IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9899100101102 146>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 14:33
Zelba ne mi stvaraj,
koga pozoltev sega,
kako list esenski,
vnimanie ne mi obrnuvaj,
sega,
koga resiv da vo zaborav da potonam,
zosto reseno e taka,
od narecnici trojca
sto se opija koga se rodiv
i sudbina ne mi zapisaa.
Slatka maka
me razoruva,
mene mestoto tuka ne mi e,
tezina na pleki mi zastanuva
kolena mi popustaat,
jas veke da gi igram
zelenite igri
ne smeam.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 19:44
Denes sum dosaden
i sebe si i tebe si i na site si,
povrakani zborovi od usta mi vireat,
dur gazam po valkaniot i lepliv pod
Кон врв
darkangel Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај darkangel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 00:21
За вечност исткаена поезија

Исткаав зборови од тишина волшебна
Зборови прости, но силни како чувствава,
Исткаав сеќавања од нежности и љубења
Сеќавања моќни, за заборав неоткриени.
Исткаав надеж од ѕвездена прашина
Надеж тврдоглава, непопустлива и весела
Исткаав солзи од искрени зраци
Солзи болни, слатки..
Исткаав среќа и тага и насмевки исткаав незаборавни
Исткаав ноќи и денови и изгрејсонца во очи магични
Исткаав вечност од допири и бакнежи,
и во темнината...
и во празнината...
Исткаав волшепства посветли и исполнети..
Љубов исткаена во поезија.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:51
Сила

Знам дека еден ден
некој ќе ја раскаже нашата приказна.
Не ти.
Не јас.
И тогаш ќе се замислиме,
беше ли токму така и токму затоа,
беше ли ти,
бев ли јас.
Дотогаш сакај ме и мрази ме.
Бакнувај ме и истурај го својот бес на мене.
Милувај ме и крши ме
со збор,
со мисла
која има сила да преплива седум мориња
да изоди седум гори.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 21:25
Оган

Те прегрнувам
со раце кои оставаат
вдлабнатини
по твоето тело,
оти не знам дали
е последен пат,
во овој живот,
на овој начин
под оваа
ѕвездена констелација...
Алкохолниот здив
му е патрон на ветрот,
кој ѕвонливо ги краде
последните воздишки,
пред да заспијам,
опиен од виното
на нашата
ферментирана страст.
Се трошиме ли себе
кога среќата ја влечеме
со сламки
и секогаш ни се погодува
најкратката?
Фитилот на
мојата трпеливост
изгорува.
Ќе пеплосам
дури дознаеш
дека тлеам за тебе.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 22:13
ТРАМПА

Како ровја нека ме ослепи
светлината на мигот,
нека ми го одземе видот:.
прашина глочкава во очите,
жетва без берикет,
отчет на распната надеж
сред бури нестивнати...

Мигот – мисла прегладнета
ден неразденет
радост нерсцветана
заталкан зрак сред шума од светлини...

О, ти, преслатка измамничке,
невенчана невесто на сонот,
што умот ми го полниш
со себеизеднина
кога те нема -
нахрани ми ја мислата,
раздени ми го денот,
расцветај ми ја радоста
- ослепи ме
и на образот на мракот
пресликај го мигот зрачен,
а потем -
и мене однеси ме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 23:14
Za najneznata

Najneznata... 

 

Me saka...

Ili neshto drugo posakuva

Dali e taa, samo son koj me progonuva

Mozebi slatka fantazija...

 

Bi sakal ljubovta moja da ne izcheznuva

Te molam ostani 

Te prekolnuvam 

Ti si mojata nadez...mojot son, mojata ljubov

 

Ponekogash posakuvam da odletam od tuka

da se stopam so zemjata

so vodata da nadojdam...

 

Najneznata...

 

Zoshto taa...

Ili nekoja druga posakuvam

Dali e toa shto mi nedostiga

Mozebi sudbina neizbezna

 

Bi sakal ljubovta da e vechna

Da ne si odi

Da ne bega 

Jas sum  tvojata zelba, strasta, nadezta...

 

Zasekogash sakam da odletam

da ja dopram zemjata

da ja preplivam vodata

 

Najneznata...


Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 13:21
Bla, bla, bla,
ja te sakam,
ti me nekes,
ti me sakas,
ja te neku,
zosto ne me sakas,
zosto ne te sakam,
zosto te sakam,
zosto me sakas.
Ti si kako bla, bla,
ja sum kako drn, drn,
i se e mozno
dodeka casata se isprazni,
a potem na kogo li mu bese redot da casti,
ili imase nekoj od nas
rabota neodlozna,
vo momentot sto mu tekna,
vetuvanja prazni
so izraz svecen
na mlitavi lica.
Nemaj gajle, duso
jas te sakam,
pogledni vo oci moi
i smej kazi
deka ne te sakam
dodeka grcam muskuli od lice
kako da nekoj ke me glasa
za naj faca.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 09:36

ДИВОКОПАЧ

Не копај во шумата на сенките
Кај што некој сличен на мене
Ги закопал некогаш останките на сонот
Не копај скриен, прикриен,
Под плаштот на лагата стутулен...
Не копај ни кога дозвола ќе добиеш,
Ни кога тапијата на болот ќе ја наследиш
И кога срцето ќе ти крвари со крвта
Што ја оставив заради сличноста
Со бојата на цветот
Што не стасав да го одгледам...
Не копај во шумата на сенките
Кај што срцето си го закопав
За да ме враќа со музиката
На пролетните водопади
По растрчаните ледини на тагата
Каде штурат штурците на последниот сонет
За реката на мојата одминливост...
Не копај во шумата на сенките...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 15:47
НЕМОЌ

Долг е мостот на стравот
Над два мига испружен
Едниот мрак штосе лула
Вториот црна дупка бескрајна
Ветро влице ми дува
Плунката ми ја враќа…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 22:05
Разговор со мртвиот

Истрај уште малку
во моите раце,
со лажен пулс
да ја задржам
топлината
што си оди.
Вистина е,
на твоите дланки
почива ледено пространство,
што не може да се искрши
со галење.
Издржи уште малку
во мојот поглед,
со насмеани очи
да ја впијам
твојата неподвижност,
што сепак се движи,
исчезнувајќи.
Вистина е,
се кршам од помислата
дека постоиш, а те нема,
запечатен во ковчегот
што собира лелеци и болка.
Задржи се уште малку
во мојот раскрвавен миг
што собира отчукувања
во кои сме тука,
па заминуваме,
без поздрав
и без цел.
Вистина е,
краевите ме разубедија
дека постојат почетоци.
Се' веќе одамна трае.
Во тоа "се'", ти завршуваш без мене.
Јас продолжувам без тебе.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2008 во 20:13
Dali cuvstvuvas
veterce na tvojot til
sto na mojot zdiv potseka,
dali mravki ponekogas lazat
niz tvojata noga
sto na mojot dopir potsekaat,
dali nekogas si luta
onaka kako samo jas znaev
da te nalutam,
dali vo nekogo gledas
sto na mene potseka
znaejki deka takov rizik
da si dozvolis povtorno ne smees.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 01:44
x x x

Siroko svetlo lice dobrodusno se nasmevnuva
na zdodevniot orkestar od sturci i skrezovi.
Polna mesecina.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 11:34
               potraga
          
        tivko niz nokta zelba se dvizi
        za mig da te najde
        za mig da te vidi
        pogled na ljubov
        na son i na jave
        vo idnina niz
        smea ke trae
        na neboto
        samo edna
        zvezda ke sjae
        ti ja zdogleda
        i nema da se kaesh
       
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9899100101102 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.