|
ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |
Aisha
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Локација: Palestine Статус: Офлајн Поени: 1119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ej temimi od koja kniga e se ovie izvadoci?
|
|
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Opst prikaz na ilamskata vera - Ali Tantavi
|
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШЕСТИ ПРИНЦИП Сите луѓе, и верниците и неверниците, тие кои пристигнале во домовите на обожувањето, џамиите и црквите, или се воспитани во местата на неморалот и порокот, кога ќе им се случи голема несреќа - удар на судбината, од кој го губат трпението и не наоѓаат за него лек, не бараат спас и заштита од ниту едно од овие суштества, туку бараат помош и засолниште кај Силата која е над тие суштества, Сила која тие не ја гледаат, но која во душите и срцата, и со секој нерв, го чувствуваат Нејзиното постоење, Нејзината величина и возвишеност. Ова им се случува на големиот број ученици во денот на испитите, како и на многумината болни кога болките ќе се засилат и кога лекарот ќе стане немоќен. Сите Му се враќаат на Својот Господар и Му се посветуваат на Неговото обожување. Дали некогаш сте се запрашале што е причината за тоа и за нему слично? Како откриваме дека секој кој ќе западне во потешкотија, му се враќа на Бога? Сите се сеќаваме[1] на денот на изминатата војна и на онаа пред неа и како луѓето се враќаа кон верата барајќи засолниште кај Бога. Командантите и наредниците се упатуваа кон храмовите и ја повикуваа војската на молитва. Во списанието „ЕЛ-МУХТАР“ прочитав допис, преведен од некое друго списание, објавен во деновите на војната, од некое момче - падобранец (во времето кога падобранците и слетувањето беа нешто ново), кој опишува еден настан, па кажува дека израснал во дом каде никој Бога не го спомнувал, ниту пак Му се молел или клањал. Учел во училишта во кои немало верски предавања ниту пак побожен учител. Воспитан бил според материјалистичкото, лаичко, воспитување, т.е., како што се воспитува добитокот кој знае само за јадење, пиење и размножување. Меѓутоа, кога прв пат се спуштил со падобран, гледајќи се себе си како паѓа, и пред да се отвори падобранот почнал да говори: „О Боже, о Господару!“, и од сè срце да се моли, воедно чудејќи се од каде му дошло ова верување? Ќерката на Сталин, која е воспитана во вртежот на неверството, неодамна објави мемоари, во кои спомнува како се вратила кон верата, чудејќи се и самата на тоа свое враќање. Меѓутоа, во тоа нема никакво чудо, затоа што верувањето во постоењето на Бог е нешто што е скриено во секоја душа. Тоа е природа, еден од основните човечки нагони, како што е, на пример, сексуалниот нагон. Човекот е животно кое верува! Оваа човечка природа, нагонот, понекогаш ја прекриваат страсти, желби, похоти и материјални потреби, па кога ќе ја протресат стравотии, опасности и несреќи, ја отфрла од себе таа покривка и се појавува. Заради тоа, оној кој не верува се нарекува ќафир, а ќафир на арапски јазик значи „оној кој покрива“. Интересно е дека поддршката за оваа идеја ја најдов во две изјави меѓусобно оддалечени според времето, просторот, условите и намерите, меѓутоа слични според значењето. Познатиот француски писател, атеист, Анатол Франс, за тој атеизам и неверување кажал: „Човекот станува верник кога, како резултат на уриналната анализа се востанови дека има дијабетес (во времето кога инсулинот уште не беше познат)...“ А на Рабија (ел-Адевија), позната, побожна муслиманка & било речено: „Тој и тој донесе илјада докази за постоењето на Бога!“ Таа се насмеала и рекла: „Кога сам би патувал низ пустината, па би ти се лизнала ногата и би паднал во бунар од кој не си во состојба да излезеш, што би правел?“ Нејзиниот соговорник и рекол: „Би довикувал: ,О, Боже!!!‘“ „Тоа е доказ!“ - додала Рабија. Верувањето во Бога е длабоко во секој човек. Тоа е вистина која ние муслиманите ја познаваме, затоа што Бог нè известил дека верувањето е природата во кој ги создал луѓето. Европејците одново ја откриле. Диркем, познат француски професор по филозофија, напишал книга во која тврди дека верувањето во постоењето на Бог е очигледна вистина - аксиом. Невозможно е човек да живее и умре, а да не размислува за Господарот на оваа вселена. Меѓутоа, можеби разумот му бил „краток“, па не стигнал до вистинскиот Бог, туку обожувал други нешта покрај Него, сметајќи дека тие се Бог или дека приближуваат до Бога. Кога ќе се случи нешто ново, ако се појави некоја неволја и дојде момент на опасност, се обраќаат кон Единиот Бог, и ги отфрлаат лажните божества. Идолопоклониците од племето к*рејш ги обожувале Хубел, Лат и Узза, камењата и киповите. Хубел е кип од црвена школка кој Амр ибн Лухај го донел од Сирија, од Хама. Му рекле дека е велик и моќен бог, па кога го понел на камилата, патем му паднал и му се скршила раката, па му направиле рака од злато. Божество на кое му се скршила раката! Но, и покрај тоа го обожувале! Го обожувале во моментите на безбедност, па кога би запловиле по море и брановите би се издигнале, најавувајќи страшно потопување, не зборувале: „О, Хубеле!“, туку повикувале: „О, Алаху!“ Ова е видливо и денес при бродолом, избивање на пожари, опасности или влошувања на болести. Кога ќе ги видиш атеистите како се враќаат кон верата? Зошто? Затоа што верувањето е нагон, а најцелосна дефиниција за човекот е дека тој е побожно животно. Погледнете во овие материјалисти, неверници кога ќе им дојде смртта! Мислите ли дека Маркс и Ленин, кога смртта ја здогледале (се увериле во нејзиното доаѓање), ги повикувале орудијата за производство кои ги обожувале, или го повикувалеВозвишениот Бог? Бидете уверени дека не умреле пред да Му се помолат на Бога, тогаш кога молитвата повеќе не користи. И фараонот се возгордеал и се охолел говорејќи: „Јас сум вашиот најголем господар!“ Кога му се случило потопувањето рекол: „Јас верувам! Нема друго божество освен Оној во Кого веруваат синовите Израилови...“ (Јунус, 90) Во љубовната симпатија која ја чувствува вљубениот, лежи доказот дека верувањето е природа во луѓето, во нивните души. Љубовта е смалена слика на верувањето, како и еден од видовите на обожувањето. Французите, откако меѓу нив завладеало напуштањето на верата, за љубовта го употребиле зборот „обожување“. Во тоа ги следеле и некои од нас, кои се европеизирале, па во своите говори почнале да говорат, дека ја сака и обожува, и дека ја засакал до обожување. А, тоа не значи ништо друго туку дека обожувањето е природна манифестација на верувањето во Бога, а љубовта еден од облиците на верувањето. Вљубената му се покорува на својот сакан и ги извршува сите негови желби. Исто така се однесува и верникот кон Бога, Му се покорува и ги извршува Неговите заповеди. Вљубената не се грижи дали сите луѓе ќе & се налутат, само ако оној кого го сака е задоволен, а таков е и случајот со верникот кон Возвишениот Алах. Не му посветува внимание на гневот на сите луѓе, само ако Тој е задоволен. Вљубената се плаши од својот сакан, се плаши од неговата лутина и задоволна е со сè што од него ќе произлезе. Љубовта (т.е., вљубеноста) е доказ дека верувањето е природен нагон кај луѓето. [1] Мислам на средовечните луѓе и старците кои ја запамтиле последната војна 1939 год. и онаа пред неа 1914 год. Јас ги запамтив и врз основа на она што со своите очи го видов го кажав своето мислење за нив (заб. од авторот). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da ne zabega malku?
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТЕРМИНОЛОШКО РЕЗИМЕ Тоа што претходно го рековме не значи дека љубовта кон Бога е исто што и љубовта кон саканата личност. Не, затоа што љубената му се покорува на својот сакан и се плаши од него, задоволна е од неговите постапки и му дава предност на неговото задоволство, заради сласта која ја чувствува, затоа што таа во него се сака самата себе. А Лејла да ја зафатила краста, па да & го нагрди лицето, да & ги уништи носот и очите, Кајс не би & се приближил, ниту би почувствувал копнеж по неа. Дури и би избегал, и би се оддалечил од неа. Тоа е разликата меѓу љубовта кон созданието и кон Создателот. Тоа се два различни вида на љубов, меѓутоа, човечките јазици заради нивната ограниченост и немоќ да ги искажат духовните расположби, користат еден израз за повеќе значења. На тој начин ние кажуваме дека „тој и тој сака ридести предели“, „тој и тој сака историја“, „тој и тој сака ориз со месо“, „родителот го сака своето дете“, „Меџнун ја сака Лејла“, „верникот го сака Бога“, а секоја од тие љубови се разликува од другата. Пример за тоа е и зборот убавина. Тоа е еден поим, а го употребуваме за илјада значења. Во тоа спаѓаат и нашите зборови дека Бог „слуша и гледа“ и дека „тој и тој човек слуша и гледа“, т.е., не е глув ниту слеп, но Божјето слушање и гледање не е слично на слушањето и гледањето на робот (човекот), затоа што Бог не е сличен на ниту едно од созданијата, ниту пак Нему Му е нешто слично и сите цитати од к*ранот кои говорат за Божјите својства цитирани се во ова значење. На Бога ништо не Му е слично! |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne.
|
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕДМИ ПРИНЦИП Седмиот принцип е дека човекот со интуицијата чувствува дека овој материјален свет не е сè што постои и дека позади него се крие непознат духовен свет, приметувајќи ги одблесоците кои на него упатуваат. Тоа е така затоа што тој согледува дека материјалните уживања се краткотрајни и ограничени. Кога ќе ја реализира целта и ќе ја достигне границата, уживањето престанува да биде уживање, туку се претвора во обичај - навика, па исчезнуваат неговите сласти и волшебства и станува како запаметена анегдота или стара приказна. Сиромашниот ја набљудува колата на богатиот која поминува покрај него, и неговата вила покрај која се наоѓа, па мисли дека целиот овој свет би бил негов кога такво нешто би поседувал. Меѓутоа, кога тоа би станало негово не би ја чувствувал истата сласт и задоволство. Вљубениот бдее цела ноќ фантазирајќи за средбата со својата сакана, мислејќи дека сите уживања на овој свет се во љубовта кон неа, а сите надежи и желби во нејзина близина, а кога ќе се ожени со онаа која ја сакал, за две години брак ќе се распрснат сите тие надежи, згаснуваат уживањата и од нив му остануваат само сеќавањата. Болниот боледува и се мачи мислејќи дека целата сласт е во оздравувањето и во престанувањето на болките, па кога ќе му се врати здравјето и ќе поминат деновите на болеста, повеќе не гледа во здравјето ништо од уживањето. Момчето посакува слава, радувајќи се кога некоја радиостаница ќе го објави неговото име, или весниците неговата фотографија, па кога ќе ја постигне славата и неговото име и личност се прослават, славата му станува обично нешто. Човек се наоѓа во прилика да слуша мелодија во тивката ноќ, која се извива од срцето на саканиот пеач, па длабоко го потресува слушателот и го воздигнува во духовниот свет. Чита генијален расказ на вешт писател, па чувствува како тој да го води по патиштата на маѓепсаниот свет во кој, покрај магии, има и поезија и арома, па кога приказната ќе се заврши чувствува како да бил во сладок, восхитувачки сон од кој се разудил, попусто обидувајќи се да се врати на неговата сласт и шарм. Живее во моменти на откровение, кога душата преку размислување и медитација се очистува ослободувајќи се од притисокот на материјата, па на крилјата на чистотијата и независноста се издигнува сè додека не пристигне до границата од која ја гледа Земјата и она што е на неа толку минијатурно да не вреди да се погледа, затоа што чувствува душевно задоволство или сласт на која не & е рамна сласта на храната која ја чувствува гладниот, сласта која ја чувствува дарежливиот кон несреќниот, ниту сласта на богатството и угледот за кутриот сиромав. Душата непрестајно се стреми и копнее кон тој повозвишен, „духовен свет“, непознат свет од кого ги познава само овие одблесоци кои само што се појавиле се губат и исчезнуваат; и кон овие пријатни моменти, здивови - кои исчезнуваат уште пред да се појават. Тогаш осознава дека материјалните уживања се краткотрајни, дека душевните сласти по обем се поголеми од нив и дека оставаат подлабоки траги во душата. Како што станува цврсто уверен, со посредство на интуицијата, а не со рационален доказ, дека овој материјален живот не е сè што постои и дека непознатиот свет, скриен зад светот на материјата, реална вистина за која душите копнеат, обидувајќи се да се устремат кон неа, но ова „густо“ тело ги засолнува од неа и ги спречува слободно да полетаат по неа. Ова е психолошки доказ за постоењето на другиот свет. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОСМИ ПРИНЦИП Верувањето во постоењето на друг живот е нужна последица на верувањето во постоењето на Бог. Објаснувањето на тоа е дека Возвишениот Бог, е праведен, а Праведниот не дозволува насилство ниту пак насилникот го остава без казна, како што не го остава ниту угнетениот без правда. Ние, пак, ги гледаме оние кои живеат и умираат како насилници, а не се казнети, и оние кои живеат и умираат угнетени, без правда. Па што значи тоа? И како тоа се случува и покрај Божјето постоење и Неговата праведност? Тоа значи дека идниот свет, во кој доброчинителот ќе биде награден, а грешникот казнет.. „Приказната“ не се завршува со свршетокот на овој свет. Кога, на пример, на телевизија би бил прикажан филм, па прекинат на средина и кога би било речено дека завршил, никој од гледачите не би поверувал во тоа и би почнале да говорат: „Што се случило со главниот лик? Каде е крајот на приказната?“ Тие очекуваат од авторот да ја заврши приказната, да го видат крајот на судбината на нејзините главни ликови. Таква е ситуацијата со создавачот на ликови, па како тогаш паметен човек да поверува дека „приказната“ на животот се завршува со смртта? Како, а сметката уште не е платена, ниту предавањето не е целосно исполнето? Со оглед на ова, разумот станува цврсто уверен дека оваа вселена има свој Господар и дека после овој свет следи идниот свет. Тој непознат свет, чиј еден одблесок на светлината душата го запазила во тивката мелодија и во генијалната новела, и во мигот на откровението ја почувствувала неговата арома, не е свет на идеали кој го создал создателот според Платон. Увидел дека најголемата овосветска сласт, сласта на сексуалниот однос, не трае повеќе од половина минута, па спознал дека таа е само еден пример на задоволствата на оној свет. Таа е залак на храна што го вкусуваш, па ако ти се допадне, ја купуваш и ја јадеш додека не се заситиш, или како трговски примерок кој го гледаш, па ако си задоволен со него, бараш стока. Навистина тоа задоволство е умалена слика на уживањето на другиот свет, уживања кои вечно траат и немаат граница на која се запираат, уживања кои не се претвораат во обичај, како сластите на овој свет, туку вечно остануваат уживања, стануваат трајни состојби. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕРУВАЊЕТО ВО БОГА Верувањето во Бога содржи четири претпоставки: 1) Бог постои без создател и предизвикател; 2) Тој е Создателот на сите светови; 3) Тој е Господар и Владетел на сè; 4) Тој е Бог Кој единствено се обожува, без да Му се придружува здруженик. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЖЈОТО ЕГЗИСТИРАЊЕ Рековме, во шестиот принцип, дека верувањето во Божјото постоење е темелна и очигледна вистина која се спознава преку интуицијата пред да се прифати преку рационален доказ. Таа воопшто не е потребно да се докажува, затоа што доказите за нејзината исправност се наоѓаат во секое нешто. Нема да ги изложувам овие докази, затоа што тие се толку многубројни па не сме во состојба сите да ги наброиме. Дамаскиот алим[1], шејхот[2] Џемалудин ел-Касими, спомнал многу докази во својата книга „Делаилу ет-тевдих“, иако ја напишал пред повеќе од половина век. И покрај сето тоа, денес се појавија нови докази кои ги открила модерната наука, непознати пред педесетина години. Па кој ќе погледне во книгата „Алах се открива во периодот на науката“, која ја напишале триесетмина врвни научници од областа на природните и анатомските науки, потоа во книгата „Науката повикува во верата“, ќе пронајде дека вистинскиот научник и обичниот човек (лаик) се верници, а дека неверувањето се појавува кај полунаучниците, кои спознале половични знаења и со тоа ја уништиле природната вера, исламот. Не ја досегнале вистинската наука која повикува кон верата, па паднале во неверство. Во овие две книги се наоѓаат текстови кои претставуваат плод на размислувањата на овие научници, како што е, на пример, Франк Ален, кој докажал дека учењето за вечноста на светлината, како што тврди грчкиот филозоф, е апсурдно и невозможно и дека науката открила дека секое нешто има период, т.е., почеток кој ја негира нејзината вечност. Ова се зборовите на Роберт Морис Беџ, пронаоѓачот на радарот, потоа хемичарот Џон Кливленд и физичарот Џон Херберт. Би сакал да ги прочитам овие две книги и сличните на нив, а тие се многубројни. Не би сакал повторно да ги наведувам старите докази за Божјото егзистирање, оние докази со кои се служеле апологетите, ниту новите докази до кои дошле овие научници. Ќе укажам само на еден од к*ранските докази, а тие се јасни, очигледни, неспорни, силни, искажани со јазик кој го разбира и обичниот човек, а ја исполнува душата на научниците кои ја разбираат нивната смисла, восхитувајќи се на нивната сила, прецизност и јасност. А, на двајцата, и на лаикот и на научникот, не им преостанува ништо друго освен да кажат: „Ова е вистина!“ Возвишениот Алах нè предупредува во к*ранот, само со еден збор, дека доказот за нас е во нашите битија. Па како тогаш да го негираме мнението чија вистинитост потврдува нешто што е испишано на нашите чела?! Возвишениот вели: „И во вас самите, па зарем не гледате?“ Длабоко во нашите души чувствуваме дека Тој постои, бараме засолниште кај Него во тешкотиите и во големите несреќи. Преку нашата природа која верува и инстиктот за вера ги гледаме доказите во себе и во светот околу нас. Потсвеста верува во Неговото постоење интуитивно, а свеста преку доказот. Па како атеистот го негира Бога, а самиот тој е доказ за Неговото постоење?! Тој е како оној кој го носи твојот имот во својата рака и тврди дека не го зел, ниту пак го допрел, или пак како оној кој носи мокра облека, од која капе вода и тврди дека не се приближил до вода. Ова е најосновна вистина, но зошто гледаме дека повеќето луѓе не посветуваат внимание на тоа?! Одговорот на ова е: затоа што не размислуваат за себе! Заборавиле на Бога, па Тој одлучил да се заборават самите себе си. Тие бегаат од себе си, се плашат од издвојувања, не може ниту еден од нив да остане сам со себе, без работа. Затоа се забавува со празен разговор или безвредна книга, или со некоја работа која го преокупира и во која му поминува животот, како да си е на самиот себе си непријател кого го мрази и од кого бега. Како својот сопствен живот, а тој е главниот негов капитал, да го носи на грбот за да го фрли и за да се ослободи од него. Погледни во повеќето луѓе, ќе ги најдеш како јадат и како пијат, спијат и се будат, копнеат за уживање, се оддалечуваат од болка, настојуваат на овој свет да остварат добро за себе, за своето семејство и за оние кои ги сакаат. Еден од нив, на пример, кога ќе осамне, го чисти своето тело, облекува облека, јаде, оди на работа, работи за да собере иметок и за да ја зголеми добивката. Потоа се враќа дома, руча и се одмара. Тогаш повторно се враќа на работа или се одлучува за забава. Бара со што ќе го исполни слободното време, во што ќе го истроши животот, додека повторно не почувствува глад, па тогаш јаде, или го совладува дремеж, па спие. Потоа го дочекува новиот ден и ја повторува програмата од претходниот ден. Се сеќава на своето минато, а тоа не е ништо друго освен денови кои чувствува дека ги проживеал на овој свет. Размислува за својата иднина, а таа не е ништо друго, освен денови за кои претпоставува дека ќе ги проживее на овој свет. А, што се однесува до муслиманот, тој не се задоволува во животот само со јадење и пиење, со работа или со забава, туку се прашува: „Откаде сум дојден? Каде одам? Што е почетокот? Што е „крајот“? Набљудува и согледува дека неговиот живот не почнал со раѓање за да заврши со смртта. Увидува дека бил ембрион во мајчината утроба уште пред да е роден, а уште пред да стане ембрион бил сперма во внатрешноста на татко си, а пред тоа бил крв која тече во татковите вени, а таа настанала од храната која тој ја изел, а оваа била растение кое изникнало од земјата, или животно кое се хранело со растенија. Тоа се фази низ кои поминал пред раѓањето, а за кои не знаел ништо. Долг синџир, чиј мал број на алки е видлив, а останатите ги сокрива од нашите очи целосна темнина. Па како ќе се создаде сам себе си со својот разум и волја, а постоел, пред да имал разум и волја? Никој од нас не знае за себе си пред својата четврта година од животот. Никој не се сеќава на раѓањето! Кој се сеќава на своето раѓање? Кој се сеќава на времето кога бил во мајчината утроба? Ако постоел уште пред да знае за своето постоење, можно ли е да се каже дека сам себе си се создал? Прашај го ова атеистот, ако го сретнеш, и кажи му: „Дали ти самиот себе си се создал со својата волја и разум? Дали си ти тој кој се создал себе си во утробата на својата мајка? Дали ти ја избра жената која ќе ти биде мајка? Дали ти ја доведе акушерката да те извади од утробата? Дали си ти, тогаш, создаден од ништо, без создател? Тоа е апсурдно и невозможно! Тогаш, дали те создадоа овие созданија кои биле пред тебе: планините, морињата, Сонцето, планетите? Декарт во периодот на испробувањето на скептицизмот, по кој бил познат, се сомневал во сè. Кога дошол до себе си, не можел да се сомнева во своето постоење. Затоа што тој е оној кој се сомнева, а неопходно е кај сомнежот да постои оној кој се сомнева. Затоа ја изговорил својата славна поговорка: „Мислам, значи постојам!“ Постои, нема сомнеж во своето постоење, па кој тогаш го создал? Дали го создале овие материјални битија? Тоа се нешта кои немаат разум, а тој е разум. Може ли да дарува разум оној кој нема разум? Оној кој не поседува нешто, не може ниту да даде. Таков бил ставот на Авраам,[3] нека е Божјиот мир над него, кога го видел својот татко како делка кипови со длето и изработува од каменот форма која неговиот народ ја смета за божество. Каменот што го обработува човечката рака, а потоа човекот го обожува!? Бог кој го создавам и барам од него да создава што сакам!? Тоа здравиот разум не го прифаќа! Па каде е тогаш Вистинскиот Бог?[4] Авраам, нека е Божјиот мир над него, почнал да истражува и размислува. Се спуштила ноќта и на небото се појавила сјајна ѕвезда. Не излегла од Земјата како каменот од кој се прават кипови. Не ја направил човекот со своја рака, за потоа да ја обожува. Му рекол на својот народ дека го пронашол вистинскиот бог. Тогаш се појавила Месечината и исчезнала ѕвездата. Видел дека Месечината е поголема и посјајна, па рекол дека Месечината е бог. Потоа се појавило Сонцето кое го отстранило месечевиот факел и чија светлина ја преплавила Земјата. Авраам, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Ова е бог“. Но Сонцето зашло и ја оставило Земјата во темнина. Каков е овој бог кој заоѓа и го напушта своето кралство? Не, Сонцето не е бог кој мене ме создаде. Ниту пак овие созданија се богови. Ниту јас сум бог. Не сум се создал самиот себе си, ниту сум создаден од ништо. Останува само една можност, таа е исправна и вистинита, а сè останато е невистинито: зад сите овие нешта е Семоќниот Бог кој ги создаде, и нив, и мене и сите други нешта. Овој доказ к*ранот го изложил во единствена реченица, која претставува чудо - натприродно својство на Божјата објава и несоборлив доказ за атеистот кој му се покорува на разумот и го почитува, а тоа е цитатот: „Дали се создадени од ништо, или самите себе си се создале?!“ Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нè исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина. Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии. Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор.[5] Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш[6] и к*рсиј[7]. А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста?[8] Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници. [1] Алим – Учен човек, исламски научник, телошки и световен знанственик (заб. на прев.). [2] Шејх – почесна титула за стар, учен или високопочитуван човек (заб. на прев.). [3] Авраам – Ибрахим (заб. на прев.). [4] Ова е метод кој Авраам го користи во повикувањето на својот народ во верувањето во еден Бог, а не е во прашање за сомневање и сопствено трагање за Бога (заб. на авторот). [5] Ова што го реков за небото е мое сфаќање на к*ранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот). [6] Арш – Божјиот престол (заб. на прев.). [7] к*рсиј – [8] Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот, а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОГ Е СОЗДАТЕЛОТ НА СВЕТОВИТЕ Ова е втора претпоставка на верувањето во Бога. Таа значи да веруваш дека само Бог е Содателот на сите светови: светот на животните, растенијата, ѕвездите, светови кои нам ни се познати и непознати. Ги создал од ништо и воспоставил во нив чудесни знаци за кои во хемијата, физиката, медицината, астрономијата е откриено сосема малку. Само Бог ја знае нивната прецизност и величественост. Знае колку листови има на секое дрво, обликот на секој лист и неговата положба; колку има бактерии на светот, нивната должина, широчина, деловите од кои се создадени; неподвижните и подвижните елементи во атомот, нивниот број, промените кои настануваат во нив, движењето или мирувањето, развитокот или преобразбата. Сето тоа е регистрирано кај Него во Книгата. Тој е Господарот на сите светови. Тој ги создал, ги чува, ги претвора од една состојба во друга. Тој во секој атом на овие светови ставил доказ кој го упатува разумниот кон Него. Оваа втора поставка на верувањето е неопходна. Меѓутоа, дали е доволно да се верува во неа за човекот да би станал верник? Кога некој би ти дошол и би ти потврдувал дека Бог е Создател и Господар, дали би било тоа доволно за да го сметаш за верник? Не, самото тоа не е доволно. Повеќето дамнешни народи така тврделе. Неверниците од к*рејшиите на кои им е испратен Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за да ги оттргне од многубоштвото и од нивните неисправни догми, и да се бори против нив, кога биле прашани за Создателот, Го признале и не Го негирале. Самиот Иблис,[1] најзлобното создание, не го порекнувал тоа дека Возвишениот Алах е негов Создател и Господар. Тоа се воочува во к*ранот, каде се пренесуваат зборовите на сатаната по неговото изгонување од рајот: „Господару мој, остави ме до Судниот ден!“ |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОГ Е ВЛАДЕТЕЛ И ГОСПОДАР НА ВСЕЛЕНАТА Третата претпоставка за верувањето е: Бог е Владетел и Господар на вселената! Располага со неа по Своја волја, оживува и усмртува. Можеш ли да ја одбиеш од себе смртта и да се направиш себе си вечен на овој свет? Тој ги дава болеста и здравјето. Можеш ли да го излекуваш оној на кого Бог му го ускратил здравјето? Тој дава богатство и искушува со сиромаштија, испраќа поројнии дождови и уништува. Може ли оној на кого му се дадени ќерки да ги преобрази во синови? Може ли неплодната да роди? Он ја одредува смртта на некои деца, додека на некои луѓе им дава да доживеат длабока старост. Испраќа бран на студенило и мраз на одредена област, а на другата и испраќа бран на топлина, а некоја област ја погодува со земјотреси. Видливи и очигледни нешта, а човекот не може да ги спречи. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕДИНСТВЕНО БОГ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ОБОЖУВАН Повеќето луѓе тврдат дека Бог е Владетел и Господар, дека суверено управува со вселената. Меѓутоа дали е тоа доволно за некој да биде верник? Не, неопходно е на тоа да се додаде четвртата поставка: а тоа е дека само Тој заслужува да биде обожуван. Ако си признал дека Бог постои, дека Тој е Господар на световите, Сопственик на сè, тогаш не обожувај никого друг освен Него, ниту обраќај се на некој друг со било каков облик на обожување. Возвишениот Алах ми укажа на значењето на сурата „Ел-Нас“, во која е одговорот за оној кој го признава Неговото постоење, власт и сопственост, но извршува многубоштво на полето на обожувањето. Не сум слушнал некој од муфесирите[1] да го спомнал ова значење и се надевам дека тоа е исправно. Возвишениот Алах вели: „Барам заштита од Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето, Богот на луѓето“. Зошто се повторува зборот „луѓе“? Зошто наместо овој збор не е употребена заменка и не е речено: „Од Господарот на луѓето, нивниот Владетел и Бог?“ Мене ми се чини, а Алах најдобро знае, како да им говори на луѓето: Ова се три поставки, меѓусебно слични и заокружени. Секоја поставка е самостојна, покрај нејзината поврзаност со другата. Тој е Господар на луѓето, т.е., Нивен Создател и Заштитник, Тој е Владетел на луѓето, т.е., нивен сопственик, кој управува со нив по своја волја, Тој е Бог на луѓето, т.е., Единиот Кој, навистина, заслужува да биде обожуван. Не е дозволено да Му се припишува здруженик. Во согласност со тоа треба да веруваат во сите три поставки, или да ги негираат сите три. Зошто да ги потврдувате и да ги сметате за вистинити првата и втората поставка, а да ја негирате третата? Како правите разлика помеѓу истите нешта? Прифаќате некои, а одбивате некои. Сите три поставки се на исто ниво и не може да се прави разлика помеѓу нив. [1] Муфесири – Исламски научници кои што се специјализирани во областа на толкувањето и коментирањето на Светиот к*ран (заб. на прев.). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОНОТЕИЗАМ - ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДНОШТВОТО НА БОГА Верувањето, дека Возвишениот Алах е Господар на световите и сопственик на сè, е дело на срцето. Тоа е догма која човекот ја прифаќа. Но, верувањето дека само Тој заслужува да биде обожуван, не се сведува само на догма и на принцип, туку го опфаќа и однесувањето, делото и обожувањето. Па кој ќе го одбие обожувањето на Бога или во обожувањето Му припише здруженик - не е верник. Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на к*ранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано. Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и невини, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“ |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |