IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 50>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 16:44
Цар Самоил е син на Брсјачкиот кнез Никола, кој ја владеел Брсјачката Склавинија во средината на 9 век. Грците (Византијците), словенската титула кнез, ја преведуваат како комитa. Затоа, не само таткото Никола, туку и неговите синови Давид, Мојсеј, Самоил и Арон во грчките извори се споменуваат како комотопули-синои kнезови (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 347).

Кнезови (грч. комитопули) се владетели на македонските средновековни кнежевства тнр. склавинии. Македонските склавинии ги основале македонските словени (склавени), во која биле инкорпорирано и староседелското македонско население. Така и настанала симбиоза меѓу староседелците и новодојдените словени од западната група; словените ја примиле византијската култура, додека староседелците словенскиот јазик, поради целосното словенско опкружување не само во цела Македонија, туку и во Тракија, Тесалија, Елада, Мизија. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти.

Првата македонска држава и македонските кнежевства- склавиниите

Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176).

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија.


Брсјаците/Берзитите и државата Берзитија
Како што спомнав, кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил. Hаоѓаме Берзити/Брсјаци во долината на реката Елба, во денешната германска република Брандербург, во северозападната област Пригниц (Prignitz). Значи, берзитите потекнуваат или од Македонија и во римско доба од римските зулуми дел се селат на север, или пак можеби како и други словенски групи потекнуваат од денешна Германија, па се населиле во Македонија. Се спомнуваат во средниот век како Бризанер (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Нивни најблиски комшии во старата татковина, сегашна Германија биле Моравците, Смолјаните (Smeligden), итн. Брсјаците во Германија за време на доцниот среден век се целосно германизирани, а источните Германски Републики Брандербург и Саксонија се претежно составени од германизирани словени.

Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.), која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век ја покори Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија. Од бугарските историчари ќе слушнете кретенски контрадикторности и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели, станале бугари како нив; во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).


Македонија под Бугарија и автономијата на македонските етнички територии
Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)

Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).

Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).



Обновата на Македонска Склавинија

Борбите со Бугарија
Во 968 г. права Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина) е нападната е нападната од Русија и Русите поминувајки ја слабата Бугарија напредуваат кон Византија. Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите брсјачки кнезови (комитопули) кренале бунт против Бугарија и ја отцепиле Берзитија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на етничка Македонија (Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), страна 609) . Се формирала нова македонска држава, се отцепиле македонските етнички територии од зависноста кон Бугарија.

Бугарија не можела ова да прифати формирање нова држава на своја територија. Во 970 г., бугарските цареви Роман и Борис II ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја уништат и да го задушат востанието на средновековните Македонци (Skyl. 255.73-80). Но, Бугарија ослабена од руските напади и од борбите со Византија не успеала да го задуши бунтот во Македонија против нивната власт.

Борбите со Византија
Во 971 г. Византија ја покорува Бугарија, а во 973 г. и новосоздасдената, непризната држава на Самоил, освен Берзитија, за која се смета дека останала непокорена. По смртта на Византискиот Император Јован Цимискиј, во 976 г. комитопулите креваат ново востание, сега против Bизантија (Skyl.328f).

Бугарскиот развластен Цар Роман како сојузник на Византија против Самоил
Во 977 г. бугарските соцареви Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 435 red 7–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 455 red 13–18 ) .

Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).


Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил
Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.

Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.

Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 03:17
Малку си грешка за Битолската плоча. Знам што зборува тој Хорас Лант. Значи, од една страна, тврди дека царот Јоан е всушност Јоан (Иван) Асен Втори. Со тоа Лунт ја исклучува можноста за бугарски фалсификат од поново време, туку едноставно претпоставува дека станува збор за недоразбирање и затоа ја сместува во 13. век. Значи, ниту Лант не ја оспорува нејзината автентичност. Го оспорува нејзиното датирање и ја сместува два века подоцна. Но чудно е како тоа Лант не се ни потрудил да објасни како можел Иван Асен да му биде син на Самоиловиот брат, Арон, и внук на Никола и Рипсимија. Изгледа човекот немал поим кои се, ниту пак имал потреба да објасни како тоа Самоиловите родители да бидат баба и дедо на некој бугарски цар 200 години подоцна. Тоа е прво. Второ: не е точно дека зборовите цар и самодржец ги немало на почетокот на 11 век. Интересно е како Лант не го земал предвид фактот што речиси 100 години порано Цар Симеон ја имал титулата самодржец. Зборот ц҃рь (кратенка од цјасар), се среќава во Зографското и Мариинското евангелие, кои се од почетокот на 11 век (или крајот на 10 век). Во Битолскиот натпис исто така има ц҃рь ( ц҃рь разбїенъ бы ц҃рѣмь Васїлїемь )
Уште една многу интересна работа. Не знам колку луѓето се запознаени, но за Битолската плоча и ден-денес се учи на Филолошкиот факултет во Скопје, како за релевантен историски споменик од почетокот на 11 век. Така било и во времето на Југославија. Автор на учебникот е Радмила Угринова - Скаловска, една од најпочитуваните професорки од таа област, која накратко ја споменува и Битолската плоча. Цитирам: ...Помлад од ове е Битолскиот натпис од 1016 или 1017 година, извонредно значаен и во историски и во јазичен поглед, во која се соопштува подигањето на градот од страна на Јован Владислав, наследникот на Самуила...(Р.У.-Скаловска: Старословенски јазик, Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје). Знаете кој е рецензент на книгава? Блаже Конески. Тоа и ден-денес се учи. И во каталогот и на страницата на Битолскиот музеј се потврдува нејзината автентичност. Ме интерсира, ако некој учен не се сложува со тоа, зошто не им отиде на Филолошки и да ги направи лом професорите што предаваат старословенски и историја на македонскиот јазик? Повеќемина тука го цитираат Хорас Лант и никого друг. Зошто? Затоа што е единствен. Затоа што поради очигледните противречности во своите тврдења, никој ни во македонската наука не го сфаќа сериозно. А наспроти него, јас можам да набројам 20 други научници (не Бугари)што го тврдат спротивното.

Изменето од dudulovski - 04.Јули.2008 во 03:33
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 11:30
Војната била помеѓу Самуил и Роман и тоа две години по прогласувањето на Самуил за Цар Македонскиголема%20насмевка
Во 977 г. бугарските сокнезови Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 435 red 7–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 455 red 13–18 ) .

Но по заземањето на Скопје Самуил го истребил Дуло родот со убиство над Роман и повторно ослободување на Скопјенамигнување

Кон врв
johanes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај johanes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 11:54
Нешто од независим источник: Roman was taken to Vidin, where he was proclaimed Emperor of Bulgaria.[54] Samuel became his first assistant and general and together they gathered an army and fought the Byzantines.[55] During his captivity, Roman had been castrated on the orders of John I Tzimiskes so that he would not have heirs. Thus, his first assistant, Samuel, was certain to eventually succeed Roman. The new emperor entrusted Samuel with state affairs and became occupied with the church and religion.[56]http://www.powerset.com/explore/semhtml/Samuel_of_Bulgaria?query=Samuil
Кон врв
johanes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај johanes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 11:56
И уште нешто:During Samuel's reign, Bulgaria gained control of most of the Balkans (except Thrace) and southern Greece. He moved the capital from Skopje to Ohrid[11][4], which had been the cultural and military centre of southwestern Bulgaria since Boris I's rule.[12] He also made the city the seat of the Bulgarian Patriarchate. Although Samuel's reign brought the end of the First Bulgarian Empire, he is regarded as a heroic ruler in Bulgaria.
Кон врв
johanes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај johanes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 12:00
Зошто станува Самуил бугарски цар:In 997, Roman died in captivity in Constantinople, ending the line of rulers started by Krum. Because of the war with Byzantium, it was dangerous to leave the throne vacant for long, and Samuel was chosen as the new Emperor of Bulgaria because he had the closest relations to the deceased emperor and was Roman's long-standing military commander.[90] The presbyter of Duklja also marked the event: "By that time among the Bulgarian people rose one Samuel, who proclaimed himself Emperor. He led a long war against the Byzantines and expelled them from the whole territory of Bulgaria, so that the Byzantines did not dare to approach it."
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 12:02
Ај прочитај поубаво

Во 977 г. бугарските сокнезови Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 435 red 7–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 455 red 13–18 ) .намигнување

Значи ова ти е по заточувањето на Роман и неговиот братголема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 14:06
НЕ е никаков проблем,поентата беше дека Роман не е убиен 977год.и Самуил не бил никогаш негов генерал,туку Роман станал вазал и сојузник на Византија кој се борел против Самуил.Затоа јас пишувам дека Македонскиот цар Самуил ги поразил Бугарите,ги покорил и ги ставил во негова служба па станал и нивен царнамигнување
Кон врв
Oho Boh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 133
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Oho Boh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 13:03
http://cs.wikipedia.org/wiki/Basileios_II._Bulgaroktonos

Бре, и чехите са со изпрани мозоци. Ццццц!!!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 13:39
Никој не тврди дека Василие не ги испоубил Бугарите кои биле во служба на Македонскиот Цар Самуил.
Македонскиот цар Самуил имал и Српски,Валашки,Грчки и др. генерали.

Гледам јас кај настанува грешката кај Бугарските неистомисленици,значи да појаснам

- Македонскиот цар Самуил го убил последниот Бугарски владетел(кнез)Роман,ги поробил Бугарите и станал нивен цар,војската Бугарска ја ставил под своја команда и  кога настрадала таа војска Василие станал Бугароубиец,ама Василие не го убил Самуил туку Самуиловата војсканамигнување
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 11:13
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Без круна, и без чиновите што треба да ги има еден цар неможе да се нарече цар, и што е најважно без процедурата за крунисување и.т.н. неможе да се стане ЦАР....
А јас веќе те прашав нешто погоре......зошто во хрониките се збори дека Самоил бил единствениот владетел после смртта на неговите браќа, кога и Роман бил жив и бил на исто рамниште со Самоил во неговата држава?


Роман никога не е крунисван за цар - не за друго, а понеже бил скопец. Но тоа е било пречка и Самуил да се круниса по време на живиот Роман. После смрта на Роман Самуил приема Бугарската корона. Виж Ст. Рансиман:

...Според един разпространен в Антиохия слух той тъкмо преговарял, когато научил, че законният цар (синът на Петър, Роман) бил умрял в Константинопол. Самуил веднага прекратил преговорите и се обявил за цар. Но Роман съвсем не е бил цар, нито пък е бил в тъмница в Константинопол. Той бил скопец, на служба при Самуил, и живял още дълги години. Може би тук трябва да отделим място за историята на последния жив брат на Самуил, Арон, разказана от Скилица. Арон, който бил по-миролюбив, настоявал за споразумение с Империята и вероятно успял да си осигури подкрепата на голяма част от българите. Влиянието и политиката му съвсем не се харесвали на Самуил. Затова Арон бил заловен и убит с всичките си деца. Само синът му Иван Владислав бил спасен от своя братовчед Гаврил Радомир. Така Самуил останал да царува сам, без да дели властта си с никого.

Стивън Рънсиман

Види што во хронологията на бугарските владетели го нема Роман: http://bg.wikipedia.org/wiki/Списък_на_български_владетели


За плавото
Тука си грешка, Василиј никогаш не му ја дал круната на Самоил.....Самоил бил крунисан од Римскиот Папа, баш напротив Василиј кога дознал дека Самоил бил крунисан од Рим збеснал....
Значи Самоил никогаш не ја примил круната од Цариград, туку му донеле нова круна од Рим, римските пратеници на папата......

А за црвеното..
Па нели сега Роман останал со Самоил и заедно ги воделе битките против Василиј, ако Роман владеел во Самоиловата држава тогаш како сега умира во Константинопол??





Изменето од Vladimir88 - 22.Ноември.2008 во 11:14
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 11:17



Ти благодарам што ни го даваш Василиј, јас не го сакам Самуил, него да ви докажам дека Самоил не бил и македонски и бугарски владетел де туку дека бил владетел кој сакал да си основа сопствена држава, ниту бугарска ниту македонска..
Имаш многу такви примери, пр. ти е Свјатослав..
Само нажалост алчноста по слава, никогаш не е доста..

Изменето од macedon_alex - 19.Јуни.2009 во 15:50
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 15:17
During a battle against the Byzantines in 991 led by Basil II, Roman was captured and held in (as the sources say) “...the same prison cell, he once escaped from.”. His life ended in prison in 997.
Извор
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 15:51
Ај сега да видиме каде бил Василие во 991 год. - John the Deacon пишува дека од 990 па до 992 год Василие војувал со Венеција а дека Бугарите ги решил уште 986 год.збунетост
Не ви се вклопуваат годините некако
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.