IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
Автор
Порака Обратен редослед
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 237
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да     бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 21:02
Карчо загинува 3 кодини  подоцна со Даме Груев. Ако Карчо знаеше повеке мислам дека немаше за доказ да има само ова  што Гоце го кажал на карчо, па овој кажал на не знам си кој, одпечатено 30 години подоцна во македониски весник

30 години......


Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:03
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 237
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да     бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 20:50
"доказ" - мислиш на ова што Гоце го кажал на Карчо кој го рекол на авторот?

Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:02
Кон врв
Boho Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 30.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 15:46
Нешто не ми седи. Ако тоа е од весник од 1934 г. мораше да е напишано со стариот правопис а тој не е. Може ли некој да даде некое објаснение?

Изменето од macedon_alex - 07.Мај.2009 во 02:01
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 15:06
http://www.youtube.com/watch?v=pCpJ-d9KU60

А еве го и документот.


http://hostanimage.com/files/2ea97smo9hv1xx34dgrg.gif

Би сакал да видам што мислат другите околу ова. Искрено, јас се запрепастив на ова. Навистина има аргументи кои држат вода.

Благодарност до Зора на Слободата за клипот и документот!
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 12:43
Трагите од предавството на Делчев уште постојат Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан


Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.

* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.

* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?

- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.

* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?

- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада
и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 12:37


Изменето од macedon_alex - 02.Јули.2009 во 01:53
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 10:58
ПОГРЕБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СЕЛО БАНИЦА
Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.
По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.
Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.
Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.
МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација.
Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.
Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.


КОНЕЧНО ДОМА

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

Конечно на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.

Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
"Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции", ќе запишат авторите на книгата.

Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот општо.
Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја, кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да ја делат судбината на својот неослободен народ.
Еден од плејадата на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 23:18
Мене искрено ми е многу мило за наградата на д-р Фросина Ташевска Ременски бидејки лично ја имам запознаено и го имам прочитано нејзиното дело за Македонците во соседните земји.Самата помисла низ што се има поминато за да собере информации од Македонците во Албанија,Бугарија,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Романија,Србија и Грција - може ли да си замислите?????????
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 17:29
105 години од смртта на Гоце Делчев
Макфакс      Коментари (0)   
04.05.2008 14:00
Гоце Делчев


Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.

По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.

Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2008 во 11:57


Ова е уставот напишан од раката на Гоце Делчев и Ѓорче Петров......



Art. 1. The Secret Macedonian-Adrianople organization has the goal of uniting all the disgruntled elements in Macedonia and the Adrianople region, regardless of their nationality, to win, through a revolution, a full political autonomy for these two regions.
Art. 2. To achieve this goal the organization fights to throw over the chauvinist propagandas and nationalist quarrels that are splintering and discouraging the Macedonian and Adrianople populations in his struggle against the common enemy; acts to bring in a revolutionary spirit and consciousness among the population, and uses all the means and efforts for the forthcoming and timely armament of the population with all that is needed for a general and universal uprising.

Chapter II. - Structure and Organization
Art. 3. The Secret Macedonon-Adrianoplitan revolutionary organization consists of local revolutionary organizations (bands) consisting of the members of local towns or villages.
Art. 4. A member of SMARO can be any Macedonian, or Adrianoplitan...

Изменето од Vladimir88 - 06.Февруари.2008 во 12:00
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2008 во 11:50

Уставот на ТМОРО
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 20:02
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ ЕДИНСТВЕНО КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ ВО СВЕТОТ.
                                    ГОЦЕ

Кога бе сите вие ке се кренете над самите себе и ке ја сватите оваа космополитска мисла и порака на Гоце. Зошто го правите со сила Бугарин кога вие го убивте оти ви ја осуети намерата со Македонија. Гоце сакаше да биде граѓанин на светот и како таков славете го и почитувајте го неговото дело.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 18:02
P.S.

Ustavot e od 1902 godina
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:29

Уставот на ТМОРО, напишан од Гоце Делчев






Изменето од macedon_alex - 02.Јули.2009 во 00:24
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.