|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 4849505152 146> |
Автор | |
eurydice
Сениор Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Другите Другите на умот ни се чудат. Во десет легнуваат Во седум се будат. Смисолот на животот Одамна го знаат. Јади, работи, множи се, Прави се` под саат. „Различните од тебе Држи ги на страна, може да те заразат, тоа им е мана, една од многуте жални неправилности, поезија, филозофија и други неозбилности.“ Тие се телото – Роб на гравитација. Ние сме душата На секоја генерација. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тој и таа (јас и ти)
Тој од љубов ги спои земјата и небото, и ги најде најубавите зборови за да ја опише. И пак не успеа да ги раскаже нејзините очи. Таа од љубов ги преплови сите океани, и ги стиши сите морски галеби за да го сонува. И пак не успеа да го најде во потсвеста. За тебе ги составив двете синила, воденото и небесното, за ти да ми се вратиш со виножито. Ми се врати како капка роса на бел олеандер, а јас бев проклето сонце што сака да те има само за себе. Цветот те пушти да испариш кон мене, знаејќи дека утре изутрина пак ќе му се вратиш. Тој, за солза во животот што не беше чул, првпат горчливо заплака. Таа немо го гледаше додека шините ја цртаа далечината меѓу нив. Изменето од Quentin - 20.Март.2008 во 07:02 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Te sakam mori,
odi da se perneme i prikaski ne mi kazuvaj deka treba ovaa ili onaa rabota da ja svrsis koga perduvi ti strcat sto treba da gi skubam. Ne se kezi ko nevesta mlada i da mi velis deka glavata mi dise od sto pritresen i zagrozen sum bidnal, dur me soblakas a ti veke si gola. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОЖДОВИ
Исушен, опустошен, извор натлачен - Корито зинато во недогледот... Дождови: Кисели Благи Солени... Дождови од тага Од пелин Од медовина – Било какви... Има ли небо да ги најдам Да ги истурам - Изворот да го надрочам Реките да ги разгргам, Коритото да се наполни Да се слеам во езерото - Повтор да се прелијам . |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛОВЕЦ НА НЕМИРИ
Секој со марифет некој - Јас со мисла без смисла, Патишта некои што бара: Загазани, затревени - Мустри стари занемени, Се траќа пустата, рие, - Место ли нема Кај да се свие? Што бара, Не знае ни таа сама - Надеж празна, Или горка измамА секој со марифет некој, Јас на грбот на мислата - Вечен јавач на бесмислата... Изменето од majstorce62 - 20.Март.2008 во 15:49 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
doriangray
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со брзината на темнината, сомнежот извира од длабочината на моето несигурно срце. Се населува во хаотичната хармонија на неспокојната душа, бавно, спокојно, брзо, стихијно… Ме претвора во пепел… Навлегува во неосветлените делови на мојата разнишана свест, молневито ја зазема мојата свесна потсвест… Дали да се борам? Дали да фрлам вода врз веќе згаснатата душа? Дали навистина душата е угасната? Или само жарот нејзин е нагризан од влагата на сомнежот? Не знам… Можеби… Сигурно… Одненадеж, молскавично фениксот на душата се издига над пепелта. Блеснува со својата светлина на чистото, невиното, неизвалканото, речиси совршеното и ја осветлува душата во згаснување. Сомнежот одеднаш се огледува во огледалото на реалноста и го добива својот конечен лик. Можеби не е совршен, можеби е виновен, можеби е извалкан… Но тоа е ликот на душата. Ликот на вистинската душа. Ликот на вистинската просветлена душа. |
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УБАВИНИ...ПО ЦЕЛ ДЕН МОЖАМ ДА СИ СЕДАМ САМО НА ОВАА ТЕМА...
НЕ МОРА ДА ОДАМ ВО БИБЛИОТЕКА, ДА КУПУВАМ КНИГИ... КОЈ ЈА СМИСЛИ, ЦЕЛ ЖИВОТ САМО УБАВИНИ ДА ГО СЛЕДАТ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По тебе
По тебе, со памук ќе ја натопам смртта и ќе ја размачкам по душава. Од ехото ќе барам да ми ја врати твојата песна, а од облаците – твојот лет. Од усниве ќе барам да ми ги вратат твоите бакнежи, а од телово – твоите прсти. Од ветрот ќе барам да ми ја врати твојата коса, a од Бога и земјата... да ме вратат мене, за да ти ја слушнам песната, да ти го видам летот, да ти го возвратам бакнежот, да ти го сетам допирот, да ти ја погалам косата... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ученик
Поглед вперен во бел лист со релјеф од потни дланки. Главата станува претесна за густата празнина што се шири и пулсира со ритмот на троми секунди. Усните докасани и суви ја шепотат молитвата на задачата. Ни одговор, ни знак. Грепкањето на туѓите пенкала, бразди прави по тегобноста со `рѓосаниот клинец на неизвесноста. Ѕвон. Што ли има дома за вечера. ... Изменето од filmadzijka - 20.Март.2008 во 23:28 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние и ангелите Можеби некогаш ангелите ќе не' најдат заспани меѓу редовите на некоја заборавена поема. Ќе не' погалат по лицата, оти тоа е нивниот прекор за човечката непослушност. Долго ќе плачат врз нашите голи плешки, и ќе се прашуваат колку ли сме несреќни што немаме крилја. А ние, занесени во сонот освојуваме светови и неба. Ангелите пак, никогаш не спијат. Ќе ги утешам ли ако им кажам дека сонот ни е замена за ангелски крилја? Изменето од Quentin - 20.Март.2008 во 19:21 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИМА НЕШТО
Има нешто за кое вреди да се згазне на клетвата како на глава на змија; да се плукне на зборот и кога в лице ветар ти дува, да се измамат принципите како ефтини љубовници желни за ветувања и проѕирени наметки од тул на непостоечки разочарувања; да се разобличат сите облици ма перманентното самолажење... Има нешто за кое вреди да се вратиш на апсолутниот почеток на најтешките страданија, да ја спознаеш големата измама на времињата што ги чекаш како нафора во гладните очи... Има нешто што те држи силно како бела мајчина боска како гранест корен во карпеста почва, што те врзува и не те дава оти врска е со сите заминати и недојдени, со сите невоскреснати и сите неродени што ги споменуваш, што ќе те споменуват... Има нешто, верувај ми, има, нешто што останува дури ти заминуваш.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
doriangray
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Опсесивен компулсивец Регистриран: 03.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1460 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ко бесшумната пеперутка, нежното глуварче; ко лекокрилата птица, небесните облаци; ко срамежливата светулка, растреперениот лист - те имам тебе. Ко шумниот бран, тивкиот брег; ко снежната планина, синиот свод; ко дивиот ветрец, кревките гранки - те прегрнувам тебе. Ко златното жито на плодното поле; ко жедната почва на пролетниот дождец; ко боженственото виножито на сонцето - ти благодарам тебе! Посветена... Изменето од doriangray - 21.Март.2008 во 15:35 |
|
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change. And if you're talking about my life you're only wasting your own time! |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
My Love, my true Love
When I think of you...oh, my love the wonder of your beauty takes my breath away... I cannot recall the moment in time, when it began, but only the overwhelming feeling of ecstasy it brought to me... For at that moment I knew happiness... A happiness I had never known before. For just the thought of you gave me joy beyond belief... The thought of being with you and being touched by you was my one desire... I knew once we first met none other would ever do, for I knew,yes... I knew... love. I knew love as I had never thought possible in this life time. It is a love of passion and desire. It is a never-ending need to you, for you, only you. When I think of my love for you I realize I now know the true meaning of love... I will love you as long as this life endures and beyond, for you are my dreams, my realities... ...You are my heart... You are my meaning of true love... You're beautiful, so very beautiful. You're my everything... My glory, my persistence... Why, I’d be gone without you... Somewhere with the top of my head missing Perhaps, my veins exposed Or, maybe even hanging from a tree. Somewhere... You're my savior, Just the one that I was waiting for. My love... You're my love. Love, you are my love. Magnificent in every way, But hidden behinds too many scars... I guessed I saved you too... I hope I saved you too... ...it completes me... And though a secret, you must remain, I want to climb up on the axis of the earth.... And tell the world... Mine... All mine... You're all mine.... Изменето од ...Well... - 22.Март.2008 во 05:20 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРОЦЕНКА
Го мерам чекорот – Тежината, Должината Го мерам на вагата на сите промашувања На старите сопнувања На големите разочарувања, Го мерам чекорот Пред да стапнам на нечие срце, На нечија солза, На нечија воздишка... Чекорот – Живи рани по табаните, Олово течно во колената, Историја на лузни, На пентерења Без почеток и крај По ридиштата на мртвите Експедиции на немирното дете... Го мерам чекорот Со опитност на мајстор, Со точност на геометар, Како воздржан коментар на хирург И недоречена мисла на филозоф, Го мерам чекорот, Но даските... Даските под него секогаш се итрици И пак некоја ќе ме измами Со своето најадено срце |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 4849505152 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |