IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Промени по желба на црквата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Промени по желба на црквата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Промени по желба на црквата
    Испратена: 02.Мај.2008 во 09:38
Го прочитав ова денес во Дневник и навистина неможам а да не ја поставам темава затоа што сметам дека ова е повеќе од смешно. Ќе ве замолам да размислите дали некој има право да си прави промени во одредени верски начела доколку тие се прецизно одредени во светите книги. Исламот има јасни гледишта за тоа кој празник кога и како се слави и тука нема зборови, но кога станува збор за православните христијани, можам да кажам дека ни тие самите неможат да ги следат “модерните текови„ и секојдневните промени на нивниот начин на празнување. Со оглед на тоа дека тие имаат некаков празник скоро на секој ден од годината а истите не се аманет од библијата православците доаѓаат во ситуации кои треба да ги подзамислат. Ке се менува времетраењето на постите, ќе се одредува кој кога и како треба да пости и што уште не. Дали црквата може да измени нешто кое е јасно зацртано во библијата, ако тоа го нема во библијата тогаш врз која основа се практикува. Кој ги измислува празниците и кој кажува што,како и кога ќе се слави? Дали црквата сака да исправи некои свои грешки и притоа ги става своите верници во уште понезавидна положба.
За да бидам целосно јасен ке ви го копирам текстот од денешниот број на дневник па вие после тоа коментирајте и давајте ваши размислувања.

   ИНИЦИЈАТИВА НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ЦРКВИ

Ќе се кратат постите за Божик и за Петровден

Се очекува одлуката да биде донесена на следната сеправославна конференција, а ќе ја прифати и МПЦ, вели владиката Петар

Божикните пости да се скратат на две недели и да се утврди точното време на траењето на петровденските пости, е иницијатива за која православните цркви во светот ќе треба да донесат одлука на следната сеправославна конференција. Преспанско-пелагонискиот митрополит на МПЦ г. Петар изјави дека прецизирањето на роковите во кои православните верници ќе се воздржуваат од јадење мрсна храна е потребно за да се одбегне различното времетраење на постите.Должината на петровденските пости е определена со датумот на кој се празнува Велигден. Ако Воскресението Христово, празник со променлив датум, се празнува порано, петровденските пости траат и по шест недели. Ако, пак, Велигден се празнува подоцна, постите траат само шест-седум дена. Идејата е да се прецизира точното траење на петровденските пости, кои, на пример, би можеле да траат од десет до четиринаесет дена - објаснува владиката Петар.Според него, истото може да се направи и со божикните пости, кои сега траат шест недели.Тие би можеле да траат околу две недели, како и што било порано пред да се продолжат на шест недели - вели владиката Петар. Тој вели дека не се размислува за скратувањето на богородичните и на велигденските пости.Поради големата љубов на верниците кон мајката Божја и кон нејзиниот празник Успение, никој не дискутира за тоа да има ревизија на богородичниот пост, кон кој верниците строго се придржуваат и без никаква забелешка. Образецот за 40-дневниот велигденски пост е оставен од Исус Христос и никој нема право да го ревидира - вели владиката.Според него, кај верниците има заблуда дека за време на постите не смее да се јаде растително масло, кое е дозволено за викендите. Тој смета дека преголема слобода си земаат верници што на своја рака одлучуваат да постат една недела, да се причестат, а потоа повторно да се вратат на мрсната храна пред истекот на постите. Владиката Петар предупредува дека никој нема право по сопствена иницијатива да ги крати постите и за нивно време да јаде месо. Тие што си го дозволуваат тоа, вели, дека го прават на свој ризик. Само во случај кога човек е болен, вели владиката, духовникот може да му го ублажи постот со јадење масло, па и евентуално риба во вторник и во четврток.

(Ж.З.)
еве и линк:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7BD940C20C14D243B78D31D11F667579
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 16:22
Како што зборував во темата за Обичаите... Постите, иако имаат некаква основа во Библијата (иако има различни гледишта по ова прашање), се создадени, оформени, прецизирани од Црквата. Имаат за цел телесно прочистување, кое ќе го помогне духовното прочистување. Воведени се во форма на правило од страна на Црквата, затоа што се сметаат за најисправен модел на однесување од страна на еден верник. Постот, како што кажува во текстот, е еден вид почит кон Светата Личност, за чиј празник се прави тој пост, еден вид сочувство со неа, покажување дека како што тие се откажале од многу работи во името на верата, ние ќе се откажеме од земните удобства кои ги имаме секојдневно и ќе се подложиме на нешто што ќе не исчисти и телесно и духовно.
Тоа што не се почитува како што треба - и за тоа зборувавме, секој си ја следи својата лична вера и верба. Јас никогаш не сум постел, не затоа што не можам да го издржам постот, а затоа што не сум се осетил повикан да постам. Лично сметам дека е тоа нешто кое што го правиш кога ќе се почувствуваш духовно спремен да го направиш.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 16:23
Заборавив да дополнам... соодветно, бидејќи постовите се формирани и утврдени од Црквата, тие имаат право и обврска да се грижат за нивните промени и имплементација.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 16:23
Точно така. Според мене истото е и со исповедта. Треба да си психички спремен на тоа.големо%20гушкање (се надоврзувам на Зидарски)

Изменето од blueprayer - 02.Мај.2008 во 16:24
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 18:29
Originally posted by misterX misterX напиша:

... Ќе ве замолам да размислите дали некој има право да си прави промени во одредени верски начела доколку тие се прецизно одредени во светите книги... кога станува збор за православните христијани... Со оглед на тоа дека тие имаат некаков празник скоро на секој ден од годината а истите не се аманет од библијата... Дали црквата може да измени нешто кое е јасно зацртано во библијата, ако тоа го нема во библијата тогаш врз која основа се практикува...


Iako samiot si odgovarash na postavenoto prashanje, sepak bidejki sakam da pretpostavam deka ne ja postavuvash temava samo kako tendenciozno kritizerstvo na hristijanstoto, poveli i citiraj crkovni praznici koi se navedeni vo Noviot Zavet.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Burak Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Burak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 01:56
TOA MOZE SAMO KAJ LUGE KOI OSVEN NACELATA,JA MENUVAAT I SVETATA KNIGA.STO SAKAS OD LUGE NA KOI IM SE DOZVOLENI SAMO DEVICI PO BIBLIJATA,I NESMEE ZETOT DA MU ZEME OD NASLEDSTVOTO..KOJ GO PISUVAL OVA??JAS ILI POPOVITE
„Ние Вселената со моќта Своја ја созададовме, а Ние, навистина и ја прошируваме.“к*р’ан,Ez-Zarijat, aјет 47
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 01:57
Бурак - што збориш?! Каде го пишува ова што го наведе и воопшто за што тоа зборуваш и како е тоа во контекст на темата?!?!?
Ајде те молам објасни!
Кон врв
Burak Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Burak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 01:58
. Ako sve{teni~ka }erka se oskverni
so bludstvo, taa go oskvernila tatkoto svoj: so ogan da bide izgorena.
10. A golemiot sve{tenik me|u bra}ata
svoi, vrz ~ija glava e izlean elej za pomazanie, i e sovr{en za da se oblekuva vo ode`di, da ne ja otkriva
glavata svoja i oblekata svoja da ne ja kine;
11. i do nikakov mrtovec da ne prio|a; da ne se oskvernuva so
dopir ni do umreniot tatko svoj i ni do majkata svoja.
12. ^ad od svetili{teto da ne izleguva za da ne go
oskverni osvetenoto od svojot Bog, za{to svetiot elej na Bo`joto pomazanie e vrz nego. Jas sum Gospod.
13. Za
`ena toj treba da zema devica od rodot svoj;
14. ne smee da zema vdovica ili ostavena ili oskverneta ili
bludnica, tuku samo devica od rodot svoj toj treba da zema za `ena.
15. I da ne go oskvernuva svoeto potomstvo
vo narodot svoj: zatoa {to sum Jas Gospod Bog, Koj go osvetuva
„Ние Вселената со моќта Своја ја созададовме, а Ние, навистина и ја прошируваме.“к*р’ан,Ez-Zarijat, aјет 47
Кон врв
Burak Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Burak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:02
TAKVA E CRKVATA BRATE..ZATOA SE POJAVILE TOLKU ERETICI NIZ SILNIVE VEKOVI,KOI POVIKUVALE NA RUSENJE NA OVA HIERARHIJA KOJA NE GI SLEDELA BOZJITE ZAKONI,TUKU PARITE I BOGASTVOTO.BOG JA NAPRAVIL CELATA ZEMJA HRAM BOZJI I NEMA POTREBA OD POSREDNISTVO.SLEDI JA BIBLIJATA I KE VIDIS DEKA CRKVATA I PISANOTO NE SE ISTO.
„Ние Вселената со моќта Своја ја созададовме, а Ние, навистина и ја прошируваме.“к*р’ан,Ez-Zarijat, aјет 47
Кон врв
Burak Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Burak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:07
EDEN POP MI VIKASE DEKA, BOG E CRKVATA, I BOG E VO NEGO SO TOA I TOJ E B..DA MI OPROSTI BOG NA BOGOHULIJATA KOI SE IZNESUVAAT.EDEN E BOG I TOJ NE E PREDMET,PA MAKAR I METAFORICNO.ZATOA NE SE CUDAM KOGA KE VIDAM NA MAKEDONSKI NARODNI PRIKAZNI GORGI KOLOZOV GO GLUMI BOG.CRKVATA I NEJZINOTO MISTICNO RAZBIRANJE ZA BOG GO NAPRAVILA NARODOT SLEP I TOJ SAMIOT NEZNAE VO STO DA VERUVA.PA KE VERUVA VO SE STO KE CUE OD CRKVATA ZOSTO SAMIOT NEMA DA MOZE DA SE SNAJDE VO SVETATA MISTICNA KNIGA!
„Ние Вселената со моќта Своја ја созададовме, а Ние, навистина и ја прошируваме.“к*р’ан,Ez-Zarijat, aјет 47
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:07
Бурак... или си нов или не доволно запознат со Христијанството... Ова е од Стариот Завет. Новиот Завет, носи Нов Закон - Законот на Љубовта, на проштевањето, на милоста. Прочитај малку по темите...
А пак ќе речам - нема никаква врска со темава тоа што го пишуваш сега...
Кон врв
Burak Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Burak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:08
11. i do nikakov mrtovec da ne prio|a; da ne se oskvernuva so
dopir ni do umreniot tatko svoj i ni do majkata svoja.

NEKA GI PERE NEKOJ DRUG..A NE TOJ SVETIOT
„Ние Вселената со моќта Своја ја созададовме, а Ние, навистина и ја прошируваме.“к*р’ан,Ez-Zarijat, aјет 47
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:09
Бурак - ако си против православната црква - тоа е твоја работа - не ги навредувај чувствата на верниците!
Има други теми за овие прашања. Овде не е темата дали треба да има црква или не, туку дали црквата има право да прави промени, како што се наведени во статијата. На тоа - дадов одговор.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:10
Бурак - ако немаш што да напишеш на темава, не спамирај! Те опоменувам за тоа!
Тоа што го прашуваш е објаснето на форумов, а ти одговорив и јас!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.