IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Тајните ракописи од Египет и Мртво море
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тајните ракописи од Египет и Мртво море

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2008 во 14:31
Mnogu slichno kako deneshnite amishi, mormoni i kvekeri. Zidarski, bidejki ti si vo Kanada, ako saksah da gi vidish amish*te vo zhivo mozhesh da pojdesh do Kitchener. Kolku sto mi e mene poznato, tamu ima edna nivna pogolema kolonija i muzej voj e detalno objasneta nivnata istorija, veruvanjeto i nachinot na zhiveenjeto.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2008 во 14:42
Da, sum bil i sum videl Amishi niz Amerika... Amish*te imaat slichen nachin na zhiveenje kako Bogomilite i Katarenite... Primerot so Mormonite e verojatno najtochen za da se objasni principot na sveshtenstvoto kaj niv...
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2008 во 00:29
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

I Bogomilite i Katarenite imale cela edna klasa na lugje shto bile sveshtenici... tie bile od obichniot narod, samo shto bile lugje shto bile poposveteni na verata i shto zhiveele pochist zhivot. Kaj razlichni zaednici imalo razlichni pravila (nemale site katareni i site bogomili ist ritual i propisi), no imalo sluchai kade shto "sveshtenicite" ne se zhenele. Razlikata megju nivnoto sveshtenstvo i ona na pravoslavnata ili katolichkata crkva e vo toa shto tie rabotele drugi raboti, se zanimavale so druga dejnost, a dopolnitelno na toa bile "pastori" na svojata zaednica. Ova denes go ima vo mnogu od protestantskite crkvi vo Amerika. Pastorot si ima sekojdnevna rabota, si zhivee so semejstvoto, ne e del od nekakva hierarhiska struktura na crkvata, no vo nedela, drzhi propoved vo crkva ili koga e potrebno izvrshuva ceremonii (brak, pogreb i slichno). Otprilika slichen sistem imale i tie. Znachi - nemale struktura, crkva, hierarhija, organizacija, tuku imale poedinci koi se zanimavale so taa rabota zatoa shto imale posebno poznavanje vo oblasta na verata i ja imale pochitta na lugjeto okolu niv.



Според ова што ти го наведуваш можам да ти кажам дека и денес во Православието се применуваат исти начини кои се преземени од нив или од пагани или од било кои.

Но работата и муабетот беше за гностицизмот.
Гносис т.е. знаење што значи се потпирале на знаењето а денешното знаење е науката и се потпираме на неа.

Изменето од MAKEDON-FILIP - 19.Март.2008 во 00:31
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2008 во 05:19
Ne razbrav shto sakash da kazhesh za Pravoslavieto, objasni te molam...

Za Gnosticizmot... Gnosis bukvalno znachi znaenje. No se odnesuva na znaenjeto na dushata, na metafizikata, na ezoterichkoto znaenje, ne na naukata vo deneshna smisla.
Mnogu golemo nedorazbiranje e toa deka naukata ja negira dushevnosta i duhovnata priroda. Najgolemite nauchnici vsushnost tragale po duhovno znaenje. Najgolemiot alhemichar i istovremeno najznachajniot nauchnik vo ponovata istorija e Isaak Newton... Pred nego, potpolno istoto mozhe da se kazhe za Pitagora... Ni edniot ni drugiot ne se zanimavale so nauka za da dokazhuvaat prosti matematichki pravila ili fizichki zakoni, a za da ja razberat Bozhjata Priroda.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:36
MAKEDON за Евангелието според Јуда пишував на форумов па ако побараш ќе видиш што е и какво е, а ако сакаш ти стојам на располагање да ТИ ГО ДАДАМ ДА ГО ПРОЧИТАШ бидејќи го имам.

А за Гностиците ме изнасмеа...

ГНОСТИЦИЗАМ

 

 

Општо

Гностицизмот е дел од историјата на платонистичката традиција, но историчарите на религијата истиот го лоцираат во мешавината на грчкото и ориенталното размислување, односно во амбиентот на персискиот дуализам каде сретнуваме две начела (два бога), спротивставени едно на друго и грчкото разбирање на надмоќта на духот и духовното над материјата и материјалното. Користењето на мешавина од грчката философска терминологија и источната симболика доведува до лесно пропагирање и прифаќање на гностичките идеи.

Некои, пак, Гностицизмот го поврзуваат и со еврејскиот и јудео-христијанскиот амбиент. Основен недостик на последново тврдење е критикувањето и отфрлањето на Стариот завет и Јахве како вистински Бог.

Трети, пак, постанокот и ширењето на Гностицизмот го доведуваат во врска со менталниот склоп на луѓето од I и II век, во психолошкото и религиозното расположение на луѓето од овој период кое е под влијание на егзистенцијални проблеми и тешкотии. Гностиците успеваат да се поврзат со духовниот елемент во човекот при што истовремено материјата ја прогласуваат за лоша и зла со што се отвара простор материјалниот све да биде отфрлен.

Сепак, со сигурност може да се потврди дека Гностицизмот е синкретичка форма, а не плод на само една од претходниве причини. Тој е мешавина на јудејство, елинизмот (грчката философска мисла), источните учења и традиции и христијанството.

Значи, Гностицизмот  (грчки. γνώσις gnosis – знаење, осознавање, спознавање, увид) е синкретичко[1] верско движење кое се појавило уште во првите векови од христијанството и се ширело се до IV век кога истото е поттиснато, особено откако престануваат гонењата на христијаните од страна на Римската империја.

Инаку, терминот γνώσις е збор кој изворно е користен во Платоновите филосовски списи, а најчесто се употребувал за да се потенцира духовното знаење на просветениот човек, кое се опишува како непосредно спознавање на натприродното и боженственото преку личен опит.

Во IXX и XX век научниците терминот „гностицизам“ за да обележат повеќе различни групи од ранохристијанскиот период а кои постоеле одделно од вистинското христијанство. С# уште трае спорот околу тоа дали гностиците се движење во самото христијанство или, пак, независно и многу посеопфатно движење кое постоело дури и пред појавата на христијанството.

           

 

Кодекс 4 од Наг Хамади

 

            С# до XX век[2] најголемиот дел од гностичкото учење се реконструира преку критичките дела на црковните отци кои пишувале против ересите како што се: свети Иринеј Лионски, Јустин Маченик и Философ, Ориген и други.

           

 

 

Учење

            Покрај верата гностиците ја потенцираат важноста на осознавањето на духовните работи. Тие сметале дека луѓето се боженствени души заробени во материјалниот свет, а материјата е создадена од страна на несовршено и зло битие – Демијург, кое, пак, честопати се поистоветува со Бога од Стариот завет, спротивен на новозаветниот. За гностиците постоело равенство меѓу злото и материјата и меѓу доброто и духовниот свет. Сметале дека човекот мора да се посвети на себеси и да се просвети со мудроста за да може да го спознае светот и да се ослободи од неговите окови.

 

Напуштете го барањето на Бога, вселената и слично, наместо тоа почнете од себеси. Запрашајтесе кој во вас присвојува с# кога ќе каже: мој дух, мое срце, мој Бог. Барајте ги изворите на љубовта, радоста, омразата, копнежот... доколку внимателно испитате с#, сето ова ќе го најдете во себеси

Иполит, Отфрлањето на ересите

 

            Едно од гностичките учења е и она на Валентин, христијанин од Александрија, кој го ширел ова свое учење во Рим во исто време со Маркион (меѓу 135 и 160). Неговото учење е сконцентрирано на идејата за Полнота (Плирома), па така, според него чистиот духовен свет претставува Плирома и истиот е составен од единството на божествените еманации на Отецот.  Логостот, вели тој, не е ист со Бога Творецот, туку само негова духовна еманација. Материјалниот, пак, свет, кој според својата суштина е зол, е преуреден од страна на Демијург. Самото спасение претставува чин на спознавање кој е потребен за да се врати хармонија на Полнотата. Ова учење го сретнуваме во „Евангелието според Филип“ кое се претпоставува дека е напишано од страна на некој ученик на Валентин.

 

            Не плашете се од телото, не го ни сакајте. Ако се плашите од него тоа ќе завладее со вас, ако, пак, го сакате тоа ќе ве изеде и парализира.

Евангелие според Филип

 

            Во некои од гностичките текстови сретнуваме и траги од неоплатонска философија. Плотин, еден од најпознатите неоплатонисти од III век за гностиците во своејата школа го кажал следново: Имаме разбирање за некои наши пријатели кои таа (гностичка) мисла ја прифатиле пред да ни станат пријатели и продолжуваат истата да ја негуваат, иако не знам како успеваат во тоа.

           

 

           

Ширење на гностицизмот

            Во првите векови од христијанството Гностицизмот бил распространет по бреговите на Средоземното море и Средниот исток, могу научници сметаа дека на почетокот во чиста форма, а подоцна измешан со Манихејството, Маркионитите, Вардесијаните и др. Секти истиот долго време ја следел Црквата. Иако Црквата ги смета за еретици, тие себеси не се доживуваат како такви, туку како „трагачи по совршеното знаење“.

           

            Не се сметаме себеси за еретици туку за Божји луѓе на кои Господ им дал ум да мислам, а не само слепо да веруваат. За да може да веруваме, најнапред треба да се сомневаме. Трагавме за совршеното знаење, она кое стигнува до другата страна на привидот и овозможува објаснување на предметите и појавите

Житие на јеромонахот Захар

 

           

Кога во IV век Римската иперија престанува да го гони христијанството се создале услови Црквата да успее да ја  потисне гностичката ерес. Кипарскиот епископ Епифан кога бил во Египет имал блиска средба со гностиците, овој настан тој вака го опишал:

 

Возљубени, и самиот се сретнав со таа секта, и од устите на гностиците ги слушнав овие работи. Тие заблудени жени не само што ми го открија своето учење, туку во својата бесрамна смелост се обидое и да ме заведат... но, милостивиот Бог ме спаси од нивната лошотија, па затоа, откако ги прочитав нивните книги и ги разбрав нивните вистински намери, не дозволувајќи да бидам заведен – побегнав без да го проголтам мамецот, па веднаш за сето о ва ги известив тамошните епископи и ги пронајдовме оние кои се криеа во Црквата. Потоа, нив, околу осумдесетмина, ги протераа од градот, кој конечно беше исчистен од плевел.

 

            Благодарение на приклонувањето на римската власт и престанокот на гонењата во границите на Римската империја Црквата успева да го сузбие и скоро да го уништи Гностицизмот во границите на Римската империја, но истиот успева да се прошири и надвор од нејзините граници, особено во Азија. Истиот подоцна со појавата на Исламот ќе биде истиснат од Блискиот исток и Азија, иако некои помали заедници во Ирак и Иран постојат до ден денешен.

            Сириско-египетскиот гностицизам би под влијание на Платонизмот. Создавањето било објаснувано како серија на еманации од првобитната супстанца кое довело до создавање на материјалниот свет. Поради ова злото било поистоветувано со материјата која е инфериорна во однос на божественото. Злото било разбирано како најголема оддалеченост од божествениот принцип. Нивното учење вклучувало и многу текстови кои на некој начин биле поврзани со Христијанството, па затоа и многумина од нив се нарекувале христијани иако имале ставови кои од догматски апсект биле многу далечни за Христијанството. Голем број од овие списи беа откриени во библиотеката Наг Хамадиј.

            Во Персија Гностицизмот се сретнува како Манденизам (Mandā – знаење) кој и денес се практикува во делови од Ирак и во иранската област Кхузестан. Покрај манденизмот, Гностицизмот во Персија бил ширен и преку манихејското учење кое подоцна се шири во Сирија, Северна Арабија, Египет, северна Африка, а потоа од Сирија преминува во Палестина, Мала Азија и Ерменија.

            Во Ерменија во VI век Гностицизмот извршил големо влијание на Павлиќијанството, а преку него и на Богомилското и катарското учење во Средниот век.

 

            Како претставници на гностицизмот се сретнуваат: Симон волшебникот (магот) од Самарија, Понт, Николај (основачот на Николаитите), Керинт (современик на апостол Јован), Менандар од Самарија, Василид од Александрија, Саторнил од Антиохија, Барзани од Сирија и други.



[1] Синкретизам претставува формирање на теорија преку некритичко спојување на поими, идеи, закони и факти кои потекнуваат од различни теориски системи и кои не се компатибилни меѓу себе.

[2] Во 1945 година доаѓа до епохално откритие во Египет кога е откриена таканаречената „Библиотека од Наг Хамади“ каде се пронајдени оригинални гностички дела – апокрифи. Самата библиотека има 12 книги, секоја од нив, освен десетата, е состевена од збирка на пократки текстови, па може вкупниот број на текстови изнесува 52 од кои 12 беа и претходно познати додека 40 се сосема нови. Инаку 30 текстови се зачувани скоро во целост, а 10 се само фрагменти. Поголемиот дел од овие текстови воопшто и не содржат христијански елементи и не припаѓаат на јудејско-христијанското наследство, додека пак, се сретнуваат текстови со египетска традиција.

                Закопувањето и сокривањето на оваа библиотека се смета дека настанало како последица од престанокот на гонењата на христијаните и доближувањето на римските власти кон христијанската традиција. Оваа библиотека во наг Хамади е значајна и по тоа што содржи коптски преводи на многу изгубени грчки дела.

 

П.С. Извинете што текстот е малку поширок, така ми се наместени маргините во вордот.


Изменето од Bronhi - 24.Март.2008 во 12:23
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.