|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 6869707172 146> |
Автор | |
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лидија
Bрз глава ми се сруши едно парче од небото, во мигот кога дознав дека си нашла место меѓу сенките. Лидија, од таа небесна празнина, слези долу да видиш дека уште стојат трагите од расцепени калинки по улиците на кои го растрчавме нашето детство. И влези во својата соба Лидија, да видиш дека книгите сами ќе се отворат на страниците каде престана да читаш. И виолинското гудало Лидија, те чека на истиот тон, кога престана да свириш. Една тешка солза ги потпира Лидија, стрелките на часовникот што со години го чуваат времето кога престана да дишеш. Еден јалов мајчин копнеж, една немоќна татковска тупаница, една сестрина потреба за утеха чекаат Лидија, небото да стане земја, а земјата небо, макар не засинило ниту едно бистро утро, макар не изгреал ниту еден сончев ден. Најдобро знаат тие Лидија, дека смртта не постои за тој што го нема, ами само за оној што по него останува. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕЛЕГИЈА
Гласовите во твоето име се помеки и од цветна ливада и секој има вкус на благородна есен и мирис на недозреан спомен… Насмевката ти е потивка од мислата, истата онаа мисла со адресата на хоризонтите на летото, што остана некаде далеку и ненумерирано под жолтите корици на ненапишаниот роман од детството, и ги бара сите твои двојнички од клупите и училишните екск*рзии… А ќе ги најде ли таму сите мои неузреани вишни, исти како и тогаш и заспани спокојно во својот сон, ист како твојот, во кој белиот принц на копнежот ја гаси жедта на настрвените крадци на воздишките со нивниот сок, место со вино? О, колку невешто ги меша судбината картите на времињата пред следната игра, во која уште еднаш ќе го изгубам влогот… Изменето од majstorce62 - 09.Мај.2008 во 19:15 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dusice, gusice
milo moe ti,
da te bacam,
da ti ripnam
so trostuko salto
vrz tebe da padnam
vo tebe da se zakopam
tri dena da ne izlezam,
sonce da me ne vidi,
sekoja druga da me zaboravi.
Kako solenka da te napravam,
da te grickam sekoj den,
od sto si mila
i za mene stvorena
edna edinstvena
po moi dimenzii merena.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како бе врз неа да паднеш ??? а ако е послаба од тебе душа ке и зедеш
Изменето од blueprayer - 09.Мај.2008 во 21:54 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Salto mortale "
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕСНА ЗА ВИЛИНОТО КОЊЧЕ
НА Мона Лиза Острицата на ножот од последниот триумф на асасите си ја бара сенката на сопствениот блесок во крвта на питомата квечерина, полна со мириси на босилек од саксијата на твојата насмевка. Аплаузот, со кој мислеа да го нахранат прегладнетиот самобендис, е мртва пеперутка на сцената на глупоста… А ти и понатаму ги откриваш тајните напивките со кои утрата се трезнат од мамурлакот на ноќта и од долгите беседи во ткајачницата на пајакот, толку едноставна и толку прекрасна, како вилино коњче со сонцепис на проѕирните крилја... Ти, мала чуварке на светото завештание на добрата вила и на клучот од вратата на светото проштение. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
THE MYSTERY I've looked into her eyes and saw the things I understand. I've listen to her voice, and called her an angel...
...I am flesh and blood. I'm...relentless and sensuous - yours to caress Don't stop... not even to rest! Your heaving breath upon my skin. ...moving slowly in a downward motion... Now you see...She's no mystery... She's a Woman... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иницијација
Ноќта ги распослала широките дипли И темно синило ги топи црнилата Од саѓите на прегорениот ден Воздухот вљубено го прободува Песната на возбудени слaвеи Во дуети и квартети Нежните прсти на полноќниот ветар На жешко чело знак ми врежаа И за своја ме обележаа Ги разбирам сите јазици на тишината Ги препознавам сите лица на зборот И опачините на нивните значења А сепак, не ми е полесно Изменето од filmadzijka - 13.Мај.2008 во 22:51 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фИЛМАШКЕ, ОВА Е ПРЕМНОГУ ДОБРО ЗА ДА Е ВИСТИНИТО...ДА НЕ ИМАШ НЕКОЈ ФИЛМСКИ ТРИК УПОТРЕБЕНО ОВДЕ
Изменето од majstorce62 - 10.Мај.2008 во 13:08 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
specijalni efekti
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаев, се познава... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
v
vr vre vrem vreme dopri vreme, vreme cas teche tivko za site nas custvuvaj toa vreme, vreme mig del po del, tak i tik meri vreme, toj cas i mig moze da e kratko, od klucot klik zapri vreme, zapamti mig i da peche kako zhig vrme kako seme i vraka da se zeme lizga niz prsti i tebe i mene vreme kako breme gjalovot da go zeme tece pred mene se raste i vene vreme vrem vre vr v |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
The BRAKEOUT
Give me hope... ...oooh please give me hope,my lord above. The dark and light choose side or lose your love... Either way ,we're going to "die" Please their appetite for mockery They want to see us fall Our hearts live in the same home Yet our worlds are not alike Brakeout The lines are drawn When you hear the voice It's time to get what's yours ...instinct is revenge the saviours of hate don't care if our love dies then we'll be just another statistic...now...tell me darling o'mine... tell me please...what is the difference... ...or give me hope my lord above give me hope or any kind of sign... ...good and evil... is it the things so complicated as they appear now... tell me please cold or hot ...than bury ours love in the nice spot. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SIMPLE AS THAT
Ever since I met you Time ... has stopped And all the trivial bags I ... have dropped. No more fast forward Nor rewind to replay, Just a frozen moment And that feels okay. I’m not getting older I’m not getting smart - The only wisdom is The wisdom of the heart. |
|
Внеси реплика | страница <1 6869707172 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |