|
Евангелие на Марија Магдалена |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bidejki nemam veme (ke otsustvuvam edno vreme od forumov) da go chekam odgovorot na EvAngelos (ako voopsho ima namera da odgovori posle negovite posledni komentari povrzani so avtentichnosta na pisanijata), reshiv da go napisjham sledniov komentar.
Stom veke padna muabet za toa sto e verodostojno, a sto ne; koi se originalni pishuvanja na apostolite, a koi ne i t.n., da izneseme nekoi fakti koi se nepoznati za poveketo nashi chlenovi. Kako prvo, se veli deka evangelijata gi napishale apostolite Mateja, Marko, Luka i Jovan. Lugjeto mislat deka toa se edni od onie 12 apostoli koi odele so Isus, pa zatoa nivnite evangelija se 100% faktoidni i precizni. E pa, spremete se za otkrovenieto. Osven Jovan, nitu eden od niv ne bil od tie 12 apostoli! Nitu den od niv ne prisustvuval na nishto od toa sto go opishuvale vo nivnite evangelija! Togash koi se ovie lugje, podocna narecheni apostoili ? Luka, koj osven evangelieto gi napisha i Delata na svetite apostoli, beshe lichniot lekar na Pavle. Toj ne bil evrein i bil roden vo Antiok. Toj NIKOGASH ne go videl Isus, NIKOGASH ne go slushnal Negov zbor i se sto nauchil za Isusovoto propovedanje i sluchkite so Nego e od razgovorite so Pavle i drugi lugje, kako i od chitanje na tugji pisanija. Za glavninata na negovoto evanelie toj go zema tekstot od Marko i dopolnil so izvadoci od pisanijata koi denes gi narekuvame Apokrifni. Za svojata kompilacijska rabota zboruva i samiot toj ushte na pochetokot na svoeto evangelie! Tolku za negoviot avtoritet i znaenje od prva raka za onoa koj beshe Isus, sto boruvashe i sto pravshe Toj. Mateja pak beshe danochnik, onoj koj odeshe po lugjeto i go sobirashe danokot za drzhavata. Toj, kako i Luka, NIKOGASH ne go ima sretnato Isus. I za nego Isus e lichnost od narodnite zboruvanja. Toj isto taka go koristi Markoviot teskst, kako i tekstovi na drugi avtori za da go sostavi svoeto evangelie. Marko, poznat i kako Jovan Marko e atestiran kako originalen pishuvach na svoeto evangelie. I Marko nikogash ne go sledel Isusa. Edinstveniot moment koga mozhebi bil vo Negovoto prisustvo bilo na tajnata vechera, koga dvanaesette apostoli se sobraa vo kukjata na Markovata majka i neziniot brat Barnabas (Varnava). Barnabas e Markoviot vujko. Negovoto znaenje za Isus i sluchkite okolu Nego poteknuva od vujko mu Barnabas (vechen Isusov pratitel), na koj mu praveshe drushtvo koga ovoj so Pavle odeshe na svoite misionerski patuvanja. Originalnoto Markovo evangelie e pishuvano na hibru, bilo prevedeno na grchki i potoa ushte ednash prevedeno na latinski. Originalnoto pisanie na hibru, kako i prvite grchki prevodi se unishteni, taka da ne se znae tochno kolku e zachuvana originalnosta od ova evangelie. Pavle e vsushnost Saul od Tarzus i toj bil rimjanin koj rabotel kako raketar za Visokiot Sveshtenik na Seducite. Edna od negovite zadachi bilo da gi ismeva, apsi i maltretira onie sto go sledele Isusa. Ako postoel nekoj najomrazen chovek vo toa vreme megju Isusovite sledbenici, toa bil Saul. Toj NIKOGASH ne bil so Issus, NIKOGAH ne go slushnal, nikogash ne go videl, a postoi samo edno negovo kazhuvanje vo koe veli deka Isus mu se pojavil na patot i deka go ukoril za negovite progoni. Ne postoi svedok na taa sluchka, taka da toa ne mozhe da se verificira i ostanuva da se prifati na zbor. Saul se razocharuva (patem mu se sluchuvaat i nekoi drugi nemili raboti so semejstvoto, neshto za sto ne bi shirel vo ovoj moment) i se izolira edno vreme obiduvajki se da se pronajde vo novonastanatata situacija. Togash se sluchuva radikalen presvrt i od hristijanski progonuvach se pretvara vo niven najgolem podrzhuvach. Toj gi pronaogja hristijanite i gi moli da go primat kako niven uchenik. Site se protiv taa ideja osven Barnabas, koj gleda vo Saul silno potencijalno oruzhje so koe polesno bi se shirel Isusoviot zbor. Pod Barnabasoviot pritisok, Saul e primen za uchenik, go menuva imeto vo Pavle i pochnuva podetalno da se zapoznava so Isusovoto uchenje. Negovoto znaenje i onoa sto toj go interpretira vo negovite dela objaveni vo noviot Zavet e naucheno od Barnabas, od onie koi bile okolu nego, kako i od hristijanite koi sto na vremeto gi gonel niz vetenata zemja. Pod Pavlovoto ime stojat 13 pisanija vo Noviot Zavet, od koi so sigurnost se znae deka 7 se napishani od nego (Poslanieto do Rimjanite , Prvoto i Vtoroto Poslanie do Korintjanite, Prvoto poslanie do Solunjanite, Poslanieto do Galantjanite, Poslanieto do Filipjanite i Poslanieto do Filimona ), dodeka 6 se napishani podocna pod negov pseudonim, taka sto toj ne e niven avtor. I toa se faktite za pisanijata vo Noviot Zavet, onie koi vo Nikea se sertificirni kako originalni, vistiniti i nesomneni, edino vredni da se stavat zaedno vo svetatata kniga na novoto veruvanje. Site ostanati, (gi imalo okolu 400 najvazhni, kako i celi biblioteki od drugi pisanija) se proglaseni kako lazhni i eretichki i se unishteni. Samo nekolku go prezhiveale pogromot i denes gi imame kako del od Apokrifnata (“Onie koi se skrieni”) literatura. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Павле односно Савле најмногу и ги има зезнато работите во Новиот Завет, ги направил првите доближувања до државата, ги измешал христијанското учење со своите пагански претстави, средил жената да биде потчината на мажот, активната вера ја заменил со пасивна(дека е битна верата во Исус не учењето)се обидел да го замолчи пророчкиот Дух(„Ако некој, дури и ангел од Небото ви навести поинакво евангелие....нека е проклет„) итн. од изворната пра-христијанска фаза ги даде темелите за негова демонска мутација за кога работата беше печена после неколку века, крвавиот цар Константин(не случајно!) го признае за државна религија. Ако ги споредиме Павловите посланија со на пр. Јовановото Откровение, јасно е дека Павле алиас Савле зборува со интелектуален речник, а Јован дека не збори од себе туку преку него се објавувал Христос, се чувствува веднаш моќта на Светиот Дух во Откровението. Изменето од Majkl - 05.Јули.2008 во 23:18 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер - поправка - Матеј е еден од 12-те апостоли и е директен ученик на Исус.
Марко - го пишува евангелието, така како што Петар му го пренесува. Лука е од таканаречените 70 апостоли, и го пренесува евангелието така како што му е пренесено не од Павле, туку од сведоците на Христовиот живот. Јован е присутен цело време покрај Исус. Павле - добива јавление - односно позната случка на патот за Дамаск. Дали веруваш во тоа или не - е личен избор. Апокрифните посланија - како што реков, ниту се пишувани во времето на учениците на Исус, ниту пак можат да го издржат основниот тест на авторство. За овие 4 евангелија точно се знае кој ги напишал, кога се напишани и што содржат. Ако има некое апокрифно евангелие кое сметате дека е вистинито од сите аспекти - тогаш, ве молам презентирајте го тука. Конректно - евангелието по Марија, не го издржува основниот тест за авторство, односно е напишан барем 50-тина години по смртта на Марија Магдалена. Кога авторството не е вистинито, како тогаш да верувам на содржината?!?!?! Ако на текстот стоеше - напишано од Јоаким, според преданието на Марија Магдалена, може и ќе го сфатев сериозно текстот... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слаб сум со време messenger, а и за експлицитен одговор околу авторствата на канонските евангелија би ми биле потребни најмалку по една страна текст за секое од нив. Искрено, таков напор би направил кога ќе се појави некој кој со поинакви мотиви ќе го постави тоа прашање. Не знам дали ќе ме разбереш сега, но јас, како христијанин, сум повикан да давам леб на гладните и вода на жедните, а не на некои кои сакаат само да експериментираат со таа храна, да ја споредуваат со други храни, да ја критикуваат и сл.
Во кратки црти, zidarski ти одговори на прашањето. Јас 100% се сложувам со неговиот одговор. (навистина сум задоволен сум од неговите познавања околу христијанството ) За секоја реченица од неговиот коментар може да се пишуваат по цели пасуси, да се изнесуваат докази, аргументи, историја, лингвистика... но јас немам време, а ни мотив да ја почнувам таа анализа и дебата. И јас од задутре патувам и нема да бидам активен еден месец на форумов. ИншАллах се надевам дека еден ден ќе можеме во живо да поразговараме на оваа тема. Така дискусиите течат многу побрзо и поквалитетно.
Поздрав
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕвАнгелос - би било убаво кога ќе имаш време (по одморите) да ги напишеш тука тие текстови во врска со потеклото на Евангелијата... ќе биде корисно.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И двајцата разбирате англиски. На интернет можете да најдете по цели книги за датирањето и авторството на евангелијата. Ако messenger навистина го интересира тоа, нема да ме чека мене.
Наскоро ќе имам еден..хмм.. "говор" на таа тема, но вие не сте во Македонија Изменето од EvAngelos - 06.Јули.2008 во 02:19 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не станува збор за нас или заради некој конкретен - јас би сакал тоа да се постира тука на форумов - би било многу полезно за корисниците на форумов како информација. Затоа - кога ќе имаш време...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сосема е точно дека Матеј и Јован биле меѓу 12те Исусови апостоли. Дали Лука и Марко биле- не сакам да шпекулирам зашто нигде не сум сретнал.
Повеќе сакав да Ви обрнам внимание на следново: Павле имал висока положба, но после видението кое го добил тој се трансформирал и се откажал од неговата функција и застанал на страната на христијанството. Тоа е пример за едно Божјо чудо. Овде треба ние сите да извлечеме поука. треба да ни биде поважна вистината а не функцијата. Апостолот Павле дури бил и затворан, мачен и можеби и убиен заради неговата вера што е самото по себе дополнителен доказ за неговото видение. Навистина ретко кој би се откажал од општествената позиција само заради некое видение. Згора на сето ова Павле бил особено образован човек. Тоа се согледува по стилот на кој пишува. Се согласил да се здружи со неписмени и да оди со бедните само затоа што верувал. Човек без вера не го прави тоа. Порано и јас се сомневав дека на Соборот во Никеја на кој била составена Библијата дека е можно да бидат вршени одредени измени за да се испеглат разликите меѓу Евангелијата. Но сватив дека грешам кога ги разгледав очигледните разлики при описот на третиот ден од смртта Христова кога жените одат на гробот. Секој од евангелистите кажува по малку различна приказна (во однос на тоа колку жени отишле, дали им се јавил Исус или ангели...), но суштината е истата. Доколку се вршеле измени на текстовите сигурно дека тоа не би го оставиле така. Ист е случајот и со географските неточности кои се наведни во Дела на апостолите. |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Павле бил опоменат да не ги прогонува христијаните но не и да стане проповедник. Прилично голема каша има направено со своите посланици кои не се проструени со силата на Светиот Дух туку со неговите римски интелектуални представи.
И не е само соборот во Никеја каде страдаа евангелијата и изворното христијанско учење. Тука е и синодот во Константинопол 543 кое го исфрли и знаењето за реинкарнацијата како и сфаќањето дека порано или подоцна сите души ќе бидат вратени преку Христа кај Бога(апокатастасис), никој нема да оди во вечно проклетство. Евангелието според Марија Магдалена е само капка во океанот, можеби сама посебе и не толку битна. |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,7 Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.
8 На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење. 9 Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат. 10 На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; НА НЕКОИ ЛУЃЕ ИМ ДАВА СПОСОБНОСТ ДА РАСПОЗНАВААТ ДАЛИ ДУХОТ КОЈ ЗБОРУВА НАВИСТИНА Е ОД БОГ ИЛИ НЕ, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.’’(1. Кор. 12:7-10) |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сосема се согласувам со твојот став. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се согласуваш и со грешките кои ги наведе?!
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер,
ова се твои зборови: Mateja pak beshe danochnik, onoj koj odeshe po lugjeto i go sobirashe danokot za drzhavata. Toj, kako i Luka, NIKOGASH ne go ima sretnato Isus. I za nego Isus e lichnost od narodnite zboruvanja. Toj isto taka go koristi Markoviot teskst, kako i tekstovi na drugi avtori za da go sostavi svoeto evangelie. Матеј и Левиј се една и иста личност.(Митник, Цариник) Еве што зборува Библијата за Левиј или Матеј: А потоа излезе Исус и виде еден митник по име ЛЕВИЈ, кој седеше на митницата и му рече:Врви по мене. Тој остави се, стана и тргна по него. И во својот дом Левиј му приготви голема гозба... (Лука 5:27-29) Пријателе, како тврдиш дека Матеј или Левиј не бил апостол, кога Библијата така зборува. Затоа најпрво испитај, па потоа напиши. Првин рипни, па потоа речи ОП. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер не е тука во моментов, така што - да почекаме да се врати .
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |