|
Зен приказни |
Внеси реплика | страница 123 15> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Јули.2017 во 12:49 |
Бог и воздухЕден пустиник медитирал покрај една река, кога еден млад човек го прекинал. „Учителу, може ли да станам твој ученик?“ „Зошто?“ – го прашал пустиникот. Младичот се замислил за момент. „Бидејќи сакам да го пронајдам Бог.“ Пустиникот станал, го фатил за вратот, го одвлекол во реката и му ја ставил главата под вода. По некое време конечно го извадил, а младиот човек се борел за здив. Кога се смирил, пустиникот му рекол. „Кажи ми, што најмногу сакаше кога беше под вода?“ „Воздух!“ – извикал човекот. „Многу добро. А сега оди дома и врати се кога ќе го сакаш Бог колку што го сакаше воздухот.“ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Текот на рекатаОва е приказна за еден млад ученик на боречки вештини кој учел од некој многу познат учител. Еден ден учителот ги гледал учениците како вежбаат. Тој сфатил дека присуството на другите деца му пречело на младиот ученик да ја усоврши својата техника. Тој ја забележал неговата фрустрација. „Што е проблемот?“ го прашал. „Не знам“, му одговорил младичот. „Колку и да се обидувам, не можам правилно да ги изведам движењата.“ „Пред да совладаш некоја техника, мора да ја разбереш хармонијата. Дојди со мене, ќе ти објаснам“, му рекол учителот. Ученикот и учителот ја напуштиле зградата и оделе извесно време низ шумата додека не стигнале до еден извор. Учителот стоел тивко на брегот и прозборел. „Погледни го изворот,“ рекол тој. „Камењата се на неговиот пат. Дали тој удира во нив од фрустрација? Не. Тој едноставно протекува низ и околу нив и продолжува понатаму! Биди како водата и ќе знаеш што е хармонија.“ Младиот ученик сериозно си го сфатил советот. Наскоро тој воопшто не ги забележувал другите ученици. Ништо не го спречувало да ги изведе дури и најтешките движења. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Покажувач кон ѕвездитеКучето на еден Зен учител ги обожувало вечерните прошетки со неговиот господар. Toa секогаш земало еден стап, и му го давало на господарот и чекало да почне играта. Оваа вечер учителот решил да го покани неговиот најдобар ученик, момче кое било толку интелигентно што било вознемирено од контрадикцијата на учењето на Буда. „Мораш да разбереш дека зборовите се само водачи. Никогаш не дозволувај зборовите или симболите да го спречат откривањето на вистината. Еве, ќе ти покажам“, му рекол учителот и го повикал своето весело куче. „Донеси ми ја месечината“, му рекол покажувајќи кон полната месечина, па го прашал ученикот: „Каде гледа моето куче?“ „Гледа во твојот прст“, одговорил тој. „Токму така. Немој да бидеш како моето куче. Не го мешај прстот што покажува со она кон што покажува. Сите зборови на Буда се само водичи. Секој човек се бори низ зборовите на некој друг за да ја пронајде својата вистина.“ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистинска благосостојбаНекој богаташ го замолил Сенгај да напише нешто што би донело трајна благосостојба за неговото семејство, што ќе се пренесува од колено на колено. Сенгал зел голем лист хартија и напишал: „Умира таткото, умира синот, умира внукот“. Богаташот се налутил, викајќи: „Те замолив да напишеш нешто што ќе го усреќи моето семејство! Зошто се шегуваш со мене?“ „Не се работи за шега“, објаснил Сенгај. „Ако пред тебе умре твојот син, ти би бил многу тажен. Ако пред твојот син умре твојот внук, тоа би ви ги скршило срцата и на двајцата. Ако твоето семејство со генерации заминува по дадениот редослед, тоа ќе биде природен тек на животот. Тоа е за мене вистинска благосостојба“ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ненадејно на патот од никаде трчајќи се појавил еден коњ. Изгледало како човекот што го јава да брзал некаде. Друг човек кој таму случајно стоел,запрашал -Каде толку брзаш? Човекот на коњот одговорил, -Не знам,прашај го коњот. |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
edna mala zen pouka -
za onie koi imaat ushi ... ako ja pogodish celta - si promashil se drugo.. |
|
едно е - не се две
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Царот го прашал мастер учителот, - "Што се случува со просветлениот после смртта?
„Од каде да знам?ˮ - одговорил учителот. „Бидејќи си мајстор, просветлен" - одговорил царот. „Да, но не и мртовˮ - возвратил мудрецот |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зен басна Мудра зен жаба им објаснува на младите жаби за рамнотежата на природата. -Гледате како мувата го проголта комарецот?А сега јас ја изедов мувата. С'е е тоа дел големиот природен тек. -Зарем не е лошо да убиеш да би живеел? праша замислено една жаба. -Па,зависи - одговори мудрата жаба,токму во моментот кога змијата ја проголта,пред да ја заврши реченицата. -Од што зависи?- извикаа учениците Зависи од каде гледате на тоа,од внатре или од надвор - се слушна пригушен глас од проголтаната жаба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По неколку победи во стрелаштво,младиот и фалбаџиски настроен шампион
го предизвикал Зен мајсторот познат по своите стрелачки вештини. Младото момче демонстрирал забележително техничко мајсторство кога од голема далечина го погодил центарот во целта,а потоа со друга стрела ја радвоил на две. -Да видиме дали можеш да сториш нешто слично - му се обратил момчето на старецот Без ниту трошка вознемирување, старецот го зел својот лак и му дал знак на момчето да го следи упатувајќи се кон планината. По малку одење стигнале до една голема бездна премостена со едно разнишано мовче,распнато со јажиња дополу искинати. Стариот мајстор зачекорил на мовчето,дошол до средината мирно застанал посочувајќи кон едно дрво како цел, нанишанил со својот лак и упатил совршен лет на стрелата во целта. -Сега тебе ти е редот-му се обратил на момчето Ѕверејќи се во ужасот од бескрајната бездна момчето не можело да се примора самото себе да зачекори на разнишаното мовчето далеку од можноста ниту да се обиде да исфрли стрела кон целта. -Поседуваш неверојатни вештини со лакот-чуствувајќи ја нелагодноста на момчето му се обратил старецот -Но сеуште не си загосподарил со својот ум,кој всушност ја ослободува стрелата! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соба со 1000 демони На секои 5 год. тибетанските свештеници се собирале на една тајна локација на Хималаите поради светиот ритуал За само еден ден на секој му се нудело прилика за просветлување Се што требало да направат е да поминат низ соба позната како Соба со 1000 демони и живи да излезат од неа. Проблем било што внатре се појавувале демони во облик на нивните најголеми стравови- змии,пајаци,ѓаволи,провалии Постоај само две правила -Кога еднаш ќе влезеш во собата никој не може да влезе и да те спаси -Невозможно е да излезеш од собата од вратата низ која си влегол А за оние храбрите кои се осмелуваат да влезат и да се соочат со своите стравови во потрага за просветлување постојат само два совети. -Запамти,што и да се наоѓа околу тебе во собата,тоа е само проекција на твојот умот -Без разлика на тоа што гледаш,слушаш или чуствуваш,продолжи да чекориш.Бидејќи само ако одиш ќе дојдеш до излезот. Секогаш чекори во правецот во кој расте твојот страв! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Камениот ум Кинескиот учител Хоген живеел сам во мал храм во едно село. Кај него дошле четворица монаси кои патувале. Го замолиле да запалат оган за да се згреат.Додека работеле зборувале за субјективноста и објективноста.Слушајќи ги Хоген им се доближил и им покажал голем камен велејќи им. -Еве еден голем камен.По ваше мислење дали каменот е во вашиот ум или вон него? Еден од монасите одговорил -Па според будистичка гледна точка се е објективизација во мојот ум. -Тогаш мора главата да ти е многу тешка - рекол Хоген,штом во неа секаде влечкаш толкав камен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eden monah, vrven poznavach na t.n.“dijamantska sutra” patuval od mesto do mesto, nosejki so sebe eden kup shemi, spisoci od svoi komentari i teoloshki raspravi.
Se dodeka eden den ne doshol do eden konak. Mu snemalo pari, pa edna babichka mu dozvolila da prespie vo shtalata. Monahot bil poprilichno gladen i ja zamolil babata da mu donese neshto za jadenje. Taa mu donela chaj i kolachinja a toj za vozvrat i vetil edno predavanje. Toa e ona uchenje koe ukazhuva deka deneshniov nash um e nepoimliv , vcherashniot nedofatliv a utreshniot nedefiniran i objasnuval monahot… Na toa, taa – “ A so koj UM go ispi chajot i gi izede kolachite”? Monahot ostanal podzinat – ne go znael odgovorot. Posle taa sluchka, monahot gi frill site svoi spisi i nikogash povekje ne poduchuval nishto. p.s toa e taa zen shlakanica Изменето од outlook123 - 03.Ноември.2014 во 01:22 |
|
едно е - не се две
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eden zen uchitel, bil zaprashan od svoite uchenici – “ Shto voobichaeno raboteshe, pred da se prosvetlish”?
“Cepev drva i nosev voda od izvorot do kukjata kade zhiveeshe mojot uchitel” – odgovoril zen majstorot. “A sega otkako si prosvetlen, shto rabotish”? “Cepam drva i nosam voda od izvorot..” . Uchenicite vidno zachudeni – “ Nema nikakva razlika”?! “Ima, sega koga cepam drva i nosam voda - ne sum povekje istiot chovek, pa taka- nitu svetot ne e povekje ist”.“Sega, moeto srce chuka vo ritam na celinata”. “Sekoe kamenche sega e dijamant, pesnata na pticite e "bozhji glas" a vo ochite na drugite se gledam sebe”. Navidum pomalku od nishto a vsushnost e povekje od se' Изменето од outlook123 - 30.Октомври.2014 во 00:55 |
|
едно е - не се две
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zen
Изменето од ZeZnAtA - 30.Октомври.2014 во 12:25 |
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
Внеси реплика | страница 123 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |