IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 26>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 17:44
Originally posted by evangelec evangelec напиша:

vo red, se e toa fino.

ama ova moze da bide i raskaz na dete vo 3 oddelenie, koe (se nadevam) nema da se prevoznesuva deka e portparol Bozji.

По таа логика истото може да се каже и за другите верски убедувања на луѓето ширум светот, исто и во врска со твоето библијско убедување. Зависи што се зема за авторитет.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 17:46
Originally posted by evangelec evangelec напиша:

sekako deka treba da gi pocituvame i sakame zivotnite.

no koj i dade pravo na ovaa da se samoproglasi za portparol na Boga?

kakva drskost!

(следново е извадок напишан од Христовите пријатели во Универзален Живот)

„Еден пророк не паѓа од небо и не одлучува еден ден да настапи како гласноговорник на Бог. Тој не студира ниту филозофски, езотерични или теолошки списи, за да натрупа знаење, коешто потоа се обидува да го дава понатаму. Исто толку малку тој допушта да му се дошепнува од страна на човечки помошници за да се развие еден “религиозен концепт” со помош на туѓо знаење. За него како инструмент Божји, беше направено така што да биде оневозможено сето тоа – имено насочување кон човечко знаење, како и одлука “да се стане пророк” што би дошла од свое самоволие. Непосредната комуникација на човековата душа со божествената духовна искра што живее во неа, која станува Внатрешна реч, не може да се постигне насила. Таа претпоставува постоење на понизна подготвеност на очистениот човек. А ако Внатрешната реч треба да стане Пророчка реч, мора да дојде божественото повикување. Пробивот на Божјото во човековата душа и во животот на повиканиот доаѓа надмоќно и не му допушта избор на Божјиот избраник. Семоќниот го “зема во служба” и преку некое страдање го подготвува за неговата задача. Човечките желби и врски се пресечуваат за да стане човекот чист инструмент, преку кого Бог може да говори.

Создателот не молчи!

Сето тоа ù се случи и на Габриеле. Кога пред 33 години таа го прими првпат светлосниот говор на Духот во своето внатрешно, нејзе не ù врвеше поинаку одошто на големите пророци пред неа. Таа известува: “Јас се исплашив и сакав да ја прекинам внатрешната струја. Тогаш дојдоа зборовите полни со љубов: Не плаши се. Јас те придружувам за време на целиот твој земски живот. Ти стоеше секогаш во Мојата заштита. Оти, ти си излезена за да ја примаш Мојата реч и да му ја пренесуваш на светот.” За четврт век таа стана најголемиот пророк по Исуса од Назарет. Преку неа настанаа моќно објавителско дело и прахристијанско движење ширум светот. Безброј пати Божјиот Дух говореше преку нејзиниот глас на јавни приредби, при што внатрешната светлосна струја таа ја преведуваше во човечки зборови. Безброј пати Бог ù говореше неа во тишината на нејзиното срце, наложувајќи ù чуеното во своето внатрешно да му го пренесе на човештвото.„


Изменето од Majkl - 19.Јули.2008 во 17:51
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 17:52
tocno taka. sekoj sto kontrira na se pred nego, normalno deka ke bide postaven pred eden golem znak ????

no koga Bozjite lugje, generacija posle generacija, so iljadnici godini prorokuvale i doznavale za nego preku videnija i cuda na ist nacin, togas nesto moze da go smetame za osnovano.

za zal, vasata vera e plitka kako top shop. reklama na eden proizvod, se razbira dobro spakuvan, no BEZ nikakvo realno iskustvo kakvi beneficii toj proizvod nosi, niz istorijata na musteriite. samo gola propaganda.

tuka hristijanstvoto e neprikosnoveno i vozviseno nad site drugi tn. religii.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:01
Originally posted by evangelec evangelec напиша:

tocno taka. sekoj sto kontrira na se pred nego, normalno deka ke bide postaven pred eden golem znak ????
no koga Bozjite lugje, generacija posle generacija, so iljadnici godini prorokuvale i doznavale za nego preku videnija i cuda na ist nacin, togas nesto moze da go smetame za osnovano.

И одеднаш после Јовановото Откровение настанал молк 2000 години? Зарем навистина веруваш дека еден Бог своите човечки деца би ги оставил со една единствена книга-упатство во долг период за време на кој јазикот и смислата на зборовите драстично се промениле?

Originally posted by evangelec evangelec напиша:

za zal, vasata vera e plitka kako top shop. reklama na eden proizvod, se razbira dobro spakuvan, no BEZ nikakvo realno iskustvo kakvi beneficii toj proizvod nosi, niz istorijata na musteriite. samo gola propaganda.

Тоа е твое мислење, ако сакаш можеш и така да гледаш - Бог секому дал слободна волја па и на тебе.

Originally posted by evangelec evangelec напиша:

tuka hristijanstvoto e neprikosnoveno i vozviseno nad site drugi tn. religii.
Па можам да ти набројам неколку религии кои не би се согласиле со ова мислење, - не дека јас велам дека тие би биле апсолутно вистинити - но пак зависи што човек сака да земе за авторитет.

Изменето од Majkl - 19.Јули.2008 во 18:03
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:05
Originally posted by evangelec evangelec напиша:

za zal, vasata vera e plitka kako top shop. reklama na eden proizvod, se razbira dobro spakuvan, no BEZ nikakvo realno iskustvo kakvi beneficii toj proizvod nosi, niz istorijata na musteriite. samo gola propaganda.

tuka hristijanstvoto e neprikosnoveno i vozviseno nad site drugi tn. religii.


За ова имаш опомена - нов си, инаку веднаш ќе те исклучев. Забранети се навреди врз туѓиот начин на верување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:06
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

[И одеднаш после Јовановото Откровение настанал молк 2000 години? Зарем навистина веруваш дека еден Бог своите човечки деца би ги оставил со една единствена книга-упатство во долг период за време на кој јазикот и смислата на зборовите драстично се промениле?


Ако ја прочиташ убаво, ќе видиш дека има точно упатство и дури објаснува кога и како ќе се појави следното...
Do what is right, come what may...
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:14
za kakov molk zboruvas?

ne, naprotiv. nema molk, govorot Bozji prodolzuva, ISTO kako i dotogas. zarem i tebe te izlaza Nice?

no, predupreduvanjata Bozji se strogi za sekoj onoj koj ke se obide da izmeni nesto od Negovata poraka. Zatoa ne bi sakal da sum i vo kozata na Gabriele na sudniot den, iako site nie treba istiot toj strav da go neguvame.
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:16
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Originally posted by evangelec evangelec напиша:

za zal, vasata vera e plitka kako top shop. reklama na eden proizvod, se razbira dobro spakuvan, no BEZ nikakvo realno iskustvo kakvi beneficii toj proizvod nosi, niz istorijata na musteriite. samo gola propaganda.

tuka hristijanstvoto e neprikosnoveno i vozviseno nad site drugi tn. religii.


За ова имаш опомена - нов си, инаку веднаш ќе те исклучев. Забранети се навреди врз туѓиот начин на верување.


dobro, jas se izvinuvam. ne go mislev toa kako navreda, tuku bas kako edna ilustracija. bidejki top shop reklamira neprovereni proizvodi, ovie religii propovedaat neprovereni doktrini i ucenja za Bog.

Toa ne znacese voopsto deka ne se ni tocni, bidejki nekogas i Top Shop ima dobar proizvod. No mnogu mnogu retko. I somnezot ke ostane.

uste ednas se izvinuvam ako bese pogresno sfateno.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:18
Во ред... во ред е да не се согласуваме со туѓото мислење и да дебатираме околу него, но мора да внимаваме да не се навлезе во навреди - затоа што тоа е негово лично убедување и верување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:23
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

... Истотака - Екхарт и Сведенборг - иако навидум имаат слични идеи - тие се сосема спротивни во своето гледање на човекот и Божјето присуство. Прочитај малку, ќе видиш.
Во целиот куп што го спомна на почетокот - има еден елемент кој особено ми стана интересен - Богомилите! Тие имаат крајно спротивна логика од сите останати.
Не може да кажеме дека Бог се обраќал преку сите нив, само затоа што кај сите можеме да најдеме по две-три мисли кои се исти, затоа што пак се останато е сосема спротивно!

Јас напротив, верувам дека тие биле навистина божји пратеници. Но доколку ги ставиме сите под микроскоп секако дека ќе има разлики. Тоа се луѓе и движења од различни временски епохи на различни географски подрачја(иако повеќето наведени се од конитнентот Европа). Воедно има разлика во смисла кои фасети од вечната вистина ги подучувале. И заедничко за сите нив е дека им беа мрски на црковните достоинственици кои секогаш се обраќаа кон световните власти за помош(протерување и убивање на неистомислениците). Понатака прашање е што навистина тие учеле а што стигнало до нас(и преку кого). На пр. за учењето кое го изнел Сведенборг и Јакоб Лорбер има далеку повеќе информации одошто за Богомилите за кои претежно дознаваме од делата на Презвитер Козма-нивен противник. Богомилските списи биле масовно уништувани но јас сепак не гледам спротивност со учењето на Сведенборг или Универзален Живот денес(мое убедување е дека во Универзален живот се објавува повторно Христос)ако нештата ги сфатиме по смисла а не буквално.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Само да разјасниме - не го напаѓам твојот систем на верување - но сметам дека е крајно вулгарно да се кажува дека Христијанството (во формата во која го знаеме) е извитоперено од оригиналното Божје Слово и дека Библијата претрпела измени, само затоа што ти следиш друга книга.

Во ред е... не мислам дека го напаѓаш, напротив сметам дека си со Месинџер најтолерантен на форумов а тоа за мене е христијанска вредност!

Што се однесува за тоа дека „христијанството е извитоперено„ тоа не го велам јас туку историчарите на црквите и дел од нивните теолози како на пр.Карл Хајнц Дешнер директно во „И повторно закуку_рика петелот„или сосема индиректно(со други намери) Славко Димевски во воведот на „Историјата на Македонската Православна Црква„(Матица Македонска Скопје, 1989год.). Или Кочо Рацин во „Драговитските Богомили„(во превод на Блаже Конески)

Изменето од Majkl - 19.Јули.2008 во 20:45
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 18:38
Кога ќе се повикаш на соодветните автори кои сметаат дека е Христијанството извитоперено, тогаш можеме да дискутираме за нивните ставови. Но - да го искажеш тоа како директен став тука на форумот е навредливо и соодветно недозволено. Имај го во предвид за во иднина.

Мајкл... Меѓу Сведенборг и Екхарт (или Бруно), нема микроскопски разлики, туку има суштински разлики во идејата за присуството на Бога и за начинот на кој тој управува (или не управува) со нас и со светот.
Тоа е како да го споредиш Калвин со св.Августин.
Колку до Богумилите - има сочувано нивно евангелие, доволно е тоа да се прочита и да се види дека не само што имаат различни ставови од претходниве двајца, туку имаат и сосема различни идеи околу животот и Бога во однос на Габриеле (барем според она што ти го копираше тука, не сум читал цела книга од неа).
Само затоа што имаат допирни точки, не значи дека се поддржуваат во тоа што го учат и не значи дека има микроскопски разлики ако едните учат дека нема Троиство и дека Бог е само во нас и дека само преку нас дејствува, а другите учат дека има Дуализам и дека ние сме сатански творби кои треба да си го најдат патот назад кон Бога (ова е мал пример само за разликите).
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 19:48
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

...Само затоа што имаат допирни точки, не значи дека се поддржуваат во тоа што го учат и не значи дека има микроскопски разлики ако едните учат дека нема Троиство и дека Бог е само во нас и дека само преку нас дејствува, а другите учат дека има Дуализам и дека ние сме сатански творби кои треба да си го најдат патот назад кон Бога (ова е мал пример само за разликите).

Тоа е привидно така доколку се споредуваат работите буквално, но ако зборовите се сфаќаат по смисла тогаш нема проблем.

Богомилите не учеле за дуализaм иако честопати и во енциклопедиите е така наведено. Тоа е погрешно сфатено. Преку Габриеле е објаснето дека материјалниот свет е последица на падот на Ангелите и дека не го создал Бог па во таа смисла богомилите се во право кога ќе речат дека сме сатански творби - бидејќи битијата кои се одметнале од бога биле под водство на Сатаната и вршејќи ја нејзината волја го оформувале материјалниот универзум постепено..Но истовремено е точно кога Сведенборг повикувајќи се на Библијата вели „И Бог го создаде ова Небо и оваа Земја„ во смисла дека Бог дозволил енергиите да да струјат во тој правец со цел одметнатите деца Божји се препознаат во своите сулуди намери итн.. итн...

Не би навлегувал понатака во дискусија на темата сличности и разлики меѓу богомилите, Џ.Бруно, Ориген, Сведенборг, Лорбер... евентуално би упатил на една книга која дава систематски приказ на Универзален Живот во историјски но и правен контекст(правејќи посебен осврт на Ориген, Манихејците, Мајстер Екхарт и Џироламо Савонарола) од правникот Кристијан Зајлер „Бојниот поход на Змијата и дејствувањето на Гулабот - Божјото пророштво во временската пресвртница„ - достапна и на хрватски јазик, а може да се нарача на info@univerzalni-zivot.hr
.
како и книгата на Mathias Holzbauer: Прогонетите Боготрагачи - Струјата на прахристијанството низ историјата за жал моментално достапна само на германски јазик.(нарачка на www.das-wort.com )



Изменето од Majkl - 19.Јули.2008 во 19:54
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 20:17
Во тој контекст тогаш Габриеле е многу блиску до учењето на Богумилите (за чие учење има оригинални записи и нивно евангелие, не само енциклопедии и учебници кои најчесто прикажуваат доста погрешна слика). Но, истотака - во тој случај - тоа е доста далеку од Христијанството и од Библијата - затоа што е директно негирање на Генезисот (како за почеток)...
Во секој случај - учењето се повикува на Христос и зборува од негово име, но е во доста голем конфликт со било кое друго толкување на Христијанството.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 20:38
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Во тој контекст тогаш Габриеле е многу блиску до учењето на Богумилите (за чие учење има оригинални записи и нивно евангелие, не само енциклопедии и учебници кои најчесто прикажуваат доста погрешна слика). Но, истотака - во тој случај - тоа е доста далеку од Христијанството и од Библијата - затоа што е директно негирање на Генезисот (како за почеток)...
Во секој случај - учењето се повикува на Христос и зборува од негово име, но е во доста голем конфликт со било кое друго толкување на Христијанството.

Апсолутно си во право zidarski! Тоа не го негирам, ова што го изнесе е жив факт. Терминот прахристијанска заедница е не случајно одбран! Дури, во издание на Универзален Живот има една книга, збирка на објави од Христа и Бог Отец:„Духот на Вселената - БОГ - говори непосредно во нашето време преку неговата пророчица„ со поднаслов „Тој не ја говори речта на Библијата!„исто достапна на хрватски јазик.



Изменето од Majkl - 19.Јули.2008 во 20:40
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.