|
Интервју на Милчо Манчевски за Елефтероти |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
Carnation
Сениор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 3499 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Април.2008 во 19:59 |
|
Македонскиот режисер Милчо Манчевски во денешното интервју за грчкиот весник „Елефтеротипија“ ги повикува Грците да размислат за штетата што може да ја предизвика националистичката хистерија кон Македонија, да ја учат историјата од независни извори и сфатат дека немаат право да се мешаат во одлуката на Македонците како ќе се нарекуваат себе си. „Вашите читатели да мислат на штетата што ваквата националистичка хистерија, самобендисаност и манипулативни политичари можат да ги предизвикаат. Пред се, луѓето треба да ги студираат независните извори и да научат малку повеќе за својата сопствена историја. Негирање, пропаганда и хистерични реакции од позиција на сила нема да ја променат историската вистина. Тажно е што во Грција етничкото чистење на Егејските Македонци не е јавно познат податок“, вели Манчевски. Запрашан зошто во филмот „Сенки“ тој се занимава со „контроверзната тема на Егејските Македонци во ваков момент, во кој тоа може да биде сфатено како националистички пристап“ Манчевски истакнува дека филмот не се фокусира на Грција и оти во две реплики од илјада се споменува огромното страдање на Егејските Македонци и додава дека, дури и кога се спомнуваат Егејците, филмот повеќе се занимава со нивното страдање, а Грција никогаш не е спомната. „Тажно е што во Грција етничкото чистење на Егејските Македонци не е јавно познат податок. Би ве упатил на бројни независни историски податоци, вклучувајќи го и „Извештајот на Карнегиевата комисија“ од 1914 година, но, уште поважно, би ве замолил да зборувате со десетиците илјади македонски бегалци и деца на бегалци кои живеат во Торонто, Мелбурн, Ташкент, Полска, Романија, Чешката Република... Не зборувам за филмски ликови, зборувам за вистински луѓе од крв и месо кои ја истрпиле болката на вистинско етничко чистење. Тие ги имаат загубено семејствата и избркани се од сопствените домови во Грција. Да, некои од нив под закана од напалм, за прв пат употребен на Грамос, според очевидците, или бајонети. Би ви посочил да го разгледате фактот дека во 1923 официјална Грција објави буквар за прво одделение на македонски јазик, на кирилица, за македонските ученици во Грција, па потоа подоцна го повлече, го уништи и не признава дека воопшто постоел. Би ве упатил на фактот дека македонските топоними, кои вие ги нарекувате словенски, во она што тогаш официјална Грција го нарекуваше „новоосвоени територии“ беа избришани со официјални декрети и јазикот беше забранет. Дури и самиот збор што е навидум во центарот на актуелнава смешна расправија, „Македонија“ не се користеше во Грција се до пред 20 години. Самото ваше Министерство за Македонија и Тракија беше Министерство за Северна Грција и Тракија се до доцните 1980-ти. И репресијата на зборот „Македонија“, а потоа и менувањето на правецот за 180 степени со инсистирањето на ексклузивните права да се користи тој збор се два аспекта од истата стратегија - стратегија на обидување да се асимилираат земјата, културата и наследството во оние на Грција. А сепак, Македонија никогаш не била дел од Грција се до 1912. И никаков степен на политичка хистерија, негирање, ниту силеџиство денеска нема да го променат фактот дека грчката провинција Македонија е дел од Грција само едно трепнување од историска гледна точка - само 95 години“, вели Манчевски. Тој додава дека има пријатели Македонци кои се родени во Узбекистан и Чехословачка, затоа што нивните родители како деца, спасувајќи си го животот, морале да бегаат преку граница. Нивните родители пораснале во домови за сираци. „Имам пријателка во Келн, чија баба поминувајќи ја грчката граница, умрела во снегот. Познавам луѓе на кои срцата им се скршени што не можат да се вратат да ги посетат гробовите на нивните родители, ниту куќите во кои се родени, а кои им се конфискувани, бидејќи не им даваат виза за повторно да влезат. Како студент, обидувајќи се да добијам грчка виза во Грчкиот Конзулат во Скопје, морав да покажам извод од книга на родените од моите родители, само за да докажам дека тие не се родени во Грција; инаку не би можел да добијам туристичка виза. Имам пријател во Америка на кого не му беше дозволено да влезе во Грција бидејќи зборувал за етничкото чистење во минатото. Имам пријател чиј дедо бил стрелан во Грција“, вели во интервјуто Манчевски. На прашањето дали тоа што на крајот на филмот „Сенки“, јунакот конечно ги закопува коските на духовите и се смирил е симболика во смисла на тоа како младите луѓе во Македонија треба да продолжат понатаму, Манчевски одговара потврдно, но додава дека истото тоа треба да го направи и Грција која, како што вели, треба да си ги признае гревовите од минатото. „Апсолутно. А, и во вашата земја исто така. Но, прво треба да си ги признаат гревовите на своите татковци. Нема одење понатаму и проштевање без да се признаат гревовите од минатото. Австралија неодамна им се извини на Абориџините. Вили Бранд падна на колена и молеше за прошка. Германија го призна тоа што го направи, ја прифати одговорноста и сега продолжува кон подобра иднина. Всушност, луѓето во мојата земја очајно сакаат да се мрднат од минатото и да одат кон иднината, верувајќи дека НАТО и ЕУ и глобалната интеграција се пат за иднината и тешко се борат за тоа да го постигнат. Нашата интеграција ја блокираат токму грчките политичари кои ја разгоруваат националистичката хистерија заради сопствена политичка добивка дома, додека се обидуваат да ги сокријат злосторствата од минатото“, вели македонскиот режисер. Според него крајно смешен е проблемот со името, а инсистирањето на Грција да ни наметне име какво неа и одговара е невоспитано. „Да си признаеме, проблемот со името е смешен. Личи како да излегол од кај Бекет или Јонеско. Тој е оправдание да се наметне блокада на оваа сиромашна земја, со што се уништува нејзината економија и таа да се дестабилизира со тоа што ќе се стави вето на нејзиниот успон во меѓународната заедница. Ова себично однесување е опасно. Тврдењето дека малата Македонија со своите 8.000 војници би била иредентистичка закана за моќната НАТО-членка Грција со 240.000 војници, авиони и опрема е крајно смешно. Мачо-слонот се плаши од глувче? Поважно е прашањето на домашно воспитување. Што ви дава за право да дојдете кај мене и да ми кажувате како можам, а како не можам да се викам? Не мислите ли дека тоа е многу невоспитано?“, прашува Манчевски. Тој истакнува дека треба да се прави разлика помеѓу Македонците во Македонија и Грците кои живеат во Македонија. „Што се однесува на прашањето за Македонците, се плашам дека мешате две различни работи. Луѓето од Грција кои ги нарекувате Македонци се Грци кои живеат во Македонија. Тие се етнички Грци. Како и Грк од Тракија кој себеси се нарекува грчки Тракиец. Од друга страна, мнозинството од луѓето кои живеат во Република Македонија се етнички Македонци. Така јас се чувствувам, така се чувствувал мојот татко и така се чувствувал и мојот дедо. На почетокот на 20 век имало имигранти кои доаѓале во Америка од Отоманското Царство и се декларирале како етнички Македонци. Тоа се факти кои не можат да исчезнат, без разлика колку детски гневни настапи ќе имаат грчките политичари, ниту колку ембарга и вета Грција ќе воведе. Ова е концепт кој можеби е тешко да им се објасни на граѓаните на Грција, знаејќи дека е веројатно единствената земја во Европа која не го признава постоењето на малцинства, ниту нивните права и која за тоа е јавно укорувана од многу меѓународни институции. Но, ова е прашање на идентитет и достоинство кои се суштински за секое човечко битие и е крајно навредливо кога некој се обидува да си игра со тоа“, истакнува познатиот македонски режисер Милчо Манчевски во интервјуто за денешното издание на весникот „Елефтеротипија“. intervjuto e prezemeno od a1.com.mk se naeziv ko go citav i morav da go postiram ovde da prokomentirame. Изменето од Carnation - 13.Април.2008 во 20:05 |
||
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
|
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Very..I mean, very nice.
|
||
Lilija7
Сениор Регистриран: 31.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 8994 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
секоја чест за интервјуто...сите кои имаат можност треба вака да делуваат.
|
||
ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК Е КАКО ПАДОБРАН, ТРЕБА ДА БИДЕ ОТВОРЕН ЗА ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...deckoto e prva liga...iz neba u rebra...nema trte mrte... neka se ceshaat sega gcite kaj shto ne gi jade...redno e nekoj da im obrusi za genocidot vrz site negrci..a posebno decata Egejci raseleni po svetot... ej da ne mozat da si gi vidat rodnite mesta...da ne mozat sveka da zapalat na grobovite na umrenite...
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
секоја чест за Милчо Манчевски.одговор кој требаше да го дадат и нашите политичари.но,зошто тој,Милчо,не направи еден филм во кој ќе го пренесе на платно веродостојно сето ова што го кажува.се надевам дека следниот чекор ќе му биде тоа.
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
only_me
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 295 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
DA se najdese barem eden politicar istoto da go kaze na samitot vo Buk*rest!!!
Milco imas PETKA ili DESETKA, izberi si. Oskar za informiranost i za makedonstinata sto ja nosis vo sebe! |
||
lpartik
Сениор Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МИЛЧО ОТКАКО СОБРА ЛОВОРИКИ ЗА „ПРЕД ДОЖДОТ“, СО КОЈ ПОМОГНА ОКОЛУ СОЗДАВАЊЕТО НА МОЗАИКОТ ЗА ЗАГРОЗЕНОСТА НА АЛБАНЦИТЕ, А МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ПРЕТСТАВИ КАКО ВОИНСТВЕНИ, НАОРУЖАНИ ДО ЗАБИ (ГОЛОГАЗЕСТО ДЕТЕ НА СЕБЕ ИМАШЕ КАЛАШНИКОВ),СИЛУВАЧИ,ПРИМИТИВЦИ...ОСВЕТОЉУБИВИ...КАКО ДА ПОЧНА ДА ГО ЈАДЕ ЈАНЅА.САКАШЕ ДА СЕ ИСКУПИ СО „ПРАШИНА“,ВО КОЈ ГИ ПРЕТСТАВИ КАКО КАЧАЦИ, ПА ВО „ КОСКИ“ ВО ЗАВИЕНА ФОРМА НАПОМНА ЗА ЕГЕЈЦИТЕ.
1982ГОД. ФАСБИНДЕР, ВЕЌЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ СЕ ОБИДУВАШЕ ВО ГЕРМАНИЈА ДА ПОСТАВИ НА СЦЕНА ДРАМА,(РАБОТЕНА ПО АВТЕНТИЧЕН НАСТАН И ЈУНАК)ВО КОЈА ГЛАВНИОТ ЈУНАК Е СЕНИЛЕН ЕВРЕИН-ПЕДОФИЛ,КОЈ СО БОНБОНИ И СИТНИ СЛАТКИ НАМАМУВА МАЛОЛЕТНА ГЕРМАНКА...НА СЕКОЈ ОБИД ЗА ПРЕМИЕРА, НА СЦЕНАТА СЕ КАЧУВАЛЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ОД ГРАДОТ И НЕ ГО ДОЗВОЛУВАЛЕ ПРИКАЖУВАЊЕТО НА ПРЕТСТАВАТА, ПОД ИЗГОВОР ДЕКА ТАА ДРАМА ВО НЕГАТИВНО СВЕТЛО ГИ ПРИКАЖУВА ЕВРЕИТЕ И ПОБУДУВА РАСНА И ВЕРСКА ОМРАЗА. И БИЛЕ ВО ПРАВО. НИЕ ПЛЕСКАВМЕ РАЦЕ, ЗАСЛЕПЕНИ ОД УСПЕХОТ НА ФИЛМОТ...НЕ МИСЛЕЈЌИ КАКВИ ПОРАКИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ИСПРАЌА ФИЛМОТ, ДАЛИ ПРИКАЗНАТА ОД ФИЛМОТ СООДВЕТСТВУВА СО РЕАЛНОСТА.ОД ЧИЈ ФОЛКЛОР Е ДЕЛ ОРУЖЈЕТО? ТАКОВ ФИЛМ ЕДЕН ЕВРЕИН НИКОГАШ НЕ БИ ПОМИСЛИЛ ДА СНИМИ,А КАМОЛИ ДА СНИМИ. Изменето од lpartik - 13.Април.2008 во 22:14 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...politicarite i nemaa nekakvi moznosti...ama novinarite shupelki... mesto da gi bombardiraat so vakvi nezgodni prashanja...tie izlegoa od presot... silni se samo vamu...doma...koga treba da se raskara narodot...
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
е тука потполно се сложувам со тебе.
филмот го немам гледано,ама интервјуто ми се допадна
инаку филмовите на Милчо не ги сакам баш заради мизерната слика за Македонија која ја носи во светот
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
lpartik
Сениор Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ШТО Е ЕДНО ИНТЕРВЈУ ЗА ЕЛЕВТЕРОТИПИЈА ВО СПОРЕДБА СО СЛИКАТА ЗА НАС ВО „ПРЕД ДОЖДОТ“? |
||
Gusarski
Сениор Регистриран: 06.Ноември.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интервјуто му е на место и секоја чест за човекот. Само што Милчо нема направено баш некој патриотски филм за Македонија сеуште... тоа треба да му биде следното нешто |
||
Македонија е вечна!
|
||
only_me
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 295 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
PA zavisi koj kako ja svaka slikata vo "Pred Dozdot"...Pred dozdot bese pred "ohooo" godini.. Intervujuto se sluci sega, koga nitu eden politicar, znastvenik ili diplomat, ne krena glas javno da prozbori za genocidot, vistinata itn.. Nemam namera da mu zameruvam za uspesite na Mancevski, ili ako eventualno postojat nekoi propusti vo negovoto tvorestvo koe licno i nego sfakam kako politika tuku kako umetnost. Ako vie sakate da pravite politika od seto ova ok e. So posledniot film, ja otslikuva vistinata, od ona sto sum go slusnal. SPored tebe sto trebase da vidis vo PRed Dozdot? Tvojot komentar go sfakam kako najobicnata kontra konstruktivnost sto vladee so decenii vo makedonskiot narod, za zal! Neznam dali ni e vo krv ova da si gi vadime ocite eden na drug... no istorijata pokazuva deka za zal- toa e bas taka.. Изменето од only_me - 14.Април.2008 во 12:45 |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секоја чест за ова! навистина добро кажано...и индиректно на културен начин плеснато во фаца и навредливо ама на ниво! и паметно што ете не збореше за наши весници ништо околу ова туку право во грчки весник. браво мајсторе.
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Shto sakame povekje. Se e jasno. Politicharite ni se kilavi. Milcho e za da vodi drzjava a ne tie.
|
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |