IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Критика за свештениците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Критика за свештениците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
im happy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 136
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај im happy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Критика за свештениците
    Испратена: 18.Април.2008 во 14:16
Убаво е да се чуе дека некои свештеници се свесни зошто им бегаат верниците. Ај па може и ќе се сменат работите.


Време е за критика врз нас свештенството
Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење
Пишува: Митрополит Пимен

Полека се приближуваме кон најголемиот христијански празник. Со тоа и кон последната седмица од Велигденскиот пост. Седмица во која верувам многу луѓе ќе се обидат да постат за да се причестат на крајот од постот односно на празникот на Воскресението Христово или народски кажано на Велигден. Ќе се обидат да постат и да не јадат мрсна храна, ама ќе заборават дека не треба да го јадат својот ближен. Ќе заборават дека постот е воздржување од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли.

Некои ќе се обидат и да симнат некој килограм, односно да го искористат постот како диета. Тие пак ќе заборават дека се пости од вера, а не од естетски причини. Некои ќе се обидат да го искористат постот за да направат некое добро дело пред Бога, за потоа да направат договор со Него во стилот, еве јас ќе испостам една седмица без масло, ама за сметка на тоа, Ти мене ќе ми дадеш здравје, пари, слава, успех... Ќе заборават дека Бог не им е должен ним ама баш ништо. Бог не е желботека.

Некои ќе постат за да се докажат самите пред себе колку силен карактер имаат, а ќе заборават дека Бог не не учи да бидеме егоисти. Некои ќе постат за да добијат смирение и да ги избегнат искушенијата. Овие пак ќе заборават дека деновите на постот се благодатни денови и дека тука важи правилото колку поголема благодат толку поголеми искушенија. Една група ќе постат за други, односно за децата, за старите, за болните, но ќе заборават дека православната вера е личносна вера и дека секој може да има вера, и дека, дури и цел свет да се моли за некого, Бог нема да интервенира додека тој самиот не дозволи Божја интервенција. Сигурно ќе има и други мотиви поради кои ќе се пости. Нејсе.

Убаво ги искритикував луѓето кои постат, но на погрешна основа, и не кажав дека се виновни за тоа. А, ако тие не се виновни за тоа тогаш кој е? Секако тој што не ги научил како треба, тој што не ги посоветувал. И сега некој ќе треба да не искритикува нас свештенството за пропустот, бидејќи, сепак, ние сме тие кои имаме обврска да го сториме тоа. Да не чекаме некој друг да го направи тоа додека сме кај темава, ќе ја почнам јас самокритички.

Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење. И сега сосема е “нормално” приоритет да им даваме на оние работи кои ни се поинтересни. Од тука зпочнува проблемот. Забораваме на Христовите зборови „бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Потоа во случај на напад, на полето дека слабо се трудиме да допреме до народот, имаме спремен одговор дека народот не доаѓа во црква, па од таа причина не може да се допре до него, а забораваме дека Христијанството е мисионерска вера, забораваме дека светиот апостол Павле пеш го обиколил тогаш познатиот свет и покрстил толку многу народ.

Не сакаме да се сетиме дека живееме во 21 век и дека денес има толку многу медиуми кои ни овозможуваат да пласираме се што сакаме да кажеме. Е, арно ама во последниве години медиумите ги користиме повеќе за да се оправдаме кога за нешто сме нападнати отколку за да кажеме нешто душеполезно и спасително. Па потоа не е ништо чудно што луѓе не не застануваат на улица за да не прашаат како може да постат или да се молат, туку се почесто не прашуваат што е со Вранишкоски, со Изгрев, со Австралија. А, како да не застанат и прашаат на улица кога не можат да препознаат свештеник. Па нели не му пишува на свештеникот на чело дека е свештеник, туку тој се препознава по неговата секојдневна свештеничка облека, по мантијата која треба да ја носи. А колкумина од нас надвор од храмот носиме мантија? Забораваме на канонот кој не обврзува надвор од својот дом да не се појавуваме без мантија. Ќе се согласиме сите верувам дека најчесто во црква одиме кога ќе не поканат на крштевка, венчавка и согласно тоа, не дај Боже за погреб. Тука имаме можност да го видиме и препознаеме свештеникот дека е свештеник, а тој пак има прилика тогаш да се обрати на народот и на момент да види дека има исклучок од правилото дека народот не доаѓа во црква.

Но веднаш наидуваме на друг проблем. Поради тоа што е закажан термин, а по него има и друг термин, па и поради тоа што мораме на време да бидеме во расторанот и овие црковни треби поминуваат колку за адет, онака набрзина и повторно ја пропуштаме можноста нешто повеќе да кажеме за верата, за подвигот, за смислата и целта на животот, и да објасниме дека крштевањето, венчавањето и погребението не се само адети, и дека не треба тоа да се направи само поради форма, туку дека тоа има и длабока суштина и дека откако ќе се крстиме стануваме членови на Црквата со одредени права, но и обврски, пред се, заради нас самите. Дека улогата на кумот не е прв да заигра на свадбата, туку да се грижи за правилниот духовен развој на оние кои ги крстил и венчал. Сето ова не ќе стигнеме или ќе го заборавиме да го нагласиме, но тарифата никако да ја заборавиме.

Тука е и проблемот на клирикализмот и институционализација на свештенството. Свештеникот не е веќе прв меѓу еднаквите, како што е определено според благодатта Божја и како што бил поставен во раната Црква, денес се гледа некако да се постави над народот. Сето тоа уште повеќе го оддалечува од народот. Забораваме на евангелските зборови на Христос, Синот Божји и Спасителот, дека кој сака да биде прв и најголем треба да им слугува на другите. И сега свештеникот не е препознат од верниот народ како еден од нив, а со тоа тешко дека ќе може да оствариме и личносен однос со нив. Ако пак не го оствариме тој личносен однос со мирјаните тие никогаш нема да се отворат кон нас и нашето слово нема да допре до нив. Штом не се отворат, нема да имаат ни доверба да се исповедаат и да се посоветуваат за правилата на духовниот живот. Кога е ваква ситуацијата каква што е, разбирливо е што луѓето почесто се советуваат со своите баби отколку со нас.

          И уште една работа знам дека им смета на луѓето. Не сите стоиме со дело зад зборовите, не сите го живееме она што го проповедаме. А штом не го живееме, словото наше побргу ќе биде технологија на зборови отколку теологија на живот. Забораваме на зборовите на светиот Григориј Палама дека „на секое слово можеме да се спротиставиме со збор, но не можеме да се спротиставиме на словото потврдено со живот“. Успешноста ја мериме со тоа што сме изградиле црква, а не со тоа што сме успеале некоја постоечка да ја наполниме со верници. Не размислуваме дека зданието е храм, а Црква е народот собран во името Христово на Евхаристија, на Света Литургија околу својот пастир. Има секако уште многу нешта за кои сме дале повод да не критикуваат, но сосема е доволно за почеток за да се поправиме и преумиме за овие веќе наброените.

Ги наброивме пропустите и на едната и на другата страна, ни останува уште да почнеме да се поправаме на двете страни. Од тоа пак во најголема мера зависи нашата иднина како народ. Ако се поправиме сигурно и довербата и соработката ќе ни се продлабочат. Таква соработка и доверба сме имале низ вековите кога сме немале држава, ама сме имале Црква полна со Живот и затоа сме опстоиле. Споменав погоре дека искушенијата стојат правопропорционално со благодатта, бидејќи ако се нема благодат тешко се опстојува на искушенија, а пак нив ги имаме доволно слава Му на Бога, од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби. Сигурно сме Му мили на Бога па не дарува со нив.

Е таков е патот на Христијаните, преку Крст до Воскресение. Ни останува кратко време до Велигден, па затоа апелирам да се свртиме кон себе, да погледнеме длабоко во нашето срце и да се покаеме за секој наш грев и со љубов да ја посведочиме нашата вера и пред Христијаните и пред Муслиманите и пред Евреите. Тогаш ќе чуеме пофалби од нив за многу години празникот комшија, а ние со радост ќе одговориме амин, со се вас. Тогаш дури ќе можеме по Крстот да го очекуваме и нашето воскресение со Воскресението Христово.
middle is best... i believe in science
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 17:33
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 17:44
Митрополитот Пимен заедно со Методија Златановски се едни од најдуховно освестените православни свештеници. Секогаш ми е задоволство да ги слушам.
И ова кажување на отец Пимен е за секоја пофалбасреќа
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 19:09
Ko priznaje pola mu se prasta.

P.S. Se odnesuva na otecot Pimen
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 19:37
Одличен текст
еве линк до изворот http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=4550

Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 19:42
Originally posted by Omer El Faruk Omer El Faruk напиша:

Ko priznaje pola mu se prasta.

P.S. Se odnesuva na otecot Pimen


Таа е стара сега има нова
Ko priznaje pola mu se dodaje
голема%20насмевка
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 01:18
Како би удрил една добра реплика на горниот текст, ама ај, нејсе, да не ви ја расипувам забавата голема%20насмевка
Сепак во горниов свештеник гледам искра на реформаторски дух, што е за пофалба... ИншАллах, можеби ќе биде еден од предвесниците на реформацијата во православието. Да се потсетиме дека и реформацијата во 16 век започна одвнатре, од самите свештеници т.е. калуѓери, бискупи.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 01:38
Dobar znak.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 01:56
Pa ludje i vreme e za dobri znaci ide Veligden...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 04:29
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сепак во горниов свештеник гледам искра на реформаторски дух, што е за пофалба... ИншАллах, можеби ќе биде еден од предвесниците на реформацијата во православието. Да се потсетиме дека и реформацијата во 16 век започна одвнатре, од самите свештеници т.е. калуѓери, бискупи.


Апсолутно се согласувам со ова. Крајно време е православната црква да се врати кон своите корени и прво свештениците да станат верници, а потоа сите други.
Познавајки ги Пимен, Методиј и г.г.Стефан, мислам дека барем ќе почнат со таква реформа. Не знам до каде ќе стигнат, но... времето е пред нас...
Кон врв
Kristin969 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2007
Локација: Scotland
Статус: Офлајн
Поени: 340
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kristin969 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 08:16
Dragi moi, site treba da se reformirame i da se promenime, ne samo svestenstvoto. Koga ke pocneme poveke da gledame sto nosime vo sebe, a ne kakvi se drugite okolu nas, ke razbereme zosto ni se slucuva se sto ni se slucuva. Verata vo Boga i zivoto ucenje na Isus Hristos treba da se posee i da fati dlabok koren vo nasata Dusa, zasto taa e vrskata , konekcijata so Kreatorot.....
 
Se soglasuvam so postot na otec Pimen, neka sekogas go sledi Bozjiot blagoslov, a site nie da pridoneseme i da si pomogneme edni na drugi za da ziveeme vo podobar svet. I samo togas ke razbereme deka nie sme tuka na Zemjata samo zaradi edno: da im sluzime na drugite lugje! A preku toa mu sluzime i na Boga! A ne toj nam!
 
Imajte prekrasen den! среќа
Ljubov i Svetlina!
Кон врв
hristina72 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hristina72 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 11:25
Smeat li monasite da pijat viski....
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 22:15
Originally posted by hristina72 hristina72 напиша:

Smeat li monasite da pijat viski....



Pa ne se smeat koga pijat. A od kade znaeme dali ne pijat?
Кон врв
fileo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 165
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fileo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 22:23
Originally posted by Kristin969 Kristin969 напиша:

Dragi moi, site treba da se reformirame i da se promenime, ne samo svestenstvoto. Koga ke pocneme poveke da gledame sto nosime vo sebe, a ne kakvi se drugite okolu nas, ke razbereme zosto ni se slucuva se sto ni se slucuva. Verata vo Boga i zivoto ucenje na Isus Hristos treba da se posee i da fati dlabok koren vo nasata Dusa, zasto taa e vrskata , konekcijata so Kreatorot.....

Se soglasuvam so postot na otec Pimen, neka sekogas go sledi Bozjiot blagoslov, a site nie da pridoneseme i da si pomogneme edni na drugi za da ziveeme vo podobar svet. I samo togas ke razbereme deka nie sme tuka na Zemjata samo zaradi edno: da im sluzime na drugite lugje! A preku toa mu sluzime i na Boga! A ne toj nam!


Imajte prekrasen den! среќа
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.