![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 138> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕГО ТАЈФУНИ НЕ ГО ОТКРИВААТ...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АЈ НА 1000 ЕУРА ДЕКа нема да се открие...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кому треба сонце да се стопли?
Еве му ги моите раце, Нека ги стави на лице, И нека заспие. Кому треба птица за да запее? Еве му го мојот глас, Нека го запише во својот слух И нека мечтае. Кому треба тишина за да заспие? Еве му го мојот молк, Нека го просипе врз себе И нека сонува. Кому треба злато за да живее? Еве му го мојот презир, Нека го врзе во просјачка торба И нека талка безимено по светот. Изменето од Quentin - 28.Март.2008 во 17:31 |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само си се гушкаме и сакаме. Има ли нешто поубаво од тоа?
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
I se ceskame
za da ne zaboravime, deka kao mecok runtav ima i tuka nekoj |
|
![]() |
|
doriangray ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На периферниот дел од центарот на градот се наоѓаше еден убав дуќан. Неговиот стаклен излог го красеше една прекрасна и многу интересна кукла. Беше така изложена да го привлекува вниманието на случајните минувачи и купувачи. Осветлена со рефлекторот на искреноста и облечена во алиштата на невиноста, стоеше горделиво и беше неодолива. Нејзините заводливи насмевки и погледи беа мамка за минувачите и купувачите кои дозволуваа куклата да им открадне дел од нивното скапоцено време. Таа понесена од нивните погледи , а особено од коментарите упатени на нејзина сметка, почна да си создава свои илузии. На тие мали нешта, им придавеше големо значење и неретко се случуваше да ги хиперболизира. Замислуваше еден прекрасен свет, каде цвеќињата цветаат и каде пеперутките освен во стомакот, летаат насекаде, свет кој се наоѓаше надвор од стаклениот излог. Носеше розови наочари, кои надворешната слика ја правеа уште попримамлива. Сакаше некој да ја купи, да го вкуси розовиот живот, да го гледа сонцето со розовите наочари... Од сето тоа ја делеше само стаклото на излогот, кое всушност играше улога на заштита. Посакуваше да го нема, да може да излезе од излогот, но истовремено ја фаќаше трепетен страв од истата помисла. Tрепежот се јавуваше како антитежа на желбата да се биде надвор, да се истражи расцветаниот магента свет. Копнееше по некој купувач кој ќе и овозможи да ги открие непознатите и примамливи тајни. Но, како да се плашеше од она што може да го открие. Не беше сигурна дека е подготвена за тој чекор. Стравуваше за својата облека, не знаеше дали таму ќе биде заштитена како во стаклениот излог. Еден убав сончев ден, додека куклата непокорно и вообразено ги пречекуваше сончевите зраци, кога безгрижно се препушти на сонцето, еден купувач влезе во дуќанот. Куклата речиси и не го примети неговотo влегување, беше презафатена со обработка на своите недефинирани мисли осветлени од сонцето. Додека дуќанџијата го покажуваше својот асортиман, купувачот љубопитно разгледуваше и погледот му застана на рамнодушната кукла со магента наочари. Таа и не беше свесна за новонастаната ситуација, сè додека купувачот не ја прекина сончевата активност со категоричното: таа! Времето како да застана. Куклата го слушна она што толку силно го посакуваше. Го дочека моментот кој толку долго го чекаше, а од кој се плашеше! Се распламти во неа клишираното, хамлетовото “да се биде или не?“. Фасцинирана од илузијата на непознатато, но сигурна во стаклото на излогот, не знаеше како да постапи. Стоеше на раскрсницата која се разделуваше на две страни. Лево продолжуваше старата патека, а десно се наоѓаше еден нов свет, свет со привлечни, и навидум безопасни тајни. Сакаше да тргне десно, а не можеше или можеше ама не сакаше. Се заплетка во шекспирова мрежа не насетувајќи го излезот. Од длабочината на нејзиното аморфно срце доаѓаше еден глас, кој шепотеше: оди... излези..., а од мислите се слушаше: немој... Можеби овој пат требаше да го послуша срцето и можеби тоа беше цената што треба да ја плати за да излезе од стаклениот излог. Но тука беа и мислите кои ја одвраќаа... А купувачот сè уште стоеше во дуќанот, но до кога? |
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
![]() |
|
eurydice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Времето
Времето е каприциозен Дедо Мраз: Со вреќи полни парадира, Подароци на ангро рекламира, И без око да му трепне гарантира Дека поарно од тебе знае што ти треба И тој ќе те комплетира. Времето е како препотентен политичар: Во своите ветувања – галантен, Во остварените промашувања – фрапантен, Во логиката на фијаското – дегутантен. Но ако некогаш случајно Го исполни тоа што го таксал За сите разочарувања му простуваме И пак на него типуваме. |
|
![]() |
|
mikus ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 49802 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
nedaj zivot zdiv da istroshi
nedaj vremeto prikazni da potrroshi na DEJA VU ocite daj zatvori neka se menuva se se da be |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не мора да е песна. Не.
Утрово додека чекорев под облачното небо, кон дестинацијата - маалски дуќан, за првпат не ми пречеше ѓубрето по тротоарот. За првпат не го опцув во себе балканскиот менталитет и за првпат почувствував дека сум еднаков дури и со најситната тревка што се бори да си го најде сончевиот зрак што со право и' припаѓа во мноштвото тревки. Како стари износени наметки ги исфрлив догмите и човековите ограничувања кои сам сум ги создавал низ годините и посакав да сум така ментално гол и несвесен за рашомонијадата што секојдневно ми ја сервираат усвитените мозоци кои ги пронаоѓаат страните на светот преку посрани и конспиративни политички координати. За првпат не ми пречеа автомобилските сирени. Јас одев по испрекинатата линија на средина од автопатот и фрлав по едно - "Е*и се" на сите што ми свиреа и ги вадеа рацете од прозорците за да ми го покажат размавтаниот знак со раката што според нивниот телесен јазик би требало да означува будала. Не мора да е песна. Не. Нашминкана со занесни епитети. Не мора да е песна. Не. Накинџурена со апстрактни персонификации. Не мора да е песна. Не. За да ви кажам како се чувствував утрово... Изменето од Quentin - 04.Април.2008 во 10:12 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Nema mesto za somnez,
vidliva e nasata ljubov, nema mesto za griza na race te nosam i so usni te miluvam, ednas za vcera, ednas za denes ednas za utre i otpocetok povtorno te sakam i te sakam zosto ovoj dene e vecen. Site utra ke bidat denes i ne mi se zboruva poveke, tuku samo mi se baknuva guska i dlaboko dise. |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чума
Очи широко затворени Раце скрстени на гради Срцето е херметичка кутија Сивиот квадрат на таванот Е се подалеку Ехо на последна мисла Можеби беше тоа поштарот Сега е веќе сеедно |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |