IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:34
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Мајсторче..порано пишував кога бев заљубена..ти се верува дека сега не можам!? мислам секој збор нема толкава моќ колку љубовта што ја осекам спрема него...се изгубив љубов


ЗАТОА ЈАС НЕ СЕ ЗАЉУБУВАМ, ЗА ДА НЕ ЈА ЗАГУВАТ ЗБОРОВИТЕ МАГИЈАТА...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:47
majstorce e gneven
mnogu cesto koristi GOLEMI BUKVI.




Изменето од filmadzijka - 17.Јуни.2008 во 09:37
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:59
мајсторче така вели..зашто знае премногу да сака големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 03:03
mora da e toa
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 12:33
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (3)


                      По барање на Бисерна


        Никој не може посилно да почувствува несреќно вљубени погледи на момчиња од девојка на осумнаесетгодишна возраст чие тело е витко како трска и има бронзен прелив од бакнежи на јулско сонце. Станка имаше осумнаесет години и тело витливо како трска и, згора на тоа, прелиено со бронзен прелив од бакнежите на јулското сонце, но таа не беше свесна дека за трската се лепат несреќно вљубените погледи на момчињата кои заради неа, да тоа беше неоспорен факт, иако таа и за тоа ништо не знаеше, во последно време беа чести гости на речната плажа и дека плажата никогаш, и пред времето на градењето на градскиот базен, не била толку посетена, оти сето нејзино суштествување се поистоветуваше со момчето по име Горан и оти нејзините осумнаесет крилца само кон него првнуваа со радост, а неговиот лик беше единствено достоен по него да се разлијат далгите од двете езерца, толку благо и толку питомо облизнети под нејзиното чело.
        „ Има една тајна врска...“, почнува песната од почеток, по кој ли пат, исто како и тогаш, во приказната што оживуваше пред нејзините очи стара дваесет или дваесет и пет, или колку ли точно години истечено време низ коритата на животот...
        Станка Поп Тасева ги склопи кориците на книгата на спомените. Всушност, таа не склопи никакви корици од никаква книга, туку далга на слана го попари трендафилот на мислата што ја одведе во минатото на речната плажа близу Р. Едно штрекнување, едно шашардисување, едно вџашување ја прекина врската со топлиот повев од минатото што извираше од звуците на песната и плашиците што го образуваа второто име во срцето на маргината на учебникот се сторија вкочанетост, така што пред очите и се отвори името на ќерка и...
        „Има една тајна врска...„
        И крв!
        Не, крв немаше. Ниту капка крв немаше во неа. Немаше ниту околу неа, но таа имаше чувство како сета крв да истече од неа: од лицето, од рацете, од мозокот...
        Но каде ли истече? Можеби ја впија страниците на учебникот, како сунгер жеден за крв, оти долги години бил затворен во темнината на таванот, но таа не можеше да види ниту капка од сопствената крв по страниците оти тие почнаа споулавена игра на вртење, при што уште еднаш, и уште еднаш, вкупно седум пати, се појавија двете имиња како две црни кукавици во снегот на маргините.
        Знак, знак,знак,знак, знак, знак,знак, одбројува ѕидниот часовник од ѕидот во собата на ќерка и, една од двете што ги држешеа како потстанари кај разнесувачот на млеко, кој имаше син студент во метрополата и одвреме навреме се појавуваше во некое списание од уметноста и културата со некоја песна, секогаш со исти иницијали под насловот, на местото за посвета.
        Каков знак,каков знак,како знак, каков знак, каков знак,како знак, каков знак, излегува и влегува кукавичката во седалото во часовникот.
        Судбина,судбина,судбина,судбина, судбина,судбина,судбина, бие лудилото во слепоочниците на Станка Поп Тасева.
        Таи ли ќерка и нешто од неа?
        Кафез... кафез од лудило...Без решетки, а сепак тесен, проклето тесен: душата да ја склучиш во него не ќе може да ја собере...
        Тесен е кафезот, тесна е собата, тесна е куќата, тесен е градот, тесна е вселената...
        Или ништо не е тесно: ниту кафезот, ниту собата, ниту куќата, ниту градот, ниту вселената. Тесна е само таа, оти Горан влезе повампирен во неа, а повампирените не ги интересира страста кај жената туку ноќе, на полноќ, кога месечината ќе се исполни само си ја бараат изгубената душа...
        Тесна е и нејзината душа. Можеби само таа. Напнатите мускули на лудилото ги пукаат со години шавовите на кошулата во која беше облечена нејзината душа и ги бркаа од неа сите мажи што ќе и фрлеа соблазнителен опул, за да може, кога ќе огрее полна месечина да му погледне спокојно, со чисти мисли и уште почиста душа на Горан в очи, макар и на таков, повампирен.



аплауз,.... вредеше да чекам,...... големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 19:18
БИСЕРЧЕ, ИМА УШТЕ МНОГУ ПРОДОЛЖЕНИЈА, ЗАБОРАВИВ ДА НАПИШАМ - ЌЕ ПРОДОЛЖИ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 22:52
журка

андерграунд бунтовници
андеркавер љубовници
супкултурни просветители
екстратерестријални посетители
виртуелни екск*рзијанти
мултимедијални комедијанти
интергалактички таксисти
маргинализирани артисти
дезориентирани јуристи
...
се журкаат се пијанчат,
под маските сите исти -
обични статисти


Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 23:00
Originally posted by filmadzijka filmadzijka напиша:

журка

андерграунд бунтовници
андеркавер љубовници
супкултурни просветители
екстратерестријални посетители
виртуелни екск*рзијанти
мултимедијални комедијанти
интергалактички таксисти
маргинализирани артисти
дезориентирани јуристи
...
се журкаат се пијанчат,
под маските сите исти -
обични статисти




ВО ДРАМАТА НА МОЈОТ ЖИВОТ ЈАС ГО ИГРАМ ГЛАВНИОТ ЛИК...а, ЗАМИСЛИ, НЕ ФАЌАВ НИКАКВИ ВРСКИ КАЈ РЕЖИСЕРКАТА, САМА МЕ ОДБРА...

Изменето од majstorce62 - 19.Мај.2008 во 23:01
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 23:14
oskar se dobiva vo razni kategorii

Кон врв
darkangel Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај darkangel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 03:08
Дишеш ли?
Го чувствуваш ли воздухот како се спушта во твоите бели дробови?

Денес е понеделник. Почеток можеби.
Станувам опседната со емоциите. Можеби нема да трае, но се чувствувам убаво. Го боли знам. Ти го газиш и сеедно ти е, но тоа плаче и те проколнува. И таа исто така. Ти си едно чудовиште за неа. Се плашам по малку. Како би можела да се предадам, кога знам дека вас ќе ве повредам. Што ако премногу станам свесна за сите вие кои живеете тука? Ќе неможам повторно да дојдам. А навистина го обожавам овој мир. А вас ви наметнувам неспокој. Себична ли сум? Или тоа што сум свесна за вас ме прави помалку себична? Или можеби повеќе? Но јас...јас не ве откинав, не ве уништив..барем не сакајќи.
Простете ми..ве молам.
Можеби полудувам..ви пишувам вам...на тебе дрво кои стоиш тука со години, на тебе желко која живееш тука удобно...на тебе природо која си толку прекрасна и те обожавам. Поинаку ве гледам. Дали е тој виновен за тоа? Дали љубовтта која ја чувствувам ме прави толку ранлива, толку сочувствителна? Дали...дали...Дали ќе се вратам набрзо на моите материјално финансиски и економско политички погледи и ќе можам да го затворам својот видик на конечните работи кои носат само моментално задоволство?
Не сакам...сакам...можеби...
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 03:17
                                                      СЕЌАВАЊА

      ............Прв пат во животот носам крст.До мене е еден гробар кој ја одредува маршутата.Жештината ми удира во глава.Помислувам на ладно пиво.Се помислувам "дали е неприкладно" во овој момент на оваа температура што помислувам на ладно пиво?.Гледам во спомениците,мермерот е скап,се мислам.Некои од портретите баш успешни и познати.Еве го мојот наставник по историја....па поранешниот градоначалник....Најпосле стигнуваме на местото до ископаниот гроб.Над него има иедна малечка камена плоча а на неа две елипсидни готографии на порцелан.На едната е неговата сопруга.ПОчинала пред 20-тина години.На друфата тој,само многу млад.....Бабите си ги знаат добро улогите.Предходно сигурно мавнале по една од нога да им се пушти гласот.Го потпирам крстот до една ограда и се тргам подалеку од сиот тој циркус......Палам цигара....Ми беше далечен роднина а и комшија....Крсте добар човек.Живееше сам во малечка куќичка наспроти нашата.Вдовец,без деца,поранешен управник во некоја фабрика.После вториот инфаркт му дадоа инвалидска пензија.И покрај забраната од лекарите продолжи да пие.Се уништуваше потсвесно.Уште од мал кај него поминував добар дел од денот.Моите не ми бранеа.Ми беше пријатен неговиот хаос од книги,плочи,стрипови,еротски списанија.На ѕидовите имаше некакви чудни слики што ги правел татко му, икона на Свети Никола,една огромна слика од Тито,Рибља Чорба.Во младоста учествувал во некоја музичка група,свирел на игранки.Го гледав на фотографии со долга коса и обетка.Кога се вратил од војска заедно со уште двајца негови другари формирале трио и изведувале песни кои во тоа време биле популарни.Велеше еден ден ќе ја продаде куќата и ќе замине некаде каде што е мирно......Сакаше да живее.Му попуштија и нервите.ГО гледав од прозорот како влечкајќи се се прибира дома пијан.Се расправа со некој имагинарен лик.Пцуе и блада по влада и по држава.Веќе не наликуваше на онај Крсте кој јас го знаев и на некој начин ми беше некаков си идол.Понекогаш комшиите му викаа полиција.Ќе го собереа на една ноќ колку да се отрезни и после го пуштаа.Еднаш додека го пикаа во комбето ме забележа на балконот.Ја крена раката во тупаница небаре го апсат како некој голем криминалец и викна колку што го држи гласот "Крсте не ти можат ништо.....!!!" Му отпоздравив на ист начин со стисната тупаница.Веќе беше внатре.Го сместија во душевна болница - одделение за зависници.......Пошто бев на летен распуст и големата желба да го посетам и да го видам пак моите ми дозволија да го посетам.Се качив на такси.
    -Добар ден,каде одиме? - праша таксистот.(Личеше исто како оние од филмовите)
   -Душевна болница во Бардовци. - му одговарам
   -Одлично!Одамна не сум бил таму. - ми вели
Јас осатанв во прашалници после тоа што ми рече. Беше пријатен човек.Додека се возевме ми расправаше како порано работел во Железара останал без работа па збирал полжави,печурки абе што не.Ми понуди Ротманс(цигари).
   -Ајде запали од овие чоколадниве.Вакви пуши Бранко.Ги заборави еден муштерија утрово.Инаку ја пушам Ориентал - се насмеа.
   -Музика може? - праша чепкајќи во радиото
   -Може - му одговарам јас
Пушта Бјело Дугме.Почна да потпевнува.
   -Од мое време.-ми вика.Тоа беше музика а не ова денес.Пеењето стана погласно. Ја знаев и јас......


Ту би континуид......(мозокот ми се укоче)....

Ориџинал бај Блеки....

Изменето од $BlackDevil$ - 20.Мај.2008 во 03:18
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 07:34
THE CHASER

As I lie awake in bed, trying not to think ...

...with eyes wide open, vulnerable and weak...

Knowing they're coming, but I can't stop the nightmares
Of the girl with long  hair who meets me there...
When others rose to meet their fall,
She fell to rise again.

She represents all of the others...

...my trembling and fear each night she uncovers...

Though she may be the only one,
Her vector's process has begun.
When others rose to meet their fall,
She fell to rise again.

She's wanted since that very day...

...to take all the sweet dreams away...

Now each night I can't help but see
This ghostly form who's really me.
When others rose to meet their fall,
I fell to rise again.

Walking through my reeling mind...

...to remind me what I've left behind...

While satisfied in reality,
Haunting my dreams, my serendipity.
When others rose to meet their fall,
I fell and rose again.






Изменето од ...Well... - 20.Мај.2008 во 07:38
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 09:03
Originally posted by $BlackDevil$ $BlackDevil$ напиша:

                                                       СЕЌАВАЊА

      ............Прв пат во животот носам крст.До мене е еден гробар кој ја одредува маршутата.Жештината ми удира во глава.Помислувам на ладно пиво.Се помислувам "дали е неприкладно" во овој момент на оваа температура што помислувам на ладно пиво?.Гледам во спомениците,мермерот е скап,се мислам.Некои од портретите баш успешни и познати.Еве го мојот наставник по историја....па поранешниот градоначалник....Најпосле стигнуваме на местото до ископаниот гроб.Над него има иедна малечка камена плоча а на неа две елипсидни готографии на порцелан.На едната е неговата сопруга.ПОчинала пред 20-тина години.На друфата тој,само многу млад.....Бабите си ги знаат добро улогите.Предходно сигурно мавнале по една од нога да им се пушти гласот.Го потпирам крстот до една ограда и се тргам подалеку од сиот тој циркус......Палам цигара....Ми беше далечен роднина а и комшија....Крсте добар човек.Живееше сам во малечка куќичка наспроти нашата.Вдовец,без деца,поранешен управник во некоја фабрика.После вториот инфаркт му дадоа инвалидска пензија.И покрај забраната од лекарите продолжи да пие.Се уништуваше потсвесно.Уште од мал кај него поминував добар дел од денот.Моите не ми бранеа.Ми беше пријатен неговиот хаос од книги,плочи,стрипови,еротски списанија.На ѕидовите имаше некакви чудни слики што ги правел татко му, икона на Свети Никола,една огромна слика од Тито,Рибља Чорба.Во младоста учествувал во некоја музичка група,свирел на игранки.Го гледав на фотографии со долга коса и обетка.Кога се вратил од војска заедно со уште двајца негови другари формирале трио и изведувале песни кои во тоа време биле популарни.Велеше еден ден ќе ја продаде куќата и ќе замине некаде каде што е мирно......Сакаше да живее.Му попуштија и нервите.ГО гледав од прозорот како влечкајќи се се прибира дома пијан.Се расправа со некој имагинарен лик.Пцуе и блада по влада и по држава.Веќе не наликуваше на онај Крсте кој јас го знаев и на некој начин ми беше некаков си идол.Понекогаш комшиите му викаа полиција.Ќе го собереа на една ноќ колку да се отрезни и после го пуштаа.Еднаш додека го пикаа во комбето ме забележа на балконот.Ја крена раката во тупаница небаре го апсат како некој голем криминалец и викна колку што го држи гласот "Крсте не ти можат ништо.....!!!" Му отпоздравив на ист начин со стисната тупаница.Веќе беше внатре.Го сместија во душевна болница - одделение за зависници.......Пошто бев на летен распуст и големата желба да го посетам и да го видам пак моите ми дозволија да го посетам.Се качив на такси.
    -Добар ден,каде одиме? - праша таксистот.(Личеше исто како оние од филмовите)
   -Душевна болница во Бардовци. - му одговарам
   -Одлично!Одамна не сум бил таму. - ми вели
Јас осатанв во прашалници после тоа што ми рече. Беше пријатен човек.Додека се возевме ми расправаше како порано работел во Железара останал без работа па збирал полжави,печурки абе што не.Ми понуди Ротманс(цигари).
   -Ајде запали од овие чоколадниве.Вакви пуши Бранко.Ги заборави еден муштерија утрово.Инаку ја пушам Ориентал - се насмеа.
   -Музика може? - праша чепкајќи во радиото
   -Може - му одговарам јас
Пушта Бјело Дугме.Почна да потпевнува.
   -Од мое време.-ми вика.Тоа беше музика а не ова денес.Пеењето стана погласно. Ја знаев и јас......


Ту би континуид......(мозокот ми се укоче)....

Ориџинал бај Блеки....


БЛЕКИ, МАЈСТОРСКИ ГО РАЗВИВАШ МАТЕРИЈАЛОТ ВО ЕКСПОЗИЦИЈАТА И ГРАДИШ ЗАПЛЕТ КОЈ ВЕТУВА ИНТЕРЕСНО И ВОЗБУДЛИВО ЧЕТИВО... РЕЧЕНИЦИТЕ СЕ ОДМЕРЕНИ, ТАМАН ТОЛКУ КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ СОЗДАДЕ КОМПЛЕТНА СЛИКА, НАПАТИ СУГЕСТИВНО, НАПАТИ ПЛАСТИЧНО... ЧЕКАМ ПРОДОЛЖЕНИЕ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 23:59
Звукот на гитара
потсетува
на патувачка далечина,
зад која остануваат
сите табли на места
што се одминуваат
како сонливи привиденија,
на лица од луѓе чии изрази
неподвижно се фаќаат
во брзо напуштање,
на патишта што змиулесто
исчезнуваат под гумите
на еден вртлог.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.