![]() |
|
Ваша поезија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 146> |
Автор | ||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Се јави поетеста - ќе ја препознаеш по тоа што вози жолто комбе... Инаку јас сум возач на црвениот автобус што пренесува илузии и по некоја поетеса со црвено шеширче на главата... Да не бидам некултурен, фала за прашањето и она другото, знаеш кое ![]() ![]() ![]() Изменето од majstorce62 - 20.Мај.2008 во 22:07 |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
![]() |
||
...Well... ![]() Сениор ![]() ![]() ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
The CHASER
As I lie awake in bed, trying not to think ... ...whith eyes wide open, vulnerable and weak... Knowing they're coming, but I can't stop the nightmares ...my trembling and fear each night she uncovers... Though she may be the only one, ...to take all the sweet dreams away... Now each night I can't help but see ...to remind me what I've left behind... While satisfied in reality, Изменето од mamma - 20.Мај.2008 во 23:40 |
||
![]() |
||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ПРЕПОРОД
Дојди, не срами се, Ќе ти го покажам патот до твоите корени! Дојди, допри го свиралото Од чиста македонска дабовина, Ќе ги слушнеш звуците што сиот ќе те отворат, Звуците на песната на одродените Што го загубиле патот до корените... Од гордоста негова медовина ќе потече - Спас за сите изгубени души Во прериите на сопствената Екстравагантна распродажба... Ти си совршен виртуоз, Јас обичен мајстор на свирала Од чиста македонска дабовина Што ќе ти го покажат патот до корените И ќе те препородат... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
![]() |
||
...Well... ![]() Сениор ![]() ![]() ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изменето од mamma - 20.Мај.2008 во 23:56 |
||
![]() |
||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА
Послав рози, Наши, домашни, Што цветаат од мај до доцна есен Да не си ги изглочкаш колениците Кога ќе посакаш да ја удостоиш Публиката во црвениот автобус Со твојата најнова соната во це – дур На кавалот што ќе те прослави По сите меридијани И ќе ги залечи сите рани во Твојата одродена душа и ќе ги надои твоите одродени корени со соковите на животот од домашните овоштарници... Прошката одамна ти е дадена, Дојди, промовирај го брендот Наш, домашен, Засвири со занес невиден, Нека експлодира страста во тебе, Нека се разлие дур во корените ти... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
![]() |
||
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Преправање
Прави се глува на клетвите од закоравени домаќинки, додека со мини здолниште се шеташ пред зграда. Тие вечер ќе си легнат прекорувајќи се зошто изеле два залака повеќе на ручек. Прави се слепа за погледите на балкански мажјаци, од кои јасно се чита мислата за лесна жена. Тие вечер ќе ги опседнат бањите, со збревтан здив од жестока онанија. Прави се луда на осудите, зависта и глупоста, кои сакаат да те убедат дека си невредна. Никој не ти ѕирнал во срцето да види дека и преку ден таму светат светулките на бесконечно простување. Изменето од Quentin - 21.Мај.2008 во 00:01 |
||
![]() |
||
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Половично
Одамна знае тој дека не е последниот на кого му посакуваш добра ноќ, пред да заспиеш со неверојатно чиста совест, по тешка кражба на две тела. Одамна знае тој дека перниците на твој парфем ми мирисаат, дека по секое напивање од тебе, останувам уште пожеден, дека усните со кои го бакнуваш на враќање дома, не се истите со кои си излегла. Одамна знае тој дека не е случајност што моето име на сон го довикуваш, дека има само половина од твојот допир, твојата воздишка, твојот поглед. Дај му се нему ноќва целата. Ќе видиш дека од навика, ќе те гледа со едно око, ќе те љуби со една усна, ќе те допира со една рака. |
||
![]() |
||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ВООПШТО НЕ Е ВАЖНО КОЈ ОД КОГО ЈА КРАДЕ, ТУКУ КОЈ ПОВЕЌЕ ЈА СКА, КОЈ ПОСИЛНО КОПНЕЕ ПО НЕА, КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ РАДУВА НА НЕЈЗИНИОТ МИРИС... СИЛЕН НАБОЈ ОД ЕМОЦИИ И УБАВИ ПЕРИФРАЗИ...ПРЕКРАСНО СИСТЕМАТИЗИРАНА МАТЕРИЈА... АКО НЕШТО ТИ ЗНАЧИ... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
![]() |
||
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
На незнајниот поет
Здраво, непознато другарче. Не ти знам ни лика, ни тело, ни стил на облекување, ниту име не ти знам, но песната меѓу илјада ќе ти ја препознаам и ќе и се радувам. Ќе ја густирам збор по збор, стих по стих, ќе ја џвакам на ситни залчиња бавно, сосредочено, да не ми избега ниту еден вкус ниту една состојка ниту еден зачин, и ќе чекам, без да посегнам, од пристојност, да ме понудиш со уште. За тоа време ќе се прашувам дали таа знае и колку и значи и дали со бакнежи ја храни и оплодува твојата дарба што така штедро раѓа сочни плодови, или само тагата е твојата тајна љубовница. |
||
![]() |
||
Tamawa ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 26.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 41 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ах колку е моќна песнава...браво ![]() |
||
Life's a bitch,but SO AM I !!!
|
||
![]() |
||
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу ми е мило што ви се допаднаа стиховите. Еве уште една песна, напишана во деновите додека ме немаше на форум.
Премолчно се согласив на сите бубамари да им порачувам смртта како гостин да ми ја донесат, оти во себе веќе долго умирам не затворајќи очи пред далечините што ги извртуваш за мене, со илјада свиоци и уште повеќе стапици. Во глуво доба, скришум влегувам во сите детски соби и ги кинам бајките со принцези и волшебници. Да не се трујат тие со отров на недостижна среќа, со леплив восок на мисла што илузии во бисерен ѓердан сврзува: И си живееја среќно до крајот на животот... |
||
![]() |
||
Tamawa ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 26.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 41 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Спојување...
Еј ти, ти што уште мирисаш на топла крв! Можеш ли да ми кажеш како вчера мирисаше пролетта?! Последен пат ја сетив пред години, тогаш мирисаше на свежи јагодки, дрва, рацветани тополи. Еј ти, ти што уште мирисаш на топла крв! Можеш ли да ми кажеш каков вкус имаше вчера зеленото јаболко?! Последен пат го вкусив пред години, тогаш беше со сок полно, одвај чекав мајка ми да ми набере и да ги стави во сад пред мене. Еј ти, ти што уште мирисаш на топла крв! Можеш ли да ми кажеш какво беше вчера небото?! Последен пат го видов пред години, тогаш беше чисто,без облаци, имаше само многу ѕвезди распрснати. Еј ти, ти што уште мирисаш на топла крв! Можеш ли да ми кажеш каква песна вчера пееа птиците?! Последен пат ги слушнав пред години, тогаш имаа некоја весела мелодија, ми се чини пееа за љубовта. *** Еј керко, вчера пролетта мирисаше на оган и прав, зеленото јаболко беше труло, гнило, небото беше тажно,плачеше и сееше страв, а птиците пееа тешко за времето што било. Одвај чекав да ти се придружам, во овој затвор бескраен темен и ладен, чекав светлина да видам и на земја да се спружам, зашто без тебе светот не беше праведен. *** Мамо...мамо прости ми, само сакав да видам како е да раширам крила и да летам, мамо...но доцна сфатив дека немам каде да слетам, жал ми е мамо ...жал ми е.... |
||
Life's a bitch,but SO AM I !!!
|
||
![]() |
||
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Плач
Трчајќи во галоп, ме одминуваат дивите коњи на гибелта. Во прашината што патот од нивните копита ја наследува, цртам скици од замислени светови, населени со суштества што плачот одамна го мотаат во светкав целофан и радосно си го подаруваат на родендени. Бев дел од тие светови. Нивна месечина, нежно растреперена во полноќен езерски отсјај. Темен, студен, толку сиромашен, што дури и светлина морав да позајмам. Во световите каде плачот се заборавил, собирав дождовни капки и создавав мориња, за да ги пуштам по нив тежините пред да ме удави прекорот на сите залутани месечари. Изменето од Quentin - 21.Мај.2008 во 01:03 |
||
![]() |
||
Tamawa ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 26.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 41 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Закон! И ова твое дело многу ми се допаѓа! Одлично пишуваш,само така продолжи!
![]() |
||
Life's a bitch,but SO AM I !!!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |