|
КОШАРКА - новости |
Внеси реплика | страница 123 21> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Јуни.2008 во 16:48 |
Аренас заминува од Вашингтон
Екипата на Вашингтон визардс летово ќе остане без својот најдобар кошаркар, Гилберт Аренас. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заре Марковски се враќа во Авелино
Македонскиот кошаркарски стручњак Заре Марковски, најверојатно, ќе биде новиот тренер на Авелино, кое сезоната што измина ја заврши на третото место во италијанското првенство. Тој беше без работа откако лани во ноември, по само две кола во Евролигата, беше отпуштен од Армани џинс Милано, со кое имаше потпишано двегодишен договор. Бившиот македонски селектор ќе се врати во Ер Авелино по барање на првите луѓе на клубот, кои добро ги познаваат неговите квалитети. Марковски беше тренер на Авелино две години и му донесе опстанок и влез во плеј-офот, а своите најголеми успеси во Италија ги постигна со Виртус Болоња, со која се пласираше во финалето на плеј-офот и на италијанскиот куп, како и на Фајнл-форот на ФИБА Еврокупот. Тој беше тренер и на Орка Кавадарци, Дарушафака (Турција), Лугано (Швајцарија), Сасари и на Трентина (Италија). |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ СТРУЧНИТЕ ШТАБОВИ НА МЛАДИНСКИТЕ СЕЛЕКЦИИ Милевски со кадетите, Рајковиќ со младинците Панче Милевски за селектор на репрезентацијата "под 16" години, а Емил Рајковиќ на онаа "под 20" години е предлогот на Стручниот совет на КФМ кој денеска (17 часот) ќе се најде пред членовите на УО на КФМ, а е поврзан со именувањето на селектори во овие две возрасни категории.И ако за Рајковиќ беше познато од поодамна дека ќе биде "преселен" кај младинците, помалку изненадувачки доаѓа информацијата дека токму Милевски ќе ја добие довербата на стручњаците да работи со кадетската селекција која летово ја чека настап на ЕП од Дивизијата "Б" во Сараево. Иако претходно се дигна преголема тензија, особено околу најавата за вклучување во работата со младите категории на тренери од странство, од тоа нема да има ништо. Во работата на Рајковиќ и тоа со селекцијата која ја чека ЕП од Дивизијата "Б" (се игра во романскиот Тургу Муреш) во улога на асистент ќе се најде Слободан Петровски, кој "веќе беше виден" како селектор на селекцијата "под 16" години. Од друга страна, како прв помошник на Милевски се очекува да биде предложен Бојан Христовски, кој со екипата на Плејмејкер-Центар го освои првото место на завршниот турнир во кадетска конк*ренција. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈОВИЦА АРСИЌ ГО ОБЈАСНИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ Мејси го менува Стак Селекторот вметна неколку нови имиња, од помладата гарда тука се
Костоски, Стојановски, од оние поискусните на списокот фигурираат
Блажевски, Самарџиев... Го нема аврамовски, се враќа и Чековски...
Отпадна Рајан Стак, Вилкинсон и Вашингтон остануваат во комбинација... |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИАКО ПРЕОДНИОТ РОК ПОЧНА, ПРВОЛИГАШИТЕ НЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА КОТИЗАЦИЈА Тест за сериозноста и принципите на прволигашите Најдоцна до среда, односно до пред почетокот на седницата на
Здружението прволигашките екипи ќе мора да уплатат по 262.730 денари
(во случај лигата да брои 10), односно по 284.440 денари (ако лигата
брои 12 клуба). Ве молиме, без испаѓање!!! |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА СЕЛЕКЦИЈАТА "ПОД 20" ГОДИНИ Прва проверка - физичката подготовка Можеби со мало задоцнување, но, сепак, првиот ден од оваа недела го означи и почетокот на подготовките на нашата национална селекција на играчи "под 20" години.Селекторот Емил Рајковиќ и неговиот асистент Слободан Петровски на првата прозивка во салата "Јане Сандански" ги дочекаа најголемиот број од повиканите кандидати за оваа наша селекција (играчи родени 1988 година и помлади). Од нив отсуствуваа, и тоа оправдано, Александар Костоски, Петар Апцев, Димитар Петрушев и Владимир Брчков. "Очекуваме многу брзо и тие да ни се приклучат во оваа прва фаза од подготовките. Како ќе се одвива, ќе зависи од моменталната физичка подготовка на поединците" - појаснува селекторот. Ова треба да значи дека првите неколку тренинзи ќе бидат и тест за "физичката слика", со кој ќе раководи Томче Андоновски, кој ќе биде дел од стручниот штаб . "Нормално е прво да направиме една ваква проверка на способностите на играчите. Овие неколку уводни тренинзи ќе бидат посветени токму на тој план. Ќе ни помага и Андоновски од кој очекуваме да ни даде реална слика за можностите. Доколку проценките се задоволителни, можеме да тргнеме во втората фаза. Ако биде обратно, тоа ќе значи дека првиот дел ќе го потрошиме токму на физичката подготовка на играчите"- објаснува Рајковиќ. Иако првичниот список застана на бројката од 18 кандидати, извесно е дека истиот ќе доживее мали промени, односно ќе биде проширен на бројката од 20 играчи колку што ќе конк*рираат за она што ја чека оваа селекција во текот на ова лето. Настапот на ЕП од Дивизијата "Б" кое во текот на август ќе се одржи во романскиот Тургу Муреш. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВАРДАР ОСТАНУВА И БЕЗ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ Се бара замена за Милевски Нови главоболки за управата на Вардар. Тимот од "Кале" не само што ќе треба да го формира новиот играчки состав, туку сега ќе треба да го реши и прашањето на тренерската позиција."Македонски спорт" дознава дека шефот на стручниот штаб, Панче Милевски од пред неколку дена повеќе не е со првиот состав на "вардарците". Иако Милевски нема да биде прв тренер на Вардар, сепак, соработката со нив ќе продолжи. Најверојатно амбиците на клубот се поголеми, па на местото младиот стратег ќе застане странско лице. Што се однесува до Милевски, тој ќе продолжи да работи само со младите категории на "вардарците", но и ќе биде целосно посветен на обврските односно подготовките со селекцијата "под 16"години. За потсетување Милевски беше прогласен за најдобар млад тренер за изминатата година, а на кормилото на Вардар како прв тренер застана пред започнувањето на финалниот турнир од Купот на Македонија, како наследник на неговиот поискусен колега Тихо Матевски. Инаку, по Перо Блажевски младиот тренер е второ име кое за многу краток период го напушти најсилниот состав на Вардар, кој ја имаше најслабата сезона од последните неколку. Тимот од "Кале" не успеа да се избори за разигрувањето во плеј-офот, а во Купот на Македонија каде требаше да ја одбрани минатогодишната титула беше елиминиран уште во четвртфиналето. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САШО ФИЛИПОВСКИ ИМ ГИ ДОСТАВИ БАРАЊАТА НА ЧЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ЗА НЕГОВОТО ОСТАНУВАЊЕ ВО ПГЕ ТУРОВ: Поволни услови за Евролигата *Целата локална власт во Згожелец лобира за нашиот стручњак да остане со "биковите" ПГЕ Туров можно е да остане без нашите стручњаци Сашо Филиповски и Боби Митев. Ова веста која овие денови постојано кружи во полските медиуми.За Филиповски, кој во моментов е во Словенија, да го продолжи договорот со ПГЕ Труов управата на клубот ќе треба да го исполни неговото барање. Само добри услови за работа ќе го предомислат "кормиларот" да се врати во Згожелец. Причината поради која Филиповски и Митев поставиле нови услови е Евролигата каде од наредната сезона дел ќе биде ПГЕ Туров. Она што е доста интересно е тоа што целата локална власт во Згожелец лобира за "биковите" и понатаму да бидат под палката на тренерскиот тандем кој стигна до плеј-оф финалето. "За Филиповски с$ уште не се знае кого ќе тренира наредната сезона. Иако тој во моментов е во Словенија, сепак, е во постојан контакт со претседателот на клубот. Само доколку добие поволни услови од клубот кој ќе биде дел од Евролигата ќе го задржат Филиповски во Згожелец. За неговото останување лобира целата локална власт и сите се подготвени по секоја цена тој да го продолжи договорот" - вака пишуваат полските медиуми. Судбината на нашите стручњаци ќе биде позната кон крајот на неделата. Доколку Филиповски замине, автоматски си оди и неговиот асистент Боби Митев. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ СТРУЧЊАК ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ВРВНА ТРЕНЕРСКА КЛИНИКА Марковски ќе предава во Кушадаси Од 20 до 22 овој месец Кушадаси ќе биде зборно место на познати тренерски имиња. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА МАЛКУ УШТЕ ЕДЕН "КАМ-БЕК" НА СЕЛТИКС ВО "СТЕЈПЛС ЦЕНТАРОТ" ВО ЛОС АНЏЕЛЕС
Лејкерси се "живи", серијата назад во Бостон А Лејкерс - Бостон Селтикс 103:98 (2-3) |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЈАН РОНДО ПОВТОРНО СО СКРОМНА МИНУТАЖА Не е во прашање повредата, туку... Рајан Рондо повторно доби скромна минутажа од шефот на стручниот
штаб на Бостон, Док Риверс. Иако не станува збор за повреда, сепак, с$
поизвесно е дека не му помога доволно на својот тим. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦЕНТАРСКИОТ ТАНДЕМ НА ЛЕЈКЕРСИ РАБОТЕШЕ ОДЛИЧНО Гасол и Одом ја завршија работата Ламар Одом и Пау Гасол се чини дека ги оставија зад себе разочарувачките игри во оваа финална серија против Бостон Селтикс.Му помогнаа на Коби Брајант онака како што тоа треба да го прават на секој натпревар. "Големите" на Лејкерси го надополнија слабото офанзивно издание на Коби особено во второто полувреме, собраа 39. поени и уште 24. скока, како и 6. асистенции. "Се видов себеси и знам како одиграв на последниот натпревар. Знам дека не бев доволно добар во последната четвртина. Затоа сакав само да останам фокусиран и да играм до крајот на натпреварот"- кажа Одом по вториот триумф во серијата. Тој го имаше можеби и пресудното додавање (до Брајант) во финалната минута од играта по кое на 37.4 секунди пред крајот, Лејкерси покачија на плус 4 (99-95). Веќе во следниот напад на Бостон, ја собра одбиената топка по нереализираниот удар на Кевин Гарнет. "Дефинитивно Ламар заврши голема работа вечерва. Добивме доста нови нешта од него, делувавме доста заеднички и тоа се покажа на крајот" - фалеше и Брајант Гасол имаше 10. поени и 6. скока во второто полувреме. "Мораше да дадеме се од себе да го направиме последниот напор и да го покачиме интензитетот на агресивност вечерва за да се вратиме од она што ни се случи пред неколку дена. Мислам дека и дефинитивно оваа победа ни помогна да ја набилдаме нашата самодоверба, да ја вратиме назад"- дополни шпанскиот интернационалец."Игравме добро. Можеби не најдобро како што знаеме, но игравме со сето свое срце". Впрочем трите скока повеќе на салдото на Лејкерси во овојнатпревар (40-37), доволно говорат за играта на високите момчиња на Фил Џексон. "И двајцата завршија голема работа посебно околу скоковите. Пау беше агресивен, имаше неколку добри игри под кошот, Ламар беше полн со енергија, тоа го покажаа токму вечерва"- се надоврза и Фил Џексон за играта на својот тандем, кој патем кажано имаше и одлична реализација, Одом 8 од 10 од оле, додека Гасол погоди 6 од 10 шута во рекетот. Сега Лејкерси ќе мора да ги добијат и следните две средби од финалето за да бидат шампиони. Но Бостон има 12-1 во доигрувањето за титулата пред своите гледачи. "Ќе биде супер тешко за да дојдеме до тоа"- смета Гасол. " Сакаме да дадеме се од себе за да дојдеме до тој седми натпревар. Ќе видиме колку ќе бидеме способни за игра во 48. минути во Бостон. Секако нема да биде лесно. Но ние сме полни со самодоверба и треба да го направиме тоа"- вели на крајот Гасол. Ниту еден од вкупно 28. тимови во НБА не станале шампиони откако губеле со 1-3 во финалето на плеј-офот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самарџиски тренираше пред скаутите на Вашингтон
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски завчера беше дел од тренинг-сесијата на Вашингтон визардс, една од многуте што се одржуваат во САД во пресрет на НБА-драфтот, кој ќе се одржи на 26 јуни во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Информацијата за неговото присуство на тренингот во „Верзон центарот“ ја пренесе дури и реномираниот „Вашингтон пост“. Високиот центар годинава е пријавен за драфтот, а последните најави се дека тој би можел да биде избран пред крајот на втората рунда. Самарџиски од пред неколку дена се наоѓа во САД, каде што планира да одработи неколку тренинг-сесии пред скаутите на НБА-лигашите. Прв во серијата тренинзи беше тој во Вашингтон, каде што Македонецот се прикажа во одлично светло. Покрај него на овој минитренинг-камп пред луѓето од Вашингтон тренираа уште и Американците Фоларин Кембл (Џорџ Мејсон колеџ), Девон Хардин (Калифорнија), Мартин Ити (Њу Мексико стејт), Саша Каун (Канзас) и Крис Лофотн од Тенеси универзитетот. Македонскиот кошаркар е сместен во Њујорк, каде што се и сите случувања поврзани со драфтот. Самарџиски очекува најважната тренинг-сесија да се случи викендов кога во Њујорк треба да се појават претставници на речиси десетина НБА-екипи што делумно се заинтересирани за него. „Нова Македонија“ неодамна објави дека за драфтување на Самарџиски сериозно размислуваат луѓето во гигантот ЛА лејкерси, кои во него гледаат шанса за минимален ризик и евентуално мали пари да добијат играч од типот на легендарниот Владе Дивац. |
|
|
|
Внеси реплика | страница 123 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |