|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 9293949596 146> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
U nokta taa
ti me fati onde dole, a jas se iznenadiv iako cekav da se resis ubeduvajki te kako guru na sekta nova, so nego da si poigras i kako majka na dete da mu zboruvas, milno za da se ok*razi i da te zasaka za vezden. Se iznenadiv kako odamna da se znaete kako cel zivot da ste se cekale da se najdete za vezden zaedno da ostanete. Stvarno go ubedi plaslivost da pobedi za epten taka brzo, no sega zabi mu niknaa, pa dojdi smiri go oti po ulica mnogu pocna da lae |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TE PAMTAM
Malecka, drvena ograda okolu srceto tvoe e, se sto ti sakashe sega se sekavash li te jade li toa od vnatre... Sakash da pochnesh od pochetokot no neznaesh kade e startot Te pamtam, seushte... kasno beshe za mene da se svrtam nazad marioneta na zici ti tancuvash bez kontrola... Te pamtam, ko vchera da beshe dali plachesh vo tvojot son i vecherva so ochi otvoreni koga lezish so nego gi gasish li svetlata gi zatvorash li ochite koga go baknuvash dali seushte mozesh da me vkusish kako pesok na tvoeto telo bev se kriesh li vo sonot vecherva vo tvojot taen svet jas sum duhot vo srceto tvoe glas sto nemozesh da go zaboravish mornicite niz tvoeto telo Kaza deka nemozesh veke taka morashe da se sredish jas bev diviot so glavata vo oblacite no te sakav...sekako...sekakva... ...go znaeshe samo dobroto vo mene... ...ljubovta e i vo slabosta moja... te pamtam...i deneska dali plachesh... |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Надежи
Тие во мене умираат, кршејќи се во баснословен ритам, обземен од сладот на недостижни гроздови, искален од огнот на туѓи горења, стиснат во урна на моето несвесно пеплосување. Тие во мене умираат, и не знаејќи дека се мртви по моите стапки урагани креваат за да го однесат и живото и мртвото од заостанати илузии, што небаре бастуми ја држат душата за тлото која жедна за почивка бара да си прилегне во невидливо гробје. Тие во мене умираат и шумот од нивното последно издишување ми го препишуваат како наследство од времето кога со трепет ги чешлав, со панделки ги дотерував и со страв ги набљудував како ги пречекоруваат улиците на сознанието надвор од мене. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чудесен свет
Колку сме убави Колку сме згодни и духовити, Досетливи и паметни Цврсти на нашите ставови, Креативни, екстравагантни, свои ... Фала му на форумот што нè спои Во оваа оранжерија На егзотична билки, Менажерија На загрозени видови; Што има каде да навраќаме, Без влезница да плаќаме, Што има каде од часови да бегаме, Од наметнати шеми, Па да нурнеме во некои други теми, Да го заебеме ова време, бреме, менгеме, Празнина да пополниме, Вишокот од себе да го подариме ... На форумот му благодариме. Изменето од filmadzijka - 04.Јуни.2008 во 14:02 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Будали
Ми ја мачат совеста зачаурени молитви, кои во усти - зандани станале лепрозни сведоци на разум што никогаш не простил никому, за ништо... Ме дели вечност од едно свиткано време што пикнато во порозни џебови се истура по патиштата кои катаден ги прегазувам, а никако да ги изодам. Ноќта ме силува со својата дива тишина и ме пресликува во еден статичен дух, кој вечно лежи на мојата постела. Во него се оставам дел по дел, се до последната трошка од мене, кога бујни фантазии ќе го измешаат небото со земјата, Бог со луѓето... Прекрстете ми ги рацете кога ќе заминам, да не ве уплашам, размрдувајќи ја десницата за да го покажам знакот за будали. Изменето од Quentin - 04.Јуни.2008 во 14:58 |
|
doriangray
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На дождот Те најдов како стоиш сама на дождот и како ги плакнеш твоите и онака чисти солзи. Мислеше дека твојата душа е извалкана па сакаше и неа да ја измиеш од талогот, кој што не знаеше за престан, па постојано го нагризуваше твоето кревко битие. На дождот стоеше сама со главата пругоре небаре лицето ти беше испрскано со кал и чекаше дождот да го исполни својот аманет, да го искапи лицетo со моќта на невините капки. Не знаеше дека во твојот поглед е собрана невиноста на твојот младост. Не помислуваше на она што допрва треба да следува, биднината што треба да ја создаваш. Ми падна жал да те гледам така. Ти се приближив, но не ме забележа... Дождот ја имаше честа да го добие твоето внимание. Но, не ми беше жал за тоа. Ми беше жал што мислеше дека си сама на дождот. |
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TO MY FRIENDS
Lately...I've been thinking about the past... and the days we had we were younger then...we've been friends back there... ...didn't need nobody else. I've been waiting for this day to come... it could be again and I was looking at the sky...before I knew your names... ...it was magic back then. I've needed something to believe in when I'm down and feeling blue I can still hear you whispers to ease the pain and when I'm gone fare away all I wanna do is talk to you... ...oh, yes its true...its time for me and all of you... I remember about the choices we made we went our separate ways...without a sound, whit a pain in our souls ...and yes... ...we were all man enough... Now here we stand, after all this time its plain to see, it was meant to be... I've needed something to believe in when I'm down and feeling blue I can still hear you whispers to ease the pain and when I'm gone fare away all I wanna do is talk to you... ...oh, yes its true...its time for me and all of you... |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прибежиште
На изгубено прибежиште сам на себе си личам, каде покрив си наоѓаат само недоквакани, на половина луди, сексуално загрозени, екстремно фригидни... Во аголот сум свиткан и чекам ѕидовите да се заменат со раце, додека до мене допираат нејасни сентенци од твојот незаситен говор: јахти, луксуз, пари, сопруги на фудбалери каприц... Ќе пораснеш ли веќе еднаш? Отвори ме како книга. На првата страна ќе најдеш инструкции како да проодиш во мојот свет. Manolo Blahnik не ти требаат, само душа. Изменето од Quentin - 05.Јуни.2008 во 17:03 |
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Птица
Со мртвата птица замина и песната беше ранобудилка еве утрово е тажно или капкиве дожд се поладни мракот беше превесник гласот на смрта светулките околу фенерот танцот не го играа веќе замреа и злокобно зуеја беше дел од јатото најгласната највеселата со криљата и воздухот сетики ете го тераше да трепери другари неразделни беа тишината и молкот насекаде поздравот последен мртвата птица песната молк тишина се до некоја нова птица. |
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сивило
Овие луѓе ѕверови кои знам човечки ликови носат евеги повторно ноќва дошле повторно душава на парчиња да ми ја раскинат сакаат тие тука во ништавилово болниот лелек на душата сласт за нив е голема врескаат толку силно што и мигот иден е болен во безнадежноста реката сакав да ја преминам но ход вели паричка немаш беден си бедници не пренесувам оди во блатото на човечката беда еј ти смртнику таму удависе имаш уште денови за броење оди зошто бесот го чуствувам ми доаѓа и ти не би сакал да ме видиш бесен оди и не ми го троши времето мое отидов со мисла кон утрото но искра во око не светна само сивило се распосла сивило вчерашно. |
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нова Ера
Морето на желби пресуши сега во новата ера книгата на лудоста ја пишуваме крвта е најдоброто мастило пушката најдоброто пенкало некои нови пишувачи се вели старецот во близина млади и незрели со отров задоени на млеко се гнасат мракот го сакаат од белина бегаат не ова мора да е приказна приказна што ја раскажува фантазер кој ете со осаменоста другарува или можеби некој екцентричен научник ете времето го искривил текот го сменил или можеби е само лош сон кошмарен весникот утрински ме разубедува црната хроника со трупови е полна неверувам но ова е новата ера. |
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Театар
КОга како деца ќе седневме сложно на камењата за кој мислевме дека јунакот Марко ги наредил чекавме да дојди старецот белокос знаеше тој навистина умееше приказни чудни и убави да ни раскажува дојде одникаде и одеднадеш мислевме дека од некој камен излезе седна и приказната ја почна Животот е само еден Театар ние сме статисти а некои споредни и главни глумци декорот некој друг ни го прави а текстот некој друг ни го пишува кога си дете ти си само статист ги гледаш главните ликови и сонуваш сонуваш и ти еден ден да бидеш главниот актер кога си во младоста љубовта те обзема и тогаш не ти е важно дали си главен или статиста важно е да да си учесник во театарот но кога љубовта ќе те освести тогаш веќе ти почнал вториот чин некогаш ја играш улогата што не ја сакаш иако е главниот лик но сепак знаеш дека си само статиста нем го изговараш текстот онака рутински третиот чин тоа е посебна приказна тогаш мислиш дека играш сериозна улога а сите се смеат небаре дошле на комедија да гледаат четвртиот чин е само една трагедија чиста многу малку солзи и завесата се спушта светлата се палат и сите си одат по својата патека ќе ја раскажеше приказната старецот и како што ќе дојдеше така и си одеше а ние седевме на камењата и понатаму споревме дали марко јунакот ги наредил |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mecti, sonovi i kopnezi
me razjadoa i rastrgnaa, prasinata na zaboravot pocna da me prekriva, dodeka brkam senki sto od drugata strana na rekata doagaat, a mene studeno mi e, dodeka slusam eho sto na moeto ime lici. Ne dobiv krila, da lazam kako gmizavec sudba mi bila, no sepak volcite mi se smiluvaa na trka da me viknat kon osamenata nadez za koja odnapred mi kazaa deka e samo mit. Sakam da se smeam makar i nasila, deteto me vika za igra e vreme, svetot na vozrasnite samo ne izmori |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nesto ladno me obvitkuva
i svesta mi ja odzema no da go zaboravam imeto tvoe odbivam, silata ja gubam pri sekoj povik kon tebe da me slusnes zosto iako krvaram nema da prestanam kon tebe da se dvizam i da se obiduvam da ti se priblizam, pa makar i posledno mi bilo, pa makar bezuspesno mi bilo, zosto dur se dvizam kon tebe nadez seuste imam. Posledno spremanje za posledna trka, dodeka muskuli nabreknati pravecot go znaat, denes se e posledno. |
|
Внеси реплика | страница <1 9293949596 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |