IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 138>
Автор
Порака
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2008 во 16:04
Originally posted by darkangel darkangel напиша:

Молк! Толку е прекрасна тишината. Во неа лебди воздухот што ти го дишеш. На небесната светлина се гледаат зраците на живот кои ги вдишуваш и издишуваш...

Живем со твојот мирис. Кога се впивам до тебе и ја исцрпувам твојата енергија, ја превземам секоја твоја мала миризлива супстанција, ја сместувам во своите ноздри и ја вдишувам како единствен избор за да опстојам. Значи твојот мирис е моето постоење...

И кога гледаш во моите очила..го гледаш одразот на своето лице, своите очи. И кога ги оставам секој пат на масичката, знај, пред тебе се разголувам. За да можеш да видиш се, Се затоа што и без нив можеш да се погледнеш себеси..во моите очи....

Ако ги оставам своите усни на твоето чело, усна, рамо и ги притискам силно, не е за да оставам печат или бол. Ги собирам твоите вкусови и тие опстојуваат на врвот на мојот јазик. И секоја храна го има твојот вкус..и со секоја течност јас те вкусувам одново и одново....

Сега дојди и допри ме, прегрни ме...влези во мене и јас ќе те имам, ќе го имам секое Ти во мене..и кога ќе заминеш ќе останат звукот на тишината во која прекрасно танцувавме, мирисот твој кој го чувствувам насекаде, вљубениот поглед и вкусот на љубовтта кој знам ќе стане горчлив како и солзите што тогаш ќе ме прегрнат.

................

Тогаш настана виножитото...зад маглата и врнежливите денови. Се всели сјај во моите очи од сонцето што блескаше над неговите бои. Ме прегрна силно и тогаш сфатив...

Љубовтта нема форма и е безгранична...а јас навистина немав начин на кој можев да ја изразам сета. Затоа го украдов виножитото..ги сокрив неговите бои во твојата коса...и кога ќе дојдат врнежливите денови..дојди, појави се повторно и избркај ги облаците.

 
...големо%20гушкање...darkiiiiiiiiiiiii...големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 04:29
Преселба

Не носам куфери
со себе кога се селам.
Само чувства одлепени
од подот што повеќе
нема да го газам,
и очи наполнети
со прозрак од утра,
што само овде
така јарко изгреваат.
Сомнежливо ги вртам
страните на светот
и со камења мавам
по новите катчиња
што се нудат
да ми го засолнат телото.
А духот каде да го ставам?
Во малата четка што
го ретушира грдиот простор?
Или во темниот безизлез
на врата што ме чека?
Или во новите луѓе
чии лица ми се едни па исти?
Прегорува последната свеќа
на чекањето.
Новите патишта се измиени
за свежи стапки.
А моите нозе стојат.
Со чувствата и тие
се залепиле на подот.




Изменето од Quentin - 15.Мај.2008 во 04:29
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 19:56
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

          
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА 2

        Потоа девојките поитаа во средба и прегратка на две насмевки што токму во тој миг излегоа од утробата на една БУБАМАРА, едната сокриена во скубка сува трева, а другата искапена во грст ефтина колонска вода.
        Исписка ли навистина змијулчето „Горан на Кацарци“? Можеби само и се присторило…Можеби беше некој друг Горан, Горан на Цацарци, Горан на Козарци, Горан на Коларци, кој било Горан, само не на Кацарци.
          Сигурно, сигурно така некако, само нејзе и се беше присторило Горан на Кацарци, оти рекичката што ржеше под мовчето, лута на неговите столбови, не беше изгубила ниту половина од силата со којашто тој ден ја оживеа претпладневниот пороен дожд, па некоја од буквите од презимето, протинајќи се низ нејзината озабеност си го беше сменила своето значење…
        Девојките исчезнаа со двете насмевки во утробата на Бубамарата и немаше кого да праша за потврда. Можеби затоа апежот продолжи да и ги следи чекорите в долж кејот и да блува нови отрови во нејзиното спокојство:
          Гораннакацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарци…
          Каков апеж, какво блеење отрови во дамарите на раатот!? Па тоа градскиот часовник си ја вршеше својата обикновена, секојдневна работа, како вчера, како завчера, како, впрочем, и утреден што ќе стори, како всушност и пред сто години, значи, отсекогаш, од денот кога го изѕидал некој познат чорбаџија од градот, тој, точно во тоа време, се провикнува од камената кула и ги растревожува и забрзува тие што доцнат.
        Седум пати се провикна часовникот, таман толку, колку што беше доволно во неа да се раскокаат ждребињата на тревогата, оти со Горан во седум имаше закажано во паркот, па таа го издолжи чекорот и заборави на апежот, заборави на змијулчето со крлушки од мраз по стомакот и птицата повторно се распеа, издолжувајќи и го двојно чекорот.
                     

          ************



      По којзнае кој пат Станка Поп Тасева враќаше една иста песна во музичкиот систем, што и го купи на ќерка си за нејзиниот четиринаесетти роденденЈа слушала истата пред дваесет, пред дваесет и пет, пред колку ли точно години, а мислите и се загледани во минатото, низ некоја пајажина од топла влага,во некои далечни, тажни очи е врамена малечка собичка на момче, еден грамофон и една плоча на него, а плочата се врти педесет, седумдесет и пет, стопати во еден ден и не покажува знаци на умор, на здодевност, на сафра, туку ја исполнува собичката со топлина и нежност на пролетно пладне.
       По дваесет, или дваесет и пет, боже, по колку ли точно години, скорна од топла влага го замаглува небото во очите на Станка.
       - Каква игра играш со мене судбино? – рапавиот сунѓер на растреперената дланка минува благо по двете неба, ја собира топлата роса од нив, - Каков е овој знак што ми го праќаш?
                         „Има некоја тајна врска...“ во очите што гледаат во минатото врамена е една соба, а во делот од мислите што се држи со магарешки инает за сегашноста копа и рие едно прашање; таи ли ќерка и нешто од неа или песната е случај на коинциденција, оти за својата тајна, за својата црна судбина никому ништо не кажала, ја закопа длабоко во себе и реши да ја однесе в гроб.       
        Прв пат го сретна знакот на судбината пред неколку недели. Или поточно го откопа, го откорна со вџашените очи како што се откорнува со ковачки клешти клиенец од тополова чатма.
                     Од каде се го откорна знакот?
                     Од маргините во учебникот на ќерка и.
                     Каква форма имаше знакот?
                     Форма на срце.
          Но зошто срцето беше врежано во снегот на маргината со црн фломастер? Чии имиња беа испишани во срцето? Само едното и се откриваше – Горан. Второто тераше некој инает, па и се мрешкаше во очите како плашица во матна вода и ја менуваше формата, криејќи се секогаш кога ќе помислеше дека го уловила во стреата на дебелата линија од фломастерот...            
                            И, зошто ја отфрлаше можноста дека тоа е еден од учебниците од кои таа учеше како ученичка во истотот училиште до кое ќерка и секојдневно по двапати минуваше пат од седумстотини и осумдесет метри и се враќаше дома со двојно повеќе одликувања, начичкани на нејзиното тексас палтенце во вид на вљубени момчешки погледи и воздишки...
        Да, веројатно ќерка и чепкала во правот по таванот на татко и и го донела учебникот со намера да ја потсети на нејзините ученички денови и да ја заскокотка наивно по нејзината интима, ама ете, заборавила да и се пофали со резултатот на своето археолошко истражување.       
          Каква моќ можее да има едно „веројатно“, стутулено во сиво кожувче на зајак во прнарот на стравот!?
          Со здив на развигор тоа ги стопи снеговите во нејзиното срце, го расцути трендафилот на смрзнатата мисла и Станка пак беше онаа младата, осумнаесетгодишната девојка, најубава на речната плажа близу Р.


ПРОДОЛЖУВА


мајсторче колку време треба да те чекам за продолжението ???  трепкањетрепкањетрепкање
Кон врв
girl93 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај girl93 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:07
Na grobot moj
Ako cveketo na mojot zivot
go sroni i posledniot list,
dojdi na mojot grob,
poseti go mojot vecen dom.

Zemi dve beli i dve crveni ruzi,
kazi mi te sakav i raka pruzi,
ostavi gi na grobot od kamen
da stojat vecno tamu.

Navedni se i zaplaci tivko,
dopri go kamenot studen,
i taa nok nemoj da zaspivas,
napisi mi pesna,ostani buden.

A utredenta,od rani zori,
poseti go vecniot dom moj,
ostavi ja pesnata za mene,
a jas ke go pomnam vecno likot tvoj.
Кон врв
girl93 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај girl93 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:11
    Ноќва

Ноќва е најтемната ноќ,
ноќва ветерот има моќ,
ноќва моќниот ги мрси моите коси,
ноќва капка по капка моето лице се роси.

Ноќва клета ми одзема пола живот,
ноќва,можеби ќе останам и без здивот,
ноќва,можеби,е крај на се,
а можеби нема да умрам ноќва,не.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:43
До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:50
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам...



...намигнување....големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

ајде јас чекам,.... трепкање
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 21:01
Originally posted by Biserna_Devojka Biserna_Devojka напиша:


Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам...
...намигнување....големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеајде јас чекам,.... трепкање


Таман ќе заврши и учебната година, па ќе си имаш бесплатно читање преку летово
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 22:23
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (3)


                      По барање на Бисерна


        Никој не може посилно да почувствува несреќно вљубени погледи на момчиња од девојка на осумнаесетгодишна возраст чие тело е витко како трска и има бронзен прелив од бакнежи на јулско сонце. Станка имаше осумнаесет години и тело витливо како трска и, згора на тоа, прелиено со бронзен прелив од бакнежите на јулското сонце, но таа не беше свесна дека за трската се лепат несреќно вљубените погледи на момчињата кои заради неа, да тоа беше неоспорен факт, иако таа и за тоа ништо не знаеше, во последно време беа чести гости на речната плажа и дека плажата никогаш, и пред времето на градењето на градскиот базен, не била толку посетена, оти сето нејзино суштествување се поистоветуваше со момчето по име Горан и оти нејзините осумнаесет крилца само кон него првнуваа со радост, а неговиот лик беше единствено достоен по него да се разлијат далгите од двете езерца, толку благо и толку питомо облизнети под нејзиното чело.
        „ Има една тајна врска...“, почнува песната од почеток, по кој ли пат, исто како и тогаш, во приказната што оживуваше пред нејзините очи стара дваесет или дваесет и пет, или колку ли точно години истечено време низ коритата на животот...
        Станка Поп Тасева ги склопи кориците на книгата на спомените. Всушност, таа не склопи никакви корици од никаква книга, туку далга на слана го попари трендафилот на мислата што ја одведе во минатото на речната плажа близу Р. Едно штрекнување, едно шашардисување, едно вџашување ја прекина врската со топлиот повев од минатото што извираше од звуците на песната и плашиците што го образуваа второто име во срцето на маргината на учебникот се сторија вкочанетост, така што пред очите и се отвори името на ќерка и...
        „Има една тајна врска...„
        И крв!
        Не, крв немаше. Ниту капка крв немаше во неа. Немаше ниту околу неа, но таа имаше чувство како сета крв да истече од неа: од лицето, од рацете, од мозокот...
        Но каде ли истече? Можеби ја впија страниците на учебникот, како сунгер жеден за крв, оти долги години бил затворен во темнината на таванот, но таа не можеше да види ниту капка од сопствената крв по страниците оти тие почнаа споулавена игра на вртење, при што уште еднаш, и уште еднаш, вкупно седум пати, се појавија двете имиња како две црни кукавици во снегот на маргините.
        Знак, знак,знак,знак, знак, знак,знак, одбројува ѕидниот часовник од ѕидот во собата на ќерка и, една од двете што ги држешеа како потстанари кај разнесувачот на млеко, кој имаше син студент во метрополата и одвреме навреме се појавуваше во некое списание од уметноста и културата со некоја песна, секогаш со исти иницијали под насловот, на местото за посвета.
        Каков знак,каков знак,како знак, каков знак, каков знак,како знак, каков знак, излегува и влегува кукавичката во седалото во часовникот.
        Судбина,судбина,судбина,судбина, судбина,судбина,судбина, бие лудилото во слепоочниците на Станка Поп Тасева.
        Таи ли ќерка и нешто од неа?
        Кафез... кафез од лудило...Без решетки, а сепак тесен, проклето тесен: душата да ја склучиш во него не ќе може да ја собере...
        Тесен е кафезот, тесна е собата, тесна е куќата, тесен е градот, тесна е вселената...
        Или ништо не е тесно: ниту кафезот, ниту собата, ниту куќата, ниту градот, ниту вселената. Тесна е само таа, оти Горан влезе повампирен во неа, а повампирените не ги интересира страста кај жената туку ноќе, на полноќ, кога месечината ќе се исполни само си ја бараат изгубената душа...
        Тесна е и нејзината душа. Можеби само таа. Напнатите мускули на лудилото ги пукаат со години шавовите на кошулата во која беше облечена нејзината душа и ги бркаа од неа сите мажи што ќе и фрлеа соблазнителен опул, за да може, кога ќе огрее полна месечина да му погледне спокојно, со чисти мисли и уште почиста душа на Горан в очи, макар и на таков, повампирен.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:12
      ................чекоревме по патеката на животот како најјаки,најподготвени да се бориме против целиот свет.Она што го чувствувавме еден за друг , нашите чувства , ни даваа сила да продолжиме понатаму.Го делевме секое добро и лошо,заедно поминавме мигови на среќа и тага,неспиени ноќи,лутајќи до зори.Ноќите ми ги исполнуваше со страст,успивајќи ме со твоите нежни бакнежи.Прекрасно е чувството кога се будам во твоите прегратки.Таа хемија што не поврзува ме направи само твој,стана сопственик на секое мое чувство,мисла.......Заслепен од страст и љубов не знаев дека стоиме на ивицата , на крајот.Зошто ја снема љубовта во твоите очи? Твојата недоверба ја уништи целата љубов во тебе и те отру со гнев и омраза , не турна од височините на љубовта не надвладеа и скрши.Се се срупи одеднаш.Станав црна точка и товар во твојот живот кој се трудиш да го уништиш.Чекорам пред тебе како сенка гледајќи како времето те менува на лошо а јас немоќен да го поправам сето тоа.Ме боли ова чувство во градите и љубовта која не можеш да ја почувствуваш.Залуден беше трудот докажувајќи ти ја мојата љубов.Зарем оваа тага и потреба да те видам,допрам,почуствувам не се доказ дека ми требаш??? Зарем оваа болка по тебе не е доказ дека ТЕ САКАМ ?! Зарем овој нечуен плач на моето срце не е доказ дека си единствена за мене? Ми недостигаш !!! Ечи тоа во мене низ празнината и кршот на мојата душа.Ги поминувам најболните моменти од мојот живот , ноќи во несоница и немири во душава.....те нема.......тешко ми е......И еве измина уште еден осамен и тажен ден , часовите бавно минуваат а од тебе ни траг ни глас.....те нема.Ноќ е и веќе ги пушта првите ѕвезди од своите скриени одаи да ја започнат својата игра низ темното небо.Се е толку мирно и тивко,го слушам само штуркањето на штурците ,како целиот свет да потонал во длабочините на соништата.Сам сум во мислите за тебе а во мојата душа се е срушено.Нема повеќе надеж за нас време е да продолжам без тебе и да се обидам да те заборавам иако тоа тоа е невозможно.Ти си само минато од мојот живот но спомените ме враќаат до тебе.....Тешко ми е,се борам со самотија со тага и со неизлечливата болест - депресијата.Те замислувам покрај себе како некогаш кога бегавме од реалноста и се криевме од сите други за да бидеме сами и да уживаме во секој миг заедно, јас и ти.Те чувствувам иако те нема , ти си во сите пори на моето тело, сеуште течеш низ моите вени.....Времето немилосно минува , не се враќа , остануваме само јас и ти во мојата фантазија прегазени од судбината.Наскоро ќе стане ладно и далечно а љубовта мирно ќе затае.....Ќе исчезнат сите страсти и чувства...Од нив ќе нема ни трага.Допирите ќе исчезнат од мојата кожа а бакнежите ќе станат заборав.Минатото ќе чекори како сенка низ животот додека иднината е толку далечна,недофатлива и невозможна.Останува само онаа лузна на срцето , трага на усните и бледо сеќавање...........зошто е крај??????

ориџинал бај блеки
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:40
Блеки, да си го смениш никот под итно во Ѓавол со скршено срце... Тежи лириката во овој текст, блескоти и паѓа со тивок шумол како долг, црн, свечен фустан на телото на некоја убавица, на најубавата жена на нечија забава...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:49
а не никако тоа мајсторче..... ....што ли ќе треба да менувам на следните пишувања
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:59
тревата е зелена ѕвездите светат....
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 01:09
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

тревата е зелена ѕвездите светат....


блу е женско и е вљубена...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.