IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За моралот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За моралот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За моралот
    Испратена: 20.Април.2008 во 11:30
Често низ темиве на вероисповед, се спомнуваат моралните квалитети, моралната доблест на еден верник ( особено кога кликнав на пребарувај во потфорум вероисповед- со главно зборче морал, сите одговори што ми ги даде, беа поврзани со жената. Имаше за облекување, што смее и не смее, што е дозволено и што не, дали тие што носат танги се сметаат за морални и за христијанки, итн. Да се замисли човексреќа)
Всушност, и цивилизациски гледано, религијата е таа која му го донела моралот на човекот.

За среќа на човекот и животот, императив на самото постоење, битисување е развојот. Во сеопшта смисла.
Па така и моралот.
Од биолошко психолошки сознаен аспект, човекот во својот живот минува повеќе развојни фази...новороденче, рано и средно детство, пубертет и адолесценција, рана и средна зрелост, стареење итн.


(Се надевам, доволно ни е јасно дека фактичката возраст не одговара секогаш на развојно очекуваната психолошка и сознајна зрелост.)

Така, и моралноста има свои фази, стадиуми на развој.

Прво, постои хетерономна и автономна моралност.
1. Првата одговара унилатерално почитување и послушност на она што авторитетот ( пр, родителот, законот) го вели.

2. Втората е типична за адолесцентите. Преиспитување на она што авторитетот го вели, за да се создаде свој систем на она што е морално правилно. Се развива соработка, почитување, се согледуваат мотивите и намерите, и се развива субјективна одговорност.

3. На овој стадуим, на моралноста се гледа како начин да се води сметка за другиот, се постапува по паролата, прави им го на другите она што сакаш тебе да ти го прават. Главно е зачувување на хармонијата меѓу односите, или избегнување на конфликти.

4. Се почитуваат формално одредените правила и норми, фокусот е на законот и редот. Битно е што словото на законот вели, а не што вели душата на законот.

5. Тука, се развива апстрактното мислење и одмерување на алтернативите. Се постапува според општествениот договор, но и според основните етички принципи, се одмеруваат последиците, се одлучува по демократски пат, имајќи ја на ум релативноста на контекстот. Битно, одлучувањето за она што е морално исправно, е контролирано одвнатре, не однадвор преку притисоци и очекувања.

6. Ова е највисокиот стадиум на развој на моралноста. Однесувањето е одредено од сопствената совест, внимавајќи на етичките принципи, со тоа што  делата се резултат на инвидивуалниот избор, и свест. Индивидуалните искуства ја носат смислата на доброто и лошото.

Моето прашање е:

Како вашите светите книги ја дефинираат моралноста?
Дали и како е тоа во согласност со она што научниците, социолози, психолози, го утврдиле како развојни законитости од проучувањето на развојот на човекот?
На кој начин вашата религија ве води, поучува, помага да ја развиете вашата моралност?

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 12:53
Odlichen pregled na razvojot na chovekovata svest od ragjganjeto pa do zrelosta.

Na krajot se zavrshuva so svesnoto osoznavanjeto na neshtata, ne zatoa sto nekogash nekoj neshto napishal, ne zatoa sto religijata i drzhavata neshto ozakonile i sankcioniraat, tuku zatoa sto osozrevame kako svesni bitija dareni so inteligencija, duh i razum.

Apsolutno se slozhuvam so toa i zatoa postojano velam vo nashive razgovori, ovde na forumov, deka na krajot na chovekot poveke ne mu e vazhno sto se zboruva, ne mu e vazhno sto se pravi, tuku mu e vazhen motivot, idejata, svesta koja stoi zad kazhanoto i napravenoto.

Toa e poslednata faza vo negoviot zhivot koga poveke ne se bitni nikakvi pishani ili kazhani zakoni, bidejki svesta gi zamenuva vo potpolnost i ponatamu tie samo pretstavuvaat edna nepotrebna prechka.

Ushte poveke, vechnoto i dosledno drzhenje za zakonite i pravilata, iako pravat od lugjeto poslushni i pokorni chlenovi na komunata i opshtetsvoto (sto e imperativ za site opshetsveni gupacii), go limitira razvojot i procutot na svesta.

Изменето од Messenger - 20.Април.2008 во 13:01
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 17:56
"Испратен сум за да го усовршам моралот на луѓето!" (Мухаммед а.с.)
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 20:26
o KALI dobro ni dojde, te nemase odamna.
Eve eden skrommen doprinos kon ubavata i poucna tema

Пратеникот на исламот ја прецизира примарната основа на сопствената мисија и јасните облици на неговиот повик:
„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“
(Малик)

Се чини дека мисијата која го изгазила својот пат во историјата на животот, чијшто носител вложил огромен труд како би го раширил нејзиното светло и собрал луѓе околу него - има за цел само кристализирање на нивната вредност, осветлување на хоризонтот на совршеноста пред нивните очи за да се движат кон тоа светло потполно уверени.
Ибадетите што се пропишани во исламот и кои се сметаат како столбови во иманот (верувањето) никако не смеат да се сфатат како неми ритуали кои го врзуваат човекот за непознатиот и невидлив свет обврзувајки го на извршување на нејасни работи и бесмислени движења. Не! Не! Обврски¬те и нивното извршување исламот што ги бара од секој свој припадник воглавно се редовни вежби што го навикнуваат човекот на исправно постапување во кое тој треба да се при¬држува без разлика на ситуацијата во која се наоѓа.
Тие се слични на спортските вежби што човекот досле¬дно ги извршува за да може со помош на тие редовни тре¬нинзи да ја одржува добрата кондиција и здравиот живот.

Светиот к*ран и благородниот Суннет на јасен начин укажуваат на овие вистини.
Кога укажал на задожителниот намаз , Аллах, џ.ш., ја укажал и причината зошто е пропишан тој намаз:
„И извршувај намаз, намазот, навистина, одвраќа од разврат и од сè што е грдо!“
(Ел-Анкебут, 45)
Тоа значи, оддалечување од недоличностите и чистење од лошите говор и дела ја претставуваат суштината на нама¬зот. Во хадисот кој Пратеникот, с.а.в.с., го пренесува од сво¬јот Господар се вели:
„Јас навистина го примам намазот од оној кој со него & се покорува на Мојата големина; кој не се охоли пред Моите созданија; кој што не е упорен во непокорноста кон Мене; кој денот го поминува во зикр ; кој е милостив кон сиро¬мавиот, патникот, вдовицата и човекот во несреќа.“
(Ел-Безар)

Пропишаниот зеќат не е данок што се зема од џебовите. Напротив! Тој како прво е всадување на чувството на со¬милост и благост, зацврстување на врската за познанства и хармонија помеѓу различните класи.
к*ранот укажува на причината за издвојувањето на зеќатот:
„Земај од добрата нивни зеќат, со него да ги очи¬стиш и благословени да ги направиш.“
(Ет-Теубе, 103)
што значи чистење на душата од негативни елменти и воздигнување на друштвото на едно најблагородно ниво претставува една од најзначајните причини.

Поради сето тоа Пратеникот, с.а.в.с., укажува на широ¬ката смисла на зборот садака што треба да ја издвојува му¬слиманот:
„Да му се насмевнеш на својот брат е садака; препо¬ра¬чување на добро и одвраќање од зло е садака; упа¬тување на човекот од непознато место е садака; отстранувањето на отпад, трње, и коски од патот се вбројува во садака; прелевање од твојата кофа во кофата од твојот брат се вбројува во садака, и кога гледаш за човекот што има слаб вид - тоа за тебе е садака.“
(Бухари)

Овие учења кои потекнуваат од пустинските предели во кои со столетија беснееле борби и завади, укажуваат на целите што ги има зацртано исламот, кои ги соединиле Арапите.

Исто така, во исламот има пропишано пост. Исламот на овој ибадет не гледа како на некое привремено воздржување од одредени јадења и пиења. Уште повеќе, тоа се гледа како прв чекор кон перманентна апстиненција од забранети за¬доволства и недопуштени страсти.

Потврдувајќи ја оваа смисла, Пратеникот, с.а.в.с., рекол:
„Кој нема да се чува себе си од невистинит говор и лоши дела, нека знае дека на Аллах не Му е потребно неговото воздржување од јадење и пиење.“
(Бухари)

Исто така рекол:
„Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако некој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас постам!‘“
(Ибн-Хузејме)

к*ранот укажува на причината на постот:
„О верници! Ви се пропишува пост, како што е пропишан на оние пред вас, за да ги одбегнувате гревовите.“
(Ел-Бекаре, 183)

На човекот може да му се причини дека патувањето на светите места на кој што е обврзан секој способен муслиман и кои што претставуваат исламска должност за некои следбеници на оваа вера, патување ускратено од сите етички примеси и дека е тоа по пат на церемонија од другите вери, чија причина не се знае. Тоа е погрешно. Говорејќи за овој обред, Возвишениот Аллах вели:
„Хаџџот е во одредени месеци, па за оној кој ќе се обврзе дека во нив хаџџ ќе изврши нема однос со жената и нема грди зборови, и нема расправии во деновите на хаџџот. А за доброто што ќе го направи, Аллах знае. И од она што ви е потребно за на пат снабдете се. А најдобро снабдување е богобојазно¬ста. И од Мене плашете се, о вие кои сте со разум обдарени!“
(Ел-Бекаре, 197)

Со ова општо прикажување на некои специфични ибадети во исламот, кои ги претставуваат неговите основни темели, сакаме да укажеме на видовите врски кои што ја врзуваат верата со етиката.

Се работи за ибадети кои се различни по својата сушти¬на и изглед. Меѓутоа, тие се среќаваат во конечната цел која ја оцртува Пратеникот, с.а.в.с., со зборовите:
„Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“
Намазот, постот, зеќатот, хаџџот и ним сличните ибадети од исламското учење право го трасираат патот до совршените особини и чистите манири. Благодарение на нив животот го добива своето вистинско значење и важност.

Заради овие благородни особини, кои се поврзани со таквиот живот или прават услови за него, овие ибадети за¬вземаат важечко место во Аллаховата вера. Затоа што, ако човекот нема корист од нив, не го исчисти срцето, не го изостри умот и не ја хармонизира својата врска со луѓето и со Аллах, тогаш тој навистина заталкал.
Аллах, џ.ш., вели:
„Oној кој пред Господарот свој како неверник ќе излезе го чека џехеннем, во него нема ниту да умре ниту да живее; а оние кои пред Него ќе излезат како верници, и кои правеле добри дела, сите нив ги чекаат високи степени, еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив вечно ќе останат. Тоа ќе биде награ¬дата за оние од гревовите што се исчистиле.“
(Та Ха, 73-76)


(karakterot na muslimanot - Muhammed el Gazali)
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:04
oooo nekoj kupil kniga?
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:06
Исто така рекол:
„Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако некој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас постам!‘“
(Ибн-Хузејме)

Тоа воздржување од бесмислен и бесрамен говор, важи само за време на постот, или?збунетост
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:09
зевање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:15
Ocigledno NE pogledaj go forumov hahahahahah
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:20
Даија е изгледа уморен од саемот, а другите не се расположени за моабет....
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:27
Ova e napisano samo za postot, za site segmenti od nego, a za opsto si ima isti ili slicno odredbi koi sekako vazat, i ne gi izvrtuvaj rabotite. Ok?
 
se nadevam deka ne ti bese namerno.
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:28
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Даија е изгледа уморен од саемот, а другите не се расположени за моабет....


Еве јас сум расположен,прашувај што те интересира.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:30
koga sme kaj moralot kolku li samo mozam da pisuvam tuka....
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:32
poveli ili bujrumсреќа
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:36
Originally posted by DAIJA DAIJA напиша:

Ova e napisano samo za postot, za site segmenti od nego, a za opsto si ima isti ili slicno odredbi koi sekako vazat, i ne gi izvrtuvaj rabotite. Ok?
 
se nadevam deka ne ti bese namerno.


Чудно како тоа веднаш на расправа ја терате работата. Се разбира дека немав намера да ги извртам работите, а уште помалку намерно. Во секој случај се извинувам.
Ај, постирајте си тогаш, не ви се мешам
.среќа
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.