IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 146>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 21:58
Originally posted by Tamawa Tamawa напиша:

Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

ВО ЦРВЕНИОТ АВТОБУС


Автобусот е црвен
а таа сака да напише песна за него.

Автобусот е црвен,
Леле колку е црвен автобусот -
Како булките што и ги носеше на учителката
И за кои сеуште мисли дека се лалиња.

Автобусот е црвен
А таа ги сака црвените автобуси
Оти поетесите имаат црвени шеширчиња
И пишуваат песни полни со воздишки...

Црвените автобуси возат по асфалтни улици
- колку се убави улиците низ градот
Додека се вози во црвениот автобус
Со црвено шеширче на глава
И рони воздишки што ќе ги собере во песна

Автобусот е црвен -
Патници со црвени образи,
Црвени коси,
Црвена нервоза
Во црвените очи
Се восхитуваат од нејзиното црвено шеширче
И веќе знаат дека таа е поетеса
И дека ќе напише песна за црвениот автобус.

Во црвениот автобус,
Што скапува на гробиштата за автобуси,
сите мислат дека се поети...


Песнава ти е одлична,многу ми се сфиѓа...само ме баш ме интересира која е таа...the поетесата ?


Се јави поетеста - ќе ја препознаеш по тоа што вози жолто комбе... Инаку јас сум возач на црвениот автобус што пренесува илузии и по некоја поетеса со црвено шеширче на главата...
Да не бидам некултурен, фала за прашањето и она другото, знаеш кое

Изменето од majstorce62 - 20.Мај.2008 во 22:07
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 22:19
The CHASER

As I lie awake in bed, trying not to think ...

...whith eyes wide open, vulnerable and weak...

Knowing they're coming, but I can't stop the nightmares
Of the girl with long hair who meets me there...
When others rose to meet their fall,
She fell to rise again.

She represents all of the others...

...my trembling and fear each night she uncovers...

Though she may be the only one,
Her vector's process has begun.
When others rose to meet their fall,
She fell to rise again.

She's wanted since that very day...

...to take all the sweet dreams away...

Now each night I can't help but see
This ghostly form who's really me.
When others rose to meet their fall,
I fell to rise again.

Walking through my reeling mind...

...to remind me what I've left behind...

While satisfied in reality,
Haunting my dreams, my serendipity.
When others rose to meet their fall,
I fell and rose again.






Изменето од mamma - 20.Мај.2008 во 23:40
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 22:38
ПРЕПОРОД

Дојди, не срами се,
Ќе ти го покажам патот до твоите корени!
Дојди, допри го свиралото
Од чиста македонска дабовина,
Ќе ги слушнеш звуците што сиот ќе те отворат,
Звуците на песната на одродените
Што го загубиле патот до корените...
Од гордоста негова медовина ќе потече
- Спас за сите изгубени души
Во прериите на сопствената
Екстравагантна распродажба...
Ти си совршен виртуоз,
Јас обичен мајстор на свирала
Од чиста македонска дабовина
Што ќе ти го покажат патот до корените
И ќе те препородат...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 22:54
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

ПРЕПОРОД

Дојди, не срами се,
Ќе ти го покажам патот до твоите корени!
Дојди, допри го свиралото
Од чиста македонска дабовина,
Ќе ги слушнеш звуците што сиот ќе те отворат,
Звуците на песната на одродените
Што го загубиле патот до корените...
Од гордоста негова медовина ќе потече
- Спас за сите изгубени души
Во прериите на сопствената
Екстравагантна распродажба...
Ти си совршен виртуоз,
Јас обичен мајстор на свирала
Од чиста македонска дабовина
Што ќе ти го покажат патот до корените
И ќе те препородат...





Изменето од mamma - 20.Мај.2008 во 23:56
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 22:58
НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА

Послав рози,
Наши, домашни,
Што цветаат од мај до доцна есен
Да не си ги изглочкаш колениците
Кога ќе посакаш да ја удостоиш
Публиката во црвениот автобус
Со твојата најнова соната во це – дур
На кавалот што ќе те прослави
По сите меридијани
И ќе ги залечи сите рани во
Твојата одродена душа и
ќе ги надои твоите одродени корени
со соковите на животот
од домашните овоштарници...
Прошката одамна ти е дадена,
Дојди, промовирај го брендот
Наш, домашен,
Засвири со занес невиден,
Нека експлодира страста во тебе,
Нека се разлие дур во корените ти...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 23:48
Преправање

Прави се глува на клетвите
од закоравени домаќинки,
додека со мини здолниште
се шеташ пред зграда.
Тие вечер ќе си легнат
прекорувајќи се зошто
изеле два залака
повеќе на ручек.

Прави се слепа за погледите
на балкански мажјаци,
од кои јасно се чита
мислата за лесна жена.
Тие вечер ќе ги
опседнат бањите,
со збревтан здив
од жестока онанија.

Прави се луда на осудите,
зависта и глупоста,
кои сакаат да те убедат
дека си невредна.
Никој не ти ѕирнал
во срцето да види
дека и преку ден
таму светат светулките
на бесконечно простување.




Изменето од Quentin - 21.Мај.2008 во 00:01
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:09
Половично

Одамна знае тој
дека не е последниот
на кого му посакуваш
добра ноќ,
пред да заспиеш
со неверојатно чиста
совест,
по тешка кражба
на две тела.
Одамна знае тој
дека перниците
на твој парфем
ми мирисаат,
дека по секое
напивање од тебе,
останувам уште
пожеден,
дека усните со кои го
бакнуваш на враќање
дома, не се истите
со кои си излегла.
Одамна знае тој
дека не е случајност
што моето име на сон
го довикуваш,
дека има само
половина од
твојот допир,
твојата воздишка,
твојот поглед.
Дај му се нему
ноќва целата.
Ќе видиш дека
од навика,
ќе те гледа
со едно око,
ќе те љуби
со една усна,
ќе те допира
со една рака.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:44
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Половично

Одамна знае тој
дека не е последниот
на кого му посакуваш
добра ноќ,
пред да заспиеш
со неверојатно чиста
совест,
по тешка кражба
на две тела.
Одамна знае тој
дека перниците
на твој парфем
ми мирисаат,
дека по секое
напивање од тебе,
останувам уште
пожеден,
дека усните со кои го
бакнуваш на враќање
дома, не се истите
со кои си излегла.
Одамна знае тој
дека не е случајност
што моето име на сон
го довикуваш,
дека има само
половина од
твојот допир,
твојата воздишка,
твојот поглед.
Дај му се нему
ноќва целата.
Ќе видиш дека
од навика,
ќе те гледа
со едно око,
ќе те љуби
со една усна,
ќе те допира
со една рака.


ВООПШТО НЕ Е ВАЖНО КОЈ ОД КОГО ЈА КРАДЕ, ТУКУ КОЈ ПОВЕЌЕ ЈА СКА, КОЈ ПОСИЛНО КОПНЕЕ ПО НЕА, КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ РАДУВА НА НЕЈЗИНИОТ МИРИС...
СИЛЕН НАБОЈ ОД ЕМОЦИИ И УБАВИ ПЕРИФРАЗИ...ПРЕКРАСНО СИСТЕМАТИЗИРАНА МАТЕРИЈА... АКО НЕШТО ТИ ЗНАЧИ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:48
На незнајниот поет

Здраво,
непознато другарче.
Не ти знам ни лика,
ни тело,
ни стил на облекување,
ниту име не ти знам,
но песната
меѓу илјада
ќе ти ја препознаам
и ќе и се радувам.
Ќе ја густирам
збор по збор,
стих по стих,
ќе ја џвакам
на ситни залчиња
бавно, сосредочено,
да не ми избега
ниту еден вкус
ниту една состојка
ниту еден зачин,
и ќе чекам,
без да посегнам,
од пристојност,
да ме понудиш со уште.
За тоа време
ќе се прашувам
дали таа знае
и колку и значи
и дали со бакнежи
ја храни и оплодува
твојата дарба
што така штедро раѓа
сочни плодови,
или само тагата
е твојата
тајна љубовница.


Кон врв
Tamawa Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tamawa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:48
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Половично

Одамна знае тој
дека не е последниот
на кого му посакуваш
добра ноќ,
пред да заспиеш
со неверојатно чиста
совест,
по тешка кражба
на две тела.
Одамна знае тој
дека перниците
на твој парфем
ми мирисаат,
дека по секое
напивање од тебе,
останувам уште
пожеден,
дека усните со кои го
бакнуваш на враќање
дома, не се истите
со кои си излегла.
Одамна знае тој
дека не е случајност
што моето име на сон
го довикуваш,
дека има само
половина од
твојот допир,
твојата воздишка,
твојот поглед.
Дај му се нему
ноќва целата.
Ќе видиш дека
од навика,
ќе те гледа
со едно око,
ќе те љуби
со една усна,
ќе те допира
со една рака.


Ах колку е моќна песнава...браво
Life's a bitch,but SO AM I !!!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:58
Многу ми е мило што ви се допаднаа стиховите. Еве уште една песна, напишана во деновите додека ме немаше на форум.

Премолчно се согласив
на сите бубамари
да им порачувам
смртта како гостин
да ми ја донесат,
оти во себе веќе
долго умирам
не затворајќи очи
пред далечините
што ги извртуваш за мене,
со илјада свиоци
и уште повеќе стапици.
Во глуво доба,
скришум влегувам
во сите детски соби
и ги кинам бајките
со принцези и волшебници.
Да не се трујат тие
со отров на недостижна среќа,
со леплив восок на мисла
што илузии во бисерен ѓердан сврзува:
И си живееја среќно до крајот на животот...


Кон врв
Tamawa Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tamawa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 00:58
Спојување...


Еј ти,
ти што уште мирисаш на топла крв!
Можеш ли да ми кажеш како вчера
мирисаше пролетта?!
Последен пат ја сетив пред години,
тогаш мирисаше на свежи јагодки,
дрва, рацветани тополи.

Еј ти,
ти што уште мирисаш на топла крв!
Можеш ли да ми кажеш каков вкус
имаше вчера зеленото јаболко?!
Последен пат го вкусив пред години,
тогаш беше со сок полно,
одвај чекав мајка ми да ми набере
и да ги стави во сад пред мене.

Еј ти,
ти што уште мирисаш на топла крв!
Можеш ли да ми кажеш какво
беше вчера небото?!
Последен пат го видов пред години,
тогаш беше чисто,без облаци,
имаше само многу ѕвезди распрснати.

Еј ти,
ти што уште мирисаш на топла крв!
Можеш ли да ми кажеш каква песна
вчера пееа птиците?!
Последен пат ги слушнав пред години,
тогаш имаа некоја весела мелодија,
ми се чини пееа за љубовта.

***
Еј керко,
вчера пролетта мирисаше на оган и прав,
зеленото јаболко беше труло, гнило,
небото беше тажно,плачеше и сееше страв,
а птиците пееа тешко за времето што било.

Одвај чекав да ти се придружам,
во овој затвор бескраен темен и ладен,
чекав светлина да видам и на земја да се спружам,
зашто без тебе светот не беше праведен.
***

Мамо...мамо прости ми,
само сакав да видам како е да раширам крила и да летам,
мамо...но доцна сфатив дека немам каде да слетам,
жал ми е мамо ...жал ми е....
Life's a bitch,but SO AM I !!!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 01:02
Плач

Трчајќи во галоп,
ме одминуваат дивите коњи
на гибелта.
Во прашината што патот
од нивните копита ја наследува,
цртам скици од замислени светови,
населени со суштества
што плачот одамна го мотаат
во светкав целофан
и радосно си го подаруваат
на родендени.
Бев дел од тие светови.
Нивна месечина,
нежно растреперена
во полноќен езерски отсјај.
Темен,
студен,
толку сиромашен,
што дури и светлина
морав да позајмам.
Во световите каде плачот
се заборавил,
собирав дождовни капки
и создавав мориња,
за да ги пуштам по нив тежините
пред да ме удави прекорот
на сите залутани месечари.




Изменето од Quentin - 21.Мај.2008 во 01:03
Кон врв
Tamawa Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 41
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tamawa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 01:06
Закон! И ова твое дело многу ми се допаѓа! Одлично пишуваш,само така продолжи!   
Life's a bitch,but SO AM I !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.