|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 9899100101102 146> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zelba ne mi stvaraj,
koga pozoltev sega, kako list esenski, vnimanie ne mi obrnuvaj, sega, koga resiv da vo zaborav da potonam, zosto reseno e taka, od narecnici trojca sto se opija koga se rodiv i sudbina ne mi zapisaa. Slatka maka me razoruva, mene mestoto tuka ne mi e, tezina na pleki mi zastanuva kolena mi popustaat, jas veke da gi igram zelenite igri ne smeam. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes sum dosaden
i sebe si i tebe si i na site si, povrakani zborovi od usta mi vireat, dur gazam po valkaniot i lepliv pod |
|
darkangel
Група Регистриран: 18.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За вечност исткаена поезија
Исткаав зборови од тишина волшебна Зборови прости, но силни како чувствава, Исткаав сеќавања од нежности и љубења Сеќавања моќни, за заборав неоткриени. Исткаав надеж од ѕвездена прашина Надеж тврдоглава, непопустлива и весела Исткаав солзи од искрени зраци Солзи болни, слатки.. Исткаав среќа и тага и насмевки исткаав незаборавни Исткаав ноќи и денови и изгрејсонца во очи магични Исткаав вечност од допири и бакнежи, и во темнината... и во празнината... Исткаав волшепства посветли и исполнети.. Љубов исткаена во поезија. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сила
Знам дека еден ден некој ќе ја раскаже нашата приказна. Не ти. Не јас. И тогаш ќе се замислиме, беше ли токму така и токму затоа, беше ли ти, бев ли јас. Дотогаш сакај ме и мрази ме. Бакнувај ме и истурај го својот бес на мене. Милувај ме и крши ме со збор, со мисла која има сила да преплива седум мориња да изоди седум гори. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оган
Те прегрнувам со раце кои оставаат вдлабнатини по твоето тело, оти не знам дали е последен пат, во овој живот, на овој начин под оваа ѕвездена констелација... Алкохолниот здив му е патрон на ветрот, кој ѕвонливо ги краде последните воздишки, пред да заспијам, опиен од виното на нашата ферментирана страст. Се трошиме ли себе кога среќата ја влечеме со сламки и секогаш ни се погодува најкратката? Фитилот на мојата трпеливост изгорува. Ќе пеплосам дури дознаеш дека тлеам за тебе. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТРАМПА
Како ровја нека ме ослепи светлината на мигот, нека ми го одземе видот:. прашина глочкава во очите, жетва без берикет, отчет на распната надеж сред бури нестивнати... Мигот – мисла прегладнета ден неразденет радост нерсцветана заталкан зрак сред шума од светлини... О, ти, преслатка измамничке, невенчана невесто на сонот, што умот ми го полниш со себеизеднина кога те нема - нахрани ми ја мислата, раздени ми го денот, расцветај ми ја радоста - ослепи ме и на образот на мракот пресликај го мигот зрачен, а потем - и мене однеси ме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za najneznata
Najneznata...
Me saka... Ili neshto drugo posakuva Dali e taa, samo son koj me progonuva Mozebi slatka fantazija...
Bi sakal ljubovta moja da ne izcheznuva Te molam ostani Te prekolnuvam Ti si mojata nadez...mojot son, mojata ljubov
Ponekogash posakuvam da odletam od tuka da se stopam so zemjata so vodata da nadojdam...
Najneznata...
Zoshto taa... Ili nekoja druga posakuvam Dali e toa shto mi nedostiga Mozebi sudbina neizbezna
Bi sakal ljubovta da e vechna Da ne si odi Da ne bega Jas sum tvojata zelba, strasta, nadezta...
Zasekogash sakam da odletam da ja dopram zemjata da ja preplivam vodata
Najneznata... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bla, bla, bla,
ja te sakam, ti me nekes, ti me sakas, ja te neku, zosto ne me sakas, zosto ne te sakam, zosto te sakam, zosto me sakas. Ti si kako bla, bla, ja sum kako drn, drn, i se e mozno dodeka casata se isprazni, a potem na kogo li mu bese redot da casti, ili imase nekoj od nas rabota neodlozna, vo momentot sto mu tekna, vetuvanja prazni so izraz svecen na mlitavi lica. Nemaj gajle, duso jas te sakam, pogledni vo oci moi i smej kazi deka ne te sakam dodeka grcam muskuli od lice kako da nekoj ke me glasa za naj faca. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДИВОКОПАЧ Не копај во шумата на сенките Кај што некој сличен на мене Ги закопал некогаш останките на сонот Не копај скриен, прикриен, Под плаштот на лагата стутулен... Не копај ни кога дозвола ќе добиеш, Ни кога тапијата на болот ќе ја наследиш И кога срцето ќе ти крвари со крвта Што ја оставив заради сличноста Со бојата на цветот Што не стасав да го одгледам... Не копај во шумата на сенките Кај што срцето си го закопав За да ме враќа со музиката На пролетните водопади По растрчаните ледини на тагата Каде штурат штурците на последниот сонет За реката на мојата одминливост... Не копај во шумата на сенките... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕМОЌ
Долг е мостот на стравот Над два мига испружен Едниот мрак штосе лула Вториот црна дупка бескрајна Ветро влице ми дува Плунката ми ја враќа… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разговор со мртвиот
Истрај уште малку во моите раце, со лажен пулс да ја задржам топлината што си оди. Вистина е, на твоите дланки почива ледено пространство, што не може да се искрши со галење. Издржи уште малку во мојот поглед, со насмеани очи да ја впијам твојата неподвижност, што сепак се движи, исчезнувајќи. Вистина е, се кршам од помислата дека постоиш, а те нема, запечатен во ковчегот што собира лелеци и болка. Задржи се уште малку во мојот раскрвавен миг што собира отчукувања во кои сме тука, па заминуваме, без поздрав и без цел. Вистина е, краевите ме разубедија дека постојат почетоци. Се' веќе одамна трае. Во тоа "се'", ти завршуваш без мене. Јас продолжувам без тебе. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali cuvstvuvas
veterce na tvojot til sto na mojot zdiv potseka, dali mravki ponekogas lazat niz tvojata noga sto na mojot dopir potsekaat, dali nekogas si luta onaka kako samo jas znaev da te nalutam, dali vo nekogo gledas sto na mene potseka znaejki deka takov rizik da si dozvolis povtorno ne smees. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
x x x
Siroko svetlo lice dobrodusno se nasmevnuva na zdodevniot orkestar od sturci i skrezovi. Polna mesecina. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
potraga
tivko niz nokta zelba se dvizi za mig da te najde za mig da te vidi pogled na ljubov na son i na jave vo idnina niz smea ke trae na neboto samo edna zvezda ke sjae ti ja zdogleda i nema da se kaesh |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 9899100101102 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |