Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:30 |
ФУРИЈАТА" ВТОР ПАТ НА ОВА ПРВЕНСТВО ЈА СОВЛАДА РУСИЈА И ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО НА ЕУРО 2008
Шпанија го знае лекот за Русите
РУСИЈА - ШПАНИЈА 0:3 (0:0) Стрелци: Чави 50', Гуиза 73', Силва 82' (Ш) Стадион: Ернст Хапел во Виена. Гледачи: 53.000 Главен судија: Франк де Блекере од Белгија Жолти картони: Жирков, Биљалетдинов (Р)
РУСИЈА:
1. Акинфеев
22. Анјуков
2. В.Березуцки
4. Игнашевич
18. Жирков
11. Семак
17. Зирјанов
20. Семшов
(56' - 15. Биљалетдинов)
9. Саенко
(57' - 21. Сичев)
19. Пављученко
10. Аршавин
ШПАНИЈА:
1. Касиљас
15. Рамос
4. Марчена
5. Пујол
11. Капдевиља
6. Иниеста
8. Чави
(69' - 14. Чаби Алонсо)
19. Сена
21. Силва
7. Виља
(35' - 10. Фабрегас)
9. Торес
(69. - 17. Гуиза)
Репрезентацијата
на Шпанија е подготвена за втората европска шампионска титула. По пауза
од 24 години, "фуријата" повторно ќе игра во финале на едно европско
првенство и ќе се потруди повторно да стигне до златниот медал што би
бил прв по оној во 1964 година освоен на домашен терен. До финалниот
натпревар на првенството во Австрија и Швајцарија, момците на Луис
Арагонес стигнаа сосема заслужено откако по втор пат за 15 дена ја
"прегазија" Русија и ја испратија дома со нови три гола во мрежата. Од
осум примени погодоци на овој шампионат, Русите примија дури седум од
вчерашниот противник.
Впечаток е дека сегашната генерација на
шпанскиот национален тим е убедливо најзрела од сите во претходните две
децении. Дури сега се покажува дека не биле во право сите оние кои во
досегашниот период го критикуваа селекторот Луис Арагонес бидејќи
69-годишниот стручњак создаде компактна целина која е подготвена за
секој противник, но и која е доста млада, па може да доминира во Европа
и светот најмалку уште пет-шест години. Иако многумина очекуваа
вчерашниот натпревар да биде тврд до самиот крај, а првото полувреме
најави такво нешто, во вториот дел шпанските фудбалери ја покажаа
целата своја сила. Освен што успешно го запреа најдобриот руски
репрезентативец Андреј Аршавин, константно го напаѓаа голот на Игор
Акинфеев, а во исто време не дозволија Касиљас да има поголеми
проблеми. Ако не беше повредата на Виља пред крајот на првото полувреме
и ако Торес беше малку порасположен за игра, Шпанија вчера можеше да
постави нов рекорд според бројот на постигнати голови на европските
првенства.
Дека "фуријата" има сериозни намери на овој натпревар
се виде уште на стартот од мечот, односно по првата шанса на Фернандо
Торес уште во петтата минута. Потоа се заканија уште Виља и Силва, но
Акинфеев имаше среќа, па резултатот до полувремето остана непроменет
имајќи предвид дека Русија воопшто немаше можност за гол ако не се
бројат неуспешните обиди за шут на Пављученко. Се она што беше вредно
се случуваше во вториот дел. По само пет минути игра Иниеста се проби
по левата страна, нафрли ниско пред голот на Акинфеев, а Чави на
атрактивен начин го отвори резултатот. Русија мораше да се отвори, но
тука беше средниот ред и одбраната на Шпанија која не дозволи да се
размавнат Аршавин, Зирјанов и Пављученко. Повредата на Виља се покажа
како добра за Арагонес бидејќи на негово место влезе Фабрегас кој
прекрасно асистираше при вториот и третиот гол за својата
репрезентација. Прво, во обид да го проигра Силва преку целата одбрана,
топката стигна до Гуиза кој непречен од никого зголеми на 2:0, а на
осум минути пред крајот по еден контранапад го послужи и Силва за
неговиот прв гол на ова првенство и за уште една убедлива победа на
шпанската репрезентација.
Финалето во недела ќе го играат
Шпанија и Германија, тоа е прв случај овие две репрезентации да се
сретнат меѓу себе во завршниот натпревар на едно европско првенство, а
може да се очекува добар фудбал бидејќи заедно на овој шампионат
постигнаа 21 гол.
ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:
Ова
е четврти пат на европските првенства две екипи да се сретнат два пати
на еден шампионат. Последен пат тоа се случи на ЕУРО 2004 кога во
првиот и во последниот меч играа Португалија и Грција. И во двата меча,
Шпанија беше поуспешна.
Заедно со вчерашниот натпревар,
репрезентативците на Русија имаат вкупно 517 настапи за националниот
тим, најмалку од сите земји-учесници на овој шампионат.
Шпанија
ја продолжи успешната серија кога станува збор за полуфиналните
натпревари од европските првенства. И во третиот меч во оваа фаза во
својата историја, "фуријата" оствари победа по оние во 1964 и 1984
година.
Шпанија ја совлада Русија по трет пат на последните две
европски првенства. На сите три меча заедно, Шпанците постиигнаа вкупно
осум гола, а примија само еден.
Шпанија на продолжи серијата од
21 натпревар (18 победи и три нерешени) без пораз на официјалните
средби. Последен пат Романија загуби во ноември 2006 година со 1:0.
Најдолгата серија изнесува 31 меч без пораз, а е остварена во периодот
од септември 1994 до ноември 1997 година.
Со трите гола вечерва, Шпанија стана најефикасна репрезентација на европското првенство со вкупно 11 погодоци.
Луис
Арагонес стана најстариот селектор што успеал да се пласира во финале
на едно европско првенство. Во недела тој ќе има 69 години и 337 дена и
за четири години ше го надмине Ото Рехагел од претходниот шампионат.
Прв пат на ова првенство Санти Казорла не влезе во игра на местото на Андрес Иниеста.
Гус
Хидинк трет пат губи во полуфинале на големо натпреварување, прв пат
како селектор на Русија. На чело на Холандија на Мундијалот во 1998
година доживеа пораз од Бразил, четири години подоцна предводејќи ја
Јужна Кореја загуби од Германија, а сега со Русија од Шпанија.
ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ:
МАРКОС СЕНА (Шпанија)
Без
многу помпа, фудбалерот на Виљареал одлично си ја врши својата работа
во репрезентацијата на Шпанија. Натурализираниот Шпанец и вчера беше
командант на одбраната иако неговата позиција е во средниот ред.
Комплетно успеа да го неутрализира Андреј Аршавин, но и целиот среден
ред на руската репрезентација која го одигра можеби најслабиот меч на
првенството. Со тоа, Сена му порача на Аршавин дека нема што да бара во
шпанското првенство.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:30 |
ТУРЦИЈА НЕ УСПЕА ДА СЕ НАДМИНЕ УШТЕ ЕДНАШ И ДА И СЕ ИСПРЕЧИ НА ГЕРМАНИЈА НА ПАТОТ ДО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ
Германците им покажаа како се игра до 90. минута!
Едно време
англискиот фудбалски репрезентативец Гери Линекер рече "Фудбалот е
проста игра. Играат 11 фудбалери против 11 други, а на крај секогаш
победуваат Германците..."
Овој пат Германија успеа да им
покаже на жилавите турски репрезентативци како се игра до 90. минута.
Победувајќи на минута пред крајот и обезбедувајќи си прво евро-финале
по пауза од 12 години.
Германија е прв финалист
на ЕП 2008. По голема фудбалска драма на "Ст Јакоб Парк" во Базел,
"панцирите" ја враќаат сликата за 1996 година и нивното шампионско
однесување во Англија. Ако пред 12 години успеаја на пенали да ја минат
Англија, овој пат во претпознатлив стил успеаја да го решат
полуфиналето во последната минута од регуларните 90 на натпреварот.
Сега останува само финалната пресметка, па "Елф" да се врати на
европскиот престол. Автор на победничкиот гол на Германија беше
дефанзивецот Филип Лам, кој само неколку минути откако направи грешка
по која Турција израмни на 2:2, успеа да ја поправи грешката и со еден
прекрасен погодок да го трасира патот на својата селекција кон големото
финале. Германците и на овој меч покажаа типична германска волја за
игра и желба за успех. Во ниту еден момент не потценувајќи го
противникот и не дозволувајќи му премногу да ја користи топката пред
противничкиот шеснаесетник.
Многумина во своите коментари по мечот рекоа дека Турција, сепак, беше подобриот тим на средбата.
"Германија
беше надиграна во сите елементи од фудбалската игра. Германците имаа
голема среќа. Тие покажаа типичен германски дух и затоа победија.
Турците оставија силен впечаток, особено по досега одлично завршените
минати две средби. Фудбалерите на Фатих Терим ја натераа цела Европа за
нив да зборува со голема решителност", напишаа руските весници, кои
многу повеќе внимание му даваат на дуелот на нивната репрезентација, не
заборавајќи дека Германците, сепак, остануваат најголемиот фаворит за
освојување на европското злато.
За разлика од европските
медиуми, кои им даваат предност во играта на Турците, германските се
задоволни од момчињата на Лев, кои се потрудија да го реализираат
потцртаниот план и да & овозможат на германската нација радост по
повторниот пласман во завршницата на едно големо натпреварување.
Весникот "Билд" во коментарот за средбата напиша:
"Истовремено,
ова е толку чудесно, но беше и толку ужасно. Фантастично е како нашите
момчиња постојано се враќаа во игра и се бореа за секоја топка, за
секој напад. Головите за 1:0 и 2:2 беа вратени за само неколку минути.
С$ беше како во сон. Неверојатно беше како Лам погоди во последната
минута. Господи! Ни отидоа нервите. Со ваква борба и морал ќе станеме
шампиони. Момчиња, го посакуваме шампионскиот пехар".
И
останатите германски весници не криеја зборови за да го опишат
задоволството кое им го приредија нивните миленици. Весникот "Кикер"
истакна дека Лам е човекот херој на Германија. Иако имавме слабо
претставување, сепак, отидовме во финалето, вели коментаторот на
"Кикер".
И останатите медиуми споменуваат дека ова беше можеби
најслабиот меч на Германија на ова ЕП, послаб и од оној во кој загубија
од Хрватска. Иако сите очекуваа продолженија, Германија се избори за
решение во регуларниот дел. Овој пат, сметаат медиумите во Германија,
конечно, среќата ги напушти Турците, кои овој пат немаа можност во
завршните моменти да се изборат за нова европска сензација.
Турците
ги остварија своите соништа. Иако не успеаја да се најдат во финалето,
сепак, Терим и неговата војска успеа да стигне во големата
евро-четворка. Ова е голем (најголем) успех на тускиот репрезентативен
фудбал. Најавија дека оваа земја и на следните настапи на големите
натпреварувања ќе биде голем тим. Тим за успеси. Пред Германија е и
последниот чекор до престолот. Останува да се подготви за последната
битка, овој пат на мегдан во Виена.
ПО ПОРАЗОТ ОД ГЕРМАНИЈА
Рушту најави повлекување, Терим го предомислуваат
Голманот
на турската фудбалска репрезентација, Рушти Речбер, најави дека ја
завршува својата кариера во националниот дрес. На средбата со Германија
Рушту го доигра својот 118. меч за Турција, но за негова несреќа
заминува во пензија по пораз и елиминација на неговата земја на ова
европско првенство.
"Ја завршувам својата кариера во
националната селекција, во која настапував со гордост и срце цели 14
години. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа и ми
помогнаа. Се гордеам со момчињата од мојата селекција, знам дека и во
иднина можат да постигнат многу", изјави Рушту.
За разлика од
него, Терим иако најави дека по поразот од Германија си заминува од
кормилото на турската селекција, сепак, претседателот на Федерацијата,
Доган, најави дека ќе го премислува. Тој веќе му закажал состанок со
играчите и со членовите на Федерацијата на кој ќе разговарат за негово
останување на кормилото на селекцијата. Терим најави дека сака следната
сезона да седне на клупата на некој европски тим.
Турскиот претседател горд на репрезентативците
"Можеме
да бидеме горди и задоволни од начинот на кој нашата земја се претстави
на ова европско пренство. И покрај тоа што отпаднавме од натамошните
натпревари, Турција играше видна улога на овој шампионат", изјавил
турскиот претседател Абдулах Ѓул за националната телевизија.
Тој
го следеше полуфиналето во Базел од свечената ложа заедно со
германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на УЕФА, Мишел
Платини.
Германците палеа дуќани и турски знамиња
Група
германски момчиња на возраст околу 18 години запалиле два дуќани во
градот Дрезден веднаш по победата на Германија од 3:2 над селекцијата
на Турција. Двајца работници биле повредени.
Други 20 до 30
фанови на бундестимот во саксинската област, пак, запалиле неколку
турски знамиња. Во градот Кемниц полицијата морала да се појави на
улиците со зголемени сили за да ги запре евентуалните инциденти во
напнатата атмосфера меѓу навивачите на двете репрезентации. Шестмина
полицајци биле повредени, а неколку автомобили на полицијата се
искршени.
Во Базел се собраа над 100.000 фанови на двата тима.
Полицијата не јави за сериозни нарушувања на јавниот ред, освен 21
уапсен навивач во обид да предизвикаат инциденти пред стадионот.
Деветмина се примени во болница поради нарушено здравје.
ИЗЈАВИ ПО МЕЧОТ :
Оливер Бироф (спортски директор на Германија):
"Бевме
многу напнати и под голем притисок, но покажавме силни нерви. Успеавме
да се вратиме по лошиот старт и дури да дојдеме до победа на крајот на
средбата. Се гледа дека шест дена одмор на се одразуваат добро на
екипата. Се губи ритамот. Во финалето мора да играме подобро, ако
сакаме да победиме".
Гокхан Зан (Турција):
"Тоа
беше еден од нашите најдобри натпревари под раководство на Фатих Терим.
Покажавме пред цела Европа што можеме и покрај сите проблеми кои ги
имавме на играчки план. Немавме среќа на крајот".
Торстен Фрингс (Германија):
"Играта
денеска не ни одговараше, но, сепак, успеавме да ги искористиме нашите
шанси. На најдобар начин се пласиравме во финалето. Ми реков на
селекторот Лев дека ако има потреба од мене да ме стави во игра. Му
благодарам и на господ затоа што издржав и јас и моите соиграчи".
Бастијан Швајнштајгер (Германија):
Ова
беше исклучително напнат меч. И времето беше доста непријатно. Требаше
многу да трчаме, затоа што Турците ја држеа топката во своите нозе.
Многу се заморивме, но успеавме. Успеавме да ги победиме на нивен
начин. Не ми е јасно, сепак, зошто толку тешко игравме".
Сених Шентурк (Турција):
"За
жал, загубивме во меч во кој ние го имавме главниот збор. Имавме и
повеќе време да ја држиме топката и да смислиме уште некоја шанса. Овој
пат загубивме на начинот на кој ние победувме на послендиот меч. Многу
сум несреќен".
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:31 |
ВЕСТИ ОД ЕП - ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА ИМПРЕСИОНИРАНА ОД ХРВАТОТ
Платини: Модриќ може да биде најдобра "десетка" во Европа
Легендата на светскиот фудбал, Французинот Мишел Платини вели дека
хрватскиот ас Лука Модриќ, кој од следната сезона ќе настапува во
лондонски Тотенхем, може да стане најдобрата "десетка" во Европа во
следните неколку сезони.
"Модриќ ме потсетува на мене во
деновите кога барав идентитет и вистинска поддршка во екипата. Модриќ
ги има сите предиспозиции да биде лидер, технички брилијантен, но се
става и во позиција да биде жртва на екипата. Би било потребно екипата
донекаде да се адаптира на него, место тој да работи с$ за нив. Сметам
дека на тој начин би биле подобри и самиот Модриќ и хрватската
репрезентација", истакнал Платини.
ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО ДЕМАНТИРА ПРЕОДОТ ВО ИСТАНБУЛ
Арагонес: Не сум се договорил со Фенербахче
Селекторот
на шпанската фудбалска репрезентација, 70-годишниот Луис Арагонес, беше
исклучително лут на турскиот тим Фенербахче, кој на својата интернет
адреса го прогласи за нов тренер, па самиот реши да ја демантира таа
вест која ја нарече неетички потег од страна на турскиот клуб.
За
Арагонес веќе одамна се знае дека ќе се повлече од шпанскиот национален
тим по завршувањето на ЕП, но и дека не планира да ја заврши кариерата.
Фенербахче веќе подолго време е поврзуван со негов ангажман, но, по с$
изгледа, предвреме е соопштено дека е постигната взаемна согласност.
Паралелно
се појавија информации дека шпанскиот Сојуз му понудил нов двегодишен
договор, со кој тој би ја водел селекцијата на Мундијалот во 2010
година во Јужна Африка, но самиот тренер ги отфрла и овие шпекулации
велејќи дека нема да биде предомислен да остане на кормилото на
националниот тим како што тоа се случи по завршувањето на СП во 2006
година.
"Ниту Луис има нешто потпишано со екипата на
Фенербахче, ниту тој преговарал со Сојузот. Едноставно кажано, не сум
потпишал со ниту еден клуб и не можам да сфатам како тие информации
можат да се нарекуваат официјални. Немаше понуда за обновување на
договор со шпанската селекција, а работата веќе неколкупати беше
дискутирана и разрешена", вели луцидниот шпански селектор, кој сепак
смета дека овие работи не го исфрлиле од колосек во однос на
синоќешното полуфинале помеѓу Шпанија и Русија.
СЕЛЕКТОРСКА СМЕНА ВО ИТАЛИЈА
Липи се враќа, Донадони официјално замина
Според
информациите во италијанските медиуми, Марчело Липи од понеделник и
официјално треба да се врати на кормилото на националниот тим на
"азурите". Како што се наведува, селекторот кој на Италија & ја
донесе четвртата титула светски првак на последниот Мундијал пред две
години се одржа во Германија, веќе се договорил за двегодишен договор
со претседателот на италијанската фудбалска федерација, Џанкарло Абете,
а официјалната потврда се очекува на стартот на следната недела.
Според
"Газето дело Спорт", Марчело Липи треба да прима по 1,2 милиони евра во
нето плата, иако преговорите ги почна со побарувачка од два милиони
евра по сезона.
Инаку, официјалната разделба на италијанската
репрезентација со досегашниот селектор Роберто Донадони се случила
вчера, за време на неформалниот состанок меѓу него и Абете. Иако самиот
Донадони веќе најави дека не планира самиот да се повлече од
функцијата, клаузула во неговиот договор потпишан пред почетокот на ЕП
велеше дека италијанската федерација има, а и веќе го искористи тоа
право за раскинување на документот.
Ова е неминовна последица
на општото незадоволство на јавноста од изведбите на Италијанците на
последното ЕВРО, во кое беа елиминирани во четвртфиналето, по послабото
изведување на пенали од Шпанија, но најмногу разочара самата игра на
"азурите" на 13. турнир на најдобрите селекции на Стариот континент.
РУСИНОТ НА ЧЕКОР ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОЈОТ СОН
Аршавин многу блиску до Барселона
Откако
самиот фудбалер најави дека има огромна желба да го носи дресот на
Барселона, шпанскиот тим веќе ги почна преговорите за ангажман на
рускиот репрезентативец Андреј Аршавин. Членот на актуелниот освојувач
на Купот на УЕФА, Зенит од Санкт Петерсбург, изјави дека Барселона е
неговиот клуб од соништата и дека би сакал да игра на Ноу Камп, што
значи дека каталонскиот тим има огромна предност во трката по него, во
која се и многу други славни европски клубови.
"Барселона
направи формална молба да го купи Аршавин од нас. Ќе разговараме околу
тоа кога Андреј ќе се врати во Зенит, по завршувањето на обврските кон
Русија на Европското првенство во Австрија и Швајцарија", изјави
спортскиот директор на Зенит, Константин Сарсанија.
Според сето
ова, не е многу тешко да се заклучи дека Барселона нема да пропушти да
го ангажира фудбалерот кој блескаше на мечевите со Шведска и Холандија,
а за кого сериозен интерес пројави и Арсенал кој понуди над 20 милиони
евра за неговите услуги.
МЛАДАТА ТУРСКА ЅВЕЗДА БЛИСКУ ДО КАЛЧОТО
Јуве и Милан најзагреани за Арда Туран
Одличниот
21-годишен турски репрезентативец Арда Туран, кој беше еден од
најдобрите поединци во извонредниот турски состав на ЕП во Австрија и
Швајцарија, во моментов е една од најпосакуваните цели во фудбалска
Европа. Фудбалерот на Галатасарај, чија природна позиција е да игра
како еден од поистурените играчи од средината на теренот, деновиве е
сериозен предмет на интерес од страна на екипите на Јувентус и Милан.
Италијанскиот
печат смета дека предност во трката за Туран има Јувентус, кој е
подготвен да понуди шест милиони фунти и првата врз својот играч од
средината, Серџо Алмирон.
"Во моментов не можам да кажам каде
Арда Туран ќе настапува во следната сезона, иако мислам дека повеќе од
јасно е дека тоа ќе биде Италија. Единствено не се знае името на
клубот. Кога ќе заврши ЕП, официјално ќе се изјасниме околу неговиот
трансфер. Бидејќи за него имаше голем број на интересенти во последните
триесет дена, ќе мораме детално да ги разгледаме понудите на сите
клубови", изјави неговиот менаџер, Ахмет Булут.
ГЕРМАНСКИОТ ТИМ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА УСЛОВИТЕ ПОД КОИ БИ СИ ЗАМИНАЛ ХРВАТОТ
Хамбургер бара осум милиони евра отштета за Олиќ
Искусниот
напаѓач на хрватската репрезентација, 29-годишниот Ивица Олиќ може да
го напушти тимот на Хамбургер само доколку потенцијалниот купувач е
подготвен да даде осум милиони евра во отштета.
"За Ивица се
заинтересирани повеќе европски клубови, но бидејќи тој с$ уште е под
договор со нас, тој што ќе сака да го ангажира ќе мора да плати сума од
осум милиони евра како отштета што го раскинува договорот со нас", се
вели во соопштението на германскиот клуб.
Олиќ има договор со
Хамбургер до 2009 година, но во последно време за неговите услуги,
исклучително заинтригиран беше составот на Ливерпул. Доколку ниту еден
клуб не ја исплати очекуваната сума за него, ќе мора да се појави на
подготовките за новата бундеслигашка сезона на 14 јули.
Олиќ
летово веќе оствари еден премин, со оглед на тоа што го замени својот
спонзор, односно место досегашниот договор со Адидас, сега зад него
стои Најк, кој на неговото конто ќе му испорачува по 150.000 евра
годишно.
НЕОБИЧНА СТИМУЛАЦИЈА ЗА РУСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ
По две манекенки за секој што ќе и даде гол на Шпанија !!!
Московскиот
сопственик на елитен сервис за запознавање, Пјотр Листерман, им даде
необично ветување на руските репрезентативци во пресрет на синоќешното
полуфинале со Шпанија. Тој рече дека за секој постигнат гол против
"фуријата" фудбалерот што ќе биде реализатор ќе биде награден со две
врвни руски манекенки.
"Мислам дека тоа е одлична иницијатива
и стимулација, особено ако се знае дека ние сме млада селекција во која
има многу фудбалери кои се ергени", вели Андреј Аршавин.
Што се
однесува до авторот на ова идеја, Листерман е познат како човек кој
веќе со години спојува манекенки со припадници на богатата руска класа.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
kultuzin
Сениор
Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јуни.2008 во 13:12 |
Ренова пишува нова клубска историја
Со агресивна игра и во победничка атмосфера фудбалерите на Ренова попладнево на "Градски" во Скопје (17 часот) ја пречекуваат хрватска Риека во реванш мечот од првото коло во Интер-тото купот во кој македонскиот прволигаш од Џепчиште се надева дека ќе постигне гол повеќе од противникот и ќе ги продолжи настапите во летното клупско натпреварување на УЕФА.
Раководството и фудбалерите на Ренова најавија дека нема да се бранат, туку ќе одат на поволен резултат против хрватскиот тим Ријека. По нерешениот резултат (0:0) од првиот дуел на Кантрида во Ријека, пред реваншот во Скопје, денеска во 17 часот во таборот на Ренова се оптимисти дека македонскиот претставник ќе оди во следната фаза од натпреварувањето.
"Од првата минута нема да се браниме, туку со дисциплинирана игра и максимален учинок на сите играчи преку брзи контри ќе се бориме да стигнеме до поволен резултат. Имаме информации дека гостите на реваншот во Скопје ќе допатуваат без двајца стандардни играчи" - изјави на пресконференцијата шефот на стручниот штаб Влатко Костов.
За денешниот реванш натпревар на Градскиот стадион во Скопје најавени се организирани навивачки карвани за да дадат поддршка на Ренова во остварувањето на историскиот успех и пласман во второто коло од Интертото купот.
Судиската тројка на мечот доаѓа од Велс. Главен судија е Симон Ли Еванс, ќе му асистираат Филип Батис и Брајан Џејмс.
|
|
kultuzin
Сениор
Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јуни.2008 во 14:56 |
УЕФА ги избра Топ 10 фудбалерите на ЕВРО 2008
Експертите на европската фудбалска куќа направија листа од десет најдобри фудбалери на овогодинешното Европско првенство, а меѓу нив нема фудбалери од Италија и Франција.
Листата на играчи ја предводат фудбалерите на Шпанија и Германија. Финалистите дадоа вкупно шест фудбалери, а останатите четири играчи доаѓаат од Хрватска, Турција, Русија и Холандија.
Топ 10 фудбалери на ЕВРО 2008:
1. Икер Касиљас, Шпанија
2. Карлес Пујол, Шпанија
3. Маркос Сена, Шпанија
4. Давид Виља, Шпанија
5. Михаел Балак, Германија
6. Бастијан Швајнштајгер, Германија
7. Андреј Аршавин, Русија
8. Весли Снајдер, Холандија
9. Хамит Антилтоп, Турција
10. Лука Модрич, Хрватска
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:14 |
ДЕНЕСКА ВО НИОН ЖДРЕПКА ЗА ПРВОТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО КУПОТ НА УЕФА
Милано и Пелистер ги добиваат противниците
* Славниот Хајдук Сплит е еден од можните противници на нашите претставници во најмасовното европско натпреварување
За Милано и Пелистер денеска во центарот на
вниманието ќе биде ждрепката за првото квалификациско коло во Купот на
УЕФА која започнува во 13:30 часот во швајцарскиот град Нион. Двата
наши претставници во најмасовното натпреварување на стариот континент
ќе може да добијат противници од земјите од јужно-медитеранскиот
регион. Можните противници се: Хапоел Тел Авив и Хапоел Ирони од
Израел, бугарскиот Черно Море, Апоел и Омонија од кипарскиот шампионат,
Интерблок и Копер од Словенија, а како можни противници се и босанските
претставници Зрински и Широки Бријег. Најзвучно име од оние кои може да
се "паднат" е Хајдук од Сплит, а од Хрватска тука е и Славен Белупо.
Првите натпревари се играат на 17 јули, додека
реваншите се 14 дена подоцна. Финалето на ова натпреварување ќе се
одигра следната 2009 година на 20 мај во турскиот град Истанбул на
стадионот "Шукру Сарачоглу", домот на гигантот Фенербахче.
ЖДРЕПКА ЗА ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА КУПОТ НА УЕФА 2008/2009
ЈУЖНО ЕВРОПСКО-МЕДИТЕРАНСКА ЗОНА
НОСИТЕЛИ
Хапоел Тел Авив (Изр) 21.197
Черно Море (Буг) 7.644
Хајдук (Хрв) 6.836
Хапоел Ирони (Изр) 5.197
Славен Белупо (Хрв) 3.836
Апоел (Кип) 3.327
Омонија (Кип) 3.327
Интерблок (Сло) 3.272
Копер (Сло) 3.272
Зрински (БИХ) 2.805
Широки Бријег (БИХ) 2.805
АУТСАЈДЕРИ
МИЛАНО (МКД) 2.090
ПЕЛИСТЕР (МКД) 2.090
Вадуз (Лих) 1.815
Влазнија (Алб) 1.210
Партизани (Алб) 1.210
Бикиркара (Мал) 0.275
Марсакслок (Мал) 0.275
Могрен (Ц.Гора) 0.165
Зета (Ц. Гора) 0.165
Сант Јулија (Анд) 0.165
Јувенес Догана (С.Мар.) 0.082
ПРОТИВНИЦИТЕ ОД СЛОВЕНИЈА И ОД БИХ БИ БИЛЕ ИДЕАЛНИ ЗА МИЛАНО
Желбата е Зрински, може и Копер
Милано
за прв пат во својата историја ќе игра во едно од европските
натпреварување. Овој историски успех беше обезбеден во дебитантската
сезона во "елитата" во Македонија. Денеска кумановскиот тим со
нетрпение го очекува својот противник за Купот на УЕФА.
Нивните
желби се да добијат еден од противниците од Словенија или од БиХ за што
смеетаа дека полесно ќе минат, иако за атрактивноста без сомнение
желбата е хрватскиот сплитски гигант Хајдук.
"Веднаш ќе ви кажам
дека сакам противник да ни биде Зрински, а може и Копер", одговори
тренерот Билбил Соколи откако му беа соопштени можните противници на
неговиот тим Милано.
"Сметам дека против овие два тим би имале
шанси. Според мене тоа се екипи кои одговараат на нашиот стил на игра.
За очекувањата во ова натпреварување не можам да кажам затоа што Милано
се уште бара засилувања. Имаме еден млад тим но перспективен кој ќе
даде се од себе за што подобро да се претстави во Европа. Сигурно дека
ќе дадеме се од себе. Секој натпревар за нас во ова натпреварување ќе
биде историски. Ако зборуваме за атрактивност, тогаш се разбира, тоа е
Хајдук", истакна Соколи.
Во Нион Милано ќе има три претставника:
сопственикот Бајруш Сејдии, претседателот Бајруш Велији и
потпретседателот Фатмир Сулејманов.
Г. Б.
ПЕЛИСТЕР ГО ПОСАКУВА ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ ЗА ПРОТИВНИК
Дајте го Хајдук!
Пелистер
е екипа со меѓународно искуство откако во минатото има настапи во
Интер-тото Купот како и во Купот на УЕФА. Во најмасовното евро
натпреварување во 2001 година Пелистер ги одмери силите со Сент Гален.
Најпрво Швајцарците победија среде Битола со 0:2 а реваншот го добија
битолчани со 2:3.
Третопласираниот од минатото првенство
едногласно го посакува Хајдук за противник во првото квалификациско
коло во Купот на УЕФА, пред се поради атрактивноста.
"Би
било убаво за мене да биде Хајдук. Пред се овој тим е попривлечен за
разлика од другите. Знаејќи во поранешна Југославија дека станува збор
за голем тим, и екипа која има гостувано во Битола. Инаку по квалитет е
некаде на исто рамниште со Хапоел, Омонија... Исто така ги посакуваме и
противниците од Словенија. Тие негуваат ист фудбал како нас. Знаеме
дека лани Работнички ја елиминираше Горица. Во секој случај кој и да ни
падне сигурно дека ќе биде доста тежок меч. Навистина само ми е жал што
натпреварот нема да се игра во Битола за да им овозможиме на гледачите
да проследат навистина еден ваков дуел. Во моментов не исполнуваме
критериуми но се надевам дека ќе го средиме стадионот во иднина ваквите
евро натпревари ќе ги играме во Битола", истакна директорот Тони
Мицевски.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:15 |
ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА 13. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
Шпанија ја слави втората континентална титула
Шпанија долго чекаше, долго беше етикетирана како
"лузер" на големите приредби, па иако секогаш беше меѓу фаворитите,
ретко се пробиваше и меѓу најдобрите четири, но по 44 години пауза,
конечно дочека да се израдува на енормен успех, освојувајќи ја титулата
од 13. Европско првенство кое се одигра во Австрија и Швајцарија.
Наполно
заслужениот триумф на "црвената фурија" доаѓа како последица на
извонредната дисциплина во тимот во кој никој не сакаше да биде ѕвезда,
максималната несебичност и големата борбеност, која само се надоврза на
вонсериските таленти на грото од фудбалерите кои беа меѓу најмладите
она ова ЕП. За Шпанците ова е втора континентална титула, по онаа во
1964 година, кога предводени од легендарниот Луис Суарез, во
мадридското финале беше совладана селекцијата на СССР.
"Одигравме
одлично на целиот турнир и бевме подобриот опонент во сите натпревари
кои што ги игравме. Во ниту еден меч не победивме само поради факторот
среќа, а главна заслуга за тоа има шефот, односно нашиот селектор. Ако
се сеќавате, пред 18 месеци загубивме од Северна Ирска, но Арагонес
остана со селекцијата и поради тоа секоја чест за него. Тој е
најзаслужен за овој успех. Меѓутоа ова е трофеј кој го освои целата
екипа и сите сме среќни што бевме дел од овој историски резултат. Ја
направивме нашата нација горда и сега ќе уживаме, вели Виља, кој беше
најдобар стрелец на ЕП со четири погодоци, со што беше најскромниот
"бомбардер" по 1992 година, кога првите стрелци имаа само по три
реализации.
Овојпат јунаци се 70-годишниот селектор Луис
Арагонес, Давид Виља кој поради повреда не настапи во финалето,
најдобриот фудбалер на првенството Чави Хернандез, стрелецот на
шампионскиот гол Фернандо Торес, златната резерва Дани Гуиза, првиот
Бразилец со титула од ЕП, Маркос Сена, голманот Икер Касиљас, но и сите
останати играчи кои истрчаа во дресот на "црвената фурија" и донесоа
ретко видена "фиеста" на улиците ширум Шпанија.
"Мојата работа
е да постигнувам голови, но ова е победа на целата екипа, победа поради
нашата извонредна игра на целиот турнир. На прашањето кое сите ми го
поставуваат, односно дали ова ми е најдрагиот гол во кариерата, велам
да, тоа е гол за титула, а јас досега ретко сум освојувал трофеј. Тоа
беше погодок за трофеј за мојата земја, може ли нешто да биде послатко,
рече голгетерот на Ливерпул, Фернандо Торес по финалето, во кое за
првпат по 12 години, пехарот повторно повторно се предаваше на
трибините, а не на теренот.
"Пред финалето побарав само голема
концентрација од моите фудбалери и да не ја губат топката лесно, да се
обидат да ја држат што е можно подолго и топката постојано да оди со
прецизно додавање. Тоа го правевме во текот на целиот турнир и во
најголемиот дел од финалниот меч и затоа се гордеам како тренер,
бидејќи игравме како што сакав и како што трениравме во текот на
минатите недели, рече Луис Арагонес, кој пред финалето изјави дека
Шпанија за две години ќе биде светски првак на Мундијалот во Јужна
Африка.
Од друга страна, еуфоријата во Шпанија значеше и тага
за германските фанови, иако кај многумина од нив, покрај солзите,
постоеја само позитивни импресии од она што го приреди "елфот" на ова
ЕП.
"Им честитам на Шпанците бидејќи беа подобри, а на моите
играчи им се заблагодарувам поради прекрасниот месец кој го минавме
заедно", рече селекторот Јоаким Лев.
Веројатно најголем
трагичар на финалето беше германскиот капитен Михаел Балак, кој покрај
тоа што се здоби со повреда, повторно остана без еден од трите
најпрестижни фудбалски пехари, во своето четврто големо финале. Имено,
Балак сега има порази во финалињата и на ЕП и СП и два неуспеха во
завршните мечеви од ЛШ.
Следното Европско првенство се игра во
2012 година, во Полска и Украина, при што финалето е закажано за во
Киев, но поради организациски проблеми и доцнење во планот, останува да
се види дали УЕФА ќе се реши да им ја одземе организацијата, а во
комбинација за домаќинлук деновиве се наметнаа Шпанија и Италија.
Нереди во Германија и Шпанија по финалето
Германската
полиција извести за нередите кои ги предизвикаа разочараните навивачи
по завршувањето на финалето. Проблеми се забележани во Берлин, Хамбург,
Хале, Магдебург и уште неколку германски градови.
Во Магдебург,
60-ина фанови запалиле една сцена каде што бил поставен видео бим, а
полицијата ја гаѓале со камења и шишиња, при што биле повредени осум
полицајци, а оштетени биле неколку полициски автомобили. Поради тие
причини биле приведени околу 100 престапници.
Во северен Берлин,
околу 300 престапници се конфронтирале со полицијаците, при што биле
повредени 17 претставници на законот, а уапсени биле 65 лица.
Нереди
имаше и во Шпанија, каде во Мадрид се забележани 120 интервенции на
лекарските патроли, а 26 луѓе се хоспитализирани, при што еден од нив
мина со потешки повреди на главата, а во моментов се наоѓа на
интензивна нега. Останатите 25 лица исто така се во болница, но немаат
потешки повреди.
Рамос: Титулата му е посветена на починатиот Пуерта
Најскапиот
дефанзивец на светот, Серхио Рамос од Реал Мадрид, титулата европски
првак му ја посвети на поранешниот соиграч од Севиља, Антонио Пуерта,
кој почина минатиот август. Пуерта колабираше на теренот на стартот на
ланското првенство, на дуелот меѓу Севиља и Гетафе, а само три дена
подоцна почина во болница поради срцеви проблеми, на 22-годишна
возраст. Рамос под дресот имаше бела маица на која стоеше бројот 16
посветен на Антонио Пуерта, а на градите под неговата слика пишуваше
"Засекогаш со нас".
Рекордна гледаност на финалето во Шпанија
Околу
18 милиони Шпанци ги следеа завршните моменти од финалето од Виена, што
претставуваше најгледан настан во историјата на националната телевизија
на оваа земја. Во последните моменти од финалниот меч на ЕП, покрај
тв-приемниците се наоѓале околу 17.690.000 Шпанци, со што беше срушен
дотогашниот рекорд кој беше остварен во моментот кога пенали изведуваа
шпанските и италијанските фудбалери во четвртфиналето.
Инаку, во
просек, мечевите на "фуријата" на ЕУРО ги следеа 14.482.000 гледачи,
што претставувало просек од 81 процент од гледачите во тој момент, а на
самиот крај од финалето, тој процент се зголеми на 88,6 проценти од
гледачите.
Надал го предводеше шпанското славје во Лондон
Шпанските
тенисери кои се уште не беа елиминирани од Вимблдон за време на
финалниот меч, имаа огромно славје во Лондон во моментите кога нивната
национална селекција стана европски шампион.
Бидејќи неделата
беше слободен на неофицијалното светско тениско првенство, Рафаел
Надал, Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез, заедно со нивните лекари,
физиотерапевти и тренери, навиваа за "фуријата", а најгласен од сите
беше големиот патриот Рафа Надал.
Бекенбауер: Лев мора да остане селектор
Еден
од најголемите приврзаници кон националниот тим на "панцирите",
екс-фудбалерот и селектор Франц Бекенбауер вели дека и покра поразот,
нема простор за загриженост од насоката во која се движи германскиот
фудбал. Воедно, тој му даде срдечна поддршка на селекторот Лев, за кого
смета дека треба да ја води селекцијата на СП 2010.
"Јоги Лев
заслужува само честитки за постигнатото. Нема многу тренери кои можат
да се пофалат со пласман во финалето на едно Европско првенство.
Шпанците беа подобри, но сеедно, кој во една ваква силна конк*ренција
заврши на второто место, припаѓа на самиот светски врв. Англичаните
дури не беа ни овде, а Французите, Италијаните и Холанѓаните испаднаа
порано. Затоа мислам дека нема причина за тага кај стручниот штаб,
играчите и навивачите. Јоаким Лев мора и треба да остане на кормилото
на нашата селекција, вели легендарниот "Кајзер" Франц Бекенбауер во
својата колумна во "Билд".
Леман: Целата репрезентација е во шок
Голманот
на Германија, 38-годишниот Јенс Леман вели дека како и на многмина
негови соиграчи, финалниот пораз му паднал доста тешко и дека Ше треба
да помине одредено време за санирање на тажните чувства.
"Големото
разочарување допрва следи, бидејќи целата репрезентација е во шок.
Проблемот кај ваквите порази е што секогаш се прашувате дали можеше
нешто друго да се направи. Мислам дека треба да ни се честита и со
самиот пласман во финалето. Ова дефинитивно беше мојот последен настап
на европските првенства, а што се однесува до репрезентативната
пензија, околу тоа морам се уште да размислам, вели Леман, кој летово
се пресели до Арсенал во екипата на Штутгарт.
"Фуријата" со најмногу бодови во историјата на ЕП
Шпанија
стана првата селекција по 1984 година која го освои Европското
првенство по три победи во првата фаза од натпреварувањето. Последна со
ваков резултат беше Франција која на домашно тло пред 24 години успеа
да ги победи Данска и Белгија со 1:0 и Југославија со 3:2.
Воедно,
Шпанија стана првата селекција во новиот милениум која до титулата
дошла откако била победник во својата група, а од 1984 година наваму,
само еден европски првак, односно Германија во 1996 година, дошол до
трофејот откако ја освоил групата.
"Црвената фурија" освои и
најмногу бодови во историјата на завршниот турнир, односно 16, што
доаѓа од пет победи и еден нерешен резултат против Италија во
четвртфиналето. Пет победи досега имаше забележано само Франција и тоа
во два наврати, во 1984 година кога се играа пет средби до трофејот,
како и во 2000 година, кога еднаш загуби во мечевите по групи.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:16 |
РАБОТИТЕ ШТО ЌЕ ОСТАНАТ ВО ПАМЕТЕЊЕ ОД ЕУРО 2008 ПОКРАЈ ТИТУЛАТА НА ШПАНИЈА
"Бомбата" на Балак и солзите на Чех
Минатите три недели беа за фудбалско уживање. На
стадионите во подножјето на швајцарско-австриските Алпи се играше врвен
фудбал, а натпреварите донесоа феноменално навивање, одлични тактички
потези, драматична неизвесност, маестрални голови и пацерски утки. Сето
тоа беше ЕУРО 2008.
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР: ЧАВИ ХЕРНАНДЕЗ
Веројатно
никој пред почетокот на ова европско првенство не претпоставуваше дека
ќе експлодира фудбалерот на Барселона. И пред финалето сите очи беа
вперени кон Фабрегас, Касиљас, Торес, Балак..., но Чави без многу помпа
си ја вршеше својата работа и на крајот за тоа ја доби заслужената
награда.
НАЈУБАВ ГОЛ: БАЛАК ПРОТИВ АВСТРИЈА
Во
конк*ренција на повеќе убави погодоци, "бомбата" на Балак против
Австрија сигурно го одбележа овој шампионат. Беше тоа удар со брзина од
110 километри на час со кој Германија освои три бода, а Балак изгледаше
како од себе да го извадил сиот бес за слабите игри во претходните две
кола. Сигурно во сеќавањата ќе останат и погодокот на Ибрахимовиќ
против Грција, како и оној на Весли Снајдер против Франција од околу 25
метри.
НАЈГОЛЕМО ПРОМАШУВАЊЕ: ГОМЕЗ ПРОТИВ АВСТРИЈА
На
неколку минути пред крајот на мечот против Австрија, Марио Гомез не
успеа да ја затресе противничката мрежа од само неколку метри. Шутираше
од неколку метри кон празниот гол, но место топката, во него заврши
Гарик кој сепак стигна пред неа. Во конк*ренција беа уште утката на
Олиќ на почетокот од дуелот со Турција во четвртфиналето како и Хакан
Јакин кој исто така против Турција пропушти можност да постигне уште
еден гол.
НАЈУБАВ НАТПРЕВАР: ЧЕШКА-ТУРЦИЈА
Натпреварот
меѓу Турција и Чешка, УЕФА го вброи меѓу најубавите натпревари во
историјата на европските првенства. На 15 минути пред крајот Чесите
имаа водство од 2:0, а на крајот Турците славеа со 3:2. И во следниот
натпревар против Хрватска, селекцијата на Турција на сличен начин
стигна до победата.
НАЈДОБРА ОДБРАНА: БУФОН ПРОТИВ РОМАНИЈА
Во
второто коло од групата "Ц", на десетина минути пред крајот на мечот
против Романија, Џанлуиџи Буфон му го одбрани пеналот на Адриан Муту и
со тоа практично ја одведе својата репрезентација во четвртфиналето.
Бодот од тој натпревар беше прв за "аѕурите" кои со победата над
Франција во последното коло обезбедија пласман во следната рунда.
НАЈГОЛЕМ ГАФ: ПЕТР ЧЕХ
Голманот
на Турција, Речбер Рушту беше кандидат за овој примат поради излетите
во дуелите со Хрватска и Германија, но уште долго никој нема да може да
го заборави киксот на Чех против Турција. Еден од најдобрите голмани во
светот во моментов на необјаснив начин ја испушти топката од своите
раце, Нихат го искористи тоа за гол и ја одведе Турција во
четвртфиналето.
НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: ФАТИХ ТЕРИМ
Во
конк*ренција на Марко ван Бастен и Луис Арагонес, сепак цела Европа му
оддаде признание на Фатих Терим. За разлика од Холандија и Шпанија,
Турција во својот национален тим нема големи европски ѕвезди, па
пласманот во полуфиналето и фактот што ја намачи Германија е нешто што
никој не го очекуваше дури и во земјата која ги спојува Европа и Азија.
НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: ФРАНЦИЈА
Репрезентацијата
со напаѓачи како Бензема, Анри, Анелка и Рибери на европското првенство
постигна само еден гол од три натпревари што предизвика бес кај сите
љубители на фудбалот во Франција. Јасно е дека на "триколорите" им е
потрбен ремонт, но исто така е јасно дека имаат добра фудбалска иднина
бидејќи својот ред го чекаат Насри, Бен Арфа, Бензема итн.
НАЈЛОШ НАТПРЕВАР: ФРАНЦИЈА-РОМАНИЈА
Французите
и Романците имаа катастрофален двобој на својот прв натпревар на
првенството, без ниедна изгледна шанса, а камоли гол. Во конк*ренција
беше уште дуелот меѓу Шведска и Грција, но поради два постигнати гола
не беше прогласен за најлош.
НАЈУБАВА ПРИДРУЖНИЧКА НА ФУДБАЛЕР: САРА БРАНДНЕР
Германската
манекенка и девојка на Бастијан Швајнштајгер го доби признанието за
најубава придружничка поради тоа што беше на трибините на сите шест
натпревари што ги одиграа Германците на првенството. Во конк*ренција
беа уште сопругата на Клод Макелеле, Ноеми Леноар како и поубавата
половина на Рафаел ван дер Варт, Силвиа Мајс.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:17 |
ИТАЛИЈАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА
Де Роси во Рома до 2012 година
Италијанскиот репрезентативец од средината на
теренот, Даниеле Де Роси и официјално ја потврди верноста кон неговиот
луб Рома, продолжувајќи го договорот со "волчицата" до 2012 година.
Последниве
денови, Де Роси беше поврзуван со евентуален премин во минхенски Баерн
или Реал Мадрид, чиј спортски директор, Предраг Мијатовиќ, кој јавно ги
презентираше клупските симпатии кон Италијанецот. 24-годишниот Де Роси,
за продолжувањето на соработката со неговиот матичен клуб за кој
дебитираше во 2001 година, ќе заработи 5,7 милиони фунти во наредната
сезона, додека натаму ќе заработува меѓу 6 и 6,4 милиони фунти по
сезона помеѓу 2010 и 2012 година.
"Со потпишувањето на новиот
договор, сакам да им заблагодарам на сите во клубот за несебичната
поддршка која ја добивав со години наназад и без која немаше да бидам
во ситуација да бидам вреднуван на начинот на кој сум денес", вели Де
Роси.
Потенцијалниот наследник на Франческо Тоти како икона на
Римјаните, играше доста добро на последното Европско првенство во
Австрија и Швајцарија, но беше еден од трагичарите, бидејќи во
четвртфиналето против Шпанија, во пенал-лотаријата беше еден од
двајцата кои не реализираа. Де Роси утна удар од белата точка и во
Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, но и покрај овие
киксеви, и натаму важи за еден од милениците и во клубот и во
националниот тим.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2008 во 16:48 |
ЛОНДОНСКИОТ КЛУБ НЕДЕЛАВА СЛАВИ МАЛ ЈУБИЛЕЈ
Пет години Абрамович во Челзи
И на најмалите им е позната состојбата во
најатрактивното европско национално првенство. Кога ќе се спомене името
на Роман Абрамович, тргнуваат сликите за преобразувањето на еден
фудбалски колектив преку ноќ, за купување скапи играчи, за нереално
плаќање и преценување на вистинските вредности на некои фудбалски
ѕвезди, но и за зголемување на квалитетот на англиската Премиерлига, за
силината на еден голем лондонски состав. Роман Абрамович, пет години
потоа...
Во продолжение, како англичаните гледаат на годините минати со Роман Абрамович во англискиот фудбал.
Добро или лошо?
Ова
е единственото прашање кое може да се поврзе со годините на Абрамович
минати во Премиерлигата, конкретно во лондонски Челзи. Сите ја знаат
опцијата на Абрамович и начинот на кој тој го "сфати" фудбалот на
Островот. Рускиот олигарх се појави на "Стемфорд Бриџ" многу порано од
оваа недела во која се одбележува петгодишнинана од неговото
"газдување" во лондонските "сини", но сепак, оваа недела се навршува
половина декада од неговото вложување во еден од моментно најголемите
европски тимови. Многу пари во кеш се фрлија низ фудбалските трансфери
за ова петгодишно негово постоење во Челзи, но се уште многумина не се
на чисто, дали Русинот донесе добро или лошо за англискиот фудбал?
Гордон Тејлор: Тој е доброто во фудбалот!
И
покрај сите критики, Роман Абрамович е најдоброто нешто што и се случи
на Премиерлигата за да се крене квалитетот на ова натпреварување и да
ја претвори лигата во најсилна во светот. Ова е ставот на Гордон
Тејлор, моментно шеф на егзекутивата во Унијата на Професионални
фудбалери. Поранешниот фудбалер, смета дека со влегувањето на Абрамович
во Челзи, Премиерлигата се претвори во бр. 1 натпреварување во светот.
Тука дојдоа воедно и најскапите и најдобрите светски фудбалери. Тејлор
исто така смета дека со вложувањето на Абрамович, дојде до продолжување
на примерот и во останатите големи клубови во Англија, како Манчестер
Ј., Ливерпул и Арсенал, кои почнаа да ја комплетираат големата четворка
на Островот, но и во европски рамки.
"Многу е важен пристапот
кој го имаше Абрамович. Тој е навистина само една од причините за
силата на Премиерлигата, но на голема врата учествуваше во
подигнувањето на квалитетот претворајќи ја во доминантна лига во целиот
свет. Мислам дека тоа најмногу и се рефлектираше минатата сезона на
настапот на англиските тимови во Лигата на шампионите, каде три тима
беа меѓу четирите најдобри", смета Тејлор.
Тејлор застана и зад
изборот на Абрамович при купувањето на фудбалери. И покрај обвинувањата
за трошењето нерационални средства за да се донесат познати фудбалски
имиња, лидерот на професионалните фудбалери смета дека со ангажманот на
Балак, Дрогба или Пер Чех, фановите на Челзи и по пет години ги имаат
овие имиња како свои фудбалски големини. Тоа значи дека инвестицијата
не била само фрлање пари во бунар.
Пред доаѓањето на Абрамович
во Премиерлигата, таа се сведуваше на големата двојка - Манчестер Ј. и
Арсенал. Со години овие два клуба беа неприкосновени, а останатите имаа
само повремени успеси. Со доаѓањето на новиот соспственик на Челзи, се
формираше голема премиерлигашка четворка, во која влегоа и Челзи, но
интересно и Ливерпул, кој тргна по патот на најдобрите во последните
десетина години.
"Тој го направи Челзи вистински ривал, откако
ги доби сопственичките права врз него. Можете да погледнете само како
Манчестер Ј. го врати толку поради него Сер Алекс Фергусон, а Ливерпул
отиде дотаму да троши големи пари за засилувања, па сега го има
најдобриот од ЕП, Торес, за кого не жалеше пари. Тој стана првиот
странец мултимилјонер мој на некој начин и внесе атракција во
Премиерлигата, но сериозно им отвори пат на Глејзерс и на Хикс и Жилет
да го следат. Јас знам дека не го поддржуваат овој тренд сите и дека
Мишел Платини не е среќен со ефектот, но би бил глупав доколку не го
гледа доброто кое дојде во Премиерлигата", констатира Тејлор.
Со
најновиот потег и ангажманот на Луиз Фелипе Сколари, Абрамович само ја
продолжи својата традиција на скапи засилувања, но во сите нив нема
неквалитет. Милионите од неговиот џеб и натаму заминуваат, исклучиво за
фудбалски цели. А силен Челзи, значи и силна Премиерлига.
Ричард Биван: Роман е зло за фудбалот
Меѓу
оние кои не се застапници на начинот на кој Абрамович го сфаќа фудбалот
е и Ричард Биван, кој извади свои докази и ставови во врска со
петгодишнината на владеењето на Абрамович, не само со Челзи, туку и со
комплетниот фудбалски Пазар во Англија, па и низ Европа.
Биван е
директор на Здружението на менаџери во лигата и не смета дека начинот и
"газдувањето" на сопственикот на Челзи се оправдани и носат квалитет.
Според него, љубовта на Абрамович кон фудбалот е задскриена во сосема
други нешта. Според Биван, љубовта на Абрамович се парите и бизнисот, а
не квалитетот на фудбалот. Тој многупати и на своите руски пријатели им
има директно кажано дека се што го интересира е бизнисот, а и фудбалот
го гледа низ таа призма. За Абрамович очигледно не се битни работата и
квалитетот. Го интересираат само резултатите и тоа преку ноќ. Затоа и
смени четири менаџери за пет години.
"Челзи не е нормален
клуб. Роман Абрамович е еден од најголемите богаташи во светот и тој
сака да го има секој трофеј кој може да се освои. Тоа е еден вид на мал
теротизам. Тој сака да дојде денес и да победи утре", вели Биван, кој
додава дека Абрамович најлошото е што и останатите англиски тимови
почнаа да го копираат неговиот стил на раководење на еден фудбалски тим.
Легендата
на екипата на Челзи, Пат Невин, го обвини Абрамович, но и комплетната
англиска фудбалска јавност, дека тој човек дозволи да се уништуваат
кариерите на големите англиски фудбалски надежи. Од неговото доаѓање на
Островот, Премиерлигата е силна, но затоа англиската репрезентација има
катастрофални резултати.
Невин ги споменува само Скот Паркер и
Глен Џонсон, кој пред доаѓањето на Абрамович беа голема надеж на
англискиот фудбал, но откако тој ги потисна со низа преплатени
фудбалски имиња, овие двајца веќе беа приморани шансата да ја бараат во
други клубови, каде им беше потребно време да се снајдат од ново.
"Ако сте млад фудбалер и Челзи тргне по вас, слободно и одлучно кажете му не", вели Невел.
Имам
се уште големи дилеми и различни мислења на постоењето на еден
Абрамович во англискиот фудбал. Но акт е дека тој е присутен и веќе пет
години се обидува да ги обедини трофеите, она по што тргна во
фудбалската "мисија" со купувањето на лондонскиот клуб.
ТОГАШ И СЕГА
Како изгледаше
Челзи во годината кога Абрамович се појави како "спасител" на тимот и
сега кога беше во трка за два големи трофеи, но двапати Манчестер Ј. се
испречи пред него на патот до трофеите.
ПРЕД РОМАН:
(Сезона 2002/03) - Челзи -Ливерпул 2:1 - 11. мај 2003
ЧЕЛЗИ: Кудичини, Мелхиот, Гала, Десаи, Бабајаро, Гронкјер, Пети, Лампард, Ле Со, Хазелбанк, Гудјонсен
ПОСЛЕДЕН МЕЧ:
(Сезона 2007/08) - Манчестер Ј. - Челзи 1:1 - 21. мај 2008
ЧЕЛЗИ: Чех, Есиен, Карваљо, Тери, А. Кол, Балак, Макелеле, Лампард, Малуда, Џ. Кол, Дрогба
АБРАМОВИЧ НИЗ БРОЈКИ
11,7 БИЛИОНИ ФУНТИ - Проценето богатство на рускиот милјардер според весникот "Сандеј Тајмс".
5 ТРОФЕИ СО ЧЕЛЗИ - Вклучувајќи две титули во Премиерлигата (2005 и 2006), 1 ФА Куп (2007), 2 Лига Куп трофеи (2005 и 2007)
2 СОПРУГИ - Ирина со која се разведе и Дарија со која сега е во врска.
ШОПИНГ ЛИСТАТА НА АБРАМОВИЧ:
ПЕТМИНА НАЈСКАПИ ПО СЕЗОНА
Сезона 2003/04 (Тотал: 130,6 мил. фунти)
Демиен Даф 17 мил. фунти
Ернан Креспо 16,8 мил. фунти
Клод Макелеле 16,6 мил. фунти
Адриан Муту 15,8 мил. фунти
Клаудио Раниери 10,6 мил. фунти
Сезона 2004/05 (Тотал: 98,2 мил. фунти)
Дидие Дрогба 24 мил. фунти
Рикардо Карваљо 19,8 мил. фунти
Пауло Фереира 13,2 мил. фунти
Арјен Робен 12 мил. фунти
Тиаго 8 мил. фунти
Сезона 2005/06 (Тотал 59,6 мил. фунти)
Микаел Есиен 24,4 мил. фунти
Шон Рајт Филипс 21 мил. фунти
Асиер Дел Орно 8 мил. фунти
Жозе Мурињо 5,2 мил. фунти
Ласана Диара 1 мил. фунти
Сезона 2006/07 (Тотал: 70,2 мил. фунти)
Андри Шевченко 30 мил. фунти
Џон Оби Микел 15 мил. фунти
Саломон Калу 8 мил. фунти
Калид Буларуж 7 мил. фунти
Ешли Кол 5 мил. фунти
Сезона 2007/08 (Тотал: 67 мил. фунти)
Флоран Малуда 16 мил. фунти
Николас Анелка 15 мил. фунти
Бранислав Ивановиќ 9 мил. фунти
Жозе Мурињо 20 мил. фунти (раскин)
Аврам Грант 7 мил. фунти
ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА:
409,6 мил. за играчи
140 мил. за купување на клубот.
ВКУПНО: 549, 6 милиони фунти
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јули.2008 во 22:33 |
ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА ФИРМАТА ЗА ТВ ПРАВА ЌЕ МОНТИРА РЕФЛЕКТОРИ НА "ГРАДСКИ"
Гради државата а не Брацо!!!
*"Новата северна трибина ќе биде готова до јули 2009 година и до тогаш на неа ќе нема публика и ноќни натпревари", коментира Ивица Коневски од ЈПССДП
Мала е веројатноста дека квалификациските дуели со Шкостска и Холанидија кои се играат во септември ќе бидат во ноќен термин. Пред неколку дека најава од ФФМ дека "Спорт 5", фирмата која ги има ТВ правата за настапите на нашиот национален тим планирала да монтира рефлектори. Но како е тоа можно!? Нашиот најголем стадион е во изградба. Северната трибина е одамна срушена и веќе е изградено првото ниво. Има многу работа и далеку е периодот кога "Градски" ќе добие нов лик. Инвестицијата на "Градски" е од државата Македонија. Владата обезбеди 15.000.000 евра за нова луксузна трибина која е во изградба. Веќе од поодамна беше јасно дека првите дуели од квалификациите за СП 2010 ќе мора да се играат на дневна светлина. Најавата за идејата на "Спорт 5" и Брацо Вујчиќ е само најава и нечија желба за поголем профит а инвеститорот и изведувачот не се информирани за ваквите најави.
"Со нас никој не разговарал за вакво нешто. Можеби фирмата "Спорт 5" се договарала со ФФМ но ние немаме ништо заедничко со тоа. Навистина не знам што планираат и каква им е целта кога се знае кој ја финансира изградбата и кој е инвеститорот" истакна Ивица Коневски, директорот на јавното претпријатие за стопанисување со спортски и деловен простор.
ФФМ ќе мора да се помири дека со Шкотска и Холандија ќе мора да се игра од 17:30 часот. На стадионот ќе може да се смета дури по една година:
"Северната трибина ќе биде пуштена во употреба во јули месец наредната година и до тогаш на неа ќе нема публика а според тоа како стојат работите до тогаш ќе нема на стадионот и ноќни натпревари. До септември ќе биде направена конструкцијата на истата и се додека не се направи технички прием не може истата да биде пуштена во употреба. Тоа значи дека сите работи ќе бидат завршени во јули 2009 година, а потоа ќе почне да се реализира и тендерот за реконструкција на источната и западната трибина", е коментарот на Коневски.
Како што е познато АД "Бетон" ја гради новата трибина на "Градски" а "Македонски Спорт" вчера беше на стадионот и од фотографиите се гледа дека полека почнува да никнува новата "север" која треба да биде слична на "јужна".
|
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:50 |
ПОСЕТАТА НА УЕФА НА ПОЛСКА И УКРАИНА, ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ОДЗЕМАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЕП 2012
Полска може да биде жртва на индолентноста на Украина
Украина нема да успее да ја заврши модернизацијана на Олимпискиот
стадион во Киев навреме. Ова е заклучокот од посетата на Мишел Платини
на следните две земји кои за 4 години ќе ја имаат(?) честа да станат
домаќини на европското фудбалско првенство. Рокот кој УЕФА го даде за
Украина и Полска да ги доведат во ред стадионите кои ги ставија во
кандидатурата за домаќин на ЕП не е испочитуван, па само уште една
шанса ќе им биде дадена и на едните и на другите. Ако во Полска
работите некако и мрднаа од почетната точка, во Украина се стои на
стартот. Тоа може да биде голема причина следното ЕП да не замине во
Источна Европа.
Платини достави ултиматум
Делегацијата
на чело со првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, остана крајно
незадоволна од она што го виде во Украина во најавената посета по
завршувањето на европското првенство во Австрија и Швајцарија. На
средбата со премиерот Јулија Тимошченко и претседателот на државата
Виктор Јушченко, Платини истакнал дека се помали се шансите Украина да
ја задржи организациската позиција за следниот собир на најдобрите
европски фудбалски селекции. Разговорите со Тимошченко продолжиле многу
подолго од планираното, иако многумина сметаат дека оваа посета нема да
промени ништо значајно во ставот на Платини кон организаторите на ЕП по
4 години, ако се знае дека Французинот цврсто застана зад овие две
земји уште на отворањето на кандидатурите и прогласување на домаќинот
на следното првенство. Сепак, овие разговори беа знак дека УЕФА му дала
сериозно предупредување на еден од ко-организаторите на следното ЕП.
Доколку предупредувањето не се испочитува, УЕФА ќе го задржи правото да
ја одземе организацијата на овие две земји и да ја додели на некои од
останатите европски земји кои уште во март оваа година најавија дека се
сериозно заинтересирани да ја преземат кандидатурата. Најдоцна до
септември, УЕФА дефинитивно ќе реши, дали остануваат Полска и Украина
во игра, или дефинитивно организацијата на овој настан заминува кај
трета земја.
Тимошченко: Нема да ја излажеме УЕФА
Септември
е месецот во кој УЕФА на средбата во Бордо ќе ја донесе конечната
одлука за судбината на следниот европски фудбалски самит. До тогаш
треба и самата Европска фудбалска централа да размисли за евентуално
резервна варијанта, доколку Украинците и Полјаците не успеат да ја
поправат сликата на стадионите и местата кои треба со најновиот
ултиматум да бидат готови до крајот на летото. УЕФА досега не објави
дали има резервен план, но најверојатно за тоа нема да сметаат до
септември.
"Ние сме тука за да ви ја изразиме уште еднаш
довербата, но тоа значи дека и вие треба да ги испочитувате даботите
кои ги ветивте. Во краен случај не мора да одиме на 6 туку на 4
стадиони. Но тогаш се се менува", изјави по средбата со Тимошченко,
Платини.
Премиерот на Украина, пак, не сака ниту да помисли на одземање на организацијата.
"Цела
Украина дише и живее за организацијата на ова европско првенство. Ни
дадовте голема шанса и ние нема да ја испуштиме. Нема да ја излажеме
УЕФА", изјави Јулија Тимошченко.
Делегатите на УЕФА не веруваат во Украина
Платини
е најголемиот оптимист за организацијата на ЕП во Полска и Украина. Тоа
беше забележливо и по оваа посета. Додека другите ни оддалеку не
веруваат дека овие две земји заслужуваат да организираат ваков настан,
затоа што на 4 години до него модернизацијата на стадионите не е ниту
започната, Французинот и натаму ја држи страната на источно-европските
земји.
Делегацијата која ја посети Украина, а претходно и
Полска ја сочинуваа потпретседателите на УЕФА, Сенеш Ерзик и Џефри
Томпсон, како и извршниот директот Дејвид Тејлор. Во УЕФА комисијата
која ги разгледуваше објектите кои се неопходни за добра организација
на настанот, беа и шефот на финансискиот оддел во УЕФА, Мариос
Лефкаритис, менаџерите маркети и Теодоридис, Вилијам Гајар од
прес-офисот на УЕФА, како и генералниот секретар на Француската
федерација, Жак Ламбер. За разлика од првиот човек на европската куќа
на фудбалот, овие членови на делегацијата сметаат дека Украина нема
теорија да стигне со изградба на најавеното во кандидатурата. Од
изградбата на инфраструктурата, хотелите, патиштата, аеродромите и
најважно стадионите, засега нема ниту 5% завршени обврски.
Претседателот на Украина остана на гаранцијата дадена и пред 4 месеци
дека ќе бидат инвестирани 5 милијарди долари за докомплетирање на
патната мрежа во земјата.
Полјаците напредуваат
Пред
заминувањето за Украина, делегацијата предводена од Платини ја посети и
Полска. Полјаците се далеку понапред во подготовките и гарантираа дека
стадионот во Варшава ќе биде готов не подоцна од мај 2011 година. Рокот
за реконструкција на Олимпискиот стадион во Киев е декември 2010
година. Победникот на првиот конк*рс за обновувањето на стадионот,
тајванската фирма "Арказија", призна дека не може да го направи
модернизирањето на стадионот во Киев до овој рок. Затоа 'е биде
распишан нов конк*рс, во кој ќе се избере нов изведувач кој ќе може да
го гарантира "дедлајнот" декември 2010.
"Украина и Полска ја
добија правото да бидат домаќини во чесна и конк*рентска битка и не
гледам причини да го промениме резултатот сега. Ние им се понудивме,
потребни ни се само уште некои мали гаранции и се ќе оди напред. Полска
и Украина победија со 8:4 во гласањето со Италија и мисла дека нема
потреба да се враќамен а некоја друга одлука", изјави Платини пред
заминување.
На сите во овие две земји им е многу јасно дека се
наоѓаат во голем "цајтнот". Времето работи за Италија, па може и за
Унгарија и Хрватска кои чекаат на "кикс" на овие две земји, па УЕФА ним
да им ја довери големата задача. Платини се уште верува во изборот, но
дали вон его веруваат и Украинците и Полјаците? Ова најдобро ќе го
покажат следните три месеци по кои веќе нема да има нови шанси за двете
земји.
Киев е главниот виновник!
Во
целата збрка и незадоволство кај УЕФА од текот на подготовките во
Украина и Полска за следното ЕП 2012 година, се чини, водечкото место
со сигурност го има Олимпискиот стадион во Киев. Ако на другите
инфраструктурни работи и може да им се погледне низ прсти, тогаш на
овој објект на кој е планирано одигрувањето на финалето, едноставно не
смее дам у се дадат никакви попусти.
За разлика од Олимпискиот
стадион во Киев, останатите стадиони, како оние во Доњецк и
Днепропетровск имаат значително подобра ситуација. Станува збор за
модерни стадниони кои се далеку пред состојбата на киевскиот фудбалски
храм. Според извори од УЕФА и стадионот во Лвов е во значително подобра
ситуација од оној во Киев. Затоа УЕФА и најмногу се лути на Украинците
кои мора до септември да почнат со засилена работа на осовременување на
местото каде треба да се одигра големото финале по 4 години.
Полска може да изгради уште два стадиона
Полска
соопшти дека е подготвена сама да ја преземе 80% од организација на
европското фудбалско првенство 2012 година. Доколку се продолжи
индолентноста на украинските власти, Полјаците во обид да не ја загубат
организацијата на настанот, понудија тие да преземат шест од осумте
стадиони на кои ќе се организира целиот настан.
"Очекуваме да
остане на сила планот за организација на ЕП 2012 година, но мораме
реално да ги согледаме ризиците и затоа имаме и резервен план доколку
нешто не се промени. Нашиот план 'Б' е во тоа што ние може да изградиме
шест наместо 4 стадиони и да преземеме поголем дел од организацијата на
првенството", соопшти Мирослав Джревјечки, министер за спорт во
полската влада.
Полска останува со своите четири први
фаворит-градови Варшава, Вроцлав, Гдањск и Познањ, додека во резервна
варијанта се ставени Карков и Хожув. Токму овие два града на југот на
Полска би можеле да ја преземат улогата од два града во Украина кои
нема да стигнат со модернизација на стадионите и инфраструктурата во
нив.
Украинците го активираа "кризниот план"
Украинската
влада по итна постапка донесе кризен план за реконструкција на
Олимпискиот стадион во Киев, само ден откако делегацијата на УЕФА ја
напушти нивната земја. Како што објавија украинските медиуми, се работи
за план со кој итно треба да се забрза одлуката за изградба и
реконструкција на стадионот на кој ќе се игра финалето на следното ЕП.
Потпретседателот
на украинската влада, Иван Васјуник изјави дека кризниот план стартува
во сила веднаш, а до средината на овој месец треба да почат работите на
Олимпискиот стадион. Цената на комплетната реконструкција на главниот
украински фудбалски храм треба да чини 210 милиони евра, а на
вториотраспишан конк*рс се јавиле германската фирма ГМП и британската
"Фостер и Партерс".
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2008 во 16:48 |
ЕМЈИТЕ КОИ НЕ ЧЛЕНУВААТ ВО ФИФА ОРГАНИЗИРААТ 2. СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО
Непризнатите и спорните во битка за трофејот "Мандела"
Дека до почетокот на светското фудбалско првенство има уште две
години знаат и најнеупатените во фудбалската проблематика. Но дека
завчера почна светското фудбалско првенство немаат поим ниту оние кои
долги години се занимаваат со фудбалот. Да, од понеделникот стартуваше
второто светско фудбалско првенство под капата на НФБ, организација во
која членуваат околу 30 земји кои немаат полноправен статус во ФИФА.
Тие веќе по вторпат се собираат на едно вакво натпреварување, пандан на
светскиот фудбалски куп.
Форумот на неформалните
Иако
има уште доста време и до почетокот на европските квалификации за
пласман на светското првенство во Јужна Африка по две години, сепак,
едно светско фудбалско првенство штотуку почна. Ако ви кажеме дека се
одржува во земјата на Дедо Мраз сигурно ќе помислите дека станува збор
за фудбалско првенство во кое се игра некој поразличен вид фудбал, со
натпревари меѓу забрадени старчиња и нивните џуџиња. Но, за да не се
избрзува со заклучоците, еве го вистинскиот одговор.
Под
слабото сонце на стадионот во шведскиот град Јелевари, во понеделникот
стартуваше светско фудбалско првенство на кое се натпреваруваат
вистински фудбалски, национални, репрезентации. Главната разлика од
ФИФА светскиот куп и овој е што на вториов се натпреваруваат народности
кои не се признати од Обединетите нации за самостојни политички
субјекти и затоа останале надвор од широката прегратка на ФИФА.
Правото
на фудбал и фудбалско натпреварување е суверено и тоа не може да им го
одземе никој, па макар и не биле членки на големото светско семејство
на фудбалски репрезентации. Тие си имаат свое, во кое можат јасно да ги
покажат фудбалските квалитети.
Што е НФБ?
(Но
ФИФА Боард) НФБ е организација во која членуваат околу 30 земји, народи
и народности, кои немаат своја политичка сувереност, а не се ниту
членки на Обединетите нации. Многу делови од светот каде се појавува
овој проблем сакаат фудбалски да се натпреваруваат затоа што со години
ја негуваат оваа игра. Од таа причина човекот кој донесе револуција во
модерниот фудбал со воведувањето на правилото Босман, Лук Мисон, го
воведе и постоењето на НФБ. Мисон го создаде овој Борд на новите
федерации затоа што е убеден дека сите заслужуваат фудбалски да се
натпреваруваат. Прочуениот белгиски адвокат, кој го истера случајот на
белгискиот фудбалер Жан Марк Босман до крај, ја формираше
организацијата која наоѓа голема популарност во целиот свет. Основна
задача на оваа структура е да даде поткрепа на националните тимови со
посебен статут и да им организира меѓународни натпреварувања. Бројката
на активни членки постојано се менува, но тенденцијата е на постојано
зголемување. Европа во новата фудбалска организација веќе членува со
десетина репрезентации, како Монако, Паданија, Риека, Лапонија, Гозо,
Валонија, Северен Кипар, Чеченија, Окситанија и уште неколку
микронации, религиозни групации, политички сепарации и области со
културна автономија. Ако се погледне на светски план, овде ги имате
Масаи, Занзибар, Тибет, Западна Папуа, Ирачки к*рдистан, Гренланд,
Велигденските Острови... Веќе е сосема јасно, ФИФА добива своја
алтернатива, но и алтернативни натпреварувања за оние кои не успеале да
влезат во големото светско семејство, но и за оние "одметнатите" или
оние кои со години се наоѓаат под суспензија од Светската фудбалска
централа.
Кои се новите светски фудбалски сили?
Причините
Блатер и компанија да не ги примат овие држави во ФИФА семејството се
различни, но сосема основани. Тука не смее ништо да им се замери. Во
повеќето случаи станува збор за места и земји во кои има неразрешени
политички конфликти, одземена независност или апсурдни стремежи за
самоопределување и независност. Светската фудбалска федерација (ФИФА)
не сака да се меша во вакви политичко-територијални спорови, пред да ја
чуе одлуката на ООН. Затоа овие земји побараа спас во НФБ.
Интересно е што секој член на НФБ има своја уникатна историја. Во продолжение само неколку интересни примери.
Во
1964 година Занзибар и Танганика ја формираат државата Танзанија во
Африка. ФИФА ја призна и прими новата фудбалска репрезентација на
Танзанија, како наследник на Танганика, но Занзибарците, кои претходно
исто така имаа своја селекција, останаа без членство во ФИФА. Случајот
со Гренланд е уште поинтересен. Поради климатските особености на
островјаните, тие не можат да си дозволат на своите стадиони да имаат
задолжителна тревна подлога. За разлика од нив, соседите, Фарските
Острови кои тоа го имаат се членки на ФИФА. Гозо, пак, е мал остров кој
политички е дел од Малта, но жителите сакаат независност, вклучително и
фудбалска. Богатото кнежество Монако не успеа да ја искористи шансата
кога ФИФА ги прими "џуџињата" како Андора, Сан Марино, Луксембург и
Лихтенштајн, па денеска веќе се чини е доцна да бара и добие членство
во ФИФА. Затоа има алтернатива во НФБ.
Исто така интересна е и
судбината на Риека. Овој хрватски град меѓу 1920 и 1924 година имал
статус на независна држава. Тоа е добра основа за локалните патриоти
денеска да се борат да имаат и своја репрезентација. Паданија, пак, е
историска област во северна Италија која не сака да има ништо со
фудбалот на Апенините и мрзливите јужњаци. Затоа и си направиле своја
репрезентација, но освен тоа имаат и своја лига. Окситанија е на
границата меѓу Франција и Шпанија. Жителите зборуваат јазик кој во
основата е француски и каталонски и имаат своја сопствена фудбалска
федерација од 1901 година. Лапонија е домаќин на годинашното светско
првенство и за нив многу се знае, особено со популарноста на Дедо Мраз.
Се протегаат на територија на три скандинавски земи (Норвешка, Шведска
и Финска). И за останатите има многу познати и непознати работи.
Каталонија, Баскија, Прованса, Северен Кипар, Тибет и останатите, за
кои може многу да се зборува.
ВИВА Светски куп
Асоцијацијата
на ФИФА Светски куп, во варијантата на НФБ е ВИВА Светски куп. Само
една буква ги разликува во коренот на името. Годинава се одржува во
Лапонија, земјата која триумфираше на првото светско првенство.
Лапонија евидентно е најсилната селекција во ова семејство, но останува
тоа да го потврди и сега. Крилото на Блекбурн, Мортен Гамс Педерсен, е
претставник на овој етнос, што јасно покажува дека Лапонците имаат
голем број познати имиња во своите редови. Трофејот на ВИВА Светскиот
куп го носи името на Нелсон Мандела. Првото светско првенство се одржа
пред две години во Оскитанија, а победник беше Лапонија, која со тоа и
автоматски доби право да биде организатор на собирот оваа година.
Интересно, во првото финале на ВИВА Светскиот куп, Лапонија го
декласираше Монако со 21:1. На годинашниот Втор ВИВА Светски куп ќе се
појават само неколку репрезентации, откако голем дел од пријавените
поради политички, финансиски и најчесто проблемот со визниот режим не
успеаја да се појават во шведскиот град Јелевари да се натпреваруваат
на светското фудбалско пренство под капата на НФБ. Годинава најдоа сили
и средства во Шведска да отпатуваат Прованса, Паданија, Ирачки
к*рдистан и Арамеја (древно христијанско малцинство во Сирија, кое брои
близу милион жители). И покрај пријавата и огромната желба да настапат
на светското првенство, главно поради проблемот со визите за Лапонија
не заминаа Тибет, Гренланд, Риека, Масаи, Гозо и Занзибар. Така овој
втор Светски куп ќе биде поскромен отколку што планираа организаторите.
Сепак, на отворањето на првенството во понеделникот се одигра еден од
досега најдобрите натпревари. Лапонија и к*рдистан ремизираа 2:2.
Гледајќи
го финансискиот дел, НФБ не може да се мери со ФИФА ни од далеку.
Амбициите им се на секои две години да продолжат со трендот на
организација на ова алтернативно светско првенство и да ги видиме на
фудбалските терени непризнатите и спорните нации. Самиот претседател на
НФБ, Кристијан Михелис, изјави дека НФБ е отворена за сите, аполитична
федерација, која единствено пред себе го има фудбалот и само фудбалот.
НФБ РАНК ЛИСТА
Занзибар најдобар за 2007
По
примерот на ФИФА и НФБ има свој ранкинг на најдобрите. Еве како изгледа
листата на најуспешните членки на НФБ од 28 декември 2007 година, инаку
последен направен ранкинг досега:
1. Занзибар 1401
2. Лапонија 1394
3. Северен Кипар 1369
4. Гозо 1322
5. Гренланд 912
6. Окситанија 828
7. Монако 763
8. Тибет 741
...
12. Кирибати
13. Јужен Камерун
14. Чеченија
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2008 во 14:23 |
ПО ПРИМЕРОТ НА РУСИЈА, КЛУБОВИТЕ ВО РОМАНСКОТО ПРВЕНСТВО ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ТРАНСФЕР БУЏЕТИТЕ
Милионски трансфери и кај романските клубови
Иако ги одработувме с$ уште само првите десет дена од актуелниот
летен преоден рок, во делови од Европа многу добро се "пазарува". Ако
во оваа група ги ставиме најголемите и најсилните европски лиги и нема
да биде ништо чудно, но кога ќе се каже дека милионските трансфери веќе
влегоа и во помалите европски држави и првенства е тогаш има место за
внимание.
Водечките романски фудбалски тимови, Динамо (Б),
Стеауа, Клуж и Рапид (Б) уште на стартот на трансфер периодот тргнаа со
многу и скапи фудбалски засилувања. Она што како метод најде примена во
рускиот фудбал полека како да се преточува и во останатите делови од
Стариот континент, каде клубовите и сопствениците сфатија дека само до
многу вложени пари може да се направи успех.
Рапид (Б)
Тимот
на Рапид од Бук*решт во своите редови веќе ангажираше двајца фудбалери
на португалскиот шампион Порто. Тоа се Жоао Пауло и Адриано. Првиот има
27 години и игра на позицијата дефанзивен играч за врска, вториот, пак,
има 29 години и настапува на позицијата напаѓач. Жоао Пауло имаше
статус на резерва во екипата на Порто и за 2 години одигра само 6
средби за овој тим, па логично беше да бара трансфер во некој друг
европски тим, но малкумина, па и тој самиот, веруваа дека ќе заминат во
еден романски тим. Сосем е спротивна сликата со Адриано, кој има 49
одиграни средби за екипата на Порто и 18 постигнати голови. Цената на
двајцата во пакет изнесува 4 милиони евра. За големите европски тимови
една капка во морето, но за еден тим од калибарот на Рапид од Бук*решт,
па и воопшто за фудбалските услови во Источна Европа, сума која е за
почит.
Но, Рапид не застана на оваа потрошена цифра. Плати уште
1,5 милион евра за да го донесе 27-годишниот аргентински напаѓач Лусио
Филомено, кој настапуваше за грчки Астерас. Тој претходно беше во
Удинезе и Интер, а има играно во својата земја за Сан Лоренцо и Нуева
Чикаго. Тој на 28 средби минатата сезона за Астерас постигна 11 гола.
Ако на оваа тројка се придодадат и Жулио Сезар од АЕК и Спасиадио и
Фернандеш од португалскиот Национал, станува јасно која сума на пари ја
потроши Рапид за да го засили тимот за оваа сезона. Проценката е дека
само досега Рапид "фрли" 10 милиони евра за нови имиња. Неколку
романски весници шпекулираа и со евентуален трансфер на Кристијан Виери
во овој тим од романската престолнина.
Клуж
Шампионот
Клуж во своите редови за новата сезона во која треба да се претстави во
добро светло во Лигата на шампионите го донесе 26-годишниот напаѓач на
Розенборг, Исуф Коне. За него, интересно, имаше интерес и од скаутите
на Челзи, но тој ја прифати понудата на Клуж. Репрезентативецот на
Буркина Фасо имаше одлична сезона во Норвешла, каде за само 38 одиграни
средби успеа да постигне дури 27 гола. Според медиумите, Клуж за да го
донесе Коне во својот тим на норвешниот тим му уплати 1,5 милион евра.
23-годишниот Аргентинец, Густаво Оберман исто така се најде во четата
на романскиот првак. За него се знае дека доаѓа од екипата на Кастејон,
а претходно играл и за Аргентинос Јуниорс, Ривер Плата и Килмес.
Интересно е што овој фудбалер има и 7 настапи за младата фудбалска
селекција на Аргентина, за која има постигнато и 1 гол. Цената која
Клуж ја плати за него е половина милион евра.
Овој клуб донесе
уште две нови имиња досега. Од Аргентина доаѓа уште едно младо име.
Талентираниот фудбалер на Хуракан, Кристијан Прете, како и играчот на
португалскиот Беленензес, Уго Алкантара. И за нов Клуж одвои сума блузи
1,5 милиони евра.
Стеауа
За Стеауа
можеби беше и најочекувано да троши доста пари за нови засилувања, но
ако се знае во каква афера влезе романскиот фудбал токму со овој тим,
годинава од Стеауа не се очекуваат многу спектакли во трансфер
периодот. Сепак, прославениот романски прволигаш, веќе плати 1 милион
евра и тоа за трансфер на фудбалер од романски клуб. Станува збор за
напаѓачот на Униреа Богдан Станку за кого Стеауа одвои точно 1 милион
евра. Парите кои Стеауа ги потроши досега се проценуваат на околу 8
милиони евра, откако во тимот за 1,5 милион евра беше донесен и
Кипријан Татарусану од екипата на Глорија Бистрица, како и Јанош
Шекели, фудбалер кој минатата сезона настапуваше за Оцелул од Галаци. И
за него Стеауа плати 1,5 милион евра. Напаѓачот на шпански Алавес,
Артуро Бертранд за сума од 800.000 евра исто така стана ново засилување
на составот од Бук*решт.
Динамо (Б)
Кругот
на екипи кои не жалат пари за нови играчи го затвора и екипата на
Динамо од Бук*решт. За да добие цврст и стабилен тим за новата сезона,
Динамо досега се засили со неколку одлични и скапи фудбалери. Првото
големо име во тимот е младинскиот репрезентативец на Франција,
Себастијан Басонг. Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој има за 3
години одиграно 73 средби за Меџ, а исто така има постигнато и еден
гол. Цената која Динамо (Б) ја плати за овој фудбалер изнесува 1,6
милиони евра. За Андреј Кристеа, досегашен фудбалер на Политехника,
Динамо (Б) одвои 800.000 евра.
Јасно е дека романските тимови
значително ги зголемија буџетите и наголемо прават силни тимови, кои
нема да бидат само инстант учесници во најсилните европски
натпреварувања, особено Лигата на шампионите. Милионите очигледно
полека влегуваат и во засега само ретко споменуваното романско
фудбалско првенство.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|