|
Во Библијата убиство заради поглед! |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | ||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ok ke cekame
|
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A dodeka cekate sakate mozebi kafence ili sokce .....
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
kapucino
|
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
im happy
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе реков подоцна, најверојатно вечер. Па многу се.
|
||
middle is best... i believe in science
|
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
dobro go cenam tvojot trud
|
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Само реков дека и во к*ранот, Бог е семоќен... што е точно... освен ако ти не тврдиш поинаку... |
||
im happy
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи во Библијата Бог убива од икс смешни причини. Еве ќе наведам неколу, но имајте предвид дека ова е само капка во морето!
Проклет е секој што не убива. Еремија 48:10 Проклет да е кој негрижливо ги извршува Господовите работи! Проклет да е кој својот меч не ќе го омрси со крв! Бог убива 42 деца затоа што се потсмевале. 2 Цареви 2:23-24 Оттаму се искачи во Ветил. Додека одеше патем, од градот излегоа деца и му се потсмеваа, говорејќи: „Дојди, бескосник! Дојди, бескосник!” Тој се обѕрна, ги погледа и ги проколна во Господово Име. И веднаш излегоа две мечки од шумата и раскинаа четириесет и две деца. Господ убива мирољубив човек. 1 Цареви 20:35-36 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри. Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина. Господ убива човек оти така му се сака. 2 Самуил 6:3-7 Божјиот Ковчег го положија на нова кола, откако го изнесоа од Авинадавовата куќа, што стоеше на ритчето. Уза и Ахио, Авинадавовите синови, ја придружуваа колата. Уза врвеше покрај Божјиот Ковчег, а Ахио одеше пред него. Давид и сиот Израелев дом играа пред Господа со сета сила, пеејќи наспоредно со звуците на гуслиња, псалтири, тапанчиња, свирки и кимвали. Кога дојдоа до Нахоновото Гумно, Уза посегна со раката по Божјиот Ковчег, за да го придржи, зашто воловите за малку не го превртија. Но Господ се разгневи на Уза: Бог го удри на место заради тој престап, така што умре таму, покрај Божјиот Ковчег. Убиство на најблиските. Излез 32:26-29 застана при вратата на логорот и извика: „Кој е за Господа, при мене!” Сите Левиеви синови се собраа околу него. Тој им рече: „Господ, Бог на Израел, зборува вака: ‘Нека секој го припаше мечот до бедрото и нека тргне низ логорот од врата до врата, па некој нека го убие брата си, некој својот пријател, некој својот сосед.’” Левиевите синови го извршија Мојсеевиот налог, и во тој ден паднаа околу три илјади луѓе од народот. „Денес му се посветивте на служба на Господа - рече Мојсеј - некој по цена на својот син, некој по цена на својот брат, така што денес ви дава благослов.” Господ убива во Ирак. 2 Цареви 19:35 Во истата ноќ Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирискиот логор. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци. Убиство на деца на грешници Исаија 14:21 Подгответе колеж на децата за беззаконијата на нивните татковци, за да не се кренат веќе да ја освојуваат земјата и да не го покријат лицето на светот!” Господ жеден за крв. Езекиел 9:4-7 И Господ му рече: „Помини низ градот Ерусалим и обележи ги со знакот ‘тау’ челата на сите што тажат и плачат заради гнасностите што се прават во него!” А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост. Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. Но, врз кого ќе биде знакот ‘тау’ него не го зафаќајте. Почнете од Моето светилиште!” И тие почнаа од старешините, кои што стоеја пред Домот. И им рече: „Обесветете го Мојот Дом и наполнете му го дворот со трупови! Тргнете!” И тие излегоа та почнаа да убиваат низ градот. Бог ќе убие деца. Осија 9:11-16 Ефремовата слава одлета како птица: од раѓањето, од утробата, од зачнувањето. Но иако ги одгледаат своите синови, ќе ги одземам пред добата на мажеството, да, тешко им ним кога ќе ги оставам! Ефрем е како да го гледам Тир посаден во нива, но Ефрем ќе ги води своите деца на колење. Дај им, о Господи! А што да им дадеш? Дај им утроба што не раѓа, исушени гради. Во Галгал е сета нивна злоба, таму ги замразив. Заради нивните лоши дела, ќе ги истерам сите од Својата куќа, не ќе ги љубам веќе, сите кнезови им се одметници. Ефрем е поразен, им се исуши коренот; не ќе има род. И ако им се родат деца, ќе им го умртвам милиот плод на утробата. Масакр Судии 20:48 Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин. Убиство на цел земја. Еремија 50:21-22 „Против Мератаимската Земја! Тргни против неа и против жителите на Фекод, сотри ги до основи, уништи сè зад нив - говори Господ, изврши сè како што ти заповедав! Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз. Уште убиства и силувања. Исаија 13:15-18 Кого ќе го стигнат, ќе го пронижат, кого ќе го фатат, ќе го исечат со меч; пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените. Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото. Сите момчиња ќе бидат покосени, сите девојки сотрени, не ќе му се смилуваат на плодот на утробата, не ќе им се сожали окото на децата. Убиство за сите што работат во сабота. Излез 31:12-15 Пак Господ му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам. И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ. Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен. Убиство за сите неверници. 2 Летописи 15:12-13 Се заветуваа дека ќе Го бараат Господа, Бога на своите. А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена Убиство на сите што ќе се приближат до Шаторот. Броеви 1:48-51 Имено, Господ му рече на Мојсеја: „Само Левиевото племе не го внесувај во пописот на Израелците. Туку ти самиот одреди ги левитите за служба во Шаторот на Сведоштвото; за сиот негов намештај и сè што спаѓа во него; тие нека го носат Шаторот и сиот негов прибор; тие нека служат во него и нека го поставуваат својот логор околу него. Кога Шаторот треба да биде преместен, левитите нека го разглобат; а кога Шаторот треба да застане, левитите нека го подигнат пак. Странец кој ќе му се доближи нека биде погубен. Сите што направиле прељуба треба да се убијат. Левит 20:10 Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата. Погубување на цел град доколу некој жител обожува друг Бог. Второзаконие 13:13-18 ‘Се појавија лоши луѓе во твојата средина и ги заведоа жителите на својот град, кажувајќи: „Ајде да им служиме на други богови!” - што вие инаку не ги познавате’ - тогаш добро истражи, распрашај се и темелно извиди. Ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во твојата средина, тогаш исечи ги со остар меч жителите на тој град, предај ги на проклетство него и сите што се во него и неговиот добиток. Потоа собери го сиот плен среде плоштадот па изгори го градот со сиот плен како паленица за Господа, својот Бог. Нека остане засекогаш урнатина, и веќе никогаш нека не се соѕидува. Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци, ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.” Сите припадници на други религии треба да се убијат. Излез 22:20 Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен Второзаконие 13:7-10 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата, немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го, но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ. Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството. Сите блудници треба да се убијат. Левит 21:9 Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган Убиство на сите девојки што не се девици на првата брачна ноќ. Второзаконие 22:20-21 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина, нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина. Сите што ќе ги удрат родителите, треба да се убијат. Излез 21:15 Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт Сите врачеви треба да се убијат. Левит 2:27 Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив. Сите хомосексуалци треба да се убијат. Левит 20:13 Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија. Римјаните 1:24-32 Затоа Бог ги предаде, според желбите на нивните срца, на нечистотата, така што сами да ги обесчестат своите тела; нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин! Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно; мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда. И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во нивните мисли, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум, за да прават што не прилега: исполнети со секаков вид неправда, расипаност, алчност, зло; полни со завист, убиства, расправии, лукавства, подмолност; озборувачи, клеветници, мразители на Бога, насилници, горди, самопофалувачи, измислувачи на зла, непокорни на родителите, неразумни, неповерливи, без љубов и без милосрдие. Тие ја знаат Божјата правда: дека оние, кои прават така, заслужуваат смрт, па сепак не само што го прават тоа, туку им одобруваат и на другите, кои прават. Вештерките треба да се убијат. Излез 22:18 Не дозволувај да живее вражалка! Убиство поради непослушност кон свештеник. Второзаконие 17:12 Ако некој би се спротивил дрско и не би ги послушал ни свештеникот, кој стои таму за да Му служи на Господа, твојот Бог, ни судијата, тој човек нека биде погубен. |
||
middle is best... i believe in science
|
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
epten si se stegnala
vredese da se ceka |
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
im happy
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претерав, требаше помалку да напишам, вака ќе ве мрзи да читате. Ама како што реков, ова не е се! За жал!
|
||
middle is best... i believe in science
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не би се согласила дека овој труд на постирање цитати извадени од контекст бил толку вреден за чекање.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a zosto izvadeni od kontekst
|
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eve za ova te prasuvam tebe
Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган |
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
i ova
Второзаконие 22:20-21 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина, нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина. |
||
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Незнам зошто, секако на тоа прашање ќе треба да одговори постирачот, ама дека се извадени од контекст-извадени се и плус од некоја анти-рисјанска брошурка
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |