IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Опасни македонски Сајбербратства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Опасни македонски Сајбербратства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 02:39
Originally posted by marijask marijask напиша:

Македонско Братство се дефинира како културно-патриотска заедница заснована на КОНСТРУКТИВЕН патриотизам и христијански вредности.

Цели

Македонското Братство (Macedonian Brotherhood) е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе.
Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво.
Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично.
Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден.
Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература.

Во денешно време самите Македонци го забораваат значењето на крвта што ја носат. Предците ни го оставиле аманетот да ја дочуваме Македонија, зашто Македонците се тие што ја прават Македонија. Поентата со името Братство е да се пробуди свеста кај Македонецот за таа придавка, за да му помага на сонародникот не поради тоа што има корист од него, но да му помага бидејќи ја делат истата националност.
 
Со убави и слаткоречиви зборови сте ја накитиле амбалажата на вашето братство. Секоја чест, навистина ги заскокоткавте моите уши додека ја читав вашата амбалажа. Јас не ве познавам доволно и немам кредибилитет да давам критика за вашата внатрешност, за вашата пракса, за она што навистина го правите, или не го правите, а гласно го велите. Искуството ме научило дека зборовите од делата понекогаш можат да бидат одалечени како исток од запад среќа Но нејсе, ќе оставам простор за некој подобар политичар од мене и некој кој повеќе ве познава да даде коментар за таа димензија на вашето братство.
 
Бидејќи спомнавте "Христијанство и христијански вредности", јас би сакал да коментирам во таа насока. Би сакал да поставам прашања и да дадам коментар на спрегата меѓу вашата политичка идеологија и Христијанството.
 
Погоре велите дека вашата културно-патриотска заедница се заснова на христијанските вредности. Мене ме интерезсира на кои тоа христијански вредности се заснова вашето братство?
Од текстот кој го прочитав погоре се вџашив колку вашата идеологија изобилува со етнофилетизам.
Би ги издвоил посебно следниве цитати:
 
Originally posted by marijask marijask напиша:

Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец...
...да му помага бидејќи ја делат истата националност.
 
marijask, прашање до тебе:
Како може идеологија на етнофилетизам да се заснова на христијански вредности?
Каде тоа ХРИСТОС повикувал на етнофилетизам?
Каде тоа Христијанството учи дека треба да сакаме некој затоа што е од нашата нација?
 
НАПРОТИВ, Христијанството не е национална вера и не ги дели луѓето по нација. Тоа го прави (на велико) православието, но не и Христијанството. Се надевам правиш разлика меѓу овие две.
Доколку не си го прочитала Новиот Завет, сега ќе ти појаснам на што точно мислам...
 
Одличен пример за АНТИ ЕТНОФИЛЕТИЗАМ директно од устата на Исус Христос е Неговата парабола за милостивиот Самарјанец...
 
"Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?” Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна.  Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.” Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?” Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така.” "
(Лука 10:29-37)
 
Мило, ја разбираш ли поуката од оваа приказна на Исус?
Кога Исус денес би ти ја раскажал оваа приказна, тој наместо свештеник и левит би ти рекол скопјанец и битолчанец, а немасто самарјанец би ти рекол албанец (или "шиптар" како што ги нарекува твојот пријател is no good)
 
Потоа, во оваа насока интересно е да се спомне укорувањето што Јован Крстител им го дал на Евреите заради нивниот ЕТНОФИЛЕТИЗАМ.
 
"и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама."
(Матеј 3:9)
 
Во современа конотација, Јован би рекол:
"и не мислете да речете во себеси: Александар Македонски е наш татко, зашто ви велам, Бог може и од овие камења да му издигне чеда на Александар"
(голема%20насмевка)
 
Потоа изјавата на апостол Павле:
 "Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите"
(Римјаните 10:12)
 
Или во денешна перспектива:
"Но нема разлика меѓу Македонец и Албанец, зашто еден и ист е Господ на сите"
(трепкање)
 
Доволно е или да наведувам уште десетици цитати и од Стариот Завет? среќа
 
Ете, Исус Христос, Јован Крстител, апостолот Павле проповедале АНТИ ЕТНОФИЛЕТИЗАМ, а вие велите дека вашата ЕТНОФИЛЕТИСТИЧКА идеологија се заснова на Христијанските вредности. Зарем не е тоа контрадикторно тврдење?
За да ја исправите контрадикцијата, доволно ќе биде зборот "Христијанство" да го промените со зборот "православие", и фразата "Христијански вредности" во "православни вредности". Тогаш вашата идеологија ќе биде интегритетна и конзистентна на своите вредности.
 
Се надевам дека нема погрешно да ме сфатиш заради мојов коментар. Иако ти реплицирав тебе, сепак коментаров се однесува на амбалажата на идеологијата на Македонско Братство, а не лично до тебе.
Поздрав marijask големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 05.Јули.2008 во 00:16
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 03:14
Благодарам за делумниот одговор на моите прашања... што јас правам за Македонија ќе дискутираме во друга прилика, нема проблем, да не одвлекуваме внимание од оваа тема.
На неколку пати тука се спомна дека не треба да се критикува, а треба да се обединиме, и како единствен аргумент за тоа се даде дека здружението е македонско...
Тоа што едно здружение се смета себе си за македонско и смета дека работи за доброто на Македонија не е доволна причина за да е лишено од критики. Иако - јас лично во ниеден момент не упатив критика, туку прашав конкретни прашања, побарав точни одговори, за да можеме да продискутираме околу смислата на тоа здружение. Ако не сте во состојба да одговорите тука на критиките и прашањата, тогаш каква е смислата од вашите активности? Напротив - треба да ви е чест да зборувате за тоа ваше "братство". Јас секогаш сосема слободно и со гордост зборувам за моето.
Та... да се вратам на темата.
Зошто сметате дека вашиот пат е единствено исправен и сметате дека нема место за останатите (како што беше пишано погоре - кој не ги поддржува целите на "братството" е негов непријател)? Јас не се сеќавам никаде во историјата на Македонија, ниеден од македонските светли имиња да бил шовинистички настроен кон останатите народи во Македонија. Можеме да почнеме од Филип и начинот на кој ја формира својата армија, преку Самуил, па до ТМОРО, ВМРО и партизанското движење...
Што значи - вашиот став и начин на размислување е релативно нова појава во Македонија, која можеби има основа и оправданост - но сеуште не слушнав адекватен коментар од вас во нејзина поткрепа.
Во врска со активностите... Почитувањето на паметта на загинатите и организирање на предавања и јавни дискусии искрено го поздравувам, но за жал не би рекол дека е тоа резултат, а поскоро би го сместил во активности.

На прашањето:
2. Што точно правите за да ги остварите целите на организацијата?
беше одговорено со:
2. Не седиме и јадеме г***а пред компјутер за други организации него си го гледаме нашиот двор и се обидуваме да го средиме.
Сепак... повторно ќе прашам и тоа сосема сериозно - што точно правите за да ги остварите целите на организацијата (кои Марија ги објасни во претходен пост)?
Со оглед на тоа што настапувате со нескриена гордост во име на "братството", сметам дека би било убаво да дискутираме за вашите активности.


3. Што точно правите за подобрување и унапредување на Македонија, македонското општество и начин на живеење?
- 3.Ја презентираме историјата и културата на Македонија каде што ќе стигнеме!

Ова е истотака за поздрав, но прашањето беше - Што ТОЧНО правите за унапредување на Македонија, македонското општество и начин на живеење? Не како ја промовирате Македонија.

4. Посочете конкретни резултати кои се постигнати од вашето "братство"? (со оглед на тоа што постои веќе со месеци, се надевам дека има некој плод)

Го повторувам 4-тото прашање, затоа што претходниот одговор беше во врска со активностите кои братството ги превзема, а не резултатите од тие активности.

Навистина би ценел една сериозна дискусија, со смислени коментари. Само да дополнам - не го поддржувам коментарот даден од новинарот (со кој почна темава), затоа што сметам дека не дава реална слика за вашето "братство". Но - би ценел (а како што гледате од многуте коментари - и останатите членови на форумов) доколку вие ја презентирате таа слика и доколку дискутираме за неа.


Изменето од zidarski - 04.Јули.2008 во 03:17
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 17:31
Чудна тишина...
Do what is right, come what may...
Кон врв
makeme_mk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makeme_mk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:35
... за паметни луѓе доволно е кажано да сфатат ...а оној кој не разбира или не сака да разбере бескорисно е да зборуваме.
Kако што рече еден брат, ние не сакаме бесцелно да си трошиме време кое вие гледаме го имате на претек..


ПОЗДРАВ ОД МАКЕДОНСКО БРАТСТВО

МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ-А ЗА ДРУГИТЕ АКО ИМА МЕСТО!!!
Кон врв
Bukefall Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bukefall Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:48
Normalno e zidarski da ima cudna tisina koga nemaat sto da prigovorat na vasite repliki do niv. Site znaeme da filozofirame za Makedonija do iljada i nazad i da se udirame vo gradi kolku sme patrioti, kolku sme za Makedonija, za makedoncite. No koga ke se postavat konkretni prasanja sto? kako? koga? posocete konkretni cekori? posocete rezultati? ODGOVOR NEMA, samo CUDNA TISINA hahaha
4 pati go povtori tvoeto prasanje, ama i 100 pati da go povtoris ke go dobies istiot odgovor: CUDNATA TISINA
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:50
А како тоа ќе ги убедите луѓето во исправноста на вашите мислења, ако не дискутирате за нив?!
Ако не сте во состојба да ги одбраните вашите ставови аргументирано и јасно тука на еден обичен форум, тогаш како тоа ќе го сторите пред светот?!
Освен тоа - една од целите на "братството" е да ја промовира Македонија каде што ќе стигне... а не е во состојба да ја промовира сопствената организација тука?
Сосема сериозна дискусија покренав и се надевав на сериозни коментари...
Do what is right, come what may...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:51
Mене не ми е јасно зашто никој не одговори на прашањата на ЕвАнгелос?
Нели Христијанството ви е јака страна!?
Ајде просветлете не и нас....
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:54
Originally posted by makeme_mk makeme_mk напиша:

... за паметни луѓе доволно е кажано да сфатат ...а оној кој не разбира или не сака да разбере бескорисно е да зборуваме.
Kако што рече еден брат, ние не сакаме бесцелно да си трошиме време кое вие гледаме го имате на претек..


ПОЗДРАВ ОД МАКЕДОНСКО БРАТСТВО

МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ-А ЗА ДРУГИТЕ АКО ИМА МЕСТО!!!

..sepak treba da ne udostoite so odgovor... Ova Makedonija na Makedoncite..vazi samo za 100% Makedonci...ili i za onie shto se 25%...50%...75% Makedonci... potoa dali vazi samo za Pravoslavnite Makedonci...dali tuka spagaat makedoncite Muslimani...


Изменето од mamamd - 04.Јули.2008 во 23:55
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:56


Не се сите македонци православни и муслимани, има и други...

Изменето од moira - 04.Јули.2008 во 23:56
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:56
Како што знам тие примаат стриктно Христијани.....
Тоа е како едно правило од МБ...
освен ако не смениле мислење..
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 23:59
И со оглед на тоа што идејата "Македонија на македонците - а за останатите ако има место" е нова појава во македонското битие и историја, би било убаво да објасните за што точно станува збор, за да може правилно да се разбере...
Никогаш до сега, во минатото, ниедно македонско братство немало таков слоган, ниту пак имало таков начин на размислување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2008 во 00:00
Блу - сосема е во ред да примаат само Христијани. Нема ништо лошо во тоа. Секое едно здружение си одредува свои правила за членство и има право на тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2008 во 00:02
Да во ред е тоа нивен избор е. само одговорив.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
AlbanianGirl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2008
Локација: Cuba
Статус: Офлајн
Поени: 495
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlbanianGirl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2008 во 00:32
a bre vie seriozno se zanimavate so ova???
kolku shto znam jas, onie koi navistina rabotat neshto
i imaat seriozni nameri, za niv teshko e i da razberesh
deka postojat....

site drugi se samo patishta za realiziranje na "kratkorochnata" zhelba,,,za postanuvanje preku nok "golem patriota"....titula ova za koja shto se "zhedni" mnogu adolescenti,,,,

no,,,sepak ne mozham da negiram, deka postoi edna
mnogu mudra cel, pozadi vakvite grupacii,,,
koja shto ja poddrzhuvam,,,no sekako gi poddrzhuvam onie koi gi igraat "koncite",,,,a na drugite im posakuvam "SLATKA AVANTURA".....

p.s...postot na EvAngelos mnogu mi se dopadna,
navistina sega ja razbiram ulogata na Verata, kako
edinstveniot nachin za postavuvanje soglasnost,
i mir megju lugjeto....
You think I am a devil. But only because I have lived in hell. I want to get out.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,358 секунди.