IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ОМИЛЕН СТИХ ОД МОЈАТА СВЕТА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ОМИЛЕН СТИХ ОД МОЈАТА СВЕТА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 01:42
Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом. Не Завет каков што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од Египетската Земја, Завет што тие го раскинаа иако Јас Сум нивни господар - говори Господ. Туку, ова е Завет што ќе го склучам со Израелевиот дом по оние денови - говори Господ. Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ.
(Еремија 31:31-33)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 01:45
Ако може воопшто да се избере омилен стих/извадок....
Еден омилен извадок од Библијата за мене секако би бил целата сторија за Јосиф. Ја читав од детска Библија уште како мала и се восхитував. И сега кога се потсетувам, морници ми одат по телото.
Би сакала ОВДЕ нешто да напишам за него, ама доцна е, ова тек да си резервирам место
.намигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 02:01

Марија, јас имам цел филм/документарец за Јосиф намигнување

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 13:31
“И сите заедно покајте се, о верници, за да бидете спасени“ (Ен-нур,31)
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 17:48
"Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.”
Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе."
(Господ во Исаија 49:15-16)


Изменето од EvAngelos - 12.Април.2008 во 17:49
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 18:20
А Исус им рече: “Заради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: ‘Премести се одовде таму!’ и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 19:52
За Јосиф...

Од дванаесетте синови на Јаков, претпоследен бил Јосиф. Јаков особено бил наклонет токму кон Јосиф, не само затоа што овој му бил роден на старост, но и поради неговата послушност и простодушност.
Неговите браќа му завидувале и често го клеветеле Јосиф кај татко си.
Еднаш Јаков му направил шарена облека на Јосиф и браќата станале кон него уште понемилосрдни. Нетрпеливоста кон Јосиф се зголемила особено откако тој сонил неколку интересни сона и ги раскажал на домашните. едниот сон бил ваков“Видов сон, како сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се клањаатнамигнување
За ова омразата на браќата кон него станала уште поголема, па еднаш, кога браќата  со стадата се оддалечиле малку повеќе во потрага по нови пасишта, Јаков го испратил Јосиф да види каде се и да се врати да го извести.
Но браќата кога го виделе оддалеку решиле да го убијат. Единствено Рувим, најстариот, се сожалил, па решил, откако браќата ќе го фрлат в јама, вечерта тој да го извади и да го прати дома....

Браќата му ја соблекле шарената облека а потоа го фрлиле Јосиф в јама....Отпосле здогледале некои патници со натоварени камили за пат кон Египет, и еден од браќата предложил да го продадат Јосиф на Египјаните...Тоа и го сториле, а на кутриот татко му ја предале шарената облека од Јосиф и му рекле дека Јосиф бил изеден од лута зверка. Таткото бил неутешен.....

Така Јосиф се нашол во земјата Египетска, каде трговците го продале на еден дворјанин по име Пентефриј. Со својата чесност и трудољубивост Јосиф брзо ја спечалил довербата на својот господар па овој го поставил за управител над својот дом и имот.

Но бидејќи Јосиф бил и многу убав и привлечен, жената на Пентефриј сакала да го воведе Јосиф во грев но тој ја одбил. А оваа, кучкава навредена го наклеветила Јосиф кај господарот, демек овој сакал да ја посрамотилутинапа така Јосиф се нашол в затвор. Но и таму му омилел на началникот на затворот па добил задаша да ја распределува работата на затворениците. Меѓу затворениците лежеле и двајца царски луѓе, едниот кој се грижел за вината на царот а друг за лебот....Еден ден Јосиф ја забележал нивната невеселост а тие му кажале дека сониле чудни соништа но нема кој да им ги протолкува. Јосиф им ги протолкувал и испаднало како што кажал, т.е. според нивните сонови, едниот затвореник бил погубен, а другиот ослободен.

Ослободениот (винарот) пак бил ставен на поранешната служба. По некое време фараонот сонил два последователни вознемирувачки сона. Тогаш старешината на фараоновата винарија се сетил на Јосиф, го повикале, и тој му ги протолкувал соновите на фараонот (за седумте убави и седумте грди и слаби крави). И не само тоа, но Јосиф му дал и разумен совет на фараонот како да постапи за да не дојде до глад во Египет, бидејќи фараоновите сништа се однесувале токму на претстојните 7 сушни години...
Воодушевен, фараонот му го дал на Јосиф својот прстен во знак на достоинство и го поставил на висока функција...Јосиф се оженил со видна Египјанка и станал познат во цел Египет.

Според претскажувањето, за време на родните години со помошниците, Јосиф наредил да се собира секој петти дел од плодовите. Изобилството било големо што храната не можела ни да се измери. А кога дошле сушните години под раководство на Јосиф се делело житото на сите Египјани и така се било добро.
Но гладот завладеал и во околните земји па и во Ханан каде живеел Јаков со семејството.
Кога снемало храна Јаков испратил десетмина од своите синови а најмалиот Венијамин го задржал кај себе.
Кога дошле браќата во Египет, веднаш се јавиле кај Јосифа, и тие му се поклониле до земја...Тие не го препознале во Јосифа својот брат некогаш продаден од нив.
Но Јосиф добро ги препознал. Во него се бореле разумот и емоциите...
Па сепак решил да оди до крај: Вие сте разузнавачи, им рекол. За да се уверам во вашата чесностеден од вас ќе го задржам под стража а вие другите однесете го житото па доведете го најмалиот брат за да се потврдат вашите зборови“
На браќата им се разбудила совеста и си спомнале за случката кога го продале Јосиф.....

(продолжува)






Изменето од maria_magdalena - 13.Април.2008 во 01:28
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2008 во 17:03
За Јосиф (продолжение)

Иако не го препознале Јосиф, браѓата меѓусебе си зборувале: “Ова ни е казна поради братот наш. Бевме немилосрдни кога ни се молеше да не го продаваме...“ Тие и не претпоставувале дека Јосиф го разбира нивниот јазик.
А Јосиф, трогнат од ова се оддалечил од нив и заплакал. Откако се совземал, се вратил и заповедал да го врзат Симеона пред нивни очи а на оние што им ги полнеле вреќите им наредил да стават пари секому во вреќата.

Кога браќата се вратиле во Ханан кај стариот татко Јаков, му раскажале дека ќовекот кој ракува со житото воп египет ги обвинил дека се разузнавачи, и дека го задржал Симеона а наредил кај нив да се доведе најмладиот, Венијамин, за да се увеери во нивната чесност. Празнејќи ги вреќите секој си ги нашол парите внатре па тоа уште повеќе ги исплашило.

Јаков не сакал да слушне да го пушти Венијамина со нив...Но по некое време сушата пак завладеала и гладот почукал на порта.
Јаков ги повикал синовите и  им рекол: “Одете и купете ни малку храна“ Тие не смееле без Венијамин, и по доги натегања Јаков попуштил. Им наредил да земат подароци како балзам, миризливи смоли, зачини и друго, а потоа им рекол: “Земете го и братот ваш а Семоќниот Бог да ви биде на помош...“

Синовите на Јаков тргнале за Египет. Кога стасале, Јосиф гин одвел дома кај него на ручек, а тие се уплашиле и почнале да се оправдуваат за парите кои ги нашле спакувани во вреќите со храна. но домаќинот ги успокоил велејќи им дека Јосиф знаел за тоа, па им го извел братот Симеон.

Потоа дошол Јосиф, браќата му ги предале подароците и пак му се поклониле до земја. Јосиф љубезно ги прашал “Жив ли е вашиот татко?“ Тие му одговориле дека е жив и здрав. Јосиф го погледнал Венијамина и рекол: “А ова ли е вашиот најмлад брат за кого ми зборувавте?“ Тие му потврдиле, а Јосиф многу се возбудил поради Венијамин (бидејќи со него само бил од иста мајка и ист татко) и пак се оддалечил во својата спална да се исплака.тага
Се измил, се совземал и се вратил, па ги распоредил браќата на трпеза. Посебна почит покажал кон Венијамина но сеуште не кажал кој е.

Потоа, како и првиот пат, така и сега по наредба на осиф, по обавената купопродажба на храна, парите им биле пак вратени во вреќите а кај Венијамин била кладена и сребрената чаша од која пиел Јосифнамигнување

На осамнување, браќава кинисале за Ханан но само што излегле од градот ги пресретнале домаќините јосифови укорувајќи ги дека ја украле сребрената чаша на господарот. Овие се правдале, рекле не е вистина но доколку се потврди-кај оној каде ќе ја најдат тогаш да биде убиен. ги разотврзале вреќите и нормално-чашава ја нашле кај Венијамина. Засрамени, натоварени се вратиле назад кај Јосиф...“Што направивте?“ им рекол тој.

Тогаш истапил Јуда, еден од браќата и изјавил дека дал обврска пред тата си за Венијамина и затоа моли да остане место него да робува зашто инаку не ќе може да ја гледа тагата на стариот татко....

Тохгаш Јосиф заплакал силно и прозборел низ созли:

-Дојдете поблизу до мене!Јас сум Јосиф, братот ваш кого вие го продадовте во египет. но не жалете, не вие-а Бог ме прати тука за ваше добро, за да ви го сочува животот. Вратете се и кажете му на нашиот татко да не се двоуми ами да дојде тука, јас ќе се грижам за сите вас“

Така и биднало, браќата се вратиле во Ханан а на радоста на стариот татко немало крај.
За браќата на Јосиф дознал и фараонот па им одредил најубава земја за живеење. Стариот Јаков во Египет поживеал уште седумнаесет години , а од лозата на Јуда подоцна ќе произлезе и Спасителот.

Ова според мене е една од најубавите “стории“ дадени во Библијата. Срцето на Јосиф било праведно, Богобојазливо и пред се-полно со љубов и проштевање.

По смртта, Јосиф бил погребан со највисоки почести, како најголемите великодостојници на Египет.

А мене ми беше задоволство да го истипкам ова па макар и никој да не го читал, зашто Мнооооооооооогу ми се допаѓа
среќа

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 02:04

Ти благодарам Мариа што се помачи вака убаво и во два поста да ни ја срочиш приказната за Јосиф. Навистина потресна драма за големото срце на Јосиф. Кога прв пат го читав овој дел од Библијата и кога стигнав до оној дел кога Јосиф ќе стане премиер на Египет и кога неговите браќа ќе дојдат кај него да купат храна, мислев дека сега Јосиф ќе им со одмазди за тоа што сакаа да го убијат од завист и го продадоа како роб, но бев импресиониран кога Јосиф наместо тоа, воопшто не покажа никаква горчина кон нив, туку се зазема за нив и горко заплака заради нивната несреќа. тага

Дали знаеш дека Јосиф е еден од ретките, ако не и единствена (покрај Исус) библиска личност за кого Библијата не кажува ни еден лош збор? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 09:16
“ЈУСУФ” (Јусуф)
                                                                                Мекка - 111 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
     1.     Елиф, лам, ра! Еве, ајети од Книгата јасна,
     2.     Ние го објавивме, навистина, к*р’анот на арапски за да сфатите.
     3.     И Ние ти ги кажуваме најубавите кажувања, објавувајќи ти го овој к*р’ан, иако пред него беше мегу невнимателните!
     4.     И кога Јусуф му рече на бабо му: “О бабо, во сон видов, навистина, единаесет ѕвезди, и Сонцето и Месечината како ми се поклонуваат!”
     5.     Бабо му рече: “О синко, не кажувај го сонот твој на браќата твои, зашто ќе ти направат некаква сплетка. Шејтанот, навистина, е отворен непријател за човекот.”
     6.     Ете, така Господарот твој ќе те одбере и ќе те поучи во толкувањето на настаните и ќе го надополни благодатот Свој врз тебе, и врз семејството на Јакуб онака како што го усоврши на твоите предци, пред тебе, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Зналец и Мудар!”
     7.     И при Јусуфа и при браќата негови има, секако, знаменија за прашувачите;
     8.     кога оние рекоа: “Да, Јусуф и брат му се помили кај бабо ни, а ние сме, навистина, дружина, и бабо ни, секако, е во заблуда јасна!
     9.     Убијте го Јусуфа или изгонете го во некоја земја. Лицето од бабо ви кон вас ќе биде управено и ќе бидете, по него, добар народ!”
     10.     И еден меѓу говорниците нивни рече: “Не убивајте го Јусуфа, туку фрлете го, ако веќе тоа го правите, во дното на бунарот, па ќе си го земе некој караван.”
     11.     Рекоа: “О бабо наш, зошто немаш доверба во нас за Јусуф? Ние него, навистина, само ќе го советуваме!
     12.     Испрати го утре со нас во прошетка да се поигра. Навистина, ќе го чуваме!”
     13.     Тој рече: “Да,загрижен сум да не го одведете и се плашам да не го изеде волк кога не ќе му обрнете внимание.”
     14.     Тие рекоа: “Па, како ќе го изеде волк: ние сме дружина голема, навистина! И така сигурно би биле поразени.”
     15.     И бидејќи го одведоа се согласија да го фрлат на дното од еден бунар. И тука Ние му објавивме: “Ти, навистина, ќе им донесеш, во врска со работата нивна, вести за ова. И тие не ќе препознаат.”
     16.     И дојдоа браќата на Јусуф кај бабо им ноќе, плачејќи,
     17.     и рекоа: “О бабо наш, ние бевме отишле да се наттрчуваме и го оставивме Јусуфа да ни ги чува стварите, па го изеде волк. Е, па, нема ли да ни поверуваш; искрени сме, навистина!”
     18.     И ја донесоа кошулата негова со лажна крв. Рече: “Не, во душите ваши најдовте нешто што ве радува. Е, само колку е убава трпеливоста! Од Аллах барам помош за она што го опишувате!”
     19.     И дојде караван еден. Го испратија водоносецот по вода. Овој ја спушти кофата. Рече: “Каква радост; еве дете!” И го сокрија како стоката трговска. Аллах го знае она што го работат.
     20.     И го продадоа за евтина цена: само за износ од неколку дирхеми. И со тоа беа задоволни.
     21.     И оној што го купи, од Мисир, & рече на жена му: “Направи го пријатен престојот негов; можеби ќе ни биде од корист или, пак, ќе го посиниме.” И ете, така, Ние го сместивме Јусуфа во таа земја и го поучивме во толкувањето на соновите. Аллах е Победник со наредбата Своја, но мнозинството на луѓето не знаат!
     22.     И бидејќи порасна Ние му дадовме и мудрост и знаење. И ете, така ги наградуваме доброчинителите!
     23.     И настојуваше да го привлече кон себе, онаа во чија куќа беше тој, и ги испозатвора вратите, и рече: “Приближи се!” Јусуф рече: “Аллах да ме сочува, газдата мој, навистина, престојот ми го направи убав. Да, зулумќарите нема да бидат спасени!”
     24.     И таа, секако, покажа желба за него. А тој да не го видеше доказот од Господарот свој ќе покажеше желба за неа. Ете, така Ние од него го отсранивме лошото и срамното дело. Он, навистина, е меѓу робовите Наши чисти.
     25.     И двајцата потрчаа кон вратата. И таа ја искина кошулата негова одзади. И го сретнаа мажот & на вратата, и таа рече: “Каква е казната за оној кој сака да ја обесчести жената твоја, освен да се затвори или болно да се казни?”
     26.     Јусуф рече: “Таа сакаше да ме привлече кон неа.” И еден сведок, тогаш, при семејството нејзино вака посведочи: “Ако кошулата негова е искината однапред, во право си, а Јусуф, тогаш, би лажел.”
     27.     А ако кошулата негова е искината одзади таа не е во право, а тој е искрен.”
     28.     И бидејќи ја виде кошулата негова искината одзади, рече: “Ова е една од вашите сплетки. А сплетките нивни се големи, навистина!”
     29.     Јусуф, занемари го ова! А ти, жено, побарај прошка за твојот грев. Ти си, навистина, меѓу грешниците!”
     30.     И жените по градот говореа: “Жената на величеството негово посака да го привлече кон себе своето момче. Многу се вљубила во него. Ние сметаме дека таа е скршната во заблуда јасна, навистина!”
     31.     И бидејќи слушна збораници, испрати човек по жените, и им подготви дивани. На секоја од нив & даде нож, и рече: “Излези пред нив!” И бидејќи го видоа, се зачудија и ги испосекоа прстите, и рекоа: “Аллах да сочува, ова не е човек; ова е мелек благороден!”
     32.     Таа рече: “Ете, тоа е она за што ме озборувавте. Посакав да го привлечам кон себеси па се воздржа. И ако не го направи она што му го наредувам, секако, ќе го фрлам в затвор и ќе биде меѓу понизените!”
     33.     И тој рече: “Господаре мој, затворот ми е помил од она кон што оние ме повикуваат. Ако не ме сочуваш од сплетките нивни ќе ми се појави желба кон нив и ќе бидам, тогаш, меѓу незнајковците!”
     34.     Па, му се оѕва Господарот негов, и го сочува од сплетката нивна. Он, навистина, е Слушач и Зналец!
     35.     Потоа веднаш видоа знаменија, и им се причини дека најубаво е за едно време определено да го фрлат в затвор.
     36.     Во затворот со него влегоа уште две момчиња. Едното рече: “Јас сонував, навистина, дека цедам вино”, а другото, пак, рече: “Јас сонував, навистина, како носам над главава леб што го клукаа птиците.” Објасни ни го значењето нивно! Гледаме дека си, навистина, меѓу доброчинителите!”
     37.     Јусуф рече: “Не ќе ви дојде ниедна храна која ја јадете а да не ве известам за нејзиното значење пред да ви дојде. Тоа е она со што ме поучи Господарот мој. Да, јас ја оставив верата на народот кој не веруваше во Аллах и кој не го признаваше Ахирет!
     38.     Ја следам верата на моите предци: Ибрахим, Исхак, Јакуб. Не ни доликува ништо да Му здружуваме на Аллах. Ете, тоа е од добрината Аллахова кон нас и кон луѓето, но мнозинството меѓу луѓето не се заблагодаруваат.
     39.     О другари мои затворски, кој е подобар: расфрлени божества или еден Аллах, Моќен!
     40.     Оние кои ги обожавате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и предците ваши; затоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожавате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат!
     41.     О другари мои затворски, еден од вас Господарот ќе го напие со вино, а другиот ќе го распне и птиците ќе јадат од главата негова. Така е одредена судбината за која барате одговор.”
     42.     И Јусуф му рече на едниот за кого мислеше дека ќе биде спасен: “Спомени ме при господарот твој.” Шејтанот, меѓутоа, направи да заборави да го спомене кај господарот свој и заради тоа остана в затвор уште неколку години.
     43.     И владарот рече: “Јас сонував, навистина, седум крави дебели како ги јадат седум крави слаби и седум класја зрели и други седум суви . О големци, протолкувајте ми го сонот мој ако толкувате сонови!”
     44.     Рекоа: “Заматени сонови! Ние не знаеме да ги објаснуваме соновите.”
     45.     И оној од двајцата, кој се спаси, кој се сети по дружењето со Јусуф, рече: “Јас ќе ви го изнесам значењето: само испратете ме!”
     46.     “О Јусуф, о пријателу! Протолкувај ни што значат седум крави слаби да јадат седум крави дебели и седум класја зрели и други седум класја суви, за да се вратам кај луѓето и за да знаат што е тоа.”
     47.     Рече: “Седум години ќе сеете без прекин. И она што ќе го пожнеете оставете го во класјето, освен малку со што ќе се храните.
     48.     Потоа ќе настапат седум тешки години во кои ќе го потрошат она што го збиравте за нив, освен малку од с# она со што ќе се храните.
     49.     Потоа ќе дојдат години во кои на луѓето ќе им паѓа дожд и во тие години луѓето ќе цедат од плодовите.”
     50.     И владарот рече: “Доведете ми го!” И бидејќи пратеникот му дојде, рече: “Врати му се на господарот твој и прашај го што се случи со жените кои ги испосекоа рацете нивни. Господарот мој, навистина, ги знае сплетките свои.”
     51.     Владарот рече: “Што е, токму, со вас? Зошто сакавте да го привлечете Јусуфа кон вас?” Рекоа: “Аллах да чува, ние ништо лошо за него не знаеме.” И жената на моќникот рече: “Вистината сега излезе на виделина. Јас посакував, токму, да го привлечам, но он, навистина, е меѓу искрените.”
     52.     И ете, нека знае дека, навистина, не го изневерив тајно. И Аллах, секако, не ја управува сплетката на изневерителите!
Џуз 13
     53.     Јас, меѓутоа, не се оправдувам. Душата, навистина, е наклонета кон злото, освен ако не & се смилува Господарот мој. Господарот мој, навистина, е Простувач и Сомилосен!
     54.     И владарот рече: “Доведете го кај мене, ќе го изберам за свој придружник.” И бидејќи разговараше со него, рече: “Ти денес кај нас имаш сигурно место.”
     55.     Јусуф рече: “Одреди ме да ги чувам ризниците во земјава. Јас сум, навистина, познат чувар!”
     56.     И ете, така Ние на Јусуф му дадовме посебно место на земјата. И се исели на неа таму каде што сакаше. Со милоста Наша Ние наградуваме кого сакаме, а наградата на доброчинителите не ја намалуваме.
     57.     А наградата на Ахирет е подобра за оние кои веруваа и кои беа богобојазливи.
     58.     И дојдоа браќата на Јусуф и влегоа кај него. И тогаш тој ги препозна а тие него не го препознаа.
     59.     И бидејќи ги снабди со делот нивни, рече: “Доведете го кај мене вашиот брат по бабо. Не гледате ли дека јас, навистина, мерам праведно и дека јас сум најдобар угостувач?
     60.     Па, ако не го доведете нема да ви мерам и повеќе нема да ми се приближувате!”
     61.     Рекоа: “Ќе настојуваме да го одвратиме од него бабо му; и, секако, тоа ќе го направиме!”
     62.     И Јусуф им рече на момчињата: “Погледнете ги нивните покуќнини во товарите нивни; можеби, кога ќе им се вратат на семејствата, ќе ги препознаат; можеби пак ќе се вратат.”
     63.     И бидејќи се вратија кај бабо им, рекоа: “О бабо наш, ние нема да добиеме повеќе храна. Испрати го, тогаш, брат ни со нас. Со него сигурно ќе добиеме храна. И сигурно ќе го чуваме!”
     64.     Бабо им рече: “Да ви го доверам ли онака како што ви го доверив брат му порано? Па, Аллах е најдобриот чувар! И меѓу милостивите, токму, е Најмилостивиот!
     65.     И бидејќи го отворија товарот, видоа како покуќнините нивни се вратени, и рекоа: “О бабо наш, што ни треба повеќе? Овие наши покуќнини ни се вратија; ќе ги снабдиме семејствата наши, и ќе го чуваме брат ни, и ќе добиеме повеќе од еден камилски товар, - тоа е товар незначителен.”
     66.     Тој рече: “Нема да го испратам со вас, сигурно, додека не ми дадете заклетва, која ќе се поптира врз Аллах дека ќе ми го вратите, освен ако не настрадате. И бидејќи му дадоа заклетва, рече: “Аллах е Закрилник за она што го зборуваме!”
     67.     И рече: “О синови мои, не влегувајте низ една порта, туку влегувајте низ различни порти. Јас немам никаков удел во она што ви го одредува Аллах. Пресудата, навистина, е - Аллахова! Врз Него се потпирам и врз Него се потпираат они кои, токму, се потпираат.”
     68.     И бидејќи влегоа отаде од каде што им заповеда бабо им, ништо за нив не беше остварено од страна на Аллах, освен потребата во душата на Јакуб која ја оствари; Јакуб беше зналец бидејќи Ние го поучивме, навистина, но мнозинството на луѓето не знаат.
     69.     И бидејќи влегоа кај Јусуф, го привлече Јусуф брат му кон себе, и рече: “Да, јас сум брат ти, и не жалости се за она што го направија!”
     70.     И бидејќи ги снабди со она што требаше да ги снабди, стави еден сад за мерење во товарот од брат му. Потоа, еден возгласник возгласи: “О каравану, вие сте, навистина, крадци!”
     71.     И оние, враќајќи им се, рекоа: “Што барате?”
     72.     Рекоа: “Го бараме садот од владарот, а оној што ќе го донесе ќе добие товар камилски. За тоа јас ветувам.”
     73.     Рекоа: “Се колнеме во Аллах! Вие знаете дека не дојдовме да правиме безредие во земјава и, секако, не сме крадци!”
     74.     Ги прашаа: “Каква ќе му биде казната ако лажете?”
     75.     Одговорија: “Казната негова е кај оној во чиј товар ќе се најде - па, тоа е казната негова. Ете, така Ние ги казнуваме зулумќарите!”
     76.     И тогаш Јусуф почна со вреќите нивни пред да почне со вреќата од брат му, и го извади садот од вреќата на брат му. Ете, со таква итрина Ние го поучивме Јусуфа. Јусуф не можеше, според законот на владарот, да го земе брат му како роб, освен ако не сака Аллах. Кого сакаме Ние на степени го воздигнуваме. И над секое знаење има зналец!
     77.     Тие рекоа: “Ако тој украде, украде и брат му пред него.” И тоа Јусуф го премолчи во себеси, и не им го обелодени, велејќи си: “Вие сте во полоша состојба, а Аллах најдобро го знае она што вие го опишувате.”
     78.     Тие рекоа: “О величество, тој, навистина, има стар бабо, во години е, па земи еден од нас наместо него. Гледаме дека си меѓу доброчинителите!”
     79.     Тој рече: “Аллах да сочува од тоа да земеме друг а не овој во чиј товар го најдовме садот. Тогаш, навистина, би биле зулумќари!”
     80.     И бидејќи изгубија надеж во него, се одвоија насамо. Најстариот од нив рече: “Не знаете ли дека бабо од вас побара заклетва, да се заколнете во Аллах? И порано Јусуфа го упропастивте. Нема да ја напуштам земјава с# додека не ми дозволи бабо ми или, пак, додека не ми пресуди Аллах. А меѓу судиите Он е Најдобриот!
     81.     Вратете се кај бабо ви, па кажете: - О бабо наш, твојот син, навистина, украде. И го сведочиме само она што го знаеме и ние, навистина, не сме чувари на тајната.
     82.     Прашај ја населбата во која отседнавме и караванот со кој дојдовме. Ние сме, навистина, искрени!”
     83.     Јакуб рече: “Не, во душите ваши произлезе нешто лошо. Па, трпеливоста е убава! Можеби Аллах сите ќе ми ги врати. Он, навистина, е Зналец и Мудар!”
     84.     И ги сврте плеќите и рече: “О Јусуф, о таго моја!” И му побелеа очите од грижа. Но, сепак, се совлада.
     85.     Синовите му рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ако не престанеш да се сеќаваш на Јусуф, или ќе се истоштиш или ќе се упропастиш.”
     86.     А тој рече: “И тагата моја и жалоста моја Му ги изнесувам на Аллах. И од Аллах го знам она што вие не го знаете.
     87.     О синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за брат му, па, не очајувајте во милоста Аллахова. Во милоста Аллахова очајуваат, навистина, само неверниците!”
     88.     И бидејќи влегоа кај него, рекоа: “О величество, штета н# погоди, нас и семејствата наши, и ете, така, дојдовме со трговска стока отпадна. Па, дај ни полна мера и дај ни милосрдие. Аллах, навистина, ги наградува милосрдниците!”
     89.     Јусуф рече: “Па, го знаете ли она што го направивте со Јусуф и брат му, кога не знаевте?”
     90.     Тие рекоа: “Ти ли си Јусуф, навистина?” Јусуф рече: “Јас сум Јусуф, а ова е брат ми. Да, Аллах ни даде предност.” Оној кој е богобојазлив и трпелив... па, Аллах, навистина, не ја намалува наградата на доброчинителите!”
     91.     Тие рекоа: “Се колнеме во Аллах дека, навистина, те одликува над нас и ние згрешивме, сигурно!”
     92.     Тој рече: “Денес нема прекор за вас. Аллах ви простува. А меѓу милостивите Он е Најмилостивиот!
     93.     Земете ја оваа моја кошула и фрлете ја на лицето од бабо ми, и така, ќе му се врати видот, и донесете ми го сето семејство ваше.”
     94.     И бидејќи караванот отпатува, бабо им рече: “Да, јас го чувствувам мирисот на Јусуф. И не кажувајте му дека јас обнеможев.”
     95.     Рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ти си скршнат во заблуда поранешна.”
     96.     И бидејќи дојде радосникот, ја фрли кошулата на неговото лице, и тогаш ете, му се врати видот. Рече: “Нели ви кажав дека јас го знам од Аллах она што вие, секако, не го знаете!”
     97.     Рекоа: “О бабо наш, барај прошка за гревовите наши, ние, навистина, згрешивме!”
     98.     Рече: “Ќе побарам прошка за вас од Господарот мој. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!”
     99.     И бидејќи влегоа кај Јусуф, ги привлече при себеси родителите свои, и рече: “Влезете во Мисир, ако Аллах сака, сигурни!”
     100.     И ги постави родителите свои на престолот и сите кои беа тука му се поклонија. И тој рече: “О бабо мој, ова е толкувањето на мојот сон од порано. Аллах определи тој да се овистини. Да, Аллах ми направи добро со тоа што ме извлече од затворот и затоа што вас ве доведе од пустина. И тоа по вмешувањето на Шејтанот меѓу мене и меѓу браќата мои. Господарот мој, навистина, е Чувствителен кон оној кон кого Он сака. Он, навистина, е Зналец и Мудар!
     101.     О Господаре мој, веќе ми даде власт и ме поучи во толкувањето на настаните, Творителу на небесата и на Земјата, Ти си мојот Заштитник и на овој свет и на Ахирет. Кога ќе определиш да умрам нека умрам како Послушен и соедини ме со добрите!”
     102.     Ете, тоа се дел од кажувањата за тајната кои Ние ти ги објавуваме, и ти не беше кај нив кога заеднички се согласија за работата нивна - но, токму, беа сплеткари.
     103.     И колку да посакуваш, мнозинството меѓу луѓето не се верници!
     104.     И ти не бараш од нив награда за тоа. Тоа е само Опомена за световите!
     105.     И колку има знаменија на небесата и на Земјата? Поминуваат крај нив а тие, ете, се рамнодушни.
     106.     Мнозинството од нив не веруваат во Аллах: многубошци се, навистина!
     107.     Сигурни ли се дека нема да им дојде неволја од казната на Аллах или да не им дојде Часот одненадеж а да не усетат?
     108.     Кажи: “Ова е патот мој. Јас повикувам кон Аллах. При мене и при оној кој ме следи е јасен поглед. Нека е славен Аллах! Јас не сум меѓу многубошците!”
     109.     И пред тебе Ние само луѓе испраќавме, меѓу жителите на населбите, и објава им објавувавме. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Куќата ахиретска, секако, е подобра за оние кои се богобојазливи. Нема ли да се вразумите?
     110.     Кога пејгамберите очајуваа и мислеа дека ќе бидат прогласени за лашковци, токму, тогаш им доаѓаше помошта Наша и, тогаш, Ние избавувавме кого сакавме, а казната Наша не го избегнуваше народот насилнички!
     111.     Во кажувањата нивни има ибрет за даруваните со разбир. Тоа не е говор измислен, туку тоа е Потврда за она што беше пред него, и потенко објаснување за сите нешта, и Патоказ и Милост за народот вернички!


Изменето од mudzahid - 14.Април.2008 во 11:30
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 10:44
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ти благодарам Мариа што се помачи вака убаво и во два поста да ни ја срочиш приказната за Јосиф. Навистина потресна драма за големото срце на Јосиф. Кога прв пат го читав овој дел од Библијата и кога стигнав до оној дел кога Јосиф ќе стане премиер на Египет и кога неговите браќа ќе дојдат кај него да купат храна, мислев дека сега Јосиф ќе им со одмазди за тоа што сакаа да го убијат од завист и го продадоа како роб, но бев импресиониран кога Јосиф наместо тоа, воопшто не покажа никаква горчина кон нив, туку се зазема за нив и горко заплака заради нивната несреќа. тага

Дали знаеш дека Јосиф е еден од ретките, ако не и единствена (покрај Исус) библиска личност за кого Библијата не кажува ни еден лош збор? среќа


Благодарам и на тебе Евангелос.
Силната верба во Бога, увереноста дека Тој се смислено прави,  доброто и неоздмаздливо срце на Јосиф треба на сите да ни послужат за пример.
Не е секогаш лесно во животот да не се огорчиш од нечија постапка.
А на ова дека “
Јосиф е еден од ретките, ако не и единствена (покрај Исус) библиска личност за кого Библијата не кажува ни еден лош збор“ навистина немав обрнато внимание, интересно нели?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 16:44
Муџахид, убаво е што направи паралела за Јосиф, Библискиот и Јусуф, според к*ранот.
Од ова гледам дека доблестите на Јосиф не ви се непознати и вам, муслиманите, иако ердоследот на настаните, изговорените зборови не се совпаѓаат во двете Книги.

Особено не ова

     38.     Ја следам верата на моите предци: Ибрахим, Исхак, Јакуб. Не ни доликува ништо да Му здружуваме на Аллах. Ете, тоа е од добрината Аллахова кон нас и кон луѓето, но мнозинството меѓу луѓето не се заблагодаруваат.
     39.     О другари мои затворски, кој е подобар: расфрлени божества или еден Аллах, Моќен!
     40.     Оние кои ги обожавате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и предците ваши; затоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожавате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат!“

Јосиф не Го познавал Алах
намигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 16:58
"А тешко на оние кои со своите раце ја пишуваат Книгата,а потоа говорат:"Еве,ова е од Аллах!"-за од тоа да извлечат незначителна корист.И тешко ним поради тоа што нивните раце го пишуваат и тешко ним што на таков начин заработуваат!"
(Ел-Бекаре,79)

Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 17:04
Марија види вака, грешка си со тоа дека не се совпаѓаат.
Во врска со аетот 38. Мислиш дека Јусуф а.с. (Јосиф) не ја следел верата на Ибрахим , Исхак, Јакуб.
39.  Јусуф  според Библијата верувал во расфрлени божества?
40. Според Библијата значат ли нешто имињата на паганските богови?

п.с. Името Аллах, сметај го како Бог, и се ќе ти стане јасно. Јусуф а.с.(Јосиф) го знаел Аллах (Бога)многу подобро отколку ние двајца.
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.