|
Топ 10 острови на светот |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Март.2018 во 17:40 |
|||
Ултимативна дестинација за уживање - скриените Азорски острови на ПортугалијаЉубителите на природата особено ќе бидат воодушевени со тоа што максимално ќе уживаат на отворено. Ова е главното место за планинарење, нуркање, риболов и набљудување на китовите. Некои од најдобрите знаменитости кои можат да се погледнат се кратерите Лагоа дас Сете Чидадес и Лагоа дас Фурнас, островот Пико, каде можете да се искачите на највисоката планина во Португалија. Сао Мигел е најголемиот и најнаселениот остров, а таму има премногу куќи, ресторани, хотели и продавници. Иако, Сао Мигел е најпопуларното место за посета и престој, островите Азори секако вредат да се посетат. Најјужниот остров е Санта Мариа, кој располага со прекрасни плажи, а се пристигнува со траект. На овие острови најразвиено е винарството како земјоделска гранка. Пејзажот од винарската култура на островот Пико се наоѓа на листата на УНЕСКО за светска природна градина. Винаријата е поделена на неколку парцели и е заштитена со ѕидови, а потекнува од 15 век. Азори се преполни со заливи и мали кратерски езера, а Лагоа дас Сете Чидадес е најубавиот пример за недопрена природа. Заливот се состои од вулкански езера со слатка вода во сина и зелена боја. Она што мора да направите е да се искачите на планината Пико и да уживате во пет часовната авантура додека да пристигнете до врвот. Истражете го светот од 300 видови на птици кои живеат на овој остров и прошетајте во градот Ангре кој датира од 15 век за да се запознаете со локалната историја. Кедрос е мал град на островот Фајал на кој живеат околу 1000 жители, но она што овој град го прави посебен е единствената култура и традиција. Бројните знаменитости како етнографскиот музеј, црквата Нос Сењора де Фатима привлекуваат голем број туристи секоја година. Плажите се неверојатно убави, но иако водата не е секогаш топла, таа е кристално чиста. Плажите имаат црна песок, која е последица од вулканските ерупции. На островот Санта Мариа се наоѓаат прекрасни плажи со бела песок, кои се сместени помеѓу карпите и малите заливи. Најпознатата плажа е Праја Формоса, а сите плажи се скриени зад карпи и заливи, што е одлично за искусите една вистинска авантура. Иако, водите на Атлантскиот океан понекогаш се прилично студени, капењето во термалните води е незаборавно искуство, па Ви предлагаме да се релаксирате во Поца Дона Беја, Калдеира Велха или Тера Ностра, природни бањи кои се опкружени со дивина и палми. Овие острови никогаш нема да Ве остават рамнодушни, а капењето со делфини е една од многубројните активности која исто така мора да ја искусите. Ова е ултимативна дестинација за уживање. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:41 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Погледнете зошто ова е најдобриот остров на светотИзменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Палаван: Ѕирнете како изгледа најубавиот остров на светот за 2016Списанието Travel + Leisure го прогласи Палаван за најубав остров на светот за 2016 година. Прекрасниот остров на Филипините застана на првото место на листата, победувајќи ги останатите рајски острови на нашата планета. Чиста тиркизна вода, бели песочни плажи, бујни шуми, високи планински предели... Палаван е уште еден доказ дека мајката природа нè дарувала со фасцинантни места на кои можеме да им се одушевуваме, да се релаксираме и да уживаме. Читателите на Travel + Leisure го опишуваат Палаван како „дестинација за која сонува секој љубител на плажа“. На овој филипински остров се снимани бројни филмови, меѓу кои и „Bourne Legacy“ и познатиот филмски проект на Леонардо Дикаприо „The Beach“. И во 2013 година Палаван беше на врвот на листата со најубави острови на познатото списание. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
КУКОВИ ОСТРОВИ: ТРОПСКИ РАЈ ЗА ДУШАТА< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1464329866777" name="I0_1464329866777" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fkukovi-ostrovi-tropski-raj-za-dushata%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.hr.0wD5S9yT9NU.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOk7iy0sdRb9bnre1a2nEtS75asbg#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1464329866777&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=42229560" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;"> Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Топ 10 најубави острови за 2016-та, одбрани од патницитеОстровите отсекогаш претставувале нешто посебно, места кои пловат низ бескрајното синило на морската шир и нудат поглед кој не може да се види на ниедно друго место. Егзотичните острови се наоѓаат на врвот на листата како место за совршен одмор, каде ќе можете да се релаксирате и да избегате од градската бучава и работните обврски. „TripAdvisor“ секоја година прави листа на најубавите острови според мислењето на патниците, а за 2016-та година таа листа изгледа вака: 1. Мауи, Хаваи2. Санторини, Грција3. Јамајка4. Провидансиал, Туркс и Каикос5. Бали, Индонезија6. Мајорка, Балеарски Острови7. Маурициус, Африка8. Пукет, Тајланд9. Бора Бора, Друштвени Острови10. Фернандо де Норона, Бразил |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:28 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
НАЈУБАВИТЕ ОСТРОВИ ВО СВЕТОТЧесто можеме да прочитаме како Бил Гејтс, Џорџ Клуни и останатите богати и славни личности од сите страни на светот си дозволиле одмор на скапи, познати и прекрасни места, и затоа ве водиме на некои од нив. Секако, само виртуелно, но можеби читајќи го ова и ќе се заљубите… Тахити Ова чудо се наоѓа во Француска Полинезија, а покрај прекрасните плажи може да појдете и на планинарење, со оглед на тоа што највисокиот врв на островот е висок 2.241 метри. Разно овошје, кокос и рум ви се на дофат на рацете на целиот остров. Покрај уживање во сонцето, морето, планинарење и нуркање, на Тахити може ќе најдете и инспирација како, како на пример познатиот сликар Пол Гоген, кој живеел таму. Миконос Тешко е со зборови да се опише овој прекрасен грчки остров, а уште е потешко да се направи листа на сите богаташи кои таму поминале годишен одмор. Најважното место на островот се нарекува Кора и покрај него поминуваат сите рибарски бродови кои доаѓаат на овој остров. Миконос е познат и по извонредниот ноќен живот, па така го има добиено и прекарот „Грчка Ибица“. Сејшели Еден од најлуксузните светски острови го пронашол своето место во Индискиот океан. Пред се`, ова е туристичка земја, затоа што туризмот вработува 30% од жителите и учествува со 70% во приходот на земјата. Најголемиот остров во Сејшели е Махе, кој е познат и по легендата за закопаното богатство. Ако имате авантуристички дух, може да направите долги прошетки и да го побарате богатството, а ако не, уживајте во убавината и белиот песок на Сејшели. Капри Овој италијански остров се наоѓа на јужната страна на заливот од Наполи. До него се доаѓа исклучиво со брод, а убавината на Капри ја сочинуваат мистериозни пештери и прекрасни плажи. Од 50-тите години на 20-тиот век, Капри станал омилена дестинација на меѓународниот џет-сет, што продолжило и до ден денес. На островот ќе наидете и на оригинална, селска архитектура, но и на многу скапи ресторани и луксузни продавници. Нантукет Тука сме и на Атлантикот. Нантукет се наоѓа на 50 километри од брегот на САД. Има 10.000 жители, но преку лето тој број се зголемува за пет пати. Целиот остров го покрива историскиот округ Нантукет, кој воедно е и национална историска знаменитост. До островот може да се стигне и со авион, со оглед на тоа што таму има аеродром. Сепак, најмногу слетуваат приватни авиони, со оглед на тоа што многу богати луѓе имаат изградено вили на овој остров. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:28 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ФОТО: 10 најубави острови на светот според TripAdvisorПокачувањето на температурите го разгорува копнежот за тропски авантури на егзотични дестинации. Кој може да ѝ одолее на рајската убавина на островите низ светот? TripAdvisor, најпознатиот сајт за патувања, направи листа од десетте најубави острови на светот, кои дефинитивно ќе посакате да ги посетите. Листа е направена врз основа на квалитетот и квантитетот на рецензиите и коментарите на посетителите на сајтот во текот на една година, а кои се однесуваат на хотелите, знаменитостите и угостителските објекти на секој остров. ПРОВИДЕНСИЈАЛС, ТУРКС И КАЈКОСМАУИ, ХАВАИРОАТАН, ХОНДУРАССАНТОРИНИ, ГРЦИЈАКО ТАО, ТАЈЛАНДМАДЕИРА, ПОРТУГАЛИЈАБАЛИ, ИНДОНЕЗИЈАМАВРИЦИУС, АФРИКАБОРА БОРА, ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈАФЕРНАНДО ДЕ НОРОЊА, БРАЗИЛ |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите нијанси на Санторини - еден од најубавите острови во светот
Покрај класичната грчка сино-бела бајка, Санторини е единствениот остров на кој портокаловите и црвени земјени нијанси се мешаат со жолтото сонце, зелените површини и пастелните фасади. Санторини е некогашен вулкан, и тоа многу активен, сместен 300 километри југоисточно од Атина. Самата мешавина од карпи и сол ја создала фантастичната палета од бои и нијанси по кои е препознатлив овој грчки остров. Тука грчката култура на живеење е доведена до хедонистички врв. Нешто што не се пропушта е дегустацијата на врвни локални вина, бројни салати и морски плодови. Дури и плажите на Санторини доаѓаат во многу облици и бои. Всушност, мапата на плажи е распоредена по боите - Црвена плажа, Бела плажа, Црна плажа... Санторини е едно од ретките места каде можете буквално да лежите на лава. Плажите со црн и топол песок се туристичка атракција која не смее да ја пропуштите, а воедно се и неверојатно мирни и тивки дури и во врвот на сезоната. Што се однесува до урбаната страна и самата градба, ако се упатите кон Санторини и прошетате низ најпознатото туристичко место Оиа, сигурно ќе искачите неколку илјадници скалила за само неколку дена. За крај, пронајдете си го омиленото место и дозволете му на зајдисонцето да го финишира ова прекрасно патување. Изменето од evangeline - 20.Март.2015 во 14:00 |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Островот Палаван е рајот е на земјатаТешко е да поверуваме дека Филипини е едно место кое што не е доволно истражено, а поседува неверојатна убавина. Иако има многу острови, ние би рекле дека островот Палаван е рајот на планетата Земја. Островот Палаван е скриеното место кое плени со неверојатен мир и убавина. Неслучајно е на врвот на листата на најубавите острови во светот. Проѕирната сина вода се меша со неверојатната зелена боја, додека планините кријат своја џунгла, опколувајќи го океанот. Малите рибарски селца околу островот дополнително ја надополнуваат целата атмосфера. До стариот остров од 50.000 години, може да се стигне со брод или авион, а идеално време е од октомври до мај. Ова значи дека доколку имате добар буџет, а се уште немате испланирано каде ќе одите за новогодишните и божиќните празници, островот Палаван е совршеното место. На островот живеат разни диви животни кој може да се најдат на сите острови на Филипините. Овде може да сурфате, да нуркате и да го истражувате океанското дно.
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
zaratustra
Група Регистриран: 22.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 69 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Рајска убавина: Најубавите острови на светотПриродата често знае да биде предарежлива, сместувајќи го најдоброто од себе на едно место. Факт е дека на планетата постојат дестинации кои се вистински рај, а голем дел од нив се наоѓаат на острови. Тиркизна вода, бел песок, тропска клима, палми... Кој би посакал повеќе? Иако не е лесна задачата да се изберат најубавите острови, сепак читателите на британското списание „Condé Nast Traveller“ ги издвоија своите фаворити. Според нивните гласови, белите песоци им ја донесоа на Малдивите титулата најпопуларна дестинација, а гостопримливоста беше најважен фактор за островите на Грција да го добијат второто место на егзотичната листа. Еве кои се најомилените острови меѓу туристите: МАЛДИВИМалдивите се сон за секој турист и идеална дестинација за меден месец. Кристално чистата вода, бескрајните плажи и незаборавните огнени зајдисонца се само мал дел од причините што секој посакува реприза на одморот на овие атрактивни острови. ГРЧКИТЕ ОСТРОВИГрците ги придобиваат туристите со љубезноста и гостопримливоста, но најзаслужни за огромната популарност се медитеранските волшепства кои во изобилство ги има на места како Санторини. СИЦИЛИЈАНајголемиот остров во Средоземното Море, Сицилија, крие едни од најубавите плажи, но привлекува и со највисокиот активен вулкан во Европа, Етна. СВЕТИ ВАРТОЛОМЕЈНарекуван и Св. Бартс, овој елитен остров на Карибите редовно е посетуван од богатите и славните и е во позадината на најегзотичните фотосесии. БАЛЕАРСКИ ОСТРОВИ (МАЈОРКА, МЕНОРКА, ИБИЦА, ФОРМЕНТЕРА)Балеарите минатата година убедливо беа на првото место. Тие можат да ви понудат најоткачен одмор исполнет со луди забави какви што има само на Ибица, но и спокоен одмор во прекрасните селца на крајбрежјата. СЕЈШЕЛСКИ ОСТРОВИСејшелите нудат природна убавина недопрена од човечката рака. Интересен е фактот што сејшелското општество основно е матријархално. КАПРИКапри е едно од најголемите богатства на Италија. Неповторливиот микс од историја, спектакуларни природни убавини и култура е причината зошто овој остров со векови е популарна дестинација меѓу уметници, писатели и интелектуалци. БАРБАДОСНа забавниот Барбадос можете да пиете рум пунч додека уживате во топлата сина вода и да јадете летачка риба додека сфаќате дека релаксацијата ви станала приоритет. МАВРИЦИУСМаврициус е совршено место за романтично бегство од реалноста. Овој остров е дом на многу писатели, поети и артисти кои се инспирираат од природната убавина и мултикултурниот идентитет на земјата. МАЛТАСредоземната клима, историските и археолошките знаменитости, како и 9-те локации кои се заштитени од УНЕСКО, се причините што Малта се сместува на листата на омилени туристички дестинации. Валета, главниот град на Малта, крие во себе прекрасни барокни палати, градини и цркви. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве зошто е ова најубавиот остров во Европа!World Travel Awards повторно го прогласи Мадеирa за најубав остров во Европа заради неверојатната природа, природните базени од магматски карпи, прекрасните карпи кои гледаат на океанот и шармантните градчиња. Погледнете зошто е ова желба на многу туристи. Мадеира, која се наоѓа во Португалија, е најголем остров на истоимениот архипелаг, во кој се наоѓаат и Porto Santo и Desertas. Просечната температура тука изнесува 22 степени во лето и 18 во зима, што значи дека тука владее вечна пролет. Тука постојат и природни базени од магфматски карпи. Мадеира е преполна со прекрасни плажи, како што е Калета. Водата е чиста и мирна – совршена за пливање или нуркање и истражување на морските длабочини. Најдобар начин да го истражите островот, е да го обиколите со брод. Секако, и погледот кој се шири од највисоките делови на островот е спектакуларен. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:21 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ ТРОПСКИ ОСТРОВИПолека почнуваат жешките летни денови и настапува оној период во годината кога сите почнуваме да поставуваме тропски и егзотични фотографии на нашиот десктоп. 1. Heron Island, Австралија
2. Piha Island, Нов Зеланд
3.Shikoku Island, Јапонија 4. Belize, Америка 5. Koh Tarutao, Тајланд 6. Bazaruto Island, Мозамбик 7. Vieques, Порторико 8. Scrub Island, Британските Девствени острови 9. Mabul Island, Малезија 10. Zanzibar, Танзанија
|
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |