IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 86>
Автор
Порака
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 18:43
stom verata pocne da se mesa vo politikata i obratno , stanuva mnogu seriozno i opasno .....
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 18:52

Верниците се жртви на партиските политики и предизборните кампањи смета сменетиот имам Хоти

Муслиманските верници од бошњачката заедница заедно со имамот Џеват Хот се вратија во џамијата Хатунџук. Вчера тие ја напуштија џамијата во знак на револт поради големото присуство на припадници на полицијата кои го придружуваа Реис-улема Сулејман Реџепи и високите функционери на ДПА предводени од заменик министерот во оставка, Рефет Елмази. Имамот Хот вели дека верниците Бошњаци од оваа џамијата се жртви на партиски препукувања и на предизборната кампања

“Очигледно е дека препукувањата одат по оваа линија, а ние верниците , Бошњаците на кои што ни беше ветена оваа џамија и од страна на Исламската заедница и од страна на општината која се заложи и да ја изгради и да дозволи во неа верниците Бошњаци и сите оние на им е близок босанскиот јазик, а тука влегуваат и Торбешите и Македонците муслимани да можат да доаѓаат тука и да ги обавуваат своите верски молитви кои не можат да ги обават во други џамии бидејки не го разбираат албанскиот јазик, а во 99 насто од другите џамии се зборува на албански„ рече Хоти.     


Поглаварот на ИВЗ Реџепи вчера изјави дека во џамијата не се случил никаков инцидент и дека тој се појавил за да докаже дека џамиите се под надлежност на ИВЗ.

“Какво насилство? Јас сум тој кој ја преставува Исламската заедница. Јас сум легалниот и легитимната личност, тука нема никакво насилство„ изјави Реџепи.

“Луѓето малку беа вознемирени, но апелиравме да се смират страстите и да не се дозволи да бидат испровоцирани и како што и самите видовте се се одвива по старо„ вели Хот.

Од МВР изјавија дека полицијата и припадниците на специјалната единица Алфи биле присутни пред џамијата за  да се спречи можен инцидент поради присуството на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во џамијата.
Од ДПА, присуството на високите партиски претставници го оценија како нормално присуство на петочната молитва. Тие, ја избрале џамијата за да ја извршат петочната молитва и немале никаква друга цел, изјави вчера портпаролот на изборниот штаб на ДПА, Феџри Селами.

Несогласувањата во џамијата започнаа откако ИВЗ го оспори работното место на имамот Хот и на негово место именува нов имам кој верниците Бошњаци не го прифаќаат.



Изменето од DAIJA - 17.Мај.2008 во 18:54
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:00

Организацијата од Кувајт Islamic Society Heritage која соработува со скопската издавачка куќа НУН не е на листата осомничени за тероризам

На црната листа на Обединетите Нации почнувајќи од 2002-ра година, па се досега се наоѓаат само канцелариите на Revival of Islamic Society Heritage во Авганистан и Пакистан. Податоците се објавени на официјалната интернет страница на Светската организација, и според нив на црната листа се само двете канцеларии и за нив се однесуваат санкциите наменети за организации кои соработуваат со Ал Каеда. МВР вчера соопшти дека полициската акција и претресот во издавачката куќа НУН, хуманитарната организација “Бамирсија“ и во неколку други објекти се извршени по предупредување од една домашна банка дека од канцелариите на организацијата Revival of Islamic Society Heritage во Кувајт на името на директорот на издавачката куќа НУН, Бекир Халими се префрлени пари со назнака – плата. Халими ги отфрли сомнежите.

„Сомнително во целата трансакција е тоа што таа меѓународна организација се наоѓа на црната листа на Обединетите нации која што е составена од организации поврзани со Ал Каеда. Откако е проверена таа информација МВР отвори истрага и проверуваше повеќе сознанија и трансфери на пари во кои е вклучено лицето. Инаку станува збор за лице кое фигурира како потписник односно сопственик на издавачка куќа, а исто така постојат сомневања дека лицето стои и се наоѓа во раководството на едно хуманитарно здружение регистрирано тука во Македонија„ изјави вчера Иво Котевски, портпарол на полицијата

„Овие обвинувања се само обвинувања се додека не се докажат пред суд. Сето ова е клевета, поради што ќе поднесам и кривична пријава за тој што ја изнесе. Кувајтското здружение е официјално регистрирано во оваа земја и легитимно дејствува, а станува збор за држава која е близок сојузник на САД во борбата против тероризмот. Така што да се обвинува оваа соработка со финасирање на тероризам е деликатна и нејасна работа бидејќи претходно оваа организација би требало да биде затворена во земјата каде е основана, а потоа и во останатите земји„ рече вчера Беќир Халими.
Од МВР велат дека продолжуваат истрагите и дека запленетиот материјал во акцијата во четвртокот му е предаден на истражен судија кој ќе потврди дали имало злоупотреба на пари за криминални цели и дали постојат елементи на финансиска злоупотреба или перење на пари. Не е покренато ниту една кривично пријава и станува збор само за сомнежи, велат во МВР. Двете канцеларии на Revival of Islamic Society Heritage (Заживувањето на наследството на исламското општество) во Авганистан и Пакистан се наоѓаат и на црната листа на САД. Според американската администрација овие канцеларии злоупотребиле донирани средства за хуманитарни цели од централната канцеларија во Кувајт, но немало докази дека Централната канцеларија во Кувајт на Revival of Islamic Society Heritage знаела за злоупотребата на парите од канцелариите во Авганистан и Пакистан за терористички цели.

Првиот човек на организацијата „Revival of Islamic Society Heritage“, ги отфрли сите обвинувања дека централата во Кувајт е вмешана во било какви незаконски дејствија и во тероризам

Првиот човек на организацијата „'Revival of Islamic Society Heritage, од Кувајт (Преродба на наследството на исламското општество) Тарик Иса, во изјавата за ТВ Алсат ги отфрлува обвиненијата на МВР и вели дека сè со што тој управува е законско и документирано. Тарек Иса, вели дека цел на неговата организација е да им помогне на сиромашните, сираците, студентите и дека нема никаква врска со тероризам или киднапирање на авиони.

„ Ние сме чиста хуманитарна организација, немаме ништо заедничко со оружјето, против сме на киднапирањето на авиони, експлозии, против убиствата на луѓе, против Ал Каеда и против секој вид на тероризам. И познати сме кај нашата влада, во нашата земја и во многу земји во светот... Станува збор за смешна грешка, бидејќи за луѓето кои работат во исламските хуманитарни организации по 11 септември во САД, се има погрешно мислење. Ние работиме веќе 25 години, имам добри односи со странските земји, со нашата влада и не работиме со личности, туку со официјални организации. И ние сме против тероризмот и против секаква друга форма на активност против човештвото. Ние имаме документи за да го докажеме ова што го велиме. Тоа што велат за нас се лаги.“

Споменувајќи ги често добрите намери на организацијата што тој ја управува, Иса Рече дека таа е официјално признаена и дека нејзини членови се и министри од кувајтската влада или членови на парламентот, интелектуалци и дека воопшто нема ништо заеднички со тероризмот. Пред два дена полицијата заедно со даночните инспектори и финансиската полиција извршија акција во две верски организации во Скопје, издавачката куќа НУН и хуманитарната организација „Добродетелство” бидејќи наводно биле финансирани од страна на терористичката организација „Revival of Islamic Society Heritage“. Но на Интернет, ООН на црната листа ги објавија само ограноците на оваа организација во Авганистан и во Пакистан, а не и нејзиниот центар што се наоѓа во Кувајт. Во нивното објаснување се вели дека не постојат докази дека оваа организација во Кувајт е вмешана или дека знаеле дека канцелариите во Авганистан и во Пакистан ја злоупотребиле нивната донација.


Изменето од DAIJA - 17.Мај.2008 во 19:12
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:01
vesti se be druze
vesti za nesto sto nie vo MK go gledame na vesti.....
Jasno?
 
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:04
Izgleda tebe ne ti e jasno sto se vesti, a sto se lichni razmisluvanja i komentari.

Ova ne e mesto kade se postiraat lichni pogledi na drugi lugje.

Jasno ???
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:14
Vi otvoriv nova tema KOMENTARI, MISLENJA, ANALIZI i tamu postirajte gi site raboti koi ste gi nashle po knigi, magazini ili na internet o koi imaat verska tematika i sodrzhina i za koi smetate deka bi bile interesni za poshirokiot krug na chlenovi od ovoj forum.

Temata Verski Vesti ve molam da ja koristite samo za aktielni verski vesti.

Vi blagodaram za razbiranjeto i sorabotkata.

Изменето од Messenger - 18.Мај.2008 во 02:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2008 во 01:41
На 20. 05. 2008 година, во 18 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Премиерот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски ја пуштија во употреба реновираната галерија на икони во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип.

Во галеријата беа реставрирани околу 80 икони, при што целата реставрација беше финансирана од Владата на Р. Македонија преку Заводот за заштита на културните споменици и музеј – Штип.

(Preminportal)
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 01:31
Планинари ќе пешачат по патот на пустиножителите      

Триесетина планинари од повеќе планинарски друштва од Македонија и од Бугарија, денеска ќе ја пропешачат патеката долга 40 км, од Лесновскиот до Осоговскиот манастир. Тие се учесници на шестата Меѓународна планинарска трансферзала „4М-1“, која е една од највозбудливите и најатрактивните.

Таа ја следи легендата од 11 век за четворицата пустиножители од Лесновската Гора - Јоаким Осоговски, Јован Рилски, Прохор Пчињски и Гаврил Лесновски и нивниот пустиножителски пат по разделбата на четири различни страни.На стартот пред Лесновскиот манастир, на изгрејсонце ќе бидат пуштени шест гулаби, кои симболично ќе го одбележат шестото изведување на оваа меѓународна трансферзала.

Тие, на уникатен начин, со порака прикачена за прстен на нивната нога, ќе ја пренесат пораката за бројната состојба на учесниците до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, каде што ќе бидеме пречекани на зајдисонце со традиционалното манастирско гравче. Оваа патека ги опфаќа најатрактивните природни и културни вредности и е предизвик за секој планинар.

Тоа не е обично пешачење, туку откривање на убавините што го надополнуваат човекот со природата. Ова неповторливо доживување, со ексклузивни фотографии, сите љубители на планинарењето може да го видат на интернет-страницата www.planinarenje.org - вели организаторот и планинарски водач Стојанче Величковски.Утре планинарите ќе ги посетат водопадите на Станечка Река во селото Станци, Кривопаланечко, кои се дел од алтернативните патеки на трансферзалата.

(Дневник)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 01:33
Книга “СТАТИИ НА ВЕЛИК ПЕТОК“ и ЦД – заедничко издание на Американско-Канадска И Европска Епархија

Деновиве излезе од печат заедничкото издание на Американско-канадската Епархија и Европската епархија “Статии на Велик Петок“ со додаток на аудио ЦД, во кое се испеани првите десет стихови од секоја статија.
Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“ при Македонската Православна богословија “Св.Климент Охридски“, раководен од протопсалтот Гоце Секуловски. За печатењето на книгата и ЦД-то се погрижи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски Пимен.

http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=320&Itemid=58
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 01:45
Симпозиум “Охридската евангелска дејност на Николај Велимировиќ” во Шабац, Србија

На 03 и 04 мај 2008 г. во организација на епархија Шабачка (СПЦ) и епархиите Дебарско-кичевска и Праспанско-пелагониска (МПЦ) во манастирот “Св. Владика Николај Велимировиќ” во Соко Град во Србија, се одржа Симпозиум на тема “Охридската евангелска дејност на Николај Велимировиќ (1920-1934)”.

На покана на Шабачкиот владика г. Лаврентиј, на овој Симпозиум беше поканета делегација од Македонската Православна Црква предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

На Симпозиумот свои реферати прочитаа Јеромонах д-р Григориј Настески и јеромонах м-р Јосиф Пејовски (Охридската книжевна школа како основа за македонската и останатите словенски култури) од Дебарско-кичевската епархија и г. Александар Гулевски (Непознати фотографии на Николај Велимировиќ од фондот на Милтон Манаки) од Преспанско-пелагониската епархија.

На Преспанско-пелагониската епархија, на која своевремено надлежен архиереј бил владиката св. Николај Охридски и Битолски, од страна на Епископот Шабачки г. Лаврентиј ѝ беше доделен орден кој му беше предаден на сегашниот надлежен архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. По тој повод, исто така и на Општина Битола ѝ беше доделен орден, кој го прими претседателката на Советот на општина Битола, г-ѓа Лилјана Кузмановска.

Симпозиумот се одвиваше во пријатна пријателска и братска атмосфера.

http://preminportal.com.mk/content/view/1848/53/
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 13:34
Се венчаа дваца свештенци хомосексуалци!


Станува збор за Питер Ковел и Дејвид Лорд кои пред триесетина дена тајно се венчале во цркавата Бартоломеа во Лондон, при што си размениле бурми и меѓусебно се заколнале на доживотна верност

Традиционалистите во Англиканската црква завчера збеснаа кога дознаа дека двајца нивни колеги свештеници, кои се хомосексуалци, уште пред месец дена се венчале, а тоа никој не го знаел. Станува збор за Питер Ковел и Дејвид Лорд кои пред триесетина дена тајно се венчале во цркавата Бартоломеа во Лондон, при што си размениле бурми и меѓусебно се заколнале на доживотна верност.

Свештениците Ковел и Лорд се партнери повеќе години, а венчавката ја извршиле пред неколку стотини гости со сите црковни адети, што уште повеќе ги згрозило нивните колеги од Англиканста црква. "Оваа венчавка ги урна сите црковни закони и е закана за целата црква. Со ова се поткопува дорвербата кај верниците" - рече портпаролот на оваа црка во Лондон. За жал, венчавката наиде на одобрување кај дел од англиканските свештеници кои изјавија дека "не гледаат ништо лошо во благословувањето на вакви двојки"!


Вечер Online


Изменето од deshad - 16.Јуни.2008 во 13:35
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 23:12
БАШ СЕГА СЛУШНАВ ДЕКА ДВЕ ОСУМДЕСЕТ ГОДИШНИ АМЕРИКАНКИ ХРИСТИЈАНКИ - СТАПИЛЕ ВО БРАК.
ВЕСТА БЕШЕ ПРЕНЕСЕНА НА А1 ТЕЛЕВИЗИЈА.

НАВИСТИНА ХРИСТИЈАНСКАТА ЉУБОВ НЕ ЗНАЕ ЗА ГРАНИЦИ.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 00:04
Deshad imash vtora opomena za potsmevanje na veri i vernici samo zatoa sto ne se slozhuvash so niv. Isto taka, obidi se da ne koristish primeri na poedinci za generalizirani tvrdenja upateni kon celi narodi ili vernichki grupi. Toa e isto kako nekoj da upotrebi primer na terorista-samoubiec za da tvrdi deka site muslimani se teroristi koi nediskriminatorno ubivaat nevini lugje, zheni i deca. Sledniot pat nema da te opomenuvam za shirenje verska netrpelivost, tuku ke te baniram.

Dali se slozhuvame lichno ili ne so vakvite postapkl na poedinci koi si gi navel vo vesta e edna rabota, a dali toa e dozvoleno ili ne spored odredeni religii e sosem druga rabota. Na zapad sega se poveke se ostava do samite lugje da si odredat so kogo i kako sakaat da zhiveat, bez da bidat sankcionirani od opshtestvoto.

Znaeme deka vo nekoi drugi opshtestva toa se ushte se kaznuva so smrt...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 00:02
28.08.2008 19:57
 
 

Четворица луѓе загинаа кога мал авион се урна денеска околу пладне во близина на селото Скребатно кај Охрид или поточно во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица.

Се работи за моторен авион од типот цесна кој се урнал додека ја надгледувал месноста каде што денеска илјадници православни верници го прославуваат празникот Голема Богородица.

Патнички авион со ознаки Z-3 ДCV најверојатно удрил во паркирано патничко возило застава 750 при обид ниско да го надлета местото. При падот се оштетени уште две возила.

Загинаа Ѓорѓи Ѓоре Ристевски, сопственик на хотел-ресторанот „Ловец“, неговиот сват Јонче Цалески и Гоце Тасески, вработен како угостител во ресторанот „Ловец“. Веднаш по несреќата почина и пилотот Славчо Георгиев, сопственик на пилотската академија Скопје ЕР.

Во автомобилот во кој удрило леталото се наоѓало дете, кое освен шок нема други повреди.

По извршениот увид, истражен судија дал налог за вештачење за техничката исправност на авионот. Авионот треба да биде пренесен во Скопје, каде ќе се изврши вештачењето.

Исто така, дадена е наредба за извршување на обдукција на телото на Георгиев, заради испитување на здравствената состојба на пилотот и евентуално присуство на алкохол.

Очевидци наведоа дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата. Причините поради кои се урнал авионот сеуште не се познати.



Изменето од EvAngelos - 29.Август.2008 во 00:02
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.