IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 146>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2008 во 12:46
U nokta taa
ti me fati onde dole,
a jas se iznenadiv
iako cekav da se resis
ubeduvajki te kako guru
na sekta nova,
so nego da si poigras
i kako majka na dete da mu zboruvas,
milno za da se ok*razi
i da te zasaka za vezden.
Se iznenadiv
kako odamna da se znaete
kako cel zivot da ste se cekale
da se najdete
za vezden
zaedno da ostanete.
Stvarno go ubedi
plaslivost da pobedi
za epten taka brzo,
no sega zabi mu niknaa,
pa dojdi smiri go
oti po ulica mnogu pocna da lae
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2008 во 01:04
TE PAMTAM


Malecka, drvena ograda okolu srceto tvoe
e, se sto ti sakashe
sega se sekavash li
te jade li toa od vnatre...

Sakash da pochnesh od pochetokot
no neznaesh kade e startot

Te pamtam, seushte...
kasno beshe za mene da se svrtam nazad
marioneta na zici
ti tancuvash bez kontrola...

Te pamtam, ko vchera da beshe
dali plachesh vo tvojot son i vecherva
so ochi otvoreni
koga lezish so nego
gi gasish li svetlata
gi zatvorash li ochite
koga go baknuvash
dali seushte mozesh da me vkusish
kako pesok na tvoeto telo bev
se kriesh li vo sonot vecherva
vo tvojot taen svet
jas sum duhot vo srceto tvoe
glas sto nemozesh da go zaboravish
mornicite niz tvoeto telo

Kaza deka nemozesh veke taka
morashe da se sredish
jas bev diviot
so glavata vo oblacite
no te sakav...sekako...sekakva...
...go znaeshe samo dobroto vo mene...
...ljubovta e i vo slabosta moja...

te pamtam...i deneska
dali plachesh...
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 05:41
Надежи


Тие во мене умираат,

кршејќи се во баснословен ритам,

обземен од сладот на недостижни гроздови,

искален од огнот на туѓи горења,

стиснат во урна на моето несвесно пеплосување.

Тие во мене умираат,

и не знаејќи дека се мртви

по моите стапки урагани креваат

за да го однесат и живото и мртвото

од заостанати илузии,

што небаре бастуми

ја држат душата за тлото

која жедна за почивка

бара да си прилегне

во невидливо гробје.

Тие во мене умираат

и шумот од нивното

последно издишување

ми го препишуваат

како наследство

од времето кога

со трепет ги чешлав,

со панделки ги дотерував

и со страв ги набљудував

како ги пречекоруваат

улиците на сознанието

надвор од мене.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 13:43
Чудесен свет

Колку сме убави
Колку сме згодни и духовити,
Досетливи и паметни
Цврсти на нашите ставови,
Креативни, екстравагантни, свои ...
Фала му на форумот што нè спои
Во оваа оранжерија
На егзотична билки,
Менажерија
На загрозени видови;
Што има каде да навраќаме,
Без влезница да плаќаме,
Што има каде од часови да бегаме,
Од наметнати шеми,
Па да нурнеме во некои други теми,
Да го заебеме ова време, бреме, менгеме,
Празнина да пополниме,
Вишокот од себе да го подариме ...
На форумот му благодариме.




Изменето од filmadzijka - 04.Јуни.2008 во 14:02
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 14:58
Будали

Ми ја мачат совеста
зачаурени молитви,
кои во усти - зандани
станале лепрозни сведоци
на разум што
никогаш не простил
никому,
за ништо...
Ме дели вечност
од едно свиткано време
што пикнато во порозни џебови
се истура по патиштата
кои катаден ги прегазувам,
а никако да ги изодам.
Ноќта ме силува
со својата дива тишина
и ме пресликува во
еден статичен дух,
кој вечно лежи
на мојата постела.
Во него се оставам
дел по дел,
се до последната
трошка од мене,
кога бујни фантазии
ќе го измешаат небото со земјата,
Бог со луѓето...
Прекрстете ми ги рацете
кога ќе заминам,
да не ве уплашам,
размрдувајќи ја десницата
за да го покажам знакот за будали.



Изменето од Quentin - 04.Јуни.2008 во 14:58
Кон врв
doriangray Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Опсесивен компулсивец

Регистриран: 03.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1460
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај doriangray Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2008 во 02:02

На дождот

Те најдов како стоиш сама на дождот
и како ги плакнеш твоите и онака чисти солзи.

Мислеше дека твојата душа е извалкана
па сакаше и неа да ја измиеш од талогот,
кој што не знаеше за престан,
па постојано го нагризуваше твоето кревко битие.

На дождот стоеше сама со главата пругоре
небаре лицето ти беше испрскано со кал
и чекаше дождот да го исполни својот аманет,
да го искапи лицетo со моќта на невините капки.

Не знаеше дека во твојот поглед
е собрана невиноста на твојот младост.
Не помислуваше на она што допрва треба да следува,
биднината што треба да ја создаваш.

Ми падна жал да те гледам така.
Ти се приближив, но не ме забележа...
Дождот ја имаше честа да го добие твоето внимание.
Но, не ми беше жал за тоа.

Ми беше жал што мислеше
дека си сама на дождот.
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2008 во 04:55
TO MY FRIENDS

Lately...I've been thinking about the past...
and the days we had
we were younger then...we've been friends back there...
...didn't need nobody else.

I've been waiting for this day to come...
it could be again
and I was looking at the sky...before I knew your names...
...it was magic back then.

I've needed something to believe in
when I'm down and feeling blue
I can still hear you whispers
to ease the pain
and when I'm gone fare away
all I wanna do is talk to you...

...oh, yes its true...its time for me and all of you...


I remember about
the choices we made
we went our separate ways...without a sound, whit a pain in our souls
...and yes...
...we were all man enough...

Now here we stand, after all
this time its plain to see, it was meant to be...


I've needed something to believe in
when I'm down and feeling blue
I can still hear you whispers
to ease the pain
and when I'm gone fare away
all I wanna do is talk to you...

...oh, yes its true...its time for me and all of you...






Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2008 во 17:02
Прибежиште

На изгубено прибежиште
сам на себе си личам,
каде покрив си наоѓаат
само недоквакани,
на половина луди,
сексуално загрозени,
екстремно фригидни...
Во аголот сум свиткан
и чекам ѕидовите
да се заменат со раце,
додека до мене
допираат нејасни сентенци
од твојот незаситен говор:
јахти,
луксуз,
пари,
сопруги на фудбалери
каприц...
Ќе пораснеш ли веќе еднаш?
Отвори ме како книга.
На првата страна
ќе најдеш инструкции
како да проодиш
во мојот свет.
Manolo Blahnik
не ти требаат,
само душа.


Изменето од Quentin - 05.Јуни.2008 во 17:03
Кон врв
nikodin Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikodin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 01:30
Птица

Со мртвата птица замина и песната
беше ранобудилка
еве утрово е тажно
или капкиве дожд се поладни
мракот беше превесник
гласот на смрта
светулките околу фенерот
танцот не го играа веќе
замреа
и злокобно зуеја
беше дел од јатото
најгласната
највеселата
со криљата и воздухот сетики
ете го тераше да трепери
другари неразделни беа
тишината
и молкот насекаде
поздравот последен
мртвата птица
песната
молк
тишина
се до некоја нова птица.
Кон врв
nikodin Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikodin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 01:30
Сивило

Овие луѓе ѕверови
кои знам човечки ликови носат
евеги повторно ноќва
дошле повторно
душава на парчиња да ми ја раскинат
сакаат тие
тука во ништавилово
болниот лелек на душата
сласт за нив е голема
врескаат толку силно
што и мигот иден е болен
во безнадежноста
реката сакав да ја преминам
но ход вели паричка немаш
беден си
бедници не пренесувам
оди во блатото на човечката беда
еј ти смртнику таму удависе
имаш уште денови за броење
оди
зошто бесот го чуствувам ми доаѓа
и ти не би сакал да ме видиш бесен
оди
и не ми го троши времето мое
отидов со мисла кон утрото
но искра во око не светна
само сивило се распосла
сивило вчерашно.

Кон врв
nikodin Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikodin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 01:39
Нова Ера


Морето на желби пресуши
сега
во новата ера
книгата на лудоста ја пишуваме
крвта е најдоброто мастило
пушката најдоброто пенкало
некои нови пишувачи се
вели старецот во близина
млади и незрели
со отров задоени
на млеко се гнасат
мракот го сакаат
од белина бегаат
не
ова мора да е приказна
приказна што ја раскажува фантазер
кој ете со осаменоста другарува
или можеби
некој екцентричен научник
ете времето го искривил
текот го сменил
или можеби е само лош сон кошмарен
весникот утрински ме разубедува
црната хроника
со трупови е полна
неверувам
но
ова е новата ера.

Кон врв
nikodin Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikodin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 01:40
Театар

КОга како деца
ќе седневме сложно на камењата
за кој мислевме
дека јунакот Марко ги наредил
чекавме да дојди
старецот белокос
знаеше тој
навистина умееше
приказни чудни и убави да ни раскажува
дојде
одникаде и одеднадеш
мислевме дека од некој камен излезе
седна и приказната ја почна
Животот
е само еден Театар
ние сме статисти а некои споредни и главни глумци
декорот некој друг ни го прави
а текстот некој друг ни го пишува
кога си дете
ти си само статист
ги гледаш главните ликови
и сонуваш
сонуваш и ти еден ден да бидеш
главниот актер
кога си во младоста
љубовта те обзема
и тогаш не ти е важно
дали си главен или статиста
важно е да да си учесник во театарот
но кога љубовта ќе те освести
тогаш веќе ти почнал вториот чин
некогаш ја играш улогата што не ја сакаш
иако е главниот лик
но сепак знаеш дека си само статиста нем
го изговараш текстот
онака рутински
третиот чин
тоа е посебна приказна
тогаш мислиш дека играш
сериозна улога
а сите се смеат
небаре дошле на комедија да гледаат
четвртиот чин е само една трагедија чиста
многу малку солзи
и завесата се спушта
светлата се палат
и сите си одат по својата патека
ќе ја раскажеше приказната старецот
и како што ќе дојдеше
така и си одеше
а ние седевме на камењата
и понатаму споревме
дали марко јунакот ги наредил

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 11:35
Mecti, sonovi i kopnezi
me razjadoa i rastrgnaa,
prasinata na zaboravot
pocna da me prekriva,
dodeka brkam senki
sto od drugata strana na rekata doagaat,
a mene studeno mi e,
dodeka slusam eho
sto na moeto ime lici.
Ne dobiv krila,
da lazam kako gmizavec
sudba mi bila,
no sepak volcite mi se smiluvaa
na trka da me viknat
kon osamenata nadez
za koja odnapred mi kazaa deka e samo mit.
Sakam da se smeam
makar i nasila,
deteto me vika
za igra e vreme,
svetot na vozrasnite samo ne izmori
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 20:16
Nesto ladno me obvitkuva
i svesta mi ja odzema
no da go zaboravam imeto tvoe odbivam,
silata ja gubam
pri sekoj povik kon tebe da me slusnes
zosto iako krvaram
nema da prestanam
kon tebe da se dvizam
i da se obiduvam da ti se priblizam,
pa makar i posledno mi bilo,
pa makar bezuspesno mi bilo,
zosto dur se dvizam kon tebe
nadez seuste imam.
Posledno spremanje
za posledna trka,
dodeka muskuli nabreknati
pravecot go znaat,
denes se e posledno.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.