IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕЛИГДЕН-Радост и верба во животот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕЛИГДЕН-Радост и верба во животот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
Автор
Порака
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 09:13

Велики Понеделник: на прекрасниот Јосиф

Денес, на светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква.Од денешниот ден почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста.

Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама - во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф.

Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата.

Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање. Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство - гревовна наслада, но потоа доаѓа - горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф - бидејќи е праобраз на Христа.

(Неплодна) смоква е секоја душа на којашто и е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен - и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

По молитвите на прекрасниот Јосиф, Христе Боже, помилуј нè. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 09:15
Велики Вторник: на мудрите девојки

На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки.

Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот.

Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста и го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала девственост. Тие се луди, затоа што исполнувајќи го поголемото, го пренебрегнале помалото, та затоа, по ништо не се разликуваат од блудниците: блудниците ги победило телото, а нив - имотот.

Кога проаѓаше ноќта на овој живот, сите тие девојки задремаа и заспаа, т.е. умреа, бидејќи тука под сон се подразбира смртта. А среде нивниот сон, на полноќ, настана викотница, се отворија вратите, и оние, коишто се беа снабдиле со изобилство масло - влегоа со женикот, а лудите, коишто не зедоа доволно масло, почнаа да бараат, тогаш кога се разбудија. Иако сакаа, мудрите не можеа да им дадат на неразумните, бидејќи беше време за самото влегување (во брачните одаи), и затоа им одговорија: да не би да не ни стигне и нам и вам, подобро одете кај продавачите, т.е. кај сиромашните и купете. И, покрај сè, лудите девојки, коишто беа дошле без светлина, извикуваат удирајќи по вратата: Господару, Господару! Отвори ни. Но, Самиот Господ го изговара оној страшен одговор: Одете си, ви велам, не ве познавам. Како ќе го видите женикот, кога го немате виното на милоста?

Богоносните отци, значи, ја ставиле оваа приказна, за да нè поучат секогаш да бидеме будни и подготвени да го дочекаме вистинскиот Женик, со добри дела и првенствено со милост, бидејќи не го знаеме денот и часот на крајот, токму како што Јосиф, со својот пример, нè учи да здобиеме целомудреност, а смоквата - секогаш да донесуваме духовен плод.

Кој ќе го исполни едното, дури и поголемото, а второто, особено милоста, ја заборави, тој нема да влезе со Христа во вечната починка, туку посрамен ќе се врати назад, бидејќи нема ништо посрамно и пожално од девственоста, којашто е победена од страста кон богатството.

Женику Христе, здружи нè со мудрите девојки, придружи нè кон Твоето избрано стадо и помилуј нè. Амин.


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 09:16


Велика Среда: на помазувањето на Христа со скапоцено миро

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви страдања.

Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепрозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро.

Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепрозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепра, така ќе ја исцели и нејзината душевна болест. И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници.

Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погреб, одвраќајќи го Јуда од предавството и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

Со духовно миро помазани, Христе Боже, ослободи нè од страстите, коишто навалуваат на нас и помилуј нè, бидејќи Си единствен благ и човекољубец. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 09:25
Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Омер...нема нешто што треба да го прекутиш слободно кажи...и јас многу не знам од к*ранот па ете преска што треснав...среќаХалид...сепак фарбани е адетот...среќа


Благодарам!ај...да не бидам више многу досаден...Пошо....Но,Интересно ми доаѓат следново.....

Зарем Македонија,Русија,Бугарија,Србија...и сите земји во кои живеат Православните Христијани..зарем сите овие имаат исти Адети???

Па затоа се прашувам..Дали фарбањето е адет!??Или е верско начело???
Халид мислам дека најдов нешто околу твоето прашање.
Во северниот дел од Англија, за Велигден се игра традиционална игра при што на играчите им се даваат тврдо варени јајца со кои се чукаат и губитникот треба да го изеде јајцето а победникот си го задржува. Ваков сличен обичај се практикува и во Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија и  Романија. Во делови од Баварија, Австрија, и германското говорно подрачје во Швајцарија овој обичај се нарекува Ostereiertitschen или Eirpecken. Во Јужна Луизијана оваа практика се нарекува Pocking Eggs и е малку поинаква. Овде победникот ги јаде искршените јајца на губитниците во играта во секоја рунда...
Сепак значи отприлика тоа е...само како игра е малце различно..инаку и тие фарбаат јајца..среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 14:03
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Омер...нема нешто што треба да го прекутиш слободно кажи...и јас многу не знам од к*ранот па ете преска што треснав...среќаХалид...сепак фарбани е адетот...среќа
Благодарам!ај...да не бидам више многу досаден...Пошо....Но,Интересно ми доаѓат следново..... Зарем Македонија,Русија,Бугарија,Србија...и сите земји во кои живеат Православните Христијани..зарем сите овие имаат исти Адети??? Па затоа се прашувам..Дали фарбањето е адет!??Или е верско начело???

Халид мислам дека најдов нешто околу твоето прашање.

Во северниот дел од Англија, за Велигден се игра традиционална игра при што на играчите им се даваат тврдо варени јајца со кои се чукаат и губитникот треба да го изеде јајцето а победникот си го задржува. Ваков сличен обичај се практикува и во Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија и  Романија. Во делови од Баварија, Австрија, и германското говорно подрачје во Швајцарија овој обичај се нарекува Ostereiertitschen или Eirpecken. Во Јужна Луизијана оваа практика се нарекува Pocking Eggs и е малку поинаква. Овде победникот ги јаде искршените јајца на губитниците во играта во секоја рунда...

Сепак значи отприлика тоа е...само како игра е малце различно..инаку и тие фарбаат јајца..среќа


Aha..Blue,Ok..Blagodaram za odgovorot!

No sepak mora da se vapcaat jajcata!!?
so ne vapcani ne se moze da se igra taa "igra" Ili???
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 14:06
Не не,.....мора да се вапцани среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 14:14
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Не не,.....мора да се вапцани среќа


Е сега јас ќе прашам зошто мора да се вапцани,и као што кажу ПОНОВО СМО НА ПОЧЕТКУ СРЕЌЕ.

П.С. Блу,не мораш да одговориш,јас само онака....колку да дофрлам нешто.
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 14:14
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Не не,.....мора да се вапцани среќа


Znaci...Versko nacelo???ne e samo adet..Ili???

Изменето од Halid ibn Velid - 23.Април.2008 во 14:14
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:13
Тоа го прави секој Христијанин кој го сака Бог и ја почитува Црквата како Божји храм. Според мене адет е нешто останато од дедо ми на пример и го правам јас или сестра ми или мајка ми. Но ова значи станува збор за сите верници. среќа 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:16
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Тоа го прави секој Христијанин кој го сака Бог и ја почитува Црквата како Божји храм. Според мене адет е нешто останато од дедо ми на пример и го правам јас или сестра ми или мајка ми. Но ова значи станува збор за сите верници. среќа 


Togas znaci e versko nacelo!??

epa sega ke dades eden pasus!za toa!?

Stom stanuvat zbort za site vernici?
pa mora site vernici neli da se baziraat na Biblijata..ili gresam????
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:17
Originally posted by Omer El Faruk Omer El Faruk напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Не не,.....мора да се вапцани среќа


Е сега јас ќе прашам зошто мора да се вапцани,и као што кажу ПОНОВО СМО НА ПОЧЕТКУ СРЕЌЕ.

П.С. Блу,не мораш да одговориш,јас само онака....колку да дофрлам нешто.
Во ред е прашањево.....јас ке ти кажам јас колку што знам ...а кој знае повеке нека надополни слободно. Мое мислење е дека со црвената боја која најчесто се користи во боењето на јајцата (другите значи се споредни и Божјото т.е. првото јајце мора да е такво извапцано) се симболизира крвта на Исус која ја пролеа за нашите гревови. Мое сваќање е дека со фарбањето црвена боја значи ја издигнуваме крвта Христијанска и ја славиме исто така. Мислам дека погоре пишува поубаво.во првиот пост..среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:17
халид за 10 мин сум дома и ке пишам
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:19
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

халид за 10 мин сум дома и ке пишам

Ok..Blue...Blagodaram!!

Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:41
само што излегов од кола да затворам капија абе цела ме нарна ух кажи ми за што поточно  сакаш да ти дадам?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,233 секунди.