|
Одбојка |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:36 |
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ЈОВИЦА СИМОВСКИ НАЈВЕРОЈАТНО И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО БЕЛГИСКАТА ЛИГА "Засега останувам во Авербоде" Нашиот интернационалец и еден од предводниците на репрезентацијата,
Јовица Симовски, најверојатно и следната сезона ќе остане во својот
досегашен клуб, белгискиот Авербоде. Симовски иако изминатава недела
имаше понуда и сериозни преговори со третопласириот тим во белгискиот
шампионат, Асе- Леник, не успеа да го оствари трансферот бидејќи
сегашниот клуб за раскинување на договорот бараше висока отштета. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРВОТО КОЛО ОД СВЕТСКАТА ЛИГА 2008, ВО ЗНАКОТ НА ШАМПИОНОТ Бразил го обележа "мечот на неделата" Првиот натпреварувачки викенд на Светската лига 2008 помина во
знакот на актуелниот шампион Бразил, САД, Русија, Бугарија и Франција,
кои имаа одличен старт и со две победи во разигрувањето со противниците
го затворија првото коло. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СТРАТЕГ ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ЦРНОГОРСКИОТ ПРВОЛИГАШ Миленковски ја напушти Будванска Ривиера * "Поради "замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера", вели Миленковски. Нашиот најтрофеен тренер и поранешен селектор на машката
репрезентација, Јошко Миленковски ја прекина соработката со
црногорскиот прволигаш Будванска Ривиера со кој минатата сезона се
најде на третото место во европскиот ЦЕВ куп. Причини за напуштањето на
Миленковски на оваа позиција има повеќе, но приоритетна е
"замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на
Будвани, Раденко Маровиќ со кого нашиот стратег и ја почна соработката
во црногорскиот клуб. Разделбата е направена во меѓусебен пријателски
договор, со можности во иднина квалитетната соработка да биде обновена. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА 31. КОНГРЕС ВО ДУБАИ ДОНЕСЕ НОВА "ИСТОРИСКА" ОДЛУКА 14 играчи и две либера во секој тим На 31. конгрес на Интернационалната одбојкарска федерација, кој
изминативе денови (16-17) се одржа во Дубаи и на кој учествуваа над 200
национални федерации, Генералното собрание на ФИВБ донесе нова
"историска" одлука со која направи важни промени во одбојкарските
правила. Започнувајќи од 1 јануари 2009 година, во секој тим бројот на
играчите ќе се зголеми од 12 на 14 одбојкари, од кои во составот ќе се
најдат и две либера, а правилата дозволуваат само еден од нив да биде
на теренот. Конфедерациите и националните федерации новото правило ќе
можат да го имплементираат веднаш по завршувањето на Олимписките игри
во Пекинг. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШАМПИОНОТ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО ДВАЈЦА СТАНДАРДНИ ПРВОТИМЦИ Модев и Трајчевски остануваат во Работнички Фершпед Интернационалецот Христо Модев и Влатко Трајчевски се двајцата одбојкари кои најверојатно и следната сезона ќе ја продолжат соработката со досегашниот клуб Работнички Фершпед. Двајцата стандардни првотимци на "шпедитерите" веќе преговараа со раководството на клубот и според информациите и од двете страни останува само договореното да биде пренесено на хартија."Имав состанок со раководството на Работнички Ф. и преговаравме за условите и за продолжување на договорот за уште една година. Сакам да останам во клубот уште една сезона, но засега постигнат е само устен договор, а за да се официјализира работата, мора се да се стави на хартија", изјави еден од носителите на играта на шампионот минатата сезона, Влатко Трајчевски. Христо Модев веќе неколку сезони наназад настапува за Работнички Фершпед, а соработката ќе ја продолжи и оваа година. "Доколку останат условите за кои преговарав со управата во изминативе денови, тогаш нема двоумење, останувам во Работнички Ф. и следната сезона. Единствено што преостанува е и официјално да се потпише договорот", вели интернационалецот Христо Модев. Покрај разговорите со овие двајца играчи, раководството на Работнички Фершпед преговара и со другите одбојкари кои беа дел од минатогодишниот состав бидејќи тоа е приоритет за "шпедитерите", да се задржи костурот на ланскиот тим. "Приоритетно за клубот е да се задржи основата на тимот од минатата година, па затоа во моментов се почнати преговорите со одбојкарите. Имавме конструктивни разговори со Модев и Трајчевски и с$ води кон тоа дека ќе останат во екипата, додека со другите с$ уште се разговара. Со едно до две квалитетни засилувања, а и во зависност од ждрепката во ЦЕВ купот, мора посериозно да се размислува за евро- амбициите на екипата догодина", н$ информираше поранешниот тренер на Работнички Ф., Јошко Миленковски. Одбојкарите на Работнички Ф. до крајот на месецот ќе тренираат по што следува пауза од еден месец, за на 4 август да ги стартуваат подготовките за новата сезона. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИ ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА БАРА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА БАРАЖОТ Чешка бара нов датум Чешката федерација достави барање до ОФМ со кое бара одложување на датумот кога треба да се одигра првиот натпревар од бараж фазата на ЕП 2009, меѓу нашата и чешката машка репрезентација. Причината за ова барање е поклопувањето на термините, односно викендот 6-7.09 кога треба да се одигра првиот меч, Чешка треба да биде домаќин и на завршницата на младинското Европско првенство во Брно. За нов датум е предложен 9 септември, а само пет дена подоцна, на 14, треба да се одигра вториот дуел. Пропозициите велат дека доколку се постигне договор меѓу федерациите тогаш ЦЕВ и покрај тоа што ги има веќе определено термините нема да прави проблеми. Чешка чека одговор од ОФМ, кој треба да биде доставен по враќањето на претседателот Јованов од Конгресот во Дубаи. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ
ОФМ во потрага по компромис Одбојкарската федерација на Македонија во текот на следната недела
официјално ќе одговори на барањето на Чешката федерација, дали првиот
бараж натпревар за ЕП 2009 кој двете машки репрезентации треба да го
одиграат во Чешка викендот 5-6 септември ќе биде одигран три дена
подоцна на 9 септември. Чесите барањето за промена на терминот го
поставија поради поклопување со завршницата на Европското младинско
првенство, каде Чешка се јавува како организатор, како и со немањето
можност за ТВ пренос на бараж дуелот. Промената за Македонија е
прифатлива само доколку домаќинот на првиот меч се согласи да не прими
еден ден повеќе или, пак, натпреварот да се одигра на 10 септември.
Поради лошата комуникација со чешките официјални лица, како и
одбивањето на рецепроцитет со екстра денот, ОФМ ќе се потруди да донесе
најдобро решение и по пат на компромис да го реши настанатиот проблем.
Во спротивно ќе се придржуваме кон датумите пропишани од ЦЕВ и ќе
бараме баражот да се одигра во дадениот термин. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД НЕДЕЛАВА ЈА ЗАТВОРА ОВАА СЕЗОНА "Шпедитерките" на одмор до август Одбојкарките на Работнички Фершпед оваа недела ќе ја заокружат
натпреварувачка сезона. "Шпедитерките" и покрај тоа што не успеаја да
ја одбранат двојната круна годинава, со активна работа продолжија и
изминатиов период, а сега следува едномесечен одмор. Тренерот на
Работнички Фершпед, Светислав Пеица, ги ослободува своите играчи од
обврските кон клубот с$ до почетокот на август, кога ќе стартуваат
подготовките за новата натпреварувачка сезона. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НОВИ МОМЕНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БАРАЖОТ Сениорите на Копаоник!? *Машката репрезентација има покана од словенечката селекција заедно да го одработат подготвителниот период пред бараж натпреварите кои двете екипи ги играат на стартот на септември. Стручниот штаб и раководството задолжени за машката сениорска
репрезентација се во преговори со првите луѓе на словенечката селекција
за одржување на заеднички подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, во
пресрет на одигрувањето на баражот за Европското првенство 2009 во
Турција, каде Македонија игра со Чешка, додека Словенија се среќава со
Португалија. Во предвидениот период на Копаоник подготовки за новата
натпреварувачка сезона ќе има и рускиот шампион Искра Одинцово, што ќе
претставува одлична можност да се одиграат и неколку меѓусебни
пријателски натпревари, што ќе биде од заемна корист за сите три екипи. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТРУМИЧКИТЕ ПРВОЛИГАШИ СО ИДЕЈА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИЛИТЕ Македонија Џио и Струмица во еден тим!? * Директорите на двата клуба покренаа иницијатива за здружување на екипите што би било во интерес на подигање на квалитетот на машката одбојка. Во периодот кога играчите на двата струмички прволигаши Македонија
Џио и Струмица ги полнат батериите пред стартот на новата
натпреварувачка сезона, раководствата на клубовите дојдоа до заедничка
идеја за обединување на силите и формирање една екипа. Иницијативата
произлегува од директорите на тимовите, Александар Ѓоргиев и Ѓорѓи
Ѓорѓиев, кои веќе имаат направено една неофицијална средба на која ги
изнесоа своите идеи за соединување на клубовите, како од финансиски
така и од играчки аспект. Оваа замисла е во голем интерес пред с$ за
македонската машка одбојка и подигање на нејзиниот квалитет на едно
повисоко ниво. Првите луѓе на Македонија Џио и Струмица во текот на
оваа и следната недела се очекува да се состанат повторно и да се
утврди дали оваа идеја ќе биде применета и во пракса. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВАА ГОДИНА ПОВТОРНО "BEACHVOLLEYBALL OHRID 2008" Одбојка на плажа - третпат Од 17 до 27 јули, на плажата Бафало во Охрид ќе се одржи третото по
ред издание на првенството во одбојка на песок, во организација на
Промо дизајн и Евент менаџмент компанијата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО- ЦРНИТЕ" ГИ ЗАВРШИЈА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА
Пасивен период за Вардар О. Тимот на Вардар Осигурување, кој изминатата натпреварувачка сезона се најде на петтото место на табелата во Првата машка лига, од почетокот на оваа недела ги прекина сите активности и замина на одмор. За одбојкарите на Вардар ова ќе биде пасивен период, с$ до крајот на јули кога како и изминативе две години, така и оваа дел од екипата ќе настапи на турнирот во одбојка на песок во Охрид, а во првата недела од август ќе стартуваат и подготовките за новата сезона. Раководството на "црвено- црните" паузата ќе ја искористи за креирање на политиката на клубот за следната сезона, како и за утврдување на финансиската и играчката конструкција. "Одбојкарите од оваа недела се ослободени од обврските и имаат одмор до почетокот на август кога стандардно ги стартуваме подготовките за новата сезона. Единствена активност на дел од играчите ќе биде настапот на бич- волеј турнирот во Охрид. Додека играчкиот кадар одмора, на раководството му претстои период на состаноци на кои ќе мора да ја креираме политиката на клубот за следната година, како и утврдување на финансискиот аспект и конструкцијата на тимот кој ќе се натпреварува", изјави тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов. Предводникот на "вардарците" најави дека дел од играчите ќе бидат ослободени од обврските кон клубот пред почетокот на следната сезона, а исто така и дека се очекува подмладување на тимот со нови одбојкари. "Се планираат промени во екипата, па така некои одбојкари ќе бидат ослободени од настап за клубот, секако оние што се под договор остануваат во тимот, а би требало составот да го подмладиме со неколку квалитетни и перспективни млади играчи. Секако имињата и деталите за тоа ќе бидат познати во текот на преодните рокови на ОФМ", заврши Стојанов. Се размислува и за подготовки Тренерот на "вардарците" веќе размислува и за можната дестинација каде неговата екипа ќе го одработи првиот дел од подготвителниот период за следната сезона. Стојанов деновиве е во Крани каде со младинска екипа им се придружи на кампот на Форца Волеј, Борец и женскиот состав на Вардар Осигурување, а со тоа ги разгледува и условите кои ги нуди ова место за темпирање на формата. "Сметам дека во Крани има солидни услови за одработување на базичните подготовки, но мора прво да се консултирам со управата на клубот и доколку добијам дозвола за тоа, првиот дел од подготвителниот период најверојатно Вардар ќе го помине во Крани", вели стратегот на "црвено- црните". |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПО ЕДНА ГОДИНА НАСТАП ВО СРПСКОТО ПРВЕНСТВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО ЛИБЕРО ПОВТОРНО ДОМА Тања Алексовска им се враќа на "шпедитерките" Столбот на одбраната во женската репрезентација на Македонија, либерото Тања Алексовска по една година настап кај српскиот прволигаш Зрењанин 023, следната сезона повторно ќе ги засили редовите на својот матичен клуб, Работнички Фершпед. Таа деновиве е во преговори со управата и тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица, и според заедничките изјави постои обострана желба и интерес соработката да се обнови. Алексовска имаше понуди од Зрењанин 023 за продолжување на договорот, како и од суперлигашот Клик за да премине во неговите редови, но сепак нашиот вицешампион претставува најдобра опција за неа во моментов."Следната сезона се враќам во Работнички Фершпед. Имав понуда да останам во Зрењанин, но има големи промени во играчкиот кадар на екипата, а и погледите и амбициите за новата сезона се сосема поинакви па затоа не го продолжив договорот. Суперлигашот Клик исто така сакаше да ме ангажира за следната сезона, но условите кои ги понудија не ми одговараа па затоа се враќам дома. Сакам да направам и пауза од градење на интернационална кариера и да се посветам и на студиите, кои секако дека ми се приоритет. Затоа сметам дека најдобро решение е да се вратам во мојот матичен клуб и да им помогнам да ја повратат шампионската титула", изјави Тања Алексовска. Стратегот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, н$ информираше дека изминативе денови имал неколку средби со Алексовска, но конкретниот одговор ќе го има денеска. "Точно е дека имавме неколку средби со Тања и според досега разговараното постои заеднички интерес за таа да се врати во екипата. Таа ќе биде дел од Работнички Фершпед следната сезона. Тоа дефинитивно ќе биде потврдено денеска, а верификувано во еден од преодните рокови", вели тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица. Тања Алексовска минатата сезона за првпат го напушти матичниот клуб и имаше солиден настап во Првата српска лига, каде со екипата на Зрењанин 023 заврши на петтото место. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ОДБОЈКАРИТЕ НА КОИ ЌЕ СМЕТА НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА Стојанов со 20 играчи на поширок список * Селекторот на кадетската машка репрезентација, Деан Стојанов го состави поширокиот список на одбојкари, а работи и на програмата според која селекцијата ќе се подготвува за Балканијадата во Бугарија. Предводникот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов го
формираше поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета во
подготвителниот период за Балканијадата која од 26 до 30 јули ќе се
одржи во Казанлак, Бугарија. Селекторот на седумдневните подготовки ќе
располага со нови, млади и перспективни репрезентативци, а од
минатогодишната постава на располагање има само четири одбојкари.
Плановите се темпирањето на формата да се одржи во Скопје, најверојатно
во СЦ Форца, а првиот собир кадетите треба да го имаат на средината на
овој месец. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |