IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121122123124125 138>
Автор
Порака Обратен редослед
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 00:40
Со погледот те пратам иако далеку си од очиве мои. Секој чекор твој го подржувам со насмевка. Ти си моја прва и последна мисла во денот. Со тебе се будам, со тебе заспивам. Ти си ми се. Тој што сакам секогаш да е до мене. Ти си ми сонце кое ми го прави денот поубав. И дожд кој знае да ме натажи. Со тебе и ништото е се. Со тебе и небото без ѕвезди би ми било убаво,  а ноќта студена ќе биде како во јули. Ниеден збор ја нема таа моќ за да ти покажам колку ми значиш. А покрај тебе и без зборови останувам. Како сама низ толпа народ поминувам и само едно ми  е битно-да стигнам каде што ти ме чекаш. Зашто никој од толпата народ не може посреќна од тебе да ме направи. Не може како тебе да ме гушне.  Не може како тебе да ме насмее. Секогаш ќе те сакам малецко....

П.С. Звучам ко првооделенче ама бар сум искрена нели. тага


Изменето од blueprayer - 30.Април.2008 во 00:43
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2008 во 09:08
Okolu mene
molnji i oblaci temni,
gi privlekuvam i od tebe odzemam
za sonce lice ti osvetli,
pogledni kako zongliram so niv,
pogledni kako tvoi crnila pod moi nokti dojdoa,
no e e strasno
ke se zamijam,
lesno e se
koga se saka taka da se bide.
Plamena topka megu dlanki tvoram
rani sto zatvora i procistuva
od moja dusa socineta
i ja prakam kon tebe
cekajki nasmevka
dur se osvetluvas,
od eksplozija
silna
od koja i sam se iznenaduvam,
od tolkava silna zelba
ramna na silata na nebeskite bitija
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 23:39
JAS I TI - KAKO VO WESTERN SHPAGETI
ODIME- KAKO KOSMOS SE SIRIME
PO LIVADA, KOJA LICI NA BALADA
TUKA E - JA PAZIME I GAZIME

KJE TE NOSAM, NIZ PESNA BOSA
ISTINATA  GOLA, SVE DELIME NA POLA
TAKA SE ZAPOCNUVA
LESNO ZAVSRUVA
TUKA SVE PAZIME I GAZIME

TI I JAS - SO ARMIJA NA SPAS
LETAME - CEL KOSMOS GO SAKAME
PO LIVADA, NEKADE VO BALADA
ZELENO, PISANO I SHKRTANO
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
       КОАЛИЦИЈА


        Во една држава без море, но со многу прекари и едно крсно име кое создаваше кавги, што и до ушите на господ дојдоа, имаше еден град, Незнамкаденитузошто, над кој по цел ден се излежуваше мрзата, правејќи в сенка стручни и длабоки анализи на тема „Зошто вчера беше поубаво од денес“.
        Во тој град, живееше едне човек по име Тепај Време... Беше полн со идеи, ама никој не го разбираше, или, поточно, сите го разбираа, само никој не сакаше да се замара со прогнозерство и со предвидување на утрешниот и задутрешниот ден, туку сите си анализираа за тоа што било вчера... И тие што ништо не направија, и тие што немаа намера да направат нешто.
        На другиот крај од градот си живееше еден друг човек по име Шуплив Мозок. Беше толку шуплив што ништо во него не се задржуваше.
        Еден убав ден, во кој, за да не му ја расипат волшебната убавина, ниту штурците не штуреа, ниту водата во реката не течеше, точно на пладне, како што тоа од памтивек се случува на Дивиот Балкан, се сретнаа во центарот на градот овие две, дотогаш безначајни и од никого неспомнувани личности.
        И како што си е ред, кога нема по улиците ниту куче да испцуваш, едниот, оној што се сметаше за генијалец, ама несфатен, го праша другиот:
        - А, ти, пријателе, кај си тргнал, вака замислен?
        - Остај, - се поплака овој, замислениот, - Излегов утрово, ме пратија да купам нешто од продавница, ама ја истресов мислата по пат, па сега кружам како куче околу касапница и ја барам...
        - Сакаш да ја бараме заедно? - се понуди Тепај Време.
        - Е, да бараме, ама, искрено да ти кажам, не знам ни самиот што да бараме. Може да најдеме нешто што сум истресол вчера или завчера.
        - Ако, нема врска, тоа што не било вчера, може да биде утре! – одмудри Тепај Време, - Никогаш не знаеш кога ќе ти се најде при рака...
        - А, што тоа? – збунето погледна Шуплив Мозок во него.
        - Што и да било.... Кога ќе го најдеме тогаш ќе му ја мислиме. Знаеш, пријателе, јас не сум ти од оние што лежат. Јас везден сум во движење. Водата стои, јас не стојам. Само, никој не може да го види тоа... Сите во овој град се обземени со тоа што било вчера, никој не мисли на утре...
        - Блазе си ти, пријателе! Јас и кога ќе ми дадат нешто да сработам, заборавам што требало... – се пожали Шуплив Мозок, - Јас можам се да видам, се што ќе ми кажеш ќе видам, ама ако го носам во умот, веднаш ќе го истресам, а да не знам каде.
        - Супер! – кликна како птица избркана од музички фестивал, Тепај Време, - Мене баш таков партнер ми треба! Ако сакаш, можеме заедно да работиме. Важно е да го гледаша тоа што го зборувам. Другото е моја грижа.
        Тој убав ден во кој ниту штурците штуреа, ниту водата течеше, си подадоа рака Тепај Време и Шуплив Мозок и си плукнаа в дланки да го сменат тоа што никој не можеше да го смени, за интересите на сите што не ги сфаќаа.


ЌЕ ПРОДОЛЖИ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 22:16
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

е ајде де и ја се чудам како сум го напишала изненадување


ајде, де, море, се чудела, ко да не знае дека финтата е во инспирацијата...мора да бил многу силен врутокот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:51
Vremeto odi
vo pravec veke poznat,
gledam vo oseka
sto od mene bega.
Veke se izmoriv
od nadezi pusti
i da odam e vreme
kade za zelbi nema mesto,
kolku ponekogas
da prestanam da mislam, sakam
i zaziveam kako insekt,
kolku ponekogas e tesko,
da se igra dur muzika sviri
site nasmeani,
a tebe ti se place.
Denes vaka
utre taka,
muckata me boli
od tolku mnogu grimasi
za ovoj vaka,
za onoj taka


Изменето од zbunet - 28.Април.2008 во 19:52
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:24
аплауз
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:15
Еве уше нешто од таа тетратка...голема%20насмевка

Додека ѕвездите зборат
во длабока пролетна ноќ
мојата душа трага по твојата
заљубено немо исплашено
невино ја бара низ небескиот шир
твоите очи меѓу ѕвездите
твоите усни во месечината
ликот во облаците...
молкум исчезнуваат!
облаците, ѕвездите, месечината.
ново утро се раѓа
полека ко кришум ги затворам очите
бавно, залутаната душа тоне во сон
повторно денски
за да не го гледа сонцето без тебе
а срцето моли...
Боже не дозволи да заборави.
Не давај!
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 15:25
е ајде де и ја се чудам како сум го напишала изненадување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 15:08
ТОЛКУ МАЛА А ТОЛКУ НАПРЕДНА
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 14:30
Зад тополи со тело зимзелено
Во крајот од сјајот Се белеат дворови,
Тука мечтае осамена благородна душа,
Под цветовите на липите, покрај здив од борови.

Покрај олтар чудни зборови го сенат,
Во душата му плачат свети хорови,
И мисли дека месечината е заљубена,
Бидејки живее како небеските створови.

Го гледам така се на една нога,
И се поклонувам како сите во Бога,
Но не можам да го насликам во себе.

Само со претчуството на гласот
и профилот негов,
го здобив чуството за него.

Љубовта се вртеше како крадец во замка,
Кој нема излез со врзани раце две,
и си помислив-чиј лиси сега-среќо моја
единствена,
Даи моите солзи се твој утрински дожд,
Дали моето срце е за тебе вистински дар,
Дали моите раце се твои цветни ливчиња кои те галат,
Дали моите очи го будат во тебе жарот.


П.С. Го најдов ова во тетратка од 8мо одд. .....сум немала што да правам на час изгледа намигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 11:19

ЕБАТИ ДРЖАВАТА…

        - Ебати ја државата, што нема закон за заштита на домашните животни! – истурив гневна пцовка, кога жена ми сета во солзи ми соопшти дека кучето на мајка и го смачкал камион додека минувало преку булеварот.
       Всушност, тоа беше наше куче, ама поради непостоење услови за чување во станот на третиот кат, го посвоивме кај тештата, која имаше куќарка, каква таква, ама сепак куќарка, со двор и други потребни услови за чување домашно милениче. А добро и се најде, бидејќи непосредно пред тоа си почина тестот, па другарче и беше.
        Разгневен од оваа црна вест, ја подадов главата на прозорецот и плукнав.
        - Пу, ебати државата! – пак испцував, не водедјќи сметка дека соседите, кои беа на власт, можат да ме чујат.
        На тротоарот немаше многу свет, само една стара жена и едно куче кое душкаше околу кошничката за отпадоци, поткревајќи се на задните нозе и обидувајки се со муцката да извади парче стар леб од неа.
        Се загледав во паѓањето на плунката, а телото сето ми се стегна, некаква внатрешна математика ми сигнализира дека плунката ќе падне вра главата на жената. Но за среќа, во тој миг ја пресретна една заспана оса, кој без компас леташе под прозорецот од кој ја лансирав плунката, отцртувајќи неправилни осмици низ топлиот воздух.
        Сетив леснина, но за кратко… Осата, погодена како со проектил „ воздух – земја“, се струполи врз кучето што си ја испробуваше среќата пред кошничката со отпадоци и, збунета од тоа што не знаеше што точно ја снајде, како реакција на одбрана му го зари џвалото во кожата, па тоа заквиче, и почна да се врти во круг, како некој да му врзал лименка за опашот, па се обидуваше да ја докачи и да се ослободи од неа.
        Некој уплав ја отфрли жената како катапулт кон улицата и таа почна да писка панично и да мава со чантата кон кучето, не гледајќи дека зад неа иде такси со голема брзина.
        - Глупава, бегај од улицата! – викнав панично кон жената, - Ќе те однесе таксито!
        - Пу, ебати ја државата со вакви гуски!
        Не знам дали ја слушна мојата опмена; во истиот миг кога јас викнав, или помислив дека викнав, силно чкрипење го раскина жешкиот летен воздух и жената повторно скокна, овојпат од улицата на троарот, значи во спротивна насока, што мене ми заличе на смешно враќање на сцена од филм што се монтира, при што кучето заквиче уште посилно, си ја подвитка опашката и побегна.
        Очекував таксистот да застане, да излезе од таксито и да и ги истури пиперките на старата жена, да и се развика за да друг пат си ги понесе очите кога преминува улица, а не да ги чува дома крај нејзиниот дедо, но тоа не се случи.
При кочењето, таксистот, некое младо детиште кое самошто зело дозвола ( со врски или прасе) ја загуби контролата над возилото и тоа се најде на спротивната лента на улицата, кон спротивниот тротоар по кој безгрижно поминуваше група деца.
        - Овој ќе ги отепа децата…, - викнав, кон жена ми, спискав!
        Пискањето од улицвата го натсили мојот писок.
       - Пу, ебати државата во која и на слепци им даваат возачка дозвола! – опцував уште еднаш, чувствувајќи како гневот ми навлегува длабоко во коските.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2008 во 23:25
Mirisam pod miski
pedanten ne sum ic,
nebricen sum stalno
i dim od corapa so noz da ja seces,
a tebe te nema
iako te baram i cekam kade ne si.
Zad sekoj cist maz
stojat centrifuga i zena,
kako sto sekoj vljuben
pred sakanata ne prdi, zdriga,
nitu cacka nos,
samo za da mu dade
i vo kujna mu vleze,
a potoa druga pesna
od piratsko cd
niz kuka se razlee,
kako i kaj site drugi
a nie mislevme
poarni ke bideme
lebdejki nad seto toa
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121122123124125 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.