|
Мошти |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | ||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не му се поклонува на телото како “грутка земја“,
туку се поклонуваме на Бога кој во Светиите Свои Почива
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Карамазов, Христос воскресна на првиот Велигден, но нашето воскреснување и добивање на новите тела ќе биде по нашето воскресение, а не сега. Овие наши тела се распадливи, обична земја, земен прав, токму онака како што рече Бог: прав си и во прав ќе се вратиш" (Битие 3:19) Нашите тела не можат да станат како Христовото тело сега. Тие мораат прво да бидат преобразени (при воскресението), па дури потоа да станат како Христовото. А сега за сега, ќе мора да се помириме дека нашите тела се грешни тела, со грешни страсти, со грешни навики и претставуваат само еден обичен шатор (како што го нарекуваат Петар и Павле во своите посланија) на нашите души.
Да се поклонуваш пред тело е исто како да се поклонуваш пред грутка земја - тоа е идолопоклонство, тежок грев во очите на Бог.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I teloto moze da stane hristopodobno. Hristos, tokmu svoeto mrtvo telo go voskresnal. Tokmu toa telo (grubo kazano) sedi od desnata strana na Otecot. Site onie koi vistinski go sledat hristoviot pat, ja dobivaat istata moznost - da go proslavat i preobrazat svoeto telo, koe nema da vidi raspagjanje. |
||
tre, tri, tra
|
||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kako ucel apostolot Pavle za molitvata?
bas me interesira. macenicte ne se mrtvi bidejki dusite im se na nebo so Bog. no teloto se raspagja, toa ne e sveto, ako bese sveto i sovrseno ova telo sto go imame, togas Bog ne trebase da ni veti novo telo slicno na angelite. Изменето од fileo - 23.Јуни.2008 во 21:06 |
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Strasno e covek da bide sam vo molitvata. Pavle Apostolot poinaku ucel za toa kako treba da se molime. Kolku sto znam uste od apostolsko vreme hristijanite se sobirale na grobovite na macenicite (bile registrirani kako pogrebni zdruzenija za vreme na progonstvata). Mrtvite ne se mrtvi, a posebno ne svetcite. Niv Hristos gi narekol svoi prijateli... |
||
tre, tri, tra
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Некој еднаш рече:Внимавај што ќе посакаш, оти ќе ти се оствари! Хмм, темава не е тоа ама ќе се осмелам да соопштам едно поинакво објаснение за тоа што го кажува Messanger. Ова го прочитав во книгата „Јас, Јас, Јас - Пајакот во мрежата:Законот на одговарање и законот на проекција„ и нешто во книгата „Вечни Мудрости и исцелителски медитации примени од Духот Божји„ По смисла, таму беше објаснето следното: Секоја мисла е енергија која тендира да се оствари. Кога мислиме некоја мисла ние ја емитуваме во атмосферата, таа си бара други слични мисли емитувани од други луѓе(кои воопшто не мора да ги познаваме)тие се здружуваат и уште посилно тежнеат кон изразување во материјалниот свет. Но за да се одигра ланецот на „случајни„ настани кои ќе доведат до реализација на нашите желби потребни се еден вид координатори. Тоа може да бидат или божествените сили или разни интересни групи на души који во крајна линија работат за силите на темнината кои му ја „дофрлаат топката„ на привидно успешниот човек. Бог не е волшебниот дух од Аладиновата ламба кој што може да се условува. Но тој секогаш излегува во пресрет на оние наши желби кои се во склад со Божјите закони(на пр. отприлика: Боже те молам помогни ми да увидам што треба да променам кај себе за да ми тргне подобро во животот и дај ми сила за тоа ако е по твојата света Волја за да можам на ближните и природните царства да им помагам). Доколку нашите желби не се во склад со божјите закони а сепак интензивно ги посакуваме нанонво и наново тогаш се доближуваат невидливи темни битија кои ќе го насочуваат нашиот живот така да се реализираат нашите егоистични желби за потоа, најдоцна кога ќе го напуштиме физичкото тело ни ја наплатат сметката дебело според принципот: Јас ти дадов тоа што побара, сега дај ми ти на мене јас што ќе ти побарам(народски кажано:да се продаде душата на ѓаволот)а тоа што тие бараат не е воопшто нешто што би било за нас пријатно или сеедно. Напротив! Затоа добро е човек да биде мошне внимателен со своите желбовни игри. Изменето од Majkl - 21.Јуни.2008 во 17:51 |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Обожување на мртовци? Не е ли тоа малку језиво? Брррр... Исус воскреснал па со тоа дал јасен пример дали треба нешто околу телото да се обожува. Тој рекол:„Оставете ги мртвите да ги погребуваат своите мртви, а вие следете ме!„.
Изменето од Majkl - 21.Јуни.2008 во 17:52 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
EvAngelos, jas imam interesni lichni iskustva koi velat deka Kreatorot i Kreacijata gi izvrsuva site nashi zhelbi dokolku iskreno gi upatime do Niv, bez edna tronka somnenie vo nas samite (ova vtorovo e najvazhno).
Ushte poveke, dokolku zhelbite se upateni kako sto treba (nekogash ke pishuvam poveke okolu toa), nema druga opcija tuku da bidat ispolneti. Prvoto iskustvo go imav koga bev star 5-6 godini i veruval ili ne, go usloviv Boga da mi izvrshi edna mnogu konkretna zhelba (koja ne beshe voopshto doblesna) kako uslov da poveruvam deka Toj postoi! Molbata mi ja uslishi istiot moment!!! Vnimavaj, jas go usloviv Nego i Toj ne ja odbi mojata zhelba! Vtoriot pat mi se sluchi koga reshiv, poradi nekoi prichini, da se spakuvam i da otpatuvam vo Amerika. E sega, jas nemam nitu kuche i nitu mache na Severnoamerikanskiot kontinent, a da ne zboruvame za rodnini, prijateli ili poznanici za da mi pratea iselenichki dokumenti. Po pravilno postavenoto baranje i veruvanje do Kreacijata i Kreatorot, potpolno nepoznata lichnost (nikogash ne sme se videle i nikogash ne sme imale nikakov megjuseben kontakt) mi prati garantno pismo i jas so nego dobiv vizi i za Amerika i za Kanada, pa taka se iseliv. Tretiot primer e koga pred nekolku godini posakav jas ili moj proizvod da bide prikazhan na naslovna strana na severnoamerikanski magazin. Po soodvetnoto postavuvanje na zhelbata toa ne se ostvari ednash, tuku nekolku pati! Chetvrtiot pat beshe zhelbata na sin mi da stanam moderator na ovoj forum, neshto sto beshe iskreno podrzhano od mene. So ova sakam da kazham deka Kreatorot, Kreacijata i nie sme edno sebstvo koe e nerazdelno i vploteno kako edinstvena celina sto raboti vo unison. Nepoznavanjeto na principite na Kreacijata ne go negira nivnoto postoenja. Isus rekol sosem tochno, precizno i nedvosmisleno deka seto onoa sto go pravel toj mozhe da go napravi i posledniot megju lugjeto. Veruvaj, toa e 100% tochno! Изменето од Messenger - 12.Јуни.2008 во 05:44 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште нешто заборавив да дополнам.
Има голема разлика меѓу нашите желби и нашите потреби. Нашите желби можат да бидат секакви, од најскромни, до најнеобуздани. Најдобар пример за ова е оној дел од филмот "Bruce Allmighty" кога Џим Кери (во улога на Бог) им ги исполни сите желби на луѓето и кога илјадници добија седмица на лото. Но за жал добивката им беше поделена на сите и секој доби по 1-2 долари
Додека некое дете моли да не врне за да си игра фудбал со другарчињата, земјоделецот моли да заврне за да му се наводни нивата и да му даде плод. Затоа ние немаме ветување од Бог дека ќе ни биде услишена секоја наша желба, но затоа пак имаме ветување дека ќе ни биде услишена секоја наша потреба. А Библијата на едно место вели: "Бидете задоволни со она што го имате... Ако имате што да јадете и што да облечете - бидете задоволни со тоа"
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дури и сега, во 21 век, верувате во паганштини...ццц
Немојте бре, секој ве чита, срамота е....
|
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Здраво KarolinaXP,
Очигледно си имала интересно искуство во манастирот Свети Наум. Мило ми е што Бог ти ги услишал молитвите кои си ги упатила до Него.
Сепак, во светлина на Светото Писмо, сакам да ти поставам неколку прашања за кои сакам добро да размислиш држејќи се до Божјиот Збор како краен авторитет за нас христијаните.
Зошто сметаш дека Бог повеќе би не слушал кога му се обраќаме од гробот на Свети Наум, отколку од нашата мала собичка дома?
Зарем сметаш дека местото од каде што му ја упатуваме нашата молитва на Бог игра некаква улога во нејзиното услишување?
Зошто на Бог му се потребни коски(лешеви) за да ни ја исцелува душата и за да ни ги исполнува желбите (потребите)?
Дали Христос или апостолите користеле коски при нивните исцеленија?
Дали Христос или апостолите се молеле некогаш над некој гроб?
Каков пример ни оставиа тие?
Ако се нарекуваме по Христовото Име (христијани), тогаш зошто да не Го следиме и Неговиот пример зарем не?
Еве што рекол Христос во една прилика...
"А ти, кога се молиш, влези си во својата соба, и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Татко Кој е во тајност..."
(Исус во Матеј 6:6)
Значи Христос тука не учи да си влеземе во својата соба и од таму да му се помоли ме на Бог, а не да одиме на некој гроб или во некој манастир. Бог е насекаде и Неговото уво е блиску до секоја уста и секое срце кое Му се обраќа со чисти мотиви и со искрена вера, барајќи од Бог да ги услиши нашите потреби, но не нужно и нашите желби. А Бог е верен и ќе се погрижи за нашите потреби, без разлика од каде ги упатуваме нашите молби до Него, било тоа да е од нашата соба, било тоа да е од нашиот подрум, од улица, од автобус, од планина, од гробишта, од манастири, од џамии, од авиони, од вселената, па дури и од дното на бунарот да Му се помолиме, Тој ќе не слушне и доколку нашата молитва е богоугодна, Тој ќе ја исполни!
Изменето од EvAngelos - 10.Јуни.2008 во 01:16 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Леле,леле
Зарем сеуште постојат луѓе кои душкаат коски како кучиња и веруваат дека имаат исцелителска моќ. Алооооооооооооооооооооо, душкачи, кој век сме бре? Доста со тие пагански обичаи, никако да се ослободите од наследниот пагански комплекс и жртвеници, па сте им нашле место во православието. Ако вие толку до душкање коски, ќе ве насочам на вистинско место, кај еден коскарник ,каде имате избор како на кванташки од коски, па душкајте колку што ви душа сака ДУШКАЛА ЕДНИ! |
||
KarolinaXP
Група Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 39 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас ќе ви кажам веднаш еден факт на вас е да ми верувате или не?!
Во манастирот Свети Наум на неговиот гроб се помолуваме и замислуваме ЖЕЛБА,...До сега на мене ми се исполниле две,...а бев само два пати,...само две желби,...Верувам дека и по трет пат да отидам , а кога ќе имам нова желба и ќе отидам , ќе ми биде услишана.Бог преку моштите кои се закопани тука ни ја исцелува душата и ни ги исполнува желбите.Најважно е да пристапиме со чисто срце и душа, со чисто тело и совест кон самите себе си,да се покориме со духот пред Бога во Манастирот и пред било кој друг Свет храм,....исцелувањето е неизбежно.На вас е да верувате или не,....слободна воља ви дал Бог. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I pobaraj! Nikogah ne e docna da se nauchi neshto novo.
Vo megjuvreme, ako navistina veruvash vo religioznoto isceluvanje na moshtite i ako sakash da napravish dobro delo, togash pochni da sobirtash fakti i nauchni verifikacii za toa i prezentitraj gi na forumov na soodvetno nivo. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |