, во институционалните Цркви не постои веќе ништо.

Дека Бог им испраќа во ова време на луѓето еден пророк, преку кого Тој се објавува, за да ги спаси Своите деца, кои ги љуби, од нивните маки коишто самите си ги натовариле, коишто еднаш ќе му дојдат секому според законот на сеидба и жетва – тоа може да го разбере само оној за кого станало сигурно тоа дека Бог е љубов, дека Тој, нашиот вечен Татко, се грижи за нас, Своите деца. Доказ за Неговата голема љубов е Неговиот божествен Син, Со-Владетелот на Небесата, кој дојде кај нас луѓето, кој како Исус од Назарет нам ни Го приближи нашиот вечен Татко на љубов, кој може да се најде единствено во секој човек – во молитва во тивка одајка и преку исполнување на Неговите Заповеди и на Беседата на Гората.

Да се искусат во своето срце овие едноставни Исусови зборови, овие упатства и блиски на Бога поуки, Бог, нашиот вечен Татко, тоа беше тековно потиснувано од страна на црковните службеници. Луѓето се насочуваа кон црковни службени лица, кон свештеници, попови, бискупи, кардинали, или кон оној си дозволува да го викаат “свет отец”. Сето тоа Исус не го сакаше. Сето тоа нам и не ни е потребно. Исус нас нè поучуваше за Оченаш и дека треба да му простиме на нашиот ближен и ние да го молиме нашиот ближен за прошка за своите гревови, дека нашиот вечен Татко може да ни прости само ако ова го правиме од срце. Ниту за ова не ни е потребно црковно службено лице, а ниту исповед, со којашто еден грешник дрско си присвојува право да сака да им одземе гревови на други грешници – божем по налог од Бога.

Љуби Го Бога од сè срце, со целата своја душа, со сите свои сили, а својот ближен како себе самиот. Ова е едноставното и обично учење, “се разбира” премногу едноставно за црковните службени лица. Повремено, ова го пренесуваат и тие, ограничено со клаузули, меѓутоа вистинската смисла на ова големо и единствено учење не се објаснува и, пред сè, не се живее како пример за другите. Кога претставниците на службените Цркви би го овоплотувале ова единствено учење - да Го љубат Бога од сè срце – тогаш не би имале веќе право да се нарекуваат црковни достоинственици.

Токму во ова време, во кое почна да се покажува големиот колапс, Бог испрати повторно еден пророк, за да му каже на човештвото: ЈАС СУМ присутен; ЈАС СУМ тука, исто така и во најтешкото време. – Сепак, Бог нема да присили ниту еден човек да Го слуша Него. Бог дава преку пророкот, а кој ги прима и ги прифаќа Неговите зборови, значи ги остварува во секојдневниот живот, тој Го доживува Бога во своето срце.

После повеќе од 20 години пророчко дејствување јас се уште не се чувствувам дорасната за оваа моќна задача. Јас никогаш не сакав да бидам пророк. Меѓутоа, во душата на еден пророк лежи Пророчкото упатување од Бога, кое пророкот мора да го исполни.

Кога Го пронајдов Бога во моето срце јас сакав да бидам исклучиво Негово дете, Негова ќерка, и да ја исполнувам Неговата волја. Пророчката служба ми паѓаше отсекогаш тешко, а ми паѓа тешко уште и денес, меѓутоа јас ја вршам, бидејќи Бог сака така. Најпосле, јас сум пророчица против волја. "




Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 00:45
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Јас напротив, верувам дека тие биле навистина божји пратеници...


Видете за кого веруваат баткиве дека е божји пратеник, дури и икона му направиле!



И после моде, како може да е „навредување на нечии верски чувства“ да кежеш дека овие се пациенти? Тоа ти е просто дијагноза! Не ли е така?
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 00:52
АлМасих - каква врска има ова со Прахристијанската верска заедница?!?! Ако нема - тогаш е оф-топик, иако ја разбирам поентата.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 01:08
Па ако разбираш не ме прашувај. Секој може да се прогласи себеси и да прогласи некого за Божји пратеник, пророк, спасител, аватар... Ова е само пример, паралелен на расправаната тема и ама ич не е оф-топик: како што може некој да верува дека бабата од Германија е пророчица, така може некој да верува дека Хитлер е Илија од Откровението на пример! Моето прашање е јасно - зошто треба некој да биде опоменат од уредништвото на форумот, кога ќе му каже на ваквиот јасно и гласно дека таа работа „не е читава“. Јасно е дека сите тоа го гледаат и дека никој нормален нема и така и така да се залета да стане поклоник на „свети Адолф“ или на „пророчицата“ од Германија, ама некои работи кои ти ги сметаш за невредливи се просто факти (дијагнози, ако сакаш)... и на крајот на краиштата, колку што можам да забележам од твоите постови, тоа многу добро ти е јасно.

Секако и ти ги почитуваш и спроведуваш правилата на форумот, кои (претпоставувам) не си ги измислил ти. Еднаш реков дека форумот е поставен на основи кои кои немаат ништо заедничко со здравата религиозност. Тебе тоа не ти се бендиса, но навистина не гледам било каква причина да си го сменам мислењето...

Поздрав!
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 01:18
Има една разлика меѓу идејата за Адолф и идејата за пророчицата...
Едните се против сите, или барем против доста голем дел од останатите. Шират омраза, шират нетрпеливост, проповедаат директна штета врз другите.
Вториот случај - не баш. Си имаат своја вера во нешто, од свои причини, но не засегаат никого! Ниту напаѓаат, ниту негираат право на нечие постоење. Колку и да ти се чини чудна нивната идеологија, сепак - таа не е насочена против никого.
За разлика од тоа - ти го негираш нивното право на постоење!
И уште еднаш ќе ти повторам - форумов не е религиозен(!), туку е форум на кој се дискутираат работи од областа на религијата. Има огромна разлика. Форумите на Премин Портал и слично - тие се веројатно религиозни. Овој е граѓански форум за дискусии и соодветно основното правило е - почитувајте ги другите.
Не барам да се согласувате со никого! Расправајте се до сто и едно и назад за принципите во кои верувате и дискутирајте за нив - но секогаш со почит кон соговорникот!
За жал - имаш уште една опомена заради тоа што навредуваш припадници на туѓа вера и туѓ начин на верување. Ова е втора опомена. Следниот пат, ќе треба да те банирам на една недела.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 01:24
Прашање до Мајкл

Какво учење имаат овие следбеници на Габриела за:
Харе Кришна (Бактиведанта)
Дон Хуан (Карлос Кастанеда)
Ислам (мухамед)
Дали горниве се пророци, ангели или ништо не се

Какво учење имаат за ИСУС
Дали Исус е Пророк Бог Учител ?

И кој е Брат Емануил (Ангел, Пророк, Син Божји, каде го има во Историјата ?)


ФАЛА ФАЛА
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 02:03
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Има една разлика меѓу идејата за Адолф и идејата за пророчицата...
Едните се против сите, или барем против доста голем дел од останатите. Шират омраза, шират нетрпеливост, проповедаат директна штета врз другите.
Вториот случај - не баш. Си имаат своја вера во нешто, од свои причини, но не засегаат никого! Ниту напаѓаат, ниту негираат право на нечие постоење. Колку и да ти се чини чудна нивната идеологија, сепак - таа не е насочена против никого.
За разлика од тоа - ти го негираш нивното право на постоење!


Ако ти кажам дека ова е глупост ќе се налутиш, затоа ти велам дека е просто неточно. Воопшто не го засегнав прашањето за тоа дали некој е против некого или не е и следствено дали некој треба да биде забранет или не. Напротив, го засегнав прашањето за тоа заошто не може отворено да се каже дали нешто е нормално или не е. И особено нагласив дека тоа „нормално“ не е релативна категорија, колку и да сака некој да си ја претстави како таква. Никој не брани некому да прави што сака (додека тој ниекој директно не почне да врши агресија врз некого), но никој не бива исто така да забрани јасно и отворено да се зборува за тоа колку таквото однесување е нормално (не „нормално-според-мене“, туку просто - нормално).

Прашањето - зошто некој има право да труе со небулози, а некој друг нема право да му го каже тоа во лице - е сериозен проблем на „граѓанскоста“, од кој истата тешко дека ќе може да избега и да го реши. Секогаш правото на некој ќе биде повредено. Во случај тоа е правото да се каже Вистината.

Ако ми потврдиш дека и за ова сметаш дека треба да бидам баниран од форумот, те уверувам - нема да имаш потреба од такво нешто бидејќи самиот ќе се оддалечам (бар на некое време).

Повторно - поздрав!


Изменето од Al_Masih_Qam - 20.Јули.2008 во 02:05
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 02:16
Нема потреба да се оддалечуваш, овој пост е меѓу тебе и модераторот на форумот...

Токму затоа што зборуваш за Вистината, извини, ама таа колку и да е апсолутна категорија, сепак - во нашите човечки рамки е релативна. Затоа што тоа што тебе ти е невистина, за некој друг е вистина. Како што реков - немам проблем што ти сметаш дека е тоа невистина и немам проблем да дебатираш на таа тема, единствено и само имам проблем со употребата на некои изрази, кои се несоодветни за еден јавен форум. Ништо повеќе. А околу самата идеја - расправајте се колку сакате, тоа е дозволено.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.