IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Господова вечера, Евхаристија, Причест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Господова вечера, Евхаристија, Причест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
Автор
Порака
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 12:57
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Преку причесната, не принесуваме само жртва кон Бога, туку Бог се принесува како жртва кон нас...
Не, за ова немам Библиски цитати... но мене лично не ми ни требаат...



Преку Господовата вечера ние не принесуваме жртва на Бога, затоа што на Бог , жртви повеќе не му се потебни.
Еве што зборува Бог:

„Одете и научете се што значи: Милост сакам а не жртва!“
(Матеј 9:13) Ова се Исусови зборови

„Жртви и дарови ти не посака, а телото ми го приготви“
(Евреите 10.5)


Преку Господната вечера Бог повеќе не се принесува како жртва за нас, затоа што на Голгота се принесе еднаш и за секогаш како жртва, за кој што ќе верува во него да не загине но да има живот вечен. И не е потребно повеќе Исус да се принесува безброј пати како жртва, затоа што еднаш се принесе.

„И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа - суд;
така и Христос, откако еднаш се принесе самиот себе како жртва за да ги премавне гревовите на мнозина, втор пат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев, на оние што го очекуваат за спасение.“
(Евреите 9:27)

„Таков првосвештеник и ни требаше:свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците, и повисок од небесата, Кој нема потреба, како и другите првосвештеници да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи он го изврши тоа еднаш за секогаш , откако сам себе се принесе како жртва. “
(Евреите 7:26-27)

А за тоа дека немаш Библиски цитати - Еве ги цитатите, само треба да знаеш да ги побараш и да ги најдеш, а тоа се постигнува со читање и проучување на Библијата.

Ако не ја читаме и проучуваме Библијта осудата ќе ни биде поголема, затоа што Библијта ни беше на дофат, но не ја зедовме во своите раце.

Никаде во Библијата не се употребува зборот причест, туку Господна вечера. Христијаните не се причестуваат, туку учествуваат во Господната вечера и со тоа докажуваат и објавуваат, дека Исус умре и воскресна за нашите гревови и преку таа вечера сведочат за делото Исусово на Голгота.

„Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека он не дојде.“
(1 Коринтјаните 11:26)

Господната вечера не не спасува и прочистува, туку незе ја користат спасени и веќе прочистени луѓе од страна на Исуса Христа. Господна вечера не смеат да земаат луѓе кои што не се помириле со Бог и кои што не ги исповедале своите гревови пред Бога. Затоа што осудата е многу голема за тие луѓе.

„Затоа оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
Но човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
Зошто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат.
Оти ако бевте се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.“
(1Коринтјаните 11:27-31)


Затоа да се научи и да се испита вистинската смисла на зборот Господна вечера, која е целта и што означува, и да не се верува во „рекла-казала“, бидејќи осудата е голема.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 19:01
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Чаир те почитувам тебе но ти ми наведуваш црковни доктрини а јас ти давам Библиски докази. Таму ја гледам несогласноста и барам Библиско објаснување а не црковно!


не станува збор за црковна доктрина во стариот завет луѓето за помирување со бога принесувале жртви во согласност со потребата и жртвата но во новиот завет Христос самиот на себа си се спринесе за жртва и со тоа ги помири луѓето и бог затоа веќе не е потребно и забрането е да се принесуваат крвни жртви заштѕо што е посвето од бог самиот кој несамо пред 2000год туку постојано на секојалитургија ни се пренесува себеси за жртва
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 21:34
Како тогаш Исус ја дал сопствената крв и сопственото тело на апостолите да го јадат и пијат кога Тој сеуште бил жив кога го сторил тоа?
Сметам дека она ,,Правете го и вие ова во Моја чест’’ не значи само да присуствуваме на Господовата вечера туку многу повеќе: да се даваме себеси за другите како што и Тој го стори тоа за нас. Причеста е само форма. Многу поважно е да се љубиме еден со друг- тоа е она на што мислел Исус а не да го јадеме Него зашто ви дадов примери кадешто Библијата вели да не јадеме месо со крв и воопшто крв да не консумираме. Она што Тој го сторил било само симбол на Неговата љубов која Тој ја покажа на крстот.

Изменето од AlDra - 08.Јули.2008 во 21:35
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 01:15
ЧАИР,

1. Каде тоа во Библијата пишува дека на секоја литургија преку причесната Исус постојано ни се принесува себеси за жртва?

2. Каде во Библијата постои зборот ЛИТУРГИЈА?


Те замолувам да ми одговориш на овие две прашања, со исцрпни одговори, но поткрепени со Библиски стихови.
Не со „рекла-казала“


Ме интересира како ќе ги побиеш овие стихови кои што тврдат дека Исус еднаш за секогаш се принесе жртва за нас, и дека нема потреба повеќе да се принесува како жртва.

„И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа - суд;
така и Христос, откако еднаш се принесе самиот себе како жртва за да ги премавне гревовите на мнозина, втор пат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев, на оние што го очекуваат за спасение.“
(Евреите 9:27)




„Таков првосвештеник и ни требаше:свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците, и повисок од небесата, Кој нема потреба, како и другите првосвештеници да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот,бидејќи он го изврши тоа еднаш за секогаш, откако сам себе се принесе како жртва. “
(Евреите 7:26-27)


Со почит, Госпел.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 01:30
Allooooo prekinete be s interpretacii na biblijata kako na sekoj ce mu tekne. Ne zaboravajte na tradicijata i ne zaboravajte na toa sto ste i koi ste. I ne zaboravajte deka nemate pravo da go napadjate pravoslavieto samo zatoa sto vie sega ste vo nekoja (za makedonija) nova religija, vasite religii nikoj ne gi napadja a bi imalo mnogu sto da se kaze ...Dajte da bideme hristijani, site zaedno veruvame vo Isusa a toa e sto se broi, prestanete so ovie vasi sitni spekulacii i bockanja zasto ne znaete sto zivotot nosi i sto ne ceka utre a najdobro ce nie da sme site zaedno HRISTIJANI zasto ovaa vakvo na nekoj mu odgvora i toa mnogu mu odgovara so ovie nasi prepukuvanja ovdeka nie samo nego go pravime posilen i mu davame so nas kamen posle po nasa glava da udira....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 03:22
Овие два-три дена избегнувам да се вмешам во дискусииве, ама нешто не ме држи место...
Неколку пати еден од соговорниците тука упорно бара тоа за кое се пишува да се поткрепи со стихови од Библијата... Упорно напаѓа начин на посветеност на Бога кој е различен од неговиот и упорно негира туѓи чувства...
Веќе неколку пати сум го кажал ова, но еве повторно - верата во Бога не е само Библијата! Да, Библијата е Света Реч, но не се содржи нашата вера само во неа. Ако во Библијата нема литургија, не значи дека е грев да се прави литургија. Ако во Библијата не се спомнуваат икони, не значи дека е грев да се прават икони (кои не се предмет на обожување, туку израз на вера, ама тоа е друга тема, да не навлегуваме сега во тоа). Ако во Библијата се спомнува дека Петар можел да излечи некого со Божја помош - зошто тоа да не е можно денес или во минатото.
Зарем го ограничувате Бога во стотина испишани страници? Па макар и од Него напишани... Зарем не е Бог присутен во сите нас? Зарем не е Бог самата Љубов? Љубовта која е во нас, Љубовта Негова кон нас, Љубовта кон него, Љубовта еден кон друг... Зарем не е тоа суштината? Зарем не можеме да прифатиме различни начини на манифестација на таа Божествена Љубов, која е Неговиот најголем дар кон нас, но и најголемата обврска која ни е дадена?
Знаењето на Божјето Слово наизуст, не прави никого Богоугоден, Христијанин или како сакате наречете го... Живеењето на Божјето Слово - а имено - практикувањето на таа Љубов е тоа кое не води кон Него. Не велам дека православните се "чисти" во тој поглед, но искрено - не гледам дека останатите се истотака...
Потребни ни се Скромноста, Проштевањето, Љубовта... а не суетата, обвинувањето и цинизмот...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 04:32
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Чаир те почитувам тебе но ти ми наведуваш црковни доктрини а јас ти давам Библиски докази. Таму ја гледам несогласноста и барам Библиско објаснување а не црковно!


"Ako nekoj od sinovite Izrailevi i naselenicite, koishto zhiveat megju vas, na lov ulovi zver ili ptica, KOJA MOZHE DA SE JADE, toj e dolzhen da dozvoli DA ISTECHE NEJZINATA KRV i da ja pokrie so zemja" (Levit, 17:13).
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 04:38
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Светото Писмо на други места јасно кажува да не се консумира крв. Тогаш како Исус ни вели ,,пијте ја мојата крв’’ а на друго место вели:,,не консумирајте крв’’? Тоа е она што мене ме збунува.Еве и потврда на ова што го велам:

,,Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’’(Левит 17:12)
,,Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!’’(Левит 19:26)
,,Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.
(12:23) Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.’’(12:26 - Второзаконие)
,,И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”(1 Самоилова: 14:33)
,,А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”(Дела 21:25)
Од друга страна пак Исус вели:,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)



Сака да каже да не се јаде месо...


Gospod nikogash ne go zabranil mesoto kako hrana, tuku spored starozavetnite pravila, koishto seushte vazhat, i kako shto e zdravo za chovekot, otkako kje se zakole zhivotnoto so nozh, chie meso kje se jade, treba da se ostavi da isteche krvta.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 04:49
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како тогаш Исус ја дал сопствената крв и сопственото тело на апостолите да го јадат и пијат кога Тој сеуште бил жив кога го сторил тоа?
Сметам дека она ,,Правете го и вие ова во Моја чест’’ не значи само да присуствуваме на Господовата вечера туку многу повеќе: да се даваме себеси за другите како што и Тој го стори тоа за нас. Причеста е само форма. Многу поважно е да се љубиме еден со друг- тоа е она на што мислел Исус а не да го јадеме Него зашто ви дадов примери кадешто Библијата вели да не јадеме месо со крв и воопшто крв да не консумираме. Она што Тој го сторил било само симбол на Неговата љубов која Тој ја покажа на крстот.


Ljubovta ne raste na drvo, za sekoj da ja skine koga kje posaka, nitu e chuvstvo (emocija), ami e realna sila. Hristos e ljubov! A za chovekot da ima vistinska ljubov, najprvo treba da go primi Hrista. Prichesta ne e nikakva forma, tuku Sveta Tajna, vo koja chovekot realno se soedinuva so svojot Bog, vo evharistriskata zaednica na Hrista.

Изменето од Asya - 09.Јули.2008 во 04:50
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 12:58
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Овие два-три дена избегнувам да се вмешам во дискусииве, ама нешто не ме држи место...
Неколку пати еден од соговорниците тука упорно бара тоа за кое се пишува да се поткрепи со стихови од Библијата... Упорно напаѓа начин на посветеност на Бога кој е различен од неговиот и упорно негира туѓи чувства...
Веќе неколку пати сум го кажал ова, но еве повторно - верата во Бога не е само Библијата! Да, Библијата е Света Реч, но не се содржи нашата вера само во неа. Ако во Библијата нема литургија, не значи дека е грев да се прави литургија. Ако во Библијата не се спомнуваат икони, не значи дека е грев да се прават икони (кои не се предмет на обожување, туку израз на вера, ама тоа е друга тема, да не навлегуваме сега во тоа). Ако во Библијата се спомнува дека Петар можел да излечи некого со Божја помош - зошто тоа да не е можно денес или во минатото.
Зарем го ограничувате Бога во стотина испишани страници? Па макар и од Него напишани... Зарем не е Бог присутен во сите нас? Зарем не е Бог самата Љубов? Љубовта која е во нас, Љубовта Негова кон нас, Љубовта кон него, Љубовта еден кон друг... Зарем не е тоа суштината? Зарем не можеме да прифатиме различни начини на манифестација на таа Божествена Љубов, која е Неговиот најголем дар кон нас, но и најголемата обврска која ни е дадена?
Знаењето на Божјето Слово наизуст, не прави никого Богоугоден, Христијанин или како сакате наречете го... Живеењето на Божјето Слово - а имено - практикувањето на таа Љубов е тоа кое не води кон Него. Не велам дека православните се "чисти" во тој поглед, но искрено - не гледам дека останатите се истотака...
Потребни ни се Скромноста, Проштевањето, Љубовта... а не суетата, обвинувањето и цинизмот...



Зидарски,

Не си ми направил ништо лошо за да ти простам. Прости ми ти ако со нешто сум те навредил или повредил.
Сето ова што го пишувам, го правам од љубов, бидејќи заповедта од Исуса Христа кога се вознесуваше беше:
„Одете и научете ги сите народи...“
(Матеј 28:19)

„...и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал; и ете јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“
(Матеј 28:20)

Исус вели да пазиме се што ни заповедал, а не се што ќе ни падне на ум, и тоа што не ни заповедал.


„Целото Писмо(Библијата)е од Бога вдахновено и полезно за поука, изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и угоден за секое добро дело.“
(2 Тимотеј 3:16)

Апостолот Павле не учи, дека треба да се разобличуваме., да се поправаме и поучуваме еден со друг со братска љубов, тогаш кога ќе видиме дека нашиот брат навлегол во учење кое е спротивно на Библијата, кога навлегол во суеверие и не го исповеда тоа што го заповедал Исус Христос.

Зидарски, некогаш ни е тешко да ги признаеме погрешните работи кои што сме ги попримиле и кои што навлегле во нашето верување, затоа што имаме предрасуди што ќе речат луѓето, или, па тоа мојата црква не го исповеда и сл.

Ако моето дете стане нарко зависник, ако поприми некои лоши навики спротивни на божјата волја, дали треба да го оправдувам него и неговите навики затоа што тоа е мое дете?
Или треба јавно да признам дека моето дете не живее според нормите кој што ги пропишал Бог и да преземам радикални мерки за состојбата на тоа дете да се промени.
Бидејќи ако остане во таа состојба тоа е осудено на пропаст и пеколот не му бега.

Тоа важи и за нас кои што се нарекуваме Христијани. Мораме да живееме без предрасуди, без разлика што учи мојата црква и свештениците во неа.Ако сето учење не е во согласност со Библијата, треба да се направи реформа и во учењето и во верувањето. Бидејќи ти гарантирам дека не ни бега Божјата осуда и пеколот, без разлика како се нарекувам, дали православни, католици или протестанти.


Единствениот авторитет на секој Христијанин е Библијата. Другото сето се бајки и приказни. Немој да си ги оправдуваме нашите погрешни навики и верувања со зборовите:
Ако не го пишува тоа во Библијата зошто да не го правиме тоа, зошто да не веруваме во тоа.
Се што треба да правиме е нормирано во Библијата, и тоа до најситни детали.Се што е угодно на Бога се е запишано, ништо повеќе и ништо помалку.

Апостол Павле вели:
„Да не би облечени се најдеме голи.“
(2 Коринтјаните 5:3)


А тоа значи; мислејќи дека сме на вистинскиот пат, да не се најдеме во пеколот, затоа што после смртта нема повеќе промена на мислења, навики и верувања.    

Затоа преиспитај се во верувањето, читај ја библијата и верувај без предрасуди.


Никого не осудувам, никого не обвинувам и кон никого не гледам со цинизам. Љубовта е таа што ме тера да седам и да го пишувам ова, за ниту една душа да не пропадне во погрешно верување, од тоа што ни го заповедал нашиот спасител Исус Христос. И единствено во таа љубов стојам и ја почитувам, и таа љубов ме јакни да можам и непријателите мои да ги сакам како што ги сакам ближните мои.

Поздрав.

Изменето од gospel - 09.Јули.2008 во 13:06
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 17:01
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Светото Писмо на други места јасно кажува да не се консумира крв. Тогаш како Исус ни вели ,,пијте ја мојата крв’’ а на друго место вели:,,не консумирајте крв’’? Тоа е она што мене ме збунува. Еве и потврда на ова што го велам:

,,Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’’(Левит 17:12)
,,Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!’’(Левит 19:26)
,,Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.
(12:23) Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.’’(12:26 - Второзаконие)
,,И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”(1 Самоилова: 14:33)
,,А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”(Дела 21:25)
Од друга страна пак Исус вели:,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)


 

Originally posted by чаир чаир напиша:

Неможеш твердењата за новиот завет да ги поткрепуваш со цитати од стариот зашто со доаѓањето на Христа Стариот завет завршува
 
Стариот Завет завршува со смртта на Христос, но заповедта за забраната на пиење крв продолжува И ВО НОВИОТ ЗАВЕТ!
 
"Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите."
(Дела 15:28-29 - Новиот Завет)
 
Така што во право е gospel, православието греши кога толкува дека лебот и виното за време на причеста буквално се трансформираат во телото и крвта Христови, затоа што незамисливо е Христос да ги навел на грев Своите апостоли (а и нас) со тоа што би ни заповедал да пиеме нешто што е забрането и во Стариот и во Новиот Завет.
 
Смешно е буквалното толкување на Христовите зборови: "Ова е Моето тело" и "Ова е Мојата крв", затоа што ако одиме по таа логика, тогаш како би ги толкувале следниве исто така Христови изјави: "Јас Сум Вратата" или "Јас Сум Патот"? среќа
Дали тоа значи дека Христос е навистина БУКВАЛНА врата? голема%20насмевка Ако е така, тогаш брзо покајте се за секое ваше треснување на вратата голема%20насмевка
Дали тоа значи дека Христос е навистина БУКВЕЛЕН пат? голема%20насмевка Ако е така тогаш да не одиме по патот и да не го газиме патот, за да не го газиме Христос, туку да одиме по тревата голема%20насмевка
 
Ете до кое лудило може да ве однесе буквалното толкување на симболиките кои Христос ги користел за Себе.
Се повикувам на вашиот здрав разум и вистинското познавање на Христос: внимавајте да не бидете и вие заведени од горенаведеното "толкување" кое го проповедаат некои "цркви". Христос многупати проповедал во параболи и многупати користел симболики. Ако се повикаме на нашиот здрав разум и доколку дозволиме да бидеме просветлени од Свеитот Дух, многу лесно ќе забележиме кога се работи за буквалност, а кога за симболика, метафора, хипербола, алегорија, иронија, персонификација или некој друга стилска фигура.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 17:10
Госпел, благодарам за одговорот...
Како што можеш да видиш од многу мои постови, јас истотака повикувам на реформа во Православната Црква, но го задржувам правото да верувам во Бога на начин на кој јас сметам дека е исправен. Го задржувам правото да ја толкувам Библијата онака, како што мојата душа ја разбира, а тоа е единствениот исправен пат до Бога - исто како што ти ја толкуваш онака како што твојата душа ја разбира и како што тоа е единствениот твој исправен пат до Бога.
Никаде, во ниеден момент не сум негирал текст од Библијата, никогаш и нема да го направам тоа. Само си дозволувам да толкувам различно од тебе некои работи - во врска со светци, во врска со икони, причесна итн... Јас тоа го правам, затоа што мојата врска со Бога, преку посланието негово до нас - Библија, така ми налага.
Секој од нас треба себе си постојано да се преиспитува и да ја преиспитува и сопствената верба во Бога. Затоа што многу лесно се стигнува во ситуација во која мислиме дека веруваме само затоа што редовно одиме во црква, затоа што знаеме наизуст евангелија, затоа што се молиме редовно... а ја забораваме суштината. Ако земеме еден многу груб геометриски модел - и условно претпоставиме дека Бог е горе, тогаш верата не е само вертикален развој, туку и хоризонтален - кон останатите луѓе. Затоа што вертикалниот развој ќе има стабилна подлога, само ако го имаме широка основа по хоризонтала...
Ова важи за сите вери, за сите верски групи... Павле имаше кажано дека верата без љубов е како празен ѕвон.
Да се вратам на претходниот муабет - како што реков - не мислам дека по никаков начин ги нарушувам правилата поставени во Библијата, но не мислам дека ќе го ограничам моето живеење (а со тоа и славењето на Бога, затоа што го славиме со секој свој ден и секој свој потег) со тоа што е напишано само. Имаме иста гледна точка, само што имаме различни толкувања за некои работи.
Со почит,
Зидарски
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 17:14
ЕвАнгелос - едно прашање во врска со погорниот пост...
А зошто ти буквално го толкуваш терминот Исусово Тело и Крв?
Ако го толкуваш буквално (имам предвид во човечки параметри) - тогаш целата фраза треба да се разбере симболички.
Но - ако прифатиме дека Божјото Тело и Божјата Крв, не се телото и крвта на живите суштества кои Тој ги создава, туку се дел од Него, тогаш текстот има малку поинаква смисла... Повторно зборуваме за симболика, но од малку поинаков аспект...
Do what is right, come what may...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 19:08
Originally posted by чаир чаир напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Чаир те почитувам тебе но ти ми наведуваш црковни доктрини а јас ти давам Библиски докази. Таму ја гледам несогласноста и барам Библиско објаснување а не црковно!


не станува збор за црковна доктрина во стариот завет луѓето за помирување со бога принесувале жртви во согласност со потребата и жртвата но во новиот завет Христос самиот на себа си се спринесе за жртва и со тоа ги помири луѓето и бог затоа веќе не е потребно и забрането е да се принесуваат крвни жртви заштѕо што е посвето од бог самиот кој несамо пред 2000год туку постојано на секојалитургија ни се пренесува себеси за жртва


јас незнам ти кај си ведел дека ние јадеме човечко месо и крв не се употребува ни животинска крв а самиот брог благоволи да го добиваме неговото тело и крв во вид на вино и леб иако во рацете на некој маловерни луѓе виделе вистинско тело и крв
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.