IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 138>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 13:26
мајсторче.......ајде наставувај побрзо
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 14:50
ај веднаш
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 14:59
       
ДРУГАРИ - втор дел

- Ми рекоа во комитетот дека си овде, - му рече на другарот, па му даде ишарет на ќелнерот, кој без проблем го разбра и дотрча со шишенце Пелистерка.
- Што убави момичиња се искотиле во градов! – фрли забелешка, колку да биде интересен или да отвори тема, сеедно, па отпразни половина од чашата во која келнерот налеа од минералната, - Овие, младиве денес, богами знаат да го живеат животот.
        - Да, не како ние во комуњаеското време: училиште, корзо, во девет часот дома... – забележа другарот, или едноствано, сакаше да му угоди на своето портпаролче.
        Секогаш се прашува зошто лојалноста кон партијата и кон раководството овие луге ја искажуваат и докажуваат преку зборот „комуњар“. Како да има вградено во својот ум некое убедување дека колку погласно и со поголема омраза го изговараат тој збор, повеќе вредат во очите на своите сопартијци, особено во очите на раководството на партијата. Како дозата на омраза што ја вбризгуваа во него да беше единствениот критериум за искачување по скалилото на партиската хиерархија...
        Сепак, ништо не реков. Знаев дека ако кажам нешто контра ќе бидам веднаш етикетиран како комуњар. А да угодувам не сакав.
        - А,ти, уште си неопределен? – како да ми ги прочита мислите, ме запраша портпаролчето.
        - Убаво ми е и вака – подалеку од етикети! – се насмевнав мудро.
        Во тој миг друштвенцето ни порасна за нови два члена од највисокото раководство во партијата на другарот.
        Бидејќи имаше само еден стол, мојот другарот сервилно скокна и од една од масите довлечка уште еден.
        Ги познавав новодојдените само од видување. Та не е градот кој знае колку голем да не се знаеме меѓу себе. Знаеме секој за себе кој колку тежи во умот, кој каква гардероба носи во куферите на животот... Особено кога сме генерациски блиски. Всушност, мислиме дека се познаваме, бидејќи секогаш кога ќе слушнеме дека некој отишол на некоја висока функција реагираме со големо изненадување на таквата вест. А овие двајцата беа токму од таа категорија луѓе што не умеат на две магариња слама да поделат. Ама сега високо котираа во својата партија. Им се насмевмна среќата во животот, направија кариера. Едниот преку тестот, вториот силеџиски, плукајќи по минатото и со висок процент на експлоатација на зборот комуњар во сопствениот вокабулар.
        И потече таков разговор, што во мене создаде чувство на каење што не ја исклучив мобилката пред другарот да ми се јави и да ме повика на кафе.
        - Ќе имаме многу работа деновиве! – почна прв тој што ја имаше доведено дикцијата на зборот комуњар до совршенство, така што од неговата уста звучеше како кога изговарате змија или нешто уште пониско на овој све.
       - Овие избори мораме да ги добиеме! – се надоврза портпаролчето.
       - Јас ангажирав неколку групи од нашиот помладок да одат по куќите и да агитираат! -се пофали третиот, тој што изгради кариера со помош на тестот.
        - Така! – рече пртпаролчето, - Агитација во секоја неутрална фамилија.
        - Овие од опозицијата (пак оној збор со многу одвратност во неговите коски) веќе работат на големо. Секој наш успех во изминативе години го извртуваат и го оцрнуваат.
        - Не чувствуваш ли дека си вишок?
        Прашање. Надвор од контекстот на темата. Како шепот, но довлно гласно да го уловат ушите на сите присутни.
        Другарот гледаше во мене и ми се смешкаше со некоја глупава, анемична насмевка.
        - Молам? –од мене само од себе полета прашање во кое се помешаа недоверба, вџашеност и тивка непријатност.
        - Ова е теснопартиски разговор! – рече другарот, пак така, ниту како шепот, ниту премногу гласно, - Вишок си!
        Змија да ме каснеше, толку немаше да ме здоболи во срцето.
        Вишок!
        За мојот другар, со когошто пораснав од забавиште, со кого делев и добро и зло, повеќе од три децени јас одеднаш станав ВИШОК.
        Видов: во душите на неговите сопартијци се разлеа сончевина, посветла и од оваа што ја истураше сонцето по улиците низ градот.
        „Вишок...“, равлеков горчливи отрови со чекорите по тротоарот додека одев кон Југото и чувствував како капки крв ми капат до суетата во која длабоко се зари острицата на ножот на тој збор.
        Не знам зошто, но, сепак, не му се налутив.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 22:04
КОНЦЕРТ
Човек што не знае што со себе, има наоѓа маана на сите останати. (не барајте ја никаде оваа поговорка)

и ова е расказ за човекчата глупост, без претензии да броди низ политичките води. Ако некој се препознае, по него вина е, случајноста е намерна.


        Госпоѓата М. службеничка во секторот за финансии при општинската управа беше среќна што дојде до два билета за концертот на светски познатиот виолинист од нашата држава. Не толку колку што уживаше во таа музика, туку повеќе оти ќе биде забележана од највидните фаци на општественото живеење во малото гратче кое, откако тие ја презедоа власта културно и економски почна да заживува со брзина на метеор.
        Беше исполнета со самосебе додека, држејќи го својот сопруг под рака, влезе во концертната сала на Домот на културата.
        - Ене го Претседавачот на Советот, - му дошепна гласно на сопругот, како тој да не знаеше кој е Претседавач на Советот во нивната општина, - Леле, види ја жена му, види што облекла, сељанка една... Ама важно на концерт дошла...
        Мажот и, средовечен човек на некои педесетина години старост, бизнисмен во подем, дискретно и ја стисна дланката со свитканиот лакт на своето тело.
        - Што, зарем не е така? – се побуни госпоѓа М. Не криејќи дека е навредена од неговиот гест.
        Нивниот билет ги упати во претпоследниот ред седишта, но тоа воопшто не и пречеше на госпоѓа М. да се чувсвува омаловажена таа вечер. Напротив, од тука ќе може да направи целосен преглед на гостите во салата, за да може утре да искоментира во својата канцеларија кој се бил на концертот и што и во каква тоалета.
        - Леле, што бараа оваа комуњаркава на концертов? – исписка полугласно, кога со погледот ја регистрира нејзината поранешна началничка, сега професорка на приватниот факултет за бизнис и менаџмент, - Па како се натафрила, уште и говор да одржи.
        Аплаузот што ја исполни немногу големата сала, најавувајќи го влегувањето на нашиот Мењухин, го спречи мажот и да реагира на нејзината забелешка.
        Маестрото врати со задоволна насмевка на аплаузот, ја зеде виолината од масичката до постолјето за нотната тетратка, сврте неколку листа од тетратката, ја заглави виолината меѓу брадата и рамото и го крена гудалото.
        Молк. Низ молкот, како плач на горска вила се разлејаа звуците на една од Моцартовите сонати. Меки, проѕирни звуци, особено во адаџото, нежно и елегантно како допир на летна ноќ.
        И пак, аплауз... Аплаудираше и госпоѓа М. Силно, како да си ги мразеше дланките па сакаше да ги искрши една од друга. Посака да викне „Браво мајсторе!“, но мислата и ја привлече како магнет нејзиниот сосед од вториот ред со жена му, со која таа не зборуваше веќе неколку години, а и самата повеќе не знаеше зошто, но ја мразеше, желудникот и се превртуваше кога ќе и го слушнеше гласот надвор, пред зградата, да госпоѓата М. живееше во двособен стан, на третиот спрат, веднаш над споменатата и сосетка која беше тешка шопка и од инает никогаш не го даваше својот глас за нејзината партија, иако не беше партиски определена.
        - Види ја кокошкана како си ги плеска дланките, ќе си ги искрши! – дофрли полугласно кон својот сопруг госпоѓа М. – Ха,ха, неоти се разбира нешто од уметност, ама ете, се истафрила сељачката во вториот ред . Види ја како се облекла, божем на погреб пошла! Посилно удри си ги дланките, мош ќе те чуе маестрото, шопке една.
        Како нови, стаклени џамлии потскокнаа звуцците на скерцото од Брахамс, и пак аплаузот се стиши. Се раскока нешто во крвотокот на госпоѓа М. и таа затупка со попетиците по подот, заборавајќи на сосетката.
        Маестрото чиниш и влезе во расположението, продолжи со друго, па со трето скерцо. Но ако госпоѓа М. погледнеше во репертоарот на корцетот, што го доби кога влезе, ќе се разочараше и ќе сфатеше дека маестрото всушност не и го прави нејзе ќеифот, туку го следи репертоарот. Ама таа не погледна и си остана уверена дека тој ја забележал па го засили тупкањето со потпетиците додака мажот и не ја бодна со лактот во ребрата, веднаш под десната града.
        - Простак! – просска госпоѓа М. – Најдов јас со кого да одам на концерт! – па налутено ја сврте главата.
        Ако не ја налутеше сопругот со муркањето в ребра, за окото на госпоѓа М. ќе останеше назабележано присуството на нејзината другарка од основното, која ниту тогаш не ја сакаше оти секогаш трчаше како прле пред магаре да се докаже со своето знаење, иако таа лично сметаше дека, всушност, и нема некое големо знаење туку само со наметнување оставаше впечаток кај наставниците. Така заврши и факултет, така магистрираше, така се провлече и со дисертацијата и стана претседател на унијата на жените во нејзината партија. А татко и беше комуњарски директор и цел работен век помина во таа фотелја и се обезбеди финансиски за три генерации негови внуци и паравнуци. И цвеќе понела, натрапничката, да видат од раководството на партијата дека е на европско ниво...Ха,ха,ха...Таа и европско ниво... Уште супата ја пие од чаша и нема научено со нож и вилушка да се користи кога јаде, па копаните ги ратрга како гладна кучка, до коска додека не ги изглода.
       Сепак, набрзо и стана криво што и таа не набра од трендафилите во пракот, оти после следната изведба, а тоа беше после маестрално отсвирените Четири годишни времиња на Вивалди, еден куп жени нагрнаа со букети кон маестрото и добија автограм од него. Меѓу нив ја виде и сопругата на престседателот на противничката партија, а тоа силно ја жегна, го прели трпението во нејзините нерви.
        - Е ова ги минува сите граници! – се разбира дека после ова госпоѓа М. повеќе не можеше да го контролира гневот во себе, тој и побегна од рацете како неортомисано магаре, - Што бараат овие простаци од противничката партија на нашиот концерт. Кој им дал билети? Кога тие беа на власт ние...
        И беше сеедно кој се ќе ја слушне, кој се ќе се сврти кон неа и ќе направи гримаса на лажно згрозување, оти веруваше дека сите жени од нејзината парија што таа вечер беа во салата ќе го споделат нејзиното мислење.
        Да не пукне како запечатено бочва со комиње, го повлече својот сопруг за ракав и во истиот миг демонстративно ја напушти салата со него.
       
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 23:40
Мајсторче, ова е добра сугестија да си ги зацементираме ушите и очите за време на претстојниот предизборен давеж!
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:01
се оградив од политичка подлога на расказите. Само глупоста на човекот ме интересираше како материјал за естетско обликување.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:23
Ова Се теми од нашето секојдневи кое е полно, та дури преполно со политиканство, кое стана наше безумие, и кое мора да запре ако сакаме да си го продолжиме нашето опстојување во иднина на овие простори и под овој идентитет. Нам не ни се непријатели соседите, туку ние, водени од нашата глупост, сме си волци на самите себе. Во една ваква тема секој може лично да се почувствува и како навреден и како навредувач.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:28
нема потреба од тоа мајсторче.......да се навредува или да се биде навреден......нели не се алудира на тоа......или се врши некоја апстиненција........нека тука иде разумот пред се
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 09:56
нормално дека целта не е да биде навреден некој, туку само забава,забава и забава, преку бурлеските на човечката глупост...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 14:58
па ако не е човечката глупост......што би ние????
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 15:30
Originally posted by $BlackDevil$ $BlackDevil$ напиша:

па ако не е човечката глупост......што би ние????


во најмала рака ќе бидеме лишени од социјална проза и поезија
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 17:29
социјално ангажираната литература произлегла од социјалните разлики помеѓу лугето, како критичар на класното општество во кое едни имаат и премногу, а други ја влечкаат како сенка мизеријата (економската) зад себе и никако да ја истресат... Јас не сакам да пишувам за економската беда на човекот, туку за бедата на неговиот малограѓански дух...

Изменето од majstorce62 - 07.Мај.2008 во 17:17
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2008 во 18:06
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

социјално ангажираната литература произлегла од социјалните разлики помеѓу лугето, како критичар на класното општество во кое едни имаат и премногу, а други ја влечкаат како сенка мизеријата (економската) зад себе и никако да ја истресат... Јас не сакам да пишувам за економската беда на човекот, туку за бедата на неговиот малограѓански дух...


Малограѓанштината (конкретно во Македонија) се изроди од економската беда. Безработицата и бесперспективноста ги тераат луѓето да се колат меѓусебно во битката за опстанок. Нормално дека луѓето ќе сакаат да се асоцираат кон некоја политичка партија и крвнички ќе ги мразат оние кои не и припаѓаат на нивната опција, кога тоа е единствениот начин да се вработиш и да просперираш во државава. Ако не си црвено-црн или жолто-син, одиш директно во recycle bin.

Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2008 во 21:55
...Makedoncite se nasekade isti, razdeleni  i ljubomorni, takov im je genot...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.