|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 138> |
Автор | |
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
филозофски кецови.......и мајтапски двојки......брате за тебе special only........VIP - само се во свое време..... |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мирис на ефтина ракија. И цигари.
Темна, мрачна соба. Каде ли сум? Отворениот прозорец бавно се ниша, тешката завеса се бори со дождот кој со крупни капки гонет од силен ветер ја напаѓа и поттурнува навнатре. Каде навнатре? - Дојди ваму - глас од темнината, нежен, женски. Жена! Жена?? Која ?? Не можам да видам ништо во мракот. Глават ќе ми прсне, устата ми е полна со тежок бљуткав вкус. Не можам да ги средам мислите, ми се врти во глава, чувствувам мачнина, утринска гадна мачнина. Мамурлук, тежок. Каде ли сум.? Со која сум? -Ме слушаш ?? - повторно гласот од темнината, овојпат појасен, посилен. Препознатлив! Не е можно. Не, не е можно. Ја спуштам главата на кревет или што и јебено да е ! Пак кошмари, пак ја сонувам, ми се причинува у пичку матер. До кога? Кај ли се начукав толку човече? Не пијам више, ма не пијам више никогаш ! - Дојди, те молам !! Овојпат скокнав, силно, се занесов, ма нозе не ме држат, паѓам назад. Не е од пијанството, гласот е! Нејзиниот глас ! -ТИ ??? - Те молам !! Со раце ја држам главата, боже, ќе ми падне, толку ми е тешка. Она е ! Гони се будала, пијандуро сељачка, кои ти е к*рац ! ! Што си правел синоќа. Од толку ЖЕНИ, со неа ли? Морам да станам ! Одеднаш воздухот станува позагушлив, потежок. Или мене ме гуши. Срцето ми е во грло ! Морам да станам ! Морам да си одам ! Се тетеравам до вратата, се обидувам да ја отворам. Не можам ! - Клучот, каде е? Молк. Нема одговор. -Клучот каде е?- се обидувам пак, овојпат посилно ја лупам вратата, небаре ќе ја скршам. - Не си оди, немој ! Боже само нека не ми се обраќа со таков глас, немој, не можам да слушам. Не сакам да слушам. НЕ САКАМ ДА СЛУШАМ !!!!! Ја лупам силно вратата, уште еднаш, па уште еднаш. Но не можам да ја отворам. Се обидувам повторно. Морам да си одам! Морам! Подалеку од тука. Подалеку од неа! Подалеку од себе! Подалеку од сите!!! -Зошто ?- одеднаш ме пресече нејзиниот глас. И нејзината рака. - Кажи нешто ! Се вртам. Је гледам. Мојата принцеза. Моите сини очи. Мојата душа во нив. И нејзините солзи во нив. Се лизгаат по нејзиното лице. И по моето. Ми ја зема раката, ја става на нејзините гради, на нејзиното срце. Погледот ми е закопан во подот. Не можам да ја гледам во очи. Во моите сини очи !! Морам да си одам ! Морам! Грубо ја туркам од мене, го здогледувам клучот, брзо го земам, ја отворам вратата. Не смеам да се завртам. Нема да можам да си одам. Знам дека очите и се полни со тага. Со болка. Моите сини очи !! Срцето не ми дава, за момент застанувам. - Зошто, само кажи ми зошто? - вели гласот скршен од чувства . На мојата принцеза. Но никаков звук не излегува од мојата уста, немам сила да зборувам. Само еден збор и ќе се скршам, тука, пред неа. НЕ СМЕАМ !! Момент долг цела вечност. И одеднаш тргнувам напред, не застанувам, не се вртам! -Застани- вели гласот, нејзиниот. Застани вели гласот мојот, внатре во мене. Застани ! Но не смеам назад !! Истрчувам надвор. И трчам по дождот. Подалеку. Сеуште го слушам нејзиниот глас. На мојата принцеза ! Липта во ноќта! Дождот е силен. Крупни капки ми се лизгаат по лицето. Ја измиваат потта од мене. Ја чистат прљавштината во душава . Ги кревам рацете кон небото ! БОЖЕ !! Не ме ставај во искушение. Остави ме да ја водам сам својата битка ! Те молам остави ја НЕА ! Мојата принцеза! Не е она виновна ! Јас сум ! Не е она виновна ! Мојава душа е црна ! Гнасна ! ТАКА МИ ВЕЛАТ НЕЈЗИНИТЕ ! Велат остави ја!! За нејзино добро ! ОК ! За нејзино добро ! Како да и кажам! Така велат ! Mother f**ker ! Изменето од којсумјас - 22.Мај.2008 во 18:51 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neso moe napisano
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
fleur de lis
Нов член Регистриран: 01.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОМ Нозете, завиени во прав, ми тежат и уморни се од талкањево по тесниве и непознати улички. Крадешкум застанувам под секој прозорец кој ме мами да sирнам, да погледам да не е таму, она моето…одамна загубеното… Не! Внатре нема ништо мое, се е напознато и туѓо. Застанувам под секоја придушена светилка, со засолзени очи, што од замор, што од тага, го кревам погледот и сем брзата, нервозна игра на мушичките не препознавам ништо… и тука нема ништо мое. Можеби очите не можат, но носот ке може, ке го открие она моето…одамна загубеното… Од порта на порта, тивко, незабележително вдишувам за да го почувствувам мирисот на јасминот кој престана да цвета во мојата градина, по кој толку многу тажам и се обидувам да го воскреснам за повторно да живеам. Не! Повторно се е туѓо, туѓи мириси, непознати. Продолжувам, но веке не знам каде и не знам како да го најдам она моето…одамна загубеното… Сетилата не помагаат, можеби и не можат, но срцево силно ми чука, не ме издава. Не, не губам надеж! Одеднаш небото се отвара, силни грмотевици ја парчосуваат тишината, молњите ми го осветлуваат патот, се истура благодет. Лие по мене, ја измива правта од моите нозе, го мие заморот од моите очи, ме полни со свежина и ми дава сила. Повторно сум онаа истата, како на почетокот на патот, повторно сум Јас. Сега е мирно. Се е чисто и јасно. На небото звезда чијашто светлина ме мами. Очите ми се широко отворени, срцето заигрува во ритамот на космосот, душата те впива…Tе препознавам. Го наоѓам она моето…одамна загубеното… Го наоѓам мојот ДОМ! …јасминот повторно цвета во мојата градина! Изменето од fleur de lis - 23.Мај.2008 во 04:21 |
|
...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
fleur de lis
Нов член Регистриран: 01.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...blagodaram Black Devil...
|
|
...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...krinche...ova e navistina za ochi praznik, proza prva klasa, od sekogash sum se voodushevuval na lugeto koi sho se poednakvo uspeshni vo prozata i poezijata...toa e nesho za mene nedostizno...i zatoa velam...bravo...bravo...bravo...
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да ставам нешто што си го најдов,...... напишано од мене од пред два три години,....... или не,......
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...stai, stai... |
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тагата на Марко Сонцето не беше целосно изгреано,
небото сеуште беше мрачно, а Марко веќе беше разбуден. Возбудата што ја
чувствуваше цела ноќ не му дозволи да заспие. Денеска е денот кога тој со
своите неполни 20години ќе замине да студира во далечниот Нов Зеланд. Таму гледаше
можност за подобар живот, а иако се што ќе побараше од родителите и добиваше,
Марко беше личност што секогаш сакаше и бараше повеќе од животот. Додека чекаше
да се разбудат неговите, чекореше од едниот до другиот крај на собат. Се
обидуваше да си го замисли животот таму. Од она што го имаше слушнато, таа
земја беше негова За неколку часа, веќе седеше во авионот, кој требаше да го
одведе далеку од неговата Македонија. После долгото патување, конечно стигна на
аеродромот во Окланд. Аеродромот беше преполн со луѓе од различни краеви, а
Марко сепак се почувствува осамен, како никогаш до сега. Го сепна музиката од
џебот; Неговата мајка упорно му ѕвонеше на мобилниот телефон, сакајќи да го
праша дали стигнал. Се наежи кога го слушна нејзиниот растреперен глас, и
посака да биде до неа, да ја гушне и да ја утеши. Не сакајќи да ја растажува,
само кратко и одговори дека се е во ред, и дека е на пат кон својот стан, кон
својот нов дом. На крај, само и рече, ,,- Гушни го тато од мене.... ,, И така, почна животот на Марко во Нов
Зеланд. Предавањата на колеџот беа одлични, а англискиот, кој Марко и претходно
добро го познаваше, секојдневно се подобруваше. Запозна многу луѓе, секој со
различно потекло и со различна култура. Сите ги сплоти едно нешто.... Љубовта
кон напуштениот роден крај. Секој од нив навечер му се обраќаше на својот Бог,
но сите молитви беа за своите блиски, далеку од нив. Полека почна да го запознава
своето ново, мало гратче, оддалечено само неколку километри од Окланд. Научи
дека дебелата тетка од супермаркетот е секогаш прва смена, запамти дека
единствениот семафор кај плоштадот се менува на секои триесетина секунди, и
секогаш им се насмевнуваше на дамите од крајот на автобусот со кои секој ден
патуваше на колеџ. Но, навечер кога гратчето обвиткано
во темнина заспиваше, и кога сите мајки ги бакнуваа своите деца за добра ноќ,
Марко помислуваше на својата мајка. Во главата му се роеја разни мисли. Како се
неговите во Македонија, што се случува со неговиот велосипед, што се случува со
неговата рипка, дали му стои креветот наместен со сината прекривка, едноставно,
сакаше да знае се’ што се случува таму, на другата страна од светот. Се прашуваше, што ли прават неговите другари,
сега кога таму е ден. Дали седат во нивното омилено кафуле, дали се со своите
девојки, дали се тие во ред... На писмата од Македонија се радуваше како мало
дете, ама радоста кратко му траше. Веднаш пишуваше одговор назад, но беше
невозможно целиот живот од Македонија да се пренесе на Марко во само едно, две
или три писма. за да не ве давам........ во продолженија,...... ту би континјуед |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...mnogu e ubavo ova, biserche malecko ni edno, zasho si kutish ti???...
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Навистина, Бисерче, да пишуваш понатаму, зш добро ти оди. Имаш моја поддршка.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ај па ти,..... старо е ова,..... пишувано од пред две три години,..... сега кога го читам дури и ми е малце глупо,.... имам јас и подобри од ова,...
|
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Внеси реплика | страница <1 2223242526 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |