IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 20:12
ОБИЧНО ТАКА ЗАВРШУВААТ ЕДНОЧИНКИТЕ ВО КОИ КАРТИТЕ СЕ ОТВОРААТ НА МАСА - СО СПУШТАЊЕ НА ЗАВЕСАТА.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 03:42

Бессони ноќи,
ако ве постелам по светов,
ѕвездите ќе бидат премалку
да го означат вашето присуство.
Бессони ноќи,
телото ми го влечете надолу,
кон пространите јами што вечно чекаат
како талогот на испиено кафе.
Бессони ноќи,
сите одземате по еден дел од мене,
и брзо, наврапито, мигновено,
ми го трескате минатото од глава.
Бессони ноќи,
вие сте виновнички за јаловите обиди
да го замислам животот како што сакам.
Бессони ноќи,
вие, невешти поетеси што го измисливте
глупавиот збор иднина,
знајте дека човекот нема право
да сонува со отворени очи.



Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 18:59
Под рацете на ноќта и ѕвездите што светат....длабоко посакувам да си до мене. Под липите што цутат и ветерот ги носи, сакам со него да ме понесе и однесе кај тебе. Понекогаш....мислам е сон, ова не може да ми се случува мене. Понекогаш....толку многу сакам да те гушнам што те барам насекаде низ собава.....


Секој има желби....поголеми, помали, повистинити, фикс идеи....а мојата најголема е да си секогаш со мене....

големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 19:03



Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 19:04
црвенеењеголемо%20гушкањебакнеж
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2008 во 21:25
УМОР


        Беше изморен. Беше многу изморен. Чувствуваше силен умор во телото, во мислите... Дири и крвотокот некако бавно му функционираше. А ништо не работеше тој ден... Никаква работа не фати в рака. Само размислуваше дека тоа што не го заврши денес ќе му се натрупа за утре. Можеби токму тоа и го заморуваше. Не, тоа што не го сработи и не беше некоја кој знае колку голема работа. Не беше важно, и другпат му се случувало да ја префрли денешната обврска на контото на утрешниот ден. И ја завршувал. Но секогаш имало причина за тоа. Денес само се чувствуваше уморен, ако тоа можеше да се нарече некаква причина. Всушност, повеќе не се сеќаваше каква работа требаше да заврши. Не, е важно, кога ќе отспие самата ќе му се јави.
          Од утрото се чувствуваше уморен. И посака да прилегне, да поспие, да истера сон – два. Сонот ќе го источи уморот од телото и од мислите во пружините на троседот. Ќе биде како нов.
        Кога легна, кога се спружи на троседот и ја нурна главата со лекнувачка насмевка на усните не знаеше дали тоа ќе се случи при првиот или при вториот сон. А и да знаеше, зарем можеше нешто да спречи. Зарем можеше да спречи жена му да исписка споулавено, не знаејќи што друго да направи во првиот миг. Зарем можеше да спречи и од неа да истече сета крв, можеби пред писокот, можеби по нмего, што е важно, важно е дека крвта од лицето ќе и се спушти во стапалата, кадешто никој нема да ја забележи, бидејќи стапалата и веа обуени во топлинки..      
        Зарем можеше да спречи, веднаш после бескрвниот писок на жена му, соседите да дотрчаат, иститите тие соседи со кои само добар ден си викаше кога ке ги сретнеше во лифтот.
        Зарем можеше да спречи ќеркичката која имаше само седум години и одеше во прво одделение, тоа попладне од училиште да ја пречека неговиот шура и да ја одве кај нив на гости, иако тоа ќе биде необикновено за малото дете, оти тој, бидејќи беше без работа, секој ден го правеше тоа со задоволство, и ронки гордост во очите, и знаеше, дека еден ден ако не ја пречека, таа ќе биде збунета ама нема да се противи, оти шурата е речит човек и лесно можеше да убеди и повозрасен човек од едно седумгодишно дете дека приичината за изместувањето на навиката е од сосема друг карактер.
          Само беше изморен и чувствуваше голема потреба да си поспие. Ах, да, си спомна, пред да се случи сето тоа, дека утре треба да оди на погреб на таткото на неговиот другар од основното, со кој осум години ја делеше клупата, а кога оформија фамилии му стана и венчален кум. Требаше да му помогне, да му се најде при рака во злото. Нека, само уморот да помине, утре ќе му се оддолжи, сите незавршени церемонии околу погребот тој сам ќе ги преземе на свој грб.
        Зарем можеше да спречи повеќето од половината другари од одделението да не отидат утредента на погреб на таткото на неговиот кумашин? Беше млад, многу млад за да мисли дека тоа може да се случи. Само да отспие сон – два, утре ќе ја заврши и денешната работа. И ќе им јави на тие што не им е јавено...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 02:51
к*рТАЛАЏИИ

"ЏАНГО УВЈЕК ПУЦА ПРВИ"



      Ако тргнит чоек по бумбар че го однесе или в Парламент или на интензивна нега.
Шо ми го испила чавка умо и то на старос па и ветив на онаа мојана дека че ја носам на одмор.
Така мечка страв мене не страв кај пукнало нека пука маж сум или шо сум сеа че и речам.
Бапнав 2-3 ракиички за да уклучам мозок си го наплукав палецот па и се истурив на онаа мојана џоа Ранду на Касандра.
М-Мори ејјј !!! спреми шо имаш спремано...Утре ојме на одмор.А она ме опули онака напоречки небаре и реков : Спремај се пиленце че ти го тргам анџаро на чутук.
Ж-Абе не туку лај ко пес остај ме да ја глеам "Лети"...
М-Не туку крши прачки!Коа ти велам те носам и те носам.Готово зборот закон нема мрдање нема инаетење жими комшивката.
Ж-Абре к*ранде еден по 20 години ти текна а бе лигуш гнасен?!
Збеснав ко Брус Ли коа му пуштија крв и ми дојде рачепатам кравата ама си почутив као Калимеро...
М-Абе срц поарно сеа него никогаш,живото си врви...
Ж-врвел не врвел јас со тебе прокопсав...ве р’ѓа дур ме фати
М-Да бираш кај сакаш....Абу Даби.Египет;тунис....
Ж-ц ц ц ц лаж ниеден 20 години ме лажиш не си прај со газо барјам
М-Сакаш Охрид ,Претор,Будва....?
Ж-Не туку кини зелени,со тебе ни на свадба не одам појче и не треси глупости ко блатоно Дојранско
М-Ама,млеко калапи да сечиш,сирење со дупки ко со возушна гајџано...! рај красотија...
Ж-Абдал не туку ми чади со тоа цигариштето оти да не ти дам пауза надвор по скали
М-А Швицарска Алпи снежуле среде зима....а шо викаш???
Ж-Да пукниш да тресниш!кепец еден недоквакан,абе ти инает ми тераш! Ногу убо знајш колку сум ја зимоварка.
М-Топтан пара имам,цел живот ги туткам,светов да ти го купам...
Ж-Куп на глаата да ти стани !!!
М-Цел живот лелекаш а сеа коа ти викам сеа тие преку глаа да не речам преку "стојна"...
Ж-Абе токмак еден ја не знам кај живеам не сум излегла од до продавница подалеку тој Египет че ме праел апасанс нудистка а море?!
М-Значи не одиме никаде?
Ж-Е тука ми те чекав...Си дојде на мојава сеа!
М-Значи...одимеееееее???!!!
Ж-Јас да , ти јок
М-Какооооооо???!!!
Ж-Е така да се чудиш.Ја со мајка че ом Америка оти вујко скордесал и остајл големо имање..А ти дотогаш летај си со умо као шо ја летам цел живот со тебе.Сеа нека ми ти е со зглавје и на здравје !!!
ФИН
типикал ориџинал фром Блеки
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 05:42
Светот е уморен од животописи.
И од патеписи исто така.
Светот е рамнодушен на едноличност.
И на разноличност исто така.
Не ми е важно што ги собираш веѓите
во мое присуство.
Времето сласно ги лапа
сите мигови за блискост и прошка,
па јас еве ти простувам
уште пред да ми згрешиш.

Светот е уморен од големини.
И од ползења исто така.
Светот е рамнодушен на пцости.
И на воспевања исто така.
Не ми е важно што ме туркаш во бездна
кога стојам до тебе.
Земјата неуморно чека да ги испие
последните сокови од телата,
па јас еве јас ти подавам темјан и свеќа
уште пред да ти притребаат.

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:41
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Светот е уморен од животописи.
И од патеписи исто така.
Светот е рамнодушен на едноличност.
И на разноличност исто така.
Не ми е важно што ги собираш веѓите
во мое присуство.
Времето сласно ги лапа
сите мигови за блискост и прошка,
па јас еве ти простувам
уште пред да ми згрешиш.

Светот е уморен од големини.
И од ползења исто така.
Светот е рамнодушен на пцости.
И на воспевања исто така.
Не ми е важно што ме туркаш во бездна
кога стојам до тебе.
Земјата неуморно чека да ги испие
последните сокови од телата,
па јас еве јас ти подавам темјан и свеќа
уште пред да ти притребаат.

 
QUENTIN baby, ne da nemam zborovi za tvojata poezija...tuku......nemam zborovi! bravo!!! No 1 si bez konk*rencijaголемо%20гушкање
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 00:44
      .......еднаш многу одамна во некое село си живеело едно скромно и сиромашно семејство.Поради тоа што не можеле веќе да се носат со сиромаштијата домаќинот решил да оди на печалба во град.И цврсто решен он се спрема си зима со него шо му треба прават разделба со жената и децата добива од нив благослов и тргнува на пат.Си оди тој така по пат и гледа од едната страна некои луѓе си работат сеат жито.Му пријдува и му вика
-Ај добар ден добри луѓе !
-Добар ден добар човеку
И како што е ред кога ќе се види кога некој ќе работи да ги блосои па он му вика:
-Ај кутле да фрлите кутле да најдите
А тие како бре така?
-Е па така
Тап овие му скокнале го изнатепале убаво.Овој натепан треперливо и плашливо ги прашува аман бе луѓе престанете зошто ме тепате сеа.....а тие
-како бе ти така кутле да фрлиме,кутле да најдиме? Па зошто работиме ние ко така
-Е па добро вика селанецот.-Не знам како да велам кажете ми да си знам
овие му велат:
-Кога ќе видиш вака дека луѓе сеат жито ќе му велиш : да ти се роди да ти се оброди од едно до илјада!
-е добро -вика селанецот
И си продолжува по пат изговарајќи непрекинато ’да ти се роди и оброди од едно до илјада’.И така среќава еден као се чеша во глата од вошки.И му вика:
-Добар ден ! Да ти се роди и оброди од едно до илјада
Овај го гледа го фаќа и го те тепа
-Аман бе не ме тепај-лелелика селанецот-Зошто ме тепаш?
Овај му одговара:
-Добро бе ти имаш акал или немаш.Мене малце ми се овие па уште од едно илјада ако ми се обродат.Абе мами*ето твое...
-Чекај вели селанецот аман не ме тепај појче...не знам како да велам кажи ми ќе знам
-Ќе велиш:нит да видиш нит да ватиш
И добро овој си запамтил тоа и по пат си повторува нит да видиш нит да ватиш.Понатаму по пат среќава ловџии..
-Добар ден добри луѓе
-Добар ден човеку - му одговараат
-Како оди-ги прашува
-Ами до сега слабо - му одговараат
-нит да видите нит да ватите му ве ли селанецот
-Како бе малце малер имавме од сабајле уше ти ни фалеше сеа
Го фатиле и они го изнатепале.А овој пак лелека и ги моли да не го тепаат и да му кажат како да вели.Они му велат:
-Ќе велиш по два по три на ден
-Е добро -одговара селанецот и продолжува понатаму...Стигнува и влегува во друго село.Таму погреб.Овој истрчува напред кај попот.
-Добар ден попе !
-Дал ти бог добро човеку.Што мака те дотера доваму
-Еми мака голема попе,него гледам некој ’положил’ тука
-Да му одговара попот...Бог си зема уште едно чедо
-Е така е одговара селанецот.Е ај чим е така по два по три на ден !
Го слушнаа сите селани и му се нафрлија удри мавај и готово не може појќе да крепи.Аман бе луѓе не тепајте ме шо реков сеа грешно.Овие уште толку ќотеќ.Му текнало шо е работата и му вика....Аман не тепајте ме не знам како да велам кажете ми само не тепајте ме се моли тој.Попот му одговара:
-Ќе велиш да си го јадиш слатко и благо со децата
Е добро е ај сеа со здравје......И си продолжува пак овој и по пат си повторува тоа шо му кажа попот...Арно ама по пат сретнува некој ѓуптин како сере во тоа ендекот.Го здогледува овај и му вика:
-Да си го јадиш слатко и благо со децата !!!
Овај уште недокажано му срипа и он ќотеќ колку можи.И пак селанецов се моли аман бе не ме тепај не знам како да велам кажи ми ...а овој:
-Ништо коа ќе видиш вака некој само плукни и замини си
Е добро значи плукни и замини си.....Конечно стигнува во градот.Таму некој меанџија отворил нова кафеана па чекал некој да помине и да му направи сефтето.Келнерот стои надвор го здогледува и го вика внатре.Му кажуваат што е работата и како и ред е сеа да го почастат.Меанџијата му вика на келнерот:
-Момче донеси ракија за човекот !
Он му носи на маса а овај плука на неа.Меанџијата го гледа и се чуди.Хмммм момче гледаш дека не сака ракија ајде носи од супата.Келнерот му носи супа а овај пак плука во неа.Меанџијата пак се чуди и му вика на келнерот да донеси за ручек главното јадење свежо месо печено тогаш извадено од скара.Момчето го става на маса овој го гледа му течат лиги али како што му кажа ѓуптинот плукни замини, пак плука и во него.Меанџијата го гледа и тогаш збеснува и тој и заедно со келнерите му удираат еден јак ќотеќ и го фрлаат надвор.
Така фрлен на улица селанецот си вели : -ова не е место за мене само ќотеќ си добивав по цел пат и сите пари шо ги носев си ги потрошив.Нема леб тука за мене.Ќе си се вратам јас дома и ќе си работам тоа што знам.Батали све.И така тој си се враќа дома и заедно со своето семејство си живее среќно и весело до крајот на нивните животи.

ФИН

типикал оригинал фром Блеки
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 06:16

Телото се грчи од болка
а по него видливи рани нема.
Умот ги тркала сите преживеани
мајски утра по постелата
на која едната страна
стои празна со денови.
Боли просторот што се растегна
меѓу мене и тебе како мост
кој бавно се ниша
во прегратките на ветрот.
Залудно ги гребам ѕидовите,
залудно барам да прокрварат
со ехо од твојот
сладок смев.
Залудно сојуз со
месечината правам,
да те пресоздаде како
замислена силуета
и да ги утеши прстиве
што треперат од копнеж
да те допрат.
Залудно вртам стрелки
на часовник,
залудно кинам листови
од календар,
залудно верувам оти времето
ќе го прелажам,
пред да ми ископа лузни
со долги денови
и уште подолги ноќи.
Залудно верував
дека сум надрилекар
за љубов.
Тогаш не знаев дека
не постои билка
за љубов што одненадеж
се губи.




Изменето од Quentin - 04.Мај.2008 во 06:31
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 12:17
хаику

безгласен хор булки му пеат на ветрот
во ритмот на сложно нишање.
јас сум откината латица.
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 20:14
 
segashnosta e taa
koja moze nasmevkata
da ja zadrzi shto podolgo
neguvaj ja segashnosta
tvoja e nasmevkataсреќа
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 11:32
                                                  ДРУГАРИ

Ова е расказ за човеката глупост и се лишува од секаква политичка или партиска позадина и ангажираност.



       

           Мислев дека во овој свет на политичко лудило, ништо не може да ме изненади Дека се изнавидов и изначув секакви глупости и бесмислици последниве години, откако едно едноумие заменивме со друго. Свикнав да слушам муабети на политички теми на секој чекор. И таму каде најмалку очекуваш, меѓу децата што уште не пошле на училиште, што уште азбуката не ја научиле, што не знаат да го напишат името на партијата што ја преферираат, како рефлексија на партиското префер на нивните родители. Но ова што ми се случи пред некој ден е доказ дека никогаш не треба да велиш се видов и се чув, особено кога е во прашање човечката глупост. Кога таа е изворо на изнадувачки ефекти.

        Пладне.Неколку дена пред Први Мај, големиот празник на работничкаѕа класа. Не го измисливме ние, иако, во она, старото едноумие, се чукавме в гради дека е најнаш празник. Па дури и неколку дена го славевме за да докажеме дека е така.     

        Бев ноќна смена и самошто станав од спиење кога мобилката ми го засвире валцерот на Дунав, штоимаше значење на известие дека некој од другарите ме бара.

        -Ало, да не те разбудив!

        - Не, самошто станав.

        - Да се најдеме во „Шема“ на кафе. Ај, ќе се договориме и кај да тркнеме за празникот!

        - Важи!

        Беше тоа мојот другар Филип, партиски активист со петнаесет капи, мислам партиски документи за идентификација. Јас од мислост си го викав политичка јаричка, бидејќи веќе шеснаесет години не знае кај да го снеси јајцето, во гнездото на која политичка партија. Не е важно, беше супер другар.

        Си седнав во Југото ( не, не е тоа никаква носталгија кон минатите времиња, го наследив од стариот, кога му помина рокот на возачката, а рака на срце и не сум финансиски моќен за нешто пософистицирано) и правец „Шема“, да ја фатам кафе шемата и да се видам со другарот.

        Денот беше, што да се каже, да посака човек во годината секој да биде ист како тој Сонце се расплиснало по улиците, расцутените липи го набабруваат воздухот со бликови силна миризба, така што душата ти се отвора да прими во себе што повеќе од убавината, а очите се судираат едно со друго како возила на крстосница со расипан семафор, во метежот од росни зумбули што дишат со здивот на безгрижната младост.

        Тој седеше под платнената стреа пред кафулето, со очите кон улицата и кибицираше во стил на стар шмекер.

        - Педофилчиш – го боцнав во ситните ребра, незлобно.

        - Ха, ха! – се насмевна тој, - А ти не би!

        - Уште малку дедовци ќе бидеме...

        - Е, ако де, со внучињата ќе шетаме и ќе гледаме дадички! Ха,ха! Не е грев да гледаш... Пред убавината и боговите се поклонуваат.

        Беше во право – не е никаков грев ако украдеш со погледот малку од таа пленувачка, разиграна младост и да си ја надрочиш душата со тоа убаво чувство.

        Седнав, вртејќи профил кон улицата.

        Нарачавме Нес со шлаг.

        - Уште нема резултати од моето конк*рирање..., - почна тој по веќе познатото сценарио, - Се развлече меретијата.

        Знаев, сега ќе почне да го напаѓа неговиот конк*рент за директорското место, дека само ја отежнувал работата, збрки правел, не дека имал некакви шанси, и како на крајот на краиштата, не сфаќал дека е несоодветен кадар за тоа место, дека единствен џокер му било лепењето плакати за последните Парламентарни избори, дека колегите се на негова страна, ама кординаторот на партијата стоел зад конк*рентот, не, не дека него го ценел повеќе од него како стручњак, туку како благодарност за заслугите во големата победа над опозицијата, итн,итн...

        - Ќе биде! – го утешив, - Така е секогаш - да не си на раат извесно време, тоа е работата... И тој знае дека министерот нема да му потпише решение ...Поминаа тие времиња кога се живо и диво во вашата партија можеше да биде директор.

        - Големо чудо ако лепел плакати! – рече тој, мислам дека не ме зачу што искоментирав за неговиот конк*рент, - И што со тоа? Значи секоја будала што ќе лепи плакати пред избори треба да биде директор? Ми испраќал абери по фиљан лица, демек, ако сум му правел проблеми и понатаму, кога ќе седнел во директорската фотелја, веднаш ќе ми потпишел отказно решение. Ха, ха, ги плаши мравките!

        Беше опседнат од неговиот конк*рент, а јас му доаѓав како некакво олеснение, бидејќи секогаш бев на негова страна и ги одобрував неговите калкулации и потврдував како единствено можни. Мислам дека сонот кошмар му стануваше од него.

        - Може да ти плукни под прозорецот! Не е ова ниту турско ниту бугарско! Има судови, закони... – реков, но и самиот не верував во тоа, а тој уште помалку, иако јавно прокламираше дека судовите и законите за првпат функционираат вон партиски, не пропуштајки да нагласи, по заслуга на оваа влада.

        Ми текна дека сме во предизборна фаза, дека перламентот се распушти, па се насмевнав во себе.

        - Ај, не му ја мисли многу, идат избори, може да изгубите, па да не биде ниту тој директор!

        - Ха, ха! Само си ти прај бајрам на умот! – забележа со стопроцентна сигурност во гласот, - Оваа влада ќе има уште сто мандати!

        Сакав да му кажам по којзнае кој пат дека ме боли она кој ќе победи на изборите, дека јас од никого фајде не видов, но тогаш добивме друштво – портпаролот на неговата партија застана пред нашата маса и без да праша дали е слободно, го повлече едното од трите слободни столчиња и седна.



Ќе продолжи...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,191 секунди.