IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Внатрешни несогласувања во Христијанствот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Внатрешни несогласувања во Христијанствот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 11:57
Ајде објасни малку подобро околу тоа.
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 12:03
Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

~Vnatreshen raskol~    
*Ovaa e provociranje i neformulirano prashanje .
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 12:06
Темата е внатрешни несогласувања во Христијанството, прашањето е на место, па ако знаеш одговори.
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 12:13
~Da go nemashe toa *raskopl* mozhebi i ce dadev nekoj odgovor,no postot e provokativen i bezobrazen~
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 12:22
Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

~Vnatreshen raskol~    
*Ovaa e provociranje i neformulirano prashanje .


Batka,ti sam se Provociras!!
Sam si go formuliral prasanjeto i vikash bilo proovociranje

A ovde vikash!!!

Originally posted by Vlad Tepesh Vlad Tepesh напиша:

~Da go nemashe toa *raskopl* mozhebi i ce dadev nekoj odgovor,no postot e provokativen i bezobrazen~


Pa ete izbrishigo toa Raskol,i daj odgovor!!!
Ili koga se nemat odgovor,che navaghame izgovori!?
Ako nemash,zdravje!!Ce pocekame drug da dojde i da odgovoret!!!
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2008 во 15:37
Originally posted by efendija efendija напиша:


Ме интересира на оваа тема да продискутираме за некои внатрешни несогласувања во Христијанството.Имено,во Христијанството постојат огромен број на правци и фракции кои секоја за себе вели дека е НАЈИСПРАВНАТА и најдоследната на Христовото Учење,а другата ја омаловажува и дискредитира како таква.
Како пример ќе го посочам постоењето на следниве деноминации во рамките на Христијанството:
-Православни
-Католици
-Римо Католици
-Протестанти
-Јеховини Сведоци итн...

Се надевам дека ќе имаме плодна дискусија без меѓусебни препукувања.
Дали некој од Протестантите или Јеховините Сведоци може да аргументира дека својот корен(почеток) го има во Христово Време? Не да ти каже “Библијата е стара 2000 години и толку сме и ние ВИСТИНСКИТЕ Христијани стари“, туку со хронолошки и историски податоци и аргументи (од овие 20 века) да потврди дека како заедница постојат 2000 години и истовремено да ти потврди со аргументи од Господа (Чуда, Благодатно Божјо Делување) дека Тој Е со нив?
 
Може да одговори било кој!


Изменето од Pravoslavie - 10.Април.2008 во 15:49
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:13
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Originally posted by efendija efendija напиша:

Ме интересира на оваа тема да продискутираме за некои внатрешни несогласувања во Христијанството.Имено,во Христијанството постојат огромен број на правци и фракции кои секоја за себе вели дека е НАЈИСПРАВНАТА и најдоследната на Христовото Учење,а другата ја омаловажува и дискредитира како таква. Како пример ќе го посочам постоењето на следниве деноминации во рамките на Христијанството: -Православни -Католици -Римо Католици -Протестанти -Јеховини Сведоци итн... Се надевам дека ќе имаме плодна дискусија без меѓусебни препукувања.

Дали некој од Протестантите или Јеховините Сведоци може да аргументира дека својот корен(почеток) го има во Христово Време? Не да ти каже “Библијата е стара 2000 години и толку сме и ние ВИСТИНСКИТЕ Христијани стари“, туку со хронолошки и историски податоци и аргументи (од овие 20 века) да потврди дека како заедница постојат 2000 години и истовремено да ти потврди со аргументи од Господа (Чуда, Благодатно Божјо Делување) дека Тој Е со нив?

Може да одговори било кој!



Гледам дека ова прашање сеуште останало отворено и неодговорено.Вероватно Православие е во право,па затоа Јеховините Сведоци и Протестантите сеуште молчат.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:25
намигнувањеголемо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:26
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО СИТЕ ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИШТВА И РЕЛЕВАНТНИ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ ПО ПОВОД ПОВИЦИТЕ ЗА „ПЕДАГОШКИ МЕРКИ“ Т.Е.ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ ЈОВАН И ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Ваши Екселенции, Високо Почитувани,

загрижени заради најновите случувања на нарушување на човековите права, верската дискриминација и ксенофобија коишто стануваат неотуѓив дел од современата политика на македонските власти, Ви се обраќаме со нескриена надеж дека ваквата анти евро-атлантска тенденција во нашата татковина наскоро ќе биде заменета со свежиот воздух на европеизацијата т.е. со дејствителното исполнување на Конвенциите за почитување на елементарните верски слободи на коишто Р. Македонија само декларативно е потписник.

Повод за нашето обраќање е морничавиот и застрашувачки текст на митрополитот Наум припадник на Македонската православна црква (МПЦ), којашто е во доктринарно несогласување со Константинополската патријаршија и не е признаена од ниту една помесна православна Црква.

Во неговиот текст објавен во весникот „Дневник“ од 30-ти Јули 2005 г., тој пишува дека одговорот на „македонската Држава и Црква“ на Архиепископот Јован и припадниците на Православната Охридска Архиепископија е „благ“ и претставува „обична педагошка мерка или детска играчка“.

Овојпат нема да навлегуваме во објаснувањата дека Охридската Архиепископија е автономна Црква, призната и во заедница со сите православни цркви, со свој Архиепископ и најголем дел од припадниците со македонско етничко потекло. Она што за нас е индикативно е неколкупати повторената фраза на митрополитот Наум: „македонската Држава и Црква“ коишто спроведуваат жестока педагогија врз сите што не мислат како нив!!! Зар не е тоа кршење на Уставот на Р. Македонија според којшто државата е одделена од верските заедници?! Зар тоа не значи дека „македонската Држава и Црква“ се испреплетени и заедно спроведуваат цезаропапистичка инквизиција?! Зар не е тоа опасен вокабулар од страна на религиозна индивидуа?! Зар сите Македонци мора да припаѓаат на Македонската православна црква?! Зар не е вистина дека постојат и такви коишто се припадници на Охридската Архиепископија, потоа Македонци муслимани, будисти, па според нивниот слободен избор и атеисти?! Зар не е убавината во почитувањето на различностите!

Сега сакаме по хронолошки редослед, сосема накусо, да прикажеме само дел „обичните педагошки мерки и детски играчки“ со коишто децата на марксизмот - власта на Р. Македонија и епископите на МПЦ (помеѓу коишто Наум има истакнато место како идеолошки водач), си играат во манирот на тоталитаристички магови:

Во Јуни 2002 г., Архиепископот Јован на брутален начин беше протеран од својот дом – митрополијата во Велес, од страна на вооружената полиција, без судски налог. Случајот е прифатен од судот во Стразбур.

Во Јануари 2004 г., монасите од четири манастири беа протерани од страна на вооружената полиција од нивните манастири без судски налог и рок за изселување. Некои од нив затоа што се молеле на приватен имот со Архиепископот Јован беа притворени и судени. Случајот е прифатен од судот во Стразбур.


Архиепископот Јован и монахињите притворени во битолската полиција

Во Февруари 2004 г., беа тероризирани монахињите од манастирот во с. Нижеполе со тоа што беа насилно истрижени, а манастирот запален. Напаѓачите до денес не и се познати на полицијата.

Во Октомври 2004 г. македонската власт со силно полициско обезбедување го сруши храмот во с. Нижеполе со образложение дека нема дозвола за градба. Дозвола, се разбира, беше побарана, но истата таа власт одговори дека селото е надвор од урбанистичка зона и дека ниту една куќа во тоа село не е изградена со дозвола. Срушен беше само храмот.


власта го сруши храмот во с. Нижеполе, Октомври 2004 г.


Невозможно е да се доброи колку пати полицијата „си играше“ со монасите на Охридската Архиепископија претресувајќи им ги возилата по граничните премини и патиштата без ниту еднаш да издаде потврда за претрес. Од друга страна, пак, никогаш не заборави вербално да ги злоставува и да им се заканува на припадниците на Охридската Архиепископија.


претрес на граничниот премин Табановце

За овие тортури извести и Народниот Правобранител г-динот Иџет Мемети укажувајќи дека полицијата постапува противзаконски. Но, таквите малтретирања продолжуваат и до денес.

На почетокот од Јули 2005 г. прво беше брутално претепан свештеникот Борјан Витанов, а потоа пред очите на полицијата, групата предводена од клирикот на МПЦ, поп Горан, од храмна МПЦ во населбата Драчево, го демолира приватниот имот каде што припадниците на Охридска Архиепископија се собираа за молитва.


демолираниот дом на којшто злосторниците се потпишаа „МПЦ“
Полицијата, како и секогаш - ги нема откриено сторителите.

Ваквите, според зборовите на митрополитот Наум „обични педагошки мерки и детски играчки“ коишто ги превземаат „македонската Држава и Црква“ јасно покажуваат кои се индивидуите што го осудија и Архиепископот Јован на две ипол годишна робија во централниот затвор Идризово. Архиепископот Јован е единствениот верски лидер којшто во Европа е осуден на затвор, само заради тоа што се молел на приватен имот и затоа што има различно мислење и вера од државно спонзорираната МПЦ. Тој на неговиот пат доброволно да влезе во затворот, што многупати и го најави на јавноста, на скандалозен начин, како што мнозина се изразија, беше киднапиран од полицијата и однесен во затворот. На влезот од затворот, како психолошка тортура, дури од страна на полицијата му беше фрлен на земја Новиот Завет, со забрана да го понесе во неговата затворска келија.


полицијата на сред улица го грабнува Архиепископот Јован
Тука напомнуваме дека Православната Охридска Архиепископија нема ништо против начинот на којшто Македонската православна црква одбира да постои, но протестира против тоа што врз граѓаните припадници на Православната Охридска Архиепископија систематски, овојпат по нивно, сопствено признание - од страна на „македонската Држава и Црква“ се врши терор несфатлив за 21-вовековна Европа.

Државата одбива да ја регистрира Православната Охридска Архиепископија, ги брка нејзините студенти од факултетот, херметички ги затвора границите за православни свештеници граѓани на Европската Унија, полицијата упаѓа по приватни домови вршејќи притисок, новинарите спроведуваат говор на омраза - ова е само дел од „педагошките мерки или детските игри“ коишто се нотирани и од страна на „Хелсиншкиот комитет за човекови права“ на Р. Македонија, ОБСЕ, Проксима и Одделот за Внатрешна контрола при МВР.


говор на омраза, новинарот Бранко Ѓорѓевски

Но, текстот на митрополитот Наум за нас претставува најморбидното нешто искажано досега. Според кој критериум за митрополитот Наум горенаведениот терор е „обична педагошка мерка или детска играчка“? Ако за него тоа е така, можете ли да замислите на што е подготвен тој човек доколку вистински „македонската Држава и Црква“ решат да ги казнуваат граѓаните припадници на Православната Охридска Архиепископија, па и сите други коишто имаат различни верски чувства од оние на МПЦ?! Зар тој текст не е во спротивност на добрососедските односи толку неопходни за интегративните процеси и зар тој текст не е отворен повик на терор и линч од страна на човек којшто не поседува капацитет за вербално решавање на проблемите со коишто сите заедно се соочуваме?! Тој, во лукавата замена на тезите во неговиот текст, веројатно би спровел „педагошки мерки“ и кон припадниците на другите православни цркви коишто не ја признаваат МПЦ, иако тие не ги затвораат, ниту ги судат, ниту им забрануваат влез во нивните земји на припадниците на Македонската православна црква. Мнозина наши сограѓани текстот на митрополитот Наум го доживееа како милитантен крик за воскреснување на тоталитаризмот и повторно претворање на нашата татковина во земја на шепот! Ставовите изнесени во неговиот текст претставуваат демоде и актуелизирање на националшовинизмот и нетолеранцијата, во време на негување на цивилизациските вредности какви што се космополитизмот и меѓусебното разбирање. За нас овој текст, според стиховите на Т. С. Елиот претставува „Коњаник на Пеколот“!

Затоа ја молиме целокупната добронамерна меѓународна јавност да се погрижи за безбедноста на Архиепископот Јован за којшто со сигурност Ви тврдиме дека од затворот ги благословува оние коишто го колнат, да го посети во Идризово, а да се погрижи и за свештениците, монасите и припадниците на Православната Охридска Архиепископија.

Овој краток приказ примете го и како АПЕЛ од нас, луѓето коишто сме вчудоневидени од безобѕирноста на „македонската Држава и Црква“ кон своите граѓани, АПЕЛ за заштита на животите на Архиепископот Јован, свештениците, монасите и сите граѓани припадници на Православната Охридска Архиепископија од „благите и обични педагошки мерки и детските играчки“ коишто ги заговара митрополитот Наум. Затоа што доколку нешто им се случи, виновникот однапред Ви е познат.

Со надеж дека нашите молби ќе бидат услишани и дека сите нас не очекува подобра иднина, остануваме со почит и срдечно Ве поздравуваме.

Од името на граѓаните припадници на
Православната Охридска Архиепископија,
Дипл. филолог Игор Радев,
Дипл. електроинжинер Гордана Лазаревска



Молам некој да ми прокоментира зошто МПЦ не сакаше да ја признае Православната Охридска Архиепископија.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:48
Абе овој Јован отпадник е?
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
lazanski Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2008
Локација: Bahamas
Статус: Офлајн
Поени: 50
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazanski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:51
jovan ne e otpadnik ... on e clen na SPC ....  nitu malku slicno kako bin laden ili pak salman ruzhdi ....
Кон врв
lazanski Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2008
Локација: Bahamas
Статус: Офлајн
Поени: 50
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazanski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:53
gorespomenatiot g-din Jovan e clen na pravoslavna crkva koja sto nema nikakvi ingerencii vo delot kade ima MPC .... otpadnik e onoj koj se ograduva i zboruva loso za svojata vera ... nesto kako Salman Ruzhdi i negovite nasiroko poznati " Satanski Stihovi " ....
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:53
ПИСМО
испратено од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и Егзарх Охридски г.г. Јован до повеќе меѓународни институции кои се занимаваат со човековите права и слободата на вероисповест
Протокол бр. 10 од 08 Февруари 2005


Почитувани,

И покрај тоа што сме уверени дека за вас не е непознат проблемот кој го создаде Владата на Р. Македонија, не почитувајќи ги ниту меѓународните конвенции за верска слобода, ниту пак Уставот на Р. Македонија во делот за слободата на вероисповеста и во делот за одвоеноста на државата од Црквата, го упатуваме ова писмо до Вашите Екселенции, затоа што не само што Владата не го променила својот однос кон почитувањето на верските слободи на граѓаните на Р. Македонија, туку како минува времето, сè повеќе го зголемува теророт над членовите на Православната Охридска Архиепископија која ние како Митрополит ја претставуваме.

Нека ни биде дозволено на кратко да Ве потсетиме на историјата на проблемите кои на Православната Црква во Р. Македонија и ги создаде Власта во Р. Македонија. Во 1967г. Владата на тогаш Социјалистичката Република Македонија единствено за потребите на комунистичката идеологија да ја растури Црквата, натера некои од епископите на Македонската Православна Црква да прогласат автокефалност и со тоа да влезат во раскол со Српската Православна Црква под чија јурисдикција беше до 1967г. Но, тој раскол не беше само со Српската Православна Црква, туку и со сите други Православни Цркви во светот, затоа што ниту една Православна Црква не ја призна самопрогласената автокефалност на МПЦ.

Тој раскол траеше сè до 2002г. кога нашата смиреност, како Митрополит на велеската и повардарска света Митрополија влезе во литургијско и канонско единство со Српската Патријаршија. Неколку години пред тоа се водеа интензивни преговори помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква за признавање на вторава од Православната икумена. На 17 мај 2002г. во Ниш беше потпишан договор од епископи кои ги претставуваа двете Цркви дека статусот на Црквата во Македонија ќе биде автономен, а не автокефален како сами го прогласија комунистите во 1967г. и дека името на Црквата ќе биде Охридска Архиепископија, а за внатрешна употреба и за оние кои ќе сакаат така да ја прифатат: Македонска Православна Црква.

Под голем притисок на Власта, Светиот Архијерејски Синод на МПЦ го отфрли веќе потпишаниот договор, додека Соборот на Српската Православна Црква истиот го прифати. Притисокот кој го вршеше Власта над повозрасните епископи кои беа поставени уште во времето на комунизмот беше исклучително од политичка природа. Власта сметаше, а тоа не го крие и денес, дека промената на името на Македонската Православна Црква во Охридска Архиепископија ќе ги ослаби позициите во преговорите со името на државата Р. Македонија.

Сепак, дури и во услови сето тоа да е така, Власта нема право, особено во држава каква што е Р. Македонија каде државата е оддвоена од Црквата, грубо да се меша во работите на Црквата за да оствари своја политичка добивка. Најнечесно е што сите тие политички придобивки Власта сака да ги добие со присила над своите граѓани, со укинување на нивните верски слободи, со судења, затвори, па дури и обиди за линч.

Откако беше отфрлен договорот од Ниш од страна на Светиот Архијерејски Синод на МПЦ, ние како Митртополит велески и повардарски со сите свештенослужители од кои имаме потписи и верниот народ од Митрополијата пристапивме во литургијско и канонско единство со Српската Патријаршија. Тоа го направивме исклучително од црковни побуди. Како Епископ на Црквата Божја знаеме дека не може да се нарече Православна Црква онаа верска заедница која не е во врска и единство со другите Православни Цркви во светот. Исто како што не може да се нарече Римокатоличка Црква онаа верска заедница која не е во единство и врска со римскиот папа, или Лутеранска, Методистичка или Баптистичка Црква онаа која нема врска со својот центар. Така, не може ниту Македонската Православна Црква сама од себе да се нарекува Православна Црква, а при тоа да е во раскол, односно да нема единство со Православните Цркви во Константинопол, Александрија, Антиохија, или пак Москва или Белград.

Значи, причината за нашето пристапување во единство со Српската Православна Црква беше исклучиво од црковна побуда. Заради канонскиот поредок кој постои во Црквата, Православната Црква во Р. Макдонија можеше да биде во единство со сите други Православни Цркви, само преку Српската Патријаршија која веќе со договорот во Ниш и призна автономија на Црквата во Македонија.

Но, како што рековме погоре, тоа не и се допадна на Владата во Р. Македонија и откако на 20 јуни 2002г. велеската и повардарска Митрополија беше примена во единство со сите православни Цркви (уверување за тоа се писмата од Константинопол, Александрија, Антиохија, Москва и Атина), полицијата со своја вооружена специјална единица, на 6 јули 2002г. упадна во зградата на Митрополијата каде живеевме со неколку монаси, претходно кршејќи ја влезната врата. Направија претрес во сите простории на Митрополијата без никаков налог од судија и веднаш потоа нè избркаа насилно на улица, вперувајќи ни пиштол во главата. Тоа беше по наредба на сега притворениот, а тогашен министер на полицијата и осомничен за злосторства против човештвото г. Љубен Бошковски.

После неговото заминување од министерското место во полицијата, неговиот наследник го продолжи теророт против епископите, свештенослужителите и верниците на Православната Охридска Архиепископија. Во една прилика полицијата ме уапси во храм додека извршував крштевка на малолетно дете. Крштевката беше прекината, јас бев ставен во притвор, а потоа и осуден со една година затворска казна, условно ако во рок од една година не го повторам кривичното дело „самовластие” за кое ме осудија. Родителите на детето ја тужеа полицијата за кривично дело „спречување на верски обред”, но во најкорумпираното судство во светот, какво што е во Р. Македонија, не може да се случи државата да биде осудена. Ние исто така ја тужевме полицијата затоа што без судски налог, насилно, со примена на сила нè избрка од местото на живеење, но и тоа беше залудно. И првостепениот и второстепениот суд ја одбија нашата тужба.

Само неколку месеци после тоа, четири манастири со сите монаси и монахињи од МПЦ пристапија во единство со Православната Охридска Архиепископија. Тоа беше повод власта повторно да се вмеша, и на сред зима, во месец јануари да ги избрка од нивниот дом, од манастирите, голораките монаси и монахињи кои голем дел од животот го вградиле во тие манастири и тие се нивни домови. Шеесет монаси и монахињи во една вечер да се најдат на улица во студена јануарска ноќ. Тие кои ги напуштиле своите домови за да му служат на Бога, заради нечии политички сфаќања да бидат избркани на улица. Каде да се сместат толку луѓе, особено во услови кога нивниот духовен водач, нашата смиреност Митрополит Јован, истата таа вечер го задржаа во притвор?

Ми подигнаа обвинение дека сум распалувал „национална и верска омраза”. Тоа е закон од бившата Југославија кога имаше политички судења. Но, тие политички судења не престанаа во Р. Македонија, а тоа се гледа и по овој случај кој Ви го споменуваме, каде ме држеа во притвор 20 дена, а после тоа ме осудија на една година и шест месеци затворска казна. Се жалевме до апелациониот суд, но тој сеуште не се произнесол иако поминаа повеќе од четири месеци.

Полицијата секојдневно ги малтретира и ги испитува припадниците на Православната Охридска Архиепископија, а во последно време тоа почна да го прави и со цивилите кои немаат свештенички чин. Или нив ги повикува на разговор во полициска станица, повторно без никаков судски налог, или ги посетува по домовите. Ги испрашуваат што се проповеда на службите кои се држат во приватни куќи во кои насилно беше одведена Црквата во Р. Македонија бркана од храмовите и манастирите токму од полицијата, потоа дали знаат од каде им се парите на Епископите, дали свештениците земаат плати и во колкава висина се истите, колку членови има Црквата и уште ред други прашања што се под човечко достоинство. Таквите малтретирања на граѓани кои ги прави полицијата пријавени се и на посматрачката мисија на ОБСЕ, на Хелсиншкиот комитет во Р. Македонија и на посматрачката мисија на Проксима, но сè до денес полицијата тера по старо.

Малтретирањата ќе се издржат, затворите ќе се одлежат, но тоа што власта почна да ги руши храмовите на Православната Охридска Архиепископија, тоа тешко дека ќе се преболи и тешко дека историјата ќе го заборави. На 15 октомври 2004г., стотина полицајци, вооружени со автоматско оружје го обиколија теренот каде се гради манастирска црква во с. Нижеполе (Битолско) и без никакво решение, без да покажат било каков налог за тоа, ја обезбедуваа тешката механизација која дојде да ја руши скоро изградената манастирска црква. Точно е дека црквата немаше градежна дозвола, но во околината во која се гради, која е селска околина, не постои урбанистички план и не се издава градежна дозвола. Ниту една куќа од педесетте колку ги има во околината нема градежна дозвола. Тие не срушија ниту една друга куќа, само црквата. Со тоа ги поставија граѓаните на Р. Македонија во нерамноправна положба. Се рушат само објекти на припадниците на Православната Охридска Архиепископија, која патем речено токму заради тоа не сакаат да ја регистрираат како верска заедница. Упативме жалба до второстепената владина комисија затоа што без да ни се достави било какво решение од подрачното министерство за градежништво, полицијата дојде и ја сруши црквата, но, искрени да бидеме, не веруваме дека нашата жалба ќе вроди со плод.

Пред само неколку дена дојде известување од Врховниот суд на Р. Македонија за одбивањето на тужбата на една наша монахиња, заведена во судот под У.бр. 2435/03, поднесена значи уште во 2003 година за тоа што власта не и дозволува да отвори приватна фирма за да се може легално да работи и да егзистира. Судот и одговори дека не можел да одлучува затоа што недостасувало решение од второстепената владина комисија која е една инстанца пред Врховниот суд. Но, тоа е потполно неточно. Сите документи неопходни за одлучување беа доставени и за тоа имаме доказ. Од текстот на самата тужба се гледа дека било приложено и споменатото решение, но некој го сокрил намерно за да нема елементи за судење и судот да ја отфрли тужбата без да одлучува по неа бидејки сите факти беа во полза на споменатата монахиња.

Ете со такви ниски и мизерни удари се сретнуваме и тоа само заради нашата религиозна определба. Последните две и пол години за припадниците на Охридската Архиепископија се тешки и болни. Да не ги спомнуваме моментите кои сакаме што поскоро да се заборават кога маскирани и наоружени луѓе, во месец март 2004г. влегоа насилно во манастирот Св. Јован Златоуст во с. Нижеполе, им ги стрижеа косите на таму присутните монахињите, а потоа го запалија конакот каде тие живееја. Тоа е страшно и морничаво и многу од монахињите до денес носат последици од тој претрпен страв, но најжалосно е тоа што најверојатно тие маскирани луѓе се на платниот список на полицијата. Еден од нив, кој брзо потоа направи тешка сообраќајна несреќа, во покајание и страв од Бога сево ова го призна.

Тужбите на монасите и монахињите кои беа избркани од нивните манастири на улица од страна на полицијата, без судски налог, судот ги отфрли. Тужбата на приватни лица против полицијата која ги злоставува, кои се припадници на Православната Охридска Архиепископија, Јавниот обвинител не сака да ги спроведе, но истовремено не ги враќа назад за да може да се превземе приватна тужба. Така прави веќе неколку години, за оној кој тужи да ја изгуби волјата да се суди со полицијата. Корумпираност значи од прва до последна инстанца во државните органи, што секако не е непознато на Вашите екселенции.

Како хронолошки последен, но најверојатно и најважен би го споменале случајот со одбивањето да се регистрира Православната Охридска Архиепископија од страна на власта во Р. Македонија. Секако без никакво сериозно објаснение, Владата на Р. Македонија одби да ја регистрира Православната Охридска Архиепископија како една од верските заедници во Р. Македонија. Истото го направи и второстепената владина комисија до која имавме право на жалба, повторувајќи го безмисленото образложение. Сега имаме право да поднесеме тужба до Врховниот суд и секако дека и тоа право ќе го искористиме. Неофицијалниот одговор кој го добивме е дека така ќе постапуваат сè додека не добијат притисок од западните земји, кои според нашето скромно мислење во споменатиов случај се премногу пасивни.

Нека ни биде дозволено, на крајов од ова наше известување да излеземе со нашата замолница до Вас: Да помогнете Владата во Р. Македонија да ја признае Православната Охридска Архиепископија како една од верските заедници во Р. Македонија, како што се признати Адвентистите, Баптистите или Јеховините сведоци. Да не нè третираат како нелегални пред законот и кога сакаат да нè апсат, затвараат и насилствуваат. Лично за мене како Претстоител на Православната Црква која се нарекува Охридска Архиепископија не барам милост и застапништво. Ако сум за нешто виновен спремен сум да бидам затворен и да ја издржам казната. Но да ме осудат на година и пол затвор во политички процес својствен во комунистичките владеења, за „распалување на национална и верска омраза”, во време кога се вели дека во Р. Македонија имало демократија и слобода на говорот, е повеќе од бесмислено. Бараме и молиме да се застапите да излеземе од катакомбите во кои нè воведе Владата на Р. Македонија, бркајќи нè од сите цркви и манастири, како и тоа да можеме да изградиме своја црква, а не да ни ги рушат црквите и објектите во кои живееме како што тоа до сега го прави Власта.

Ако е многу, Ве молам да ни кажете дека бараме многу. Дека бараме нешто што како луѓе немаме право да го имаме, не ни следува како право кое го здобиваме од денот на раѓањето. Тогаш ние би се преиспитале, можеби навистина само ние немаме право на слобода, на избор на веросповеста, на живот.

Со почит и надеж,
М И Т Р О П О Л И Т
+Јовен велески и повардарски и Егзарх охридски
ул. Кочанска 2/23
Битола 7000 - MACEDONIA


Во прилог ви доставуваме:

Решение од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
Жалба од Православната Охридска Архиепископија до Второстепената комисија при Владата на Р. Македонија
Решение од Второстепената комисија при Владата на Р. Македонија
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 15:57
Вавилонците и нашите градители на цркви

(Отворено писмо до премиерот)

Почитуван господине премиер, не се сомневам дека има луѓе што и' аплаудираат на Вашата одлука да градите православна црква на скопскиот плоштад, иако немам впечаток дека се толку многу колку што Вие сакате да верувате. Ваше право е да имате свои визии и уверувања, но со правата оди и одговорноста, нели. И пред Бога и пред луѓето. Повеќе луѓе веќе со право Ви укажаа дека со ваквата одлука го кршите Уставот (и секуларниот карактер на државата и еднаквоста на верските субјекти). Ни не обидувајте се да го порекнувате тоа. Зашто, ако се извлечете де јуре, виновни сте де факто. Укажано Ви е и тоа дека оваа своја одлука ќе ја остварите со парите на сите граѓани, иако најмалку 40 отсто не се православни, а реакциите во јавноста недвосмислено покажаа дека ни сите православни не го поддржуваат овој проект. А ни сите муслимани не ја поддржуваат проѕирната компензација со џамијата во Тетово. Јас, како христијанин, сакам да Ви укажам дека со ваквиот чин ги кршите и принципите на етиката, особено на христијанската етика. Еве зошто.Да му дадете подарок на најбогатиот, највлијателниот и најмногубројниот, не е никаква доблест. Таквиот чин може да биде конформизам, умилкување, лична суета, суеверие или нешто слично, но не и доблест. Барем не според христијанската етика, зашто Христос го учел токму спротивното. Верската заедница спрема којашто сте безрезервно наклонети има две илјади објекти. Една дузина помали христијански субјекти во Република Македонија воопшто немаат свој верски објект. Меѓу нив има и такви што на светот му дале по 3-4 нобеловци. Не им давате ни наменско земјиште, ни маркица за верски објект, ни дозвола за градба, ни одговор на барањата, а камоли државни пари. Ние сме горди што владите на претежно протестантските земји не и' го прават тоа на верската заедница којашто Вие овде ексклузивно ја протежирате.

Можеби ќе имавте чувство на правичност во оваа сфера ако во Вашиот стан се собираа на богослужби стотина верници 2-3 пати неделно. Или за симболични измени во ДУП да молите и да чекате 3-4 години. (Дали толку ќе трае и измената на ДУП за да се овозможи изградба на Вашата црква, останува да видиме). Или, ако министерот за транспорт и врски не ве удостојува ни со одговор на Вашите уредно архивирани дописи. А во сојуз со него и куп скопски градоначалници, кои се убедени дека им е света државна должност, на верниците кои не се припадници на нивното религиозно милениче, да не им дозволат ни да дишат од воздухот на нивната правоверна општина, а камоли да градат верски објекти!

Понатаму, со вакви и слични постапки, Вие станувате директен соучесник во протежирање на религиозен етнофилетизам, кој несомнено е типичен за вероисповедта што Вие ја устоличувате, но докрај е спротивен на Христовото учење. Ако Христос и Неговите апостоли имаа етнофилетистички дух, христијански цркви ќе се основаа само во Израел.

Сте размислиле ли за својата одговорност пред Господ, зашто барем Тој знае дека во многу храмови, наместо вера во Бога, се проповеда етнофилетизам, се практикуваат пагански обичаи, идолатрија, суеверие, празноверие, трговија... На едно такво место Христос отишол со камшик!

И Вас и сите други помпезни црквоградители сакам да Ве потсетам на една основна библиска вистина, силно нагласена од Светиот апостол Павле - да, токму оној што го донел изворното христијанство и во Македонија: „...Господ на небото и на земјата не живее во ракотворни храмови, ниту, пак, прима служба од човечки раце...“ (Дела на Светите апостоли, глава 17, стихови 24-25).

Конечно, заради сигурност во Вашите мотиви, добро ќе сторите ако се потсетите и на градителите на вавилонската кула, на нивните мотиви и на Божјото неодобрување: „И рекоа: Да си соѕидаме град и кула, висока до небото, И ДА СЕ ЗДОБИЕМЕ СО ИМЕ...“ (Прва книга Мојсеева 11:4). Ми се присторува дека препознавам современи вавилонски градители во нашата земја. Не знам зошто ми се наметна таквата асоцијација. Можеби затоа што ја читам Библијата.
Проф. д-р Иван Грозданов, припадник на христијаните баптисти во РМ





Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.