|
Hoc demonstrandum est! |
Внеси реплика | страница 123 15> |
Автор | |
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Декември.2008 во 15:53 |
Што убаво ке е да имавме барем некаков сон, но сонот одамна го нема, последен пат македонците сонувале во минатиот век.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Dora Bakojani ja osudi Makedonija za iredentizam...
Бакојани: Македонија сонува за голема Македонија? Не можеме да прифатиме држава што сака да ја задржи политичката логика на Балканот од минатото и сонува за голема Македонија, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани за германскиот весник „Шпигел“. - Нашето барање Скопје да го реши прашањето за името е поддржано од НАТО и од Обединетите нации - изјави Бакојани, која негираше оти Грција е тврдоглава во спорот за името со Македонија и затоа го блокира нејзиниот прием во НАТО. Реакција на македонското министерство за надворешни работи за наводниот иредентизам на Македонија е дека земјава е единствената држава во регионот каде што во Уставот има наведено оти нема никакви претензии кон другите соседни држави. - Би ни било драго ако и Грција, наместо реторички, суштински го следи ваквиот уставен начин на почитување на територијалниот интегритет - велат од МНР. Изменето од mamamd - 16.Декември.2008 во 13:40 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..e aj najdi go krajot... tolku godini pregovori...tolku godini omraza... stagniranje... za na kraj da se dojde do konstatacija...
Старите народи не постојат повеќе д-р Јованка Кепеска Се упатуваме да најдеме компромис околу нашето име со Грција од многу европски инстанци. Меѓутоа не секојпат кога се бара можното разрешување на разликите и јасно се претпоставува во што всушност е проблемот што Грците го имаат со нашето име. Самото разрешување на разликите, за да биде успешно, јасно е дека бара точно да се определи причината заради која се оспорува нашето име бидејќи дури тогаш би можело расправата да се усредоточи на вистинските теми. Поинаку, не би можело да има полза од разговорот или тој би бил бесплоден. За проблемот е потребно да се говори според неговото формално дефинирање од грчката страна без оглед на во неговата заднина. Значи да се прецизира: дали проблемот се однесува на правото на Грците врз античкиот македонски идентитет? Или, според подваријантата за причината (затоа што Грција и дозволува на Република Македонија во сложеното име да го содржи поим Македонија, но со географска одредница) дали произлегува дека проблемот е и територијален? Грција, имено, претендира на фактот дека најголем дел од територијата (51 процент) на античка Македонија, денес, нејзе и припаѓа, па оттаму и нејзиното првенствено право врз името Македонија. Всушност на дело е старата теза дека во Република Македонија живеат Македонци со славјанско потекло а дека во грчкиот дел од Македонија живеат Македонци кои се потомци на Александар Македонски, преселени од Мала Азија. Па, ако во тоа се состои проблемот, она што ние можеме да кажеме како аргумент во разговорот е дека: Во одговорот за разврската на проблемот потребно е да се појде од фактот дека денес имаме веќе конституирани нации. Тоа се однесува еднакво на грчката како и македонската, како и за сите европски нации. За грчката нација е карактеристичен процесот на групирање на повеќе етноси (и територии), надвор од старата Елада, во нејзини рамки, во изминативе два века во кои се создаваат нациите. Значи Грците имаат повеќеслојност на својот идентитет, но формирањето на националниот идентитет го вршат под името Грција. Истоветниот процес на нашиот национален идентитет во исто време ние сме го формирале под македонското име. Во насока на проблематизирањето на македонското име за нашиот идентитет токму за нас се проблематизира фактот што е карактеристичен за сите нации својот идентитет да го формираат под определено име. Се упатува дека можеби не треба толку цврсто ние, македонците, да опстојуваме на македонското име со оглед на тоа што нашиот идентитет е повеќеслоен. Дека, иако тој, пред се, е словенски, постојат, се наведува, според амбасадорката на Германија во Република Македонија, г-ѓа Ана Марија, и наши идентитети под окупациите, какви што се турската, српската, бугарската, но и идентитетот што е создаден во рамките на југословенската федерација (во емисијата „Гласот на народот). Уште еден момент кој мора да се разјасни заради правилно поставување на односот помеѓу старите и новите народи, е следниот: Мора да се укаже дека сите стари народи: старите Грци, античките Македонци, Дарданците, Илирите, Келтите не постојат повеќе. Новите народи (Грците, Македонците, Албанците, Бугарите, Србите, Французите, Германците итн.) настануваат во исто време, порано или подоцна, во феудализмот (со отпочнатите процеси на ренесансата, која на овие простори, да не заборавиме, има ран почеток) со истоветни процеси на асимилација на старите народи. Значи и сегашните Грци се нов народ, настанат со многубројни асимилаторски процеси кои не ги зафаќаат само старите Елини. Такви процеси се одвиваат и кај Македонците што ја претпоставува и асимилацијата на античките Македонци. Постои социолошка теорија (основана во Франција) дека мирниот менталитет на Македонците е наследство на менталитетот на античките Македонци. Во исто време, во филозофијата, тоа може да се потврди со елаборацијата на стоицизмот како филозофска ориентација во античка Македонија. Од ваквите аргументи произлегува заклучокот дека колку што има остаток од старите Грци во сегашните Грци, толку остаток има кај Македонците од античките Македонци. Тоа во науката е неспорно иако, се разбира, дека, денес, се работи и понатаму на конкретна елаборација и истражување. Од ова произлегува и директниот одговор за правото врз името Македонија, Македонци, македонски јазик и за претенциозноста на Грција за тоа име. . Дополнително да укажеме дека елинизмот како период кој се однесува на периодот по Александар Македонски и врската со Елините е доволно расветлен во последниот век. Затоа не само за Грците туку и во светски размери, пледирањето на грчкото право на наследство врз него нема научна основа и потребно е таквото сфаќање да се отфрли. Се разбира дека во самите разговори под покровителство на Организацијата на обединетите нации во посредство на г. Нимиц, барем од наша страна, се претпоставува дека се говори со аргументи про и контра за тоа зошто и дали името Македонија е врзано за културниот идентитет на Грците. За самиот тек на разговорите, сепак, немаме сосема евидентна слика бидејќи сознанија добиваме само за нивните резултати. Во определени случаи, навистина, освен стратегија, политиката има и своја тактика и, ако од неа има потреба, тогаш може да се има разбирање кога во разговорите се применува. Но, очигледно, е дека нема што повеќе да се прикрива и да се обвиткува во велови, бидејќи во јавноста помалку или повеќе се познати сите клучни точки на разговорите и позициите на двете страни но, има потреба за поголема јавност за самиот тек на преговорите за да се видат успешноста на елаборациите на ставовите, било како пишани реакции, било како реакции во текот на самите разговори. Јавноста на таков начин би можела да се вклучи и конструктивно во градењето на ставовите, но и да биде критична во однос на нивната успешност. Во дијалогот учествуваат речиси двете нации. Потребно е да се анимира и светската стручна и поширока јавност. Предлагам да се користат најзначајните светски научни сознанија и тимови за проблемот на античка Македонија и елинизмот во функција на своевидна стручна експертиза за актуелно упатување на светската јавност, но и за политичките и правните инстанци поврзани со расправата за името. Авторката е универзитетски професор |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И откако ќе се прочита сето ова и познавајки ја нашата Историја како и живеејки и секојдневно соочувајки се со оспорувањето на македонкиот народ, идентитет и ИМЕ и безсмислените преговори за ИМЕТО, ние нема да сме ТОА ШТО СМЕ доколку не си поставуваме сопки во сопствената држава и немаме ПРЕДАВНИЦИ кои исклучиво од личен интерес и само поради личен интерес, притоа воопшто и не размислувајки за она што го нудат и каква навреда нанесуваат на своите сограѓани, трерминот својот народ нема да го употребам бидејки доколку навистина се сметаа за македонци немаше воопшто да помислат така да ја наречат својата туристичка понуда: Античка Македонија за само 109 евра!
Со овој назив, Туристичка агенција „Савана“ ја промовира својата новогодишна турнеја во Солун, Паралија и Олимп, со можност да се посетат и Кутлеш, Постол и Метеори. Иако турнејата носи наслов „Античка Македонија“, во неа воопшто не се опфатени делови од Република Македонија, како на пример Хераклеја, Стоби или Вардарски Рид во Гевгелија!!! И потоа ќе тврдиме дека елините и останатите ни биле непријатели. Поголем непријател на МАКЕДОНЕЦОТ од самиот МАКЕДОНЕЦ очигледно НЕ ПОСТОИ!!! Срамота!!! |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Димитрис
Литоксоу е грчки историчар, истражувач и публицист. Тој е автор на
книгите „Грчка антимакедонска борба“ и „Измешана нација“, поднасловена
„За Грците и разнебитените другојазичници“, кои на македонски јазик ги
објави издавачката куќа „Азбуки“.
Литоксоу е и член на раководството на партијата на Македонците во Грција „Виножито“. По потекло е етнички Грк и автор на текст, чиишто делови се превземени: Главната теза на грчката нација, во конфликтот од последните години околу употребата на името Македонија и неговите заменки, се засновува на грчката национална историја, поточно на поглавјето за Античка Македонија. Во таа теза се тврди дека античките Грци биле нација, а античките Македонци биле составен дел од таа нација. Проекција на ова чисто идеолошка теза претставува политичкиот аргумент дека современите Грци, како продолжувачи на грчката нација, се законските наследници на земјата каде што живееле античките Македонци, што значи и на нивните имиња, симболи итн. Без да се вмешаме во филолошкиот конфликт околу сведоштвата и толкувањата на античките извори со кои во минатото се занимаваа европските интелектуалци, бидејќи тоа лесно би можело да се злоупотреби или намерно да се искриви од двете страни, ќе се задржиме на еден важен факт што не е многу познат. Фактот дека грчката нација во првите децении на нејзиното формирање, до средината на 19 век, ги сметаше Македонците како варвари и непријатели на античката Грција. Накратко, тогашните Грци по националност верувале во тоа што денес го зборуваат нашите безимени соседи. Да ги видиме текстовите – извори што го поткрепуваат нашето тврдење. Започнуваме со вториот том на Историјата на Грција на Оливер Голдсмит, чие дело го преведе и уреди Димитриос Александридис. Во ова книга, која беше испечатена во 1806 година во Виена, тогашните грчки читатели можеле да прочитаат дека „Македонците се сметале за недостојни за заедницата на сојузот на Елините, и како припадници на туѓ народ и полуварвари се фалеле дека се Грци по род, но се разликувале од нив во обичаите и политичкото уредување“. Исто така можеле да научат дека „секогаш кралевите на Македонија биле истерани како припадници на туѓ народ“ од заедничките работи на Елините, и дека „Елините, тие што се опфаќале под тоа име, сметале дека би било опасно и уништувачко за нив доаѓањето на туѓинци во Елада, а така ги именувале и Македонците“. (Александридис 1806-та. ст. 1 и 16) Наредната година беше испечатен во печатницата на Николаос Гликис во Венеција „Преглед на историјата на Грција“, кој го напиша Г. Д. од грчкиот музеј на Либорно, а го финансираше Братството на православните Грци од истиот град. Во вториот том на таа книга можеше да се прочита дека Македонија „се нарекувала и била навистина варварска“ и дека граѓанската војна помеѓу Елините „како цел имаше да падне Елада во рацете на Филип“, кој на почетокот на војната „не се вмешал оставајќи ги Елините да ослабнат помеѓу нив“. Исто така можеле да научат дека во битката кај Херонеја пресудна била „слободата или ропството на Елада“ и за жал, „се потврди второто“. Елините поразени од Македонците таму го напишале следниот натпис во чест на нивните жртви „Овие оружјето го зедоа вредно, животот не го жалеа за татковината, смело смртта ја претпочитаа, за да не станат Елините бедни робови“. (Г. Д. 1807 ст. 76, 84, 108, 111). Да забележиме дека токму истото дело, под истиот наслов, се издаде повторно од печатницата на Николаос Гликис во Венеција во 1815 година, но во второто издание како автор не се појавува Г. Д., туку јеромонахот Григориос Палјуритис. Податоците за Македонците се повторуваат идентично како и во претходното издание. (Палјуритис 1815 ст. 75, 83, 107, 109). Во 1808 година се издаде во Константинопол „Хронолошкиот преглед на општата историја“, преведен од француски јазик и преработен од Ламброс Антонијадис, со дозвола и поттик од константинополскиот Патријарх. И овде Грците учеле дека античките Македонци биле непријатели на Елините. „По распаѓањето на лакедемонијците, Елините воопшто не се смириле, предизвикале себеси исто уништување преку граѓанските војни и преку постојаниот раздор помеѓу нив. Од тоа Филип, кралот на Македонците, имаше голема корист и се засили, повеќе заради неговата пресметливост, а не заради неговата храброст, и стана господар речиси на целата Елада. Само Атињаните, за разлика од другите Елини, охрабрени од Демостен, се спротивставија со сета сила на идното величество на Македонците, но попусто“. (Антонијадис 1808, 26 - 27) Истата година во Венеција се издаде една игра со историска содржина што беше наменета за „образованите потомци на греките“ што покажуваа интерес за „проучувањето на историјата на предците“. Уредувањето на изданието го направи А. В.. Во картите играчите читаа дека Филиповата „Македонија се дигна против Елада“, дека Филип под изговор дека ќе и стави крај на таканаречената света војна „влезе во Елада и ја завладеа“, а по смртта на Филип „Елините и останатите поробени народи се вооружија против неговиот син“. (А. В. 1808 ст. 6, 171, 183) Даниил Филипидис го преведе и го прокоментира делото „Јустини Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио“, кое беше испечатено во Лајпциг во 1817 година. Грчките љубители на историјата читаа во него дека раздорот и граѓанските војни во Елада дозволија „да излезе на виделина нечистото и мрачното име на Македонците“ и да успее Филип да „ги претвори Елада и Азија на робови, под македонското царство“. Како резултат на тоа беше „ужасна и немилосна глетка, Елада, која дури и тогаш со нејзината сила и вредност беше прва на земјата, поразител на царевите и на народите и сè уште владетел на доста градови, да се потпира на туѓи основи, посакувајќи или плашејќи се од војна. Вселенските одмаздувачи да се надеваат на силата на еден туѓинец“. Во книгата постојат поглавија под наслов „Маките на Елада под Македонецот Филип“ и „Филип ја распарчува Елада“. Филипидис коментирајќи ја личноста на Филип напишал „Од сето тоа можеш да заклучиш кој бил Филип и да го процениш. Секако во таа процена не знам дали можеш да пропуштиш некоја лоша придавка. Би можеле да го споредиме Филип со Севир, цар на Романите. Ако се разликуваа во нешто, тоа е заради околностите. И двајцата биле вешти хегемони, но злобни луѓе. Заслужуваат одбивност и омраза“. (Филипидис 1817 ст. 131, 144, 151, 152) Во една друга Општа историја, која беше испечатена во Иаси (Романија) во 1820 година, а нејзин автор беше Николаос Полиенос (Н. П), тогашните Грци можеа да научат дека во античкото време „Елините го достигнале највисокиот степен моќ и на слава, и на крај се распаднале и речиси исчезнале. На тој начин претходно безначајните и омаловажувани Македонци, преку разумот и стратегиските доблести на Филип и на неговиот син Александар, достигнале таков степен величественост и на моќ каков што никогаш не достигнал друг народ, за толку кус временски период“. (Полиенос ст. 5, 6) Во 1830 година се издаде во Виена вториот том на делото „Историја на човековите дела“, на Константинос Кумас. Овој интелектуалец, кој се смета од грчката нација за „учител на грчкиот род“, напиша во врска со односите на Елините и Македонците дека македонските кралеви „се обидувале да се вклучат во елинскиот дух“, но „тие обиди се однесувале на образованието на владетелите, а не на посиромашните поданици, кои Елините понижно ги нарекувале варвари“. (Кумас 1830 ст. 140) Исто така во 1830 година беше испечатен во Париз третиот том од Атакта на Адамантиос Кораис, на веројатно нај значајниот грчки интелектуалец во тоа време. Тогашниот грчки мудрец не остава простор за погрешно толкување кога зборува за Македонците: „Итриот на Македонија владетел (Филип) забележал дека Елините, морално ослабени, не биле веќе способни да ја сочуваат слободата и го направил тоа што обично го прават поробувачките владетели. Го потпомогнал распадот, додека да биде неизлечлив, зголемувајќи го раздорот помеѓу градовите, подмитувајќи ги богато демагозите и предавниците на Елада, за да ги раздразнуваат постојано демотиците против олигарсите и обратно, сè додека не дојде до катастрофалната за Елините победа во Херонеја. Истата година во Атина умрел реторот Исократ, еден од малкутемина вистински патриоти, не можејќи да го поднесе омаловажувањето на неговата татковина. Ако Атињаните ги слушаа неговите совети, немаше да паднат ниту пак да ја повлечат целата Елада во своето паѓање. Но ниту поробувачите не се неопипливи. Напротив, невидлива судбина ги очекува и нив, додека се мешаат во мирот и спокојството на другите, дури да паднат како труп толку беден, од место што по високо, за да се исполни светото пророштво: „Никој не може да биде лош без да има загуба и штета“. Две години по херонејската битка, на самата свадба на неговата ќерка, бил убиен Филип - уништувачот на елинската слобода. Немал среќа ниту во тоа, и ако бил најголемиот поробувач, и пред да умре ја изгубил слободата од луѓе што не ја почитувале општата човекова слобода. Нормално, по смртта на Филип елинските градови посакале да ја вратат автономијата што ја имале порано, игнорирајќи го неговиот син и наследник Александар“. (Кораис 1830 ст. 138, 139) Една година подоцна беше испечатен во Нафплион, тогашниот главен град на новосоздадената грчка држава, „Преглед на старата историја“. Се работи за една книга предвидена за воведните училишта, преведена од француски и дополнета од Н. Силивергос. Учениците можеа да прочитаат во неа дека „иако македонските кралеви тврделе дека се потомци на Хераклес, Елините не ги сметале за истонародници, туку ги сметале за варвари, исто како и Персијците“. (Силивергос 1831 ст. 67) Во 1836 година во Измир беше испечатена „Историјата на Античка Елада“ предвидена за учениците на тамошните грчки училишта. Во почетокот на поглавието за Античка Македонија читателот учеше дека „Македонското царство постоело претходно околу четиристотини години, но без да биде многу прочуено. Не било дел од елинскиот сојуз, ниту пак праќало претставник во Амфиктионското Собрание. Неговите жители се фалеле дека потекнувале од елинска колонија, но немале многу контакти со Ел Во 1839 година беше издадена во Атина „Општата историја на Камерер“, која беше наменета за училишна употреба, преведена и уредена од гимназискиот директор Георгиос Генадиос. Беше испечатена во печатницата на Андреас Коромилас, кој, како што изгледа, ги имаше преземено од тогаш и во наредниот период повеќето од училишните изданија. Помеѓу другото учениците во таа Историја учеле дека Филип бил „итар непријател“ на Елада и дека во Херонеја, не само што „се поразиле Елините“, туку тој пораз „станал гробница на слободата и на автономијата на Елините“. (Генадиос 1839 ст. 34 и 38) Во 1841 година, како нов Демостен, претседателот на Археолошкото друштво Јаковакис Ризос Нерулос, во еден говор што го одржа на една манифестација во главниот град на грчката држава, и тоа на самиот Акропол, тврдеше дека Филип не само што ја победил Елада кај Херонеја, туку „направил нешто многу пострашно, го донел на свет Александар“. (Димарас 1986 ст. 70 – 71) Во 1845 година, еден млад човек познат по неговите историски проучувања, подоцнежниот национален историчар на Грција Константинос Папаригопулос, ја преведе и ја уреди „Општата историја“ на францускиот историчар Леви, која ја издаде како учебник Андреас Коромилас. Од оваа книга по историја учениците учеа дека Македонците им биле непријатели на Елините. Во поглавието за античка Македонија учеа дека „откако Филип ги сопрел граѓанските војни во Македонија и ги неутрализирал надворешните непријатели, наумил да ја пороби Елада“, дека „ги поразил Илирите, Тракијците и Скитите, а веднаш потоа се свртил кон својата главна замисла, поробувањето на Елада“ и дека кај Херонеја на 3 август 338 година п.н.е „Елините биле поразени и ја изгубиле слободата“. (Папаригопулос 1845 ст. 130 - 131) Во 1848 година професорот Николаос Сариполос, во еден говор што го одржал на 21 октомври 1848, по повод започнувањето на часовите по античките елински политички системи, нагласил категорично дека „Филип ја искористил ова граѓанска војна, како храбар крал, целата Елада ја ставил под негова контрола, а на херонејското поле умре елинската слобода“. По херонејската битка „црно ропство ја покрило Елада, период на долго уништување, период јалов! По Македонците дошле Римјаните, по Римјаните варварите од Северот, а по нив крволочните касписки жители“. (Сариполос 1848 ст. 11 и 24) Константинос Папаригопулос во 1849 година повторно се врати на прашањето за Македонците без да биде сигурен за нивното потекло.Во еден нов учебник по историја што го напиша и беше испечатен истата година забележа: „Не е познато дали Македонците биле од тракиското, елинското или илириското племе, бидејќи секое од овие мислења ги има своите поддржувачи. Четвртото мислење, и нај веројатното, е дека биле Илиријци измешани со Елини“. Во едно друго поглавие дополни дека „Македонскиот период може лесно да се разликува од Елинскиот, бидејќи македонскиот народ исполнил, во Општата историја, различна задача од таа на Елините“. (Папаригопулос 1849 ст. 96 и 193) Од погоренаведеното станува јасно дека заедницата на грчката нација, во првите децении на нејзиното формирање, во нејзината национална историја, ги сметаше Македонците како непријатели – поробувачи на античките Елини. Во средината на 19 век, политичкиот план на грчкиот национализам кој е познат под името Мегали идеа (Голема идеја), и кој беше спомнат за прв пат во 1844 година од врвниот политичар во тоа бреме Иоанис Колетис (премиер на Грција) и кој беше по потекло Влав, го наложи идеолошкото подготвување на населението на земјата, за идната експанзија на грчката држава во балканската внатрешност. Експанзионистичкиот план имаше потреба, помеѓу другото, од создавање на грчко историско наследство во просторот северно од грчките граници, од кој голем дел претставуваше областа на отоманска Македонија. |
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве зашто значи jас сум имал малки претензии |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Во вашите души вие немате никаква древна претстава, добиена од древно предание, ниту знаење потврдено од времето“.
леле ова го пржи некого како врело масло. а мене што убо ми дојде на душава. само ај разубеди денес некого |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Krum mu e rekol na Nikofor - ako ne sakash mira - na ti sekira
nikoj ne mu e vinoven na Nikifor |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...pa ne e bash za nazdrave...chinot e varvarski...
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
наздраве |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Ако го
земиме предвид фактот дека претходниците на денешните Грци, Елините,
позајмувале богови и од македонската митологија, дури и цели делови од
македонската историја, повикот за коректност кон Грците станува уште
поактуелен. Добра основа за таквата коректност, иако историски
задоцнета, е тргнувањето од признанието на Елинот Хесиод во неговата
„Теогонија“, од седмиот век пред нашата ера: „Многу лаги знаеме да
кажеме ние на вистината слични, но кога сакаме знаеме да ја соопштиме и
вистината сама“
Само дали неговите современици ова го прочитале и ќе бидат доблесни да го признаат конечно?...да ја соопштат самата вистина! Изменето од moira - 20.Ноември.2008 во 11:12 |
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала за постот и се најдобро за проф Влахов Мицов.
|
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересен текст од проф. Стефан Влахов - Мицов:
Задникот на мајмунката Колку поголема е разликата меѓу претензиите и реалните можности на едно општество, толку тоа изгледа поглупаво во очите на светот. Во овој случај важи приказната дека колку повисоко се пентари мајмунката, толку појасно и се гледа голиот задник. Грците сигурно не се најглупавиот народ во Европа. Освен тоа, можеби сите мајмунки не се со голи задници, но грчката самозадоволно го покажува. Впрочем, уште на почетокот на античката елинска цивилизација, таткото на историјата, Херодот се обидува да ги предупреди своите сонародници од мегаломански претензии. Во својата „историја“, напишана пред 2500 години, тој ги прекорува за вообразеност, горделивост и неоправдано самочувство во однос на „варварите“ (не Елините), а сето тоа изградено низ фалсификување на историските факти. Во разговор со еден од видните претходници од Херодот, Солон, египетските жреци ги карактеризираат Елините на следниот начин: „Во вашите души вие немате никаква древна претстава, добиена од древно предание, ниту знаење потврдено од времето“. За компензација на своето незнаење, потомците на Солон ги користат единствените орудија со кои располагаат - познатите од „Одисеја“ итрина и измама. Патувањето на Херодот во Египет разоткрива еден од изворите на елинските кражби - египетската митологија. Херодот докажува дека Елините ги позајмувале своите богови од египетските и го посочува примерот со Херакле. И не само тоа: „првите луѓе кои при чествувањето празници носеле дарови, биле Египќаните, а Елините го научиле тоа од нив.“ По повод разоткривањето на „оригиналноста“ на грчката митологија, полскиот историчар и писател Ричард Капушчински, во својата книга „Патешествија со Херодот“ иронично забележува: „Колку е убаво тоа што тој го кажува во еден свет во кој уште нема средства за масовна комуникација. И тоа се слуша или се чита само од грст луѓе. Кога погледот би му се распрострел во ширина и во должина, Елинот веднаш би бил каменуван или изгорен на клада!“. Посланијата на Херодот звучат сосема современо и од други причини. Таткото на историјата тврди дека Елините и Египќаните можат да живеат во пријателски односи независно од постојните разлики. Доволно е да се коректни едни кон други. Ако го земиме предвид фактот дека претходниците на денешните Грци, Елините, позајмувале богови и од македонската митологија, дури и цели делови од македонската историја, повикот за коректност кон Грците станува уште поактуелен. Добра основа за таквата коректност, иако историски задоцнета, е тргнувањето од признанието на Елинот Хесиод во неговата „Теогонија“, од седмиот век пред нашата ера: „Многу лаги знаеме да кажеме ние на вистината слични, но кога сакаме знаеме да ја соопштиме и вистината сама“. Пол Теру припаѓа на современите писатели кои што не ги прифаќаат тврдењата, дека денешните Грци имаат нешто заедничко со античките. По примерот на Херодот познатиот автор од 1994 година го поминал целиот средоземноморски регион за да го забележи пулсот на народите што тука живеат и да го дознае нивниот однос кон минатото. Резултатите од своите патешествија и од она што го видел Теру ги изложува во двете книги „Столбовите на Херкул“. Американски директно и бескомпромисно: „Од сите места што ги посетив во Средоземјето, Грција беше туристичка дестинација во најчист вид. Забавен парк со испокршени мермерни столбови, осакатени статуи и изопачена измислена историја... Грците почнуваат да покажуваат интересирање за минатото дури откако Европејците се преобразија во ентузијастички археолози и откривачи на таквите урнатини. И зошто им било да се интересираат? Во она време Грците не биле Грци, туку необразовани потомци на словените и на албанските рибари, кои што говореле искривен грчки дијалект. За нив испокршените столбови и храмови биле од интерес само доколку луѓето можеле да си ги пасат овците таму. Видливо дека сета евтина старина, вклучително и светилиштето во Делфи, наречено „центар на светот“, се раскопани од туѓинци - Англичани, Германци, Французи.“ Тару е избезумен од контрастот помеѓу близу двеилјадното осквернување и разурнување на античките храмови таму и манијакалниот современ грчки национализам, кој што се изразува и во мноштвото забрани од видот: „Не се фотографирајте пред древните остатоци“ и други. „Всушност, имено тој логичен резултат би требало да се очекува кога на некои грубијани ќе им се натовари задача да одговараат за купчиња мермерни столбови, кои што тие никако не можат да ги смислат. Бидејќи умствено тапи, неграмотниците почнуваат да ги почитуваат немите камења и да си измислуваат множество глупави правила“. Во исто време: „Нехигиената во Грција беше неверојатна - ѓубришта крај патот, по плажите, дури археолошките ископи беа полни со пластични шишиња, ќеси, партали и амбалажа од безалкохолни пијалаци. Се зачудив какво беше образложението на одговорниот на италијанката Естела, која живее во Неапилион, првиот главен град на слободна Грција - категоричен: Бидејќи се варвари. Не се како другите Европејци... Грција во секој поглед е десетици години назад. Дваесет или триесет години зад Европа.“ Констатациите на самиот Теру се илустративни: Грците ми се сторија поголеми ксенофоби од Французите, поизбувливи и ирационални. Нивната држава е дури поназад и од Хрватска. Тие што биле во Грција ќе се согласат и со еден друг цитат на Теру: „ Во Грција не се произведува ништо друго освен туристички сувенири.“ Ќе дополнам: „чувствителните Грците историјата ја превртеле во трговска порнографија. Оригинални и крадени историски личности ѕиркаат од пепелници, чаши, запалки и слично. За време на моето последно патување таму си купив глава на Александар Велики Македонски полна со вотка. Пред 12 векови во Византија биле многу гневни на варваринот хан Крум, кој по разгромот на варварството во Бугарија од черепот на византискиот император Никифор Први направил чаша за пиење на вино. Се прашувам: Чие варварство е за поголема осуда. Изменето од moira - 20.Ноември.2008 во 02:19 |
|
Дудуловски
Група Регистриран: 15.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 51 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите печурки се јадат, но некои само еднаш
|
|
Ibis, redibus numquam, in bello peribis.
|
|
Внеси реплика | страница 123 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |