IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски фудбал
    Испратена: 29.Јули.2012 во 16:59


Илчо Ѓорѓиоски едногласно беше избран за претседател на ФФМ.

ilco.jpg-500

Харалампие Хаџи Ристески неодамна си  поднесе оставка од оваа функција.

Ѓорѓиоски, по изборот посочи дека тој живее за фудбалот.

-Човек сум од фудбалот, живеам за фудбалот. Можам да ветам 24 часа работа дневно, ред, работа и дисциплина. Тоа ќе го барам од сите кои што ќе работат со мене, рече тој.

Подобрување на инфаструктурата, јакнење на општинските фудбалски сојузи, подобрување на младинскиот фудбал ќе бидат во неговиот фокус.

Новиот претседател на ФФМ е тренер на клубот Вардар

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2012 во 08:07

Македонско фудбалско лето: тренерот со апетит за ФФМ, голманот и мушичките, „малтешко“ реми за гордеење…


Летната македонска клупска одисеја во фудбалска Европа заврши за неполн месец и само го продолжи тапкањето во место на клупскиот фудбал на стариот континент. Три победи, четири ремија и пет порази во 12 меча за овие 20-на дена е новиот катастрофален биланс на европретставниците – првакот Вардар, вицешампионот Металург, куп-победникот Ренова и тетовска Шкендија.

Македонскиот фудбал и по оваа нова неуспешна авантура во Европа ќе остане да сонува за некој поголем успех, а јавноста веќе го поставува прашањето, дали воопшто во моментов имаме капацитет за поголем дострел? Желбите и соништата се едно, реалноста е сосема спротивна, а резултатот на крајот – катастрофален. Така барем со години, македонските екипи тргнуваат во Европа, а потоа како попарени се враќаат во домашната реалност. Тоа се покажа и годинава.

Рекапитулацијата на настапот на македонските екипи во Европа сама ги дава одговорите, зошто пропаѓаме, каде е вината, кои се причините?

Македонскиот фудбал и не може да очекува поголем успех, некаков напредок, кога голманот „брка мушички“ и прима гол од 50 метри со удар што практично е центаршут, со кој првиот претставник испадна од Европа. Сомнежите со обложувачките „два во еден“ се веќе видени сценарија за кои Македонија влезе во историјата со првата голема казна за „измама“ во фудбалот, но таа не испадна поука за другите. Остана само бистра слика за болната амбиција за да се заработи „ситна пара“ на меѓународната сцена.

Тукашниот фудбал не може да очекува напредок, кој еден амбициозен клуб како Металург, со солидни финансии за македонски услови и со солидни играчи, во двомеч против малтешки полуаматерски тим не успева да победи во два меча. Уште и пласманот во второто коло во Лига Европа е окарактеризиран како историски. Кога не може да се победи Биркиркара, кој може да очекува дека ќе се изненади полски Рух. На крај реалноста е 1-6 за Полјаците. Така не се гради победнички менталитет.

Убедливите 8-0 на Ренова против аматерскиот Либертас од Сан Марино се само лажна слика за некаков успех во Европа. Првото коло во најмасовното натпреварување, всушност, е куп Интертото, пласманот не се бодува премногу, напредок и не се очекува со само една пречка. За поголем напредок требаат поголеми резултати. На првиот посериозен предизвик „гипсот“ попушти, иако тетовци со победа на гости чесно се простија.

„Немаме што да загубиме“ е вечна водилка на секој македонски клуб со години во секој нормален европски меч, против просечни европски клубови. Со таков пристап, кој може да очекува поголем успех? Останува прашањето, што ќе се каже пред меч против екипи од светскиот крем? Македонија одамна многу губи, секој наш пораз во Европа, а секоја победа на просечните ривали нас нè турка кон дното. Некогаш бевме носители барем во прво коло во квалификации за ЛШ, сега Вардар беше втор најслаб со рејтинг од сите шампиони.

Каков успех може да се очекува од Вардар, ако десет месеци создава тим на ливади, ако игра под притисок на 500 гледачи, ако ривалите на мегдан ја напаѓаат титулата со катеначо и без шут на гол кон Костадин Захов, ако има има еден милион евра буџет, т.е. половина годишна плата на полупросечен фудбалер, кој игра во соседството, ако нема едно саглам помошно игралиште? Каков успех се очекува од секој иден шампион, кога несериозноста на претходните го закотвиле меѓу неносителите и секој посериозен противник за нас е Барселона?

Само во Македонија може тренерот на шампионот да стане претседател на најголемата спортска федерација (во случајов ФФМ). Илчо Ѓорѓиоски за во кратката своја тренерска кариера, која е во почеток, се наметна како еден од најталентираните македонски тренери. Освои две титули, еден од најзаслужните е за ренесансата на најпопуларниот клуб, но… Напредок ли ќе биде за фудбалот неговото седнување во фотелјата како предводник на македонскиот фудбал или загуба за струката? Или пред нас е Франц Бекенбауер, слика за успешен тренер и претседател, или Драган Стојковиќ Пикси, кој сепак најдобро се снајде крај аут-линијата.

Десет години во фудбалот се изнаслушавме приказни кој краде, кој мести, кој мешетари, но никојпат не слушнавме кој има проект за спас на фудбалот. И по две децении независност Македонија нема здружение на прволигаши независно од канџите на фудбалските властодршци, уште помалку здружение на играчи, за стратегија за фудбалски развој не сме ни чуле. Но, затоа полни сме со приказни дека ќе играме „шпански“, дека психолошки треба да бидеме упорни и цврсти како Германци, среќни како Италијанци… А всушност секој меч е иста приказна – обични Балканци. Кои едвај чекаат да се израдуваат и на реми.

Со тренер што сонува да е претседател на ФФМ, со голман кому наводно му пречат рефлекторите, со клуб што е горд со реми со Биркиркара, Македонија не може да се надева на успех во скоро време.

А уште потажно е тоа што луѓето од овие клубови треба да ја градат иднината на фудбалот во нашата држава. Луѓе од кои се очекува да нè извадат од калта…

Никола Богојевски



Изменето од емил - 28.Јули.2012 во 08:08
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 16:24

ФФМ: Вардар и Шкендија не добија лиценци за настап во Европа


Лиценцната комисија при ФФМ денеска објави дека пет од осум пријавени клубови за настап во евро-куповите добиле лиценца, а три, меѓу кои се лидерот Вардар и се уште актуелниот фудбалски првак Шкендија – се одбиени.

Лиценцната комисија реши да им додели лиценци на Силекс, Работнички, Ренова, Металург и на Хоризонт Турново, а одбиени се Вардар, Охрид и Шкендија.

Според најавите, ова е првична одлука на лиценцната комисија на Федерацијата, која најчесто се раководи според исполнувањето на финансиските, правните, организациско-административнитем спортските и инфраструктурните критериуми. На оваа одлука сите клубови имаат право на жалба во рок од три дена.

Комисијата ќе ги следи клубовите кои се здобиле со лиценца и доколку се увиди дека има прекршување на некои од критериумите ќе ја извести Комисијата за лиценцирање, која го задржува правото да ја одземе доделената лиценца. 

Во случајот со Вардар, Комисијата за лиценцирање побарала од клубот да се достави дополнителен доказ, за кој ќе се одлучува дополнително, но никој од ФФМ не сакаше да соопшти која точно било причината за недоделување на лиценца на Вардар, кој годинава важи за најорганизиран клуб во Македонија.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2012 во 22:20
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 06:13
 


Електронското издание на „Лајм“ (www.lajmpress.com) пишува дека лидерот на табелата Вардар би можел да биде дисквалификуван од Првата лига поради неправилности во фузијата со Миравци, а Шкендија тогаш би можела повторно да стане шампион...Овој портал се повикува на одредени извори од ФФМ, а истакнува дека истрага за фузијата ќе спроведува УЕФА. Оваа теорија веќе подолг период се врти низ кулоарите, а ЕКИПА тоа претходно го провери во Фудбалската федерација на Македонија.
 
 
Одговорот оттаму не беше конкретен, но не може ниту да биде, затоа што процедурата за лиценцирање на клубовите за европските купови се уште е во тек, а дефинитивната одлука ќе биде позната при крајот на мај.
 
 
Вардар пред почетокот на минатата сезона се фузираше со второлигашот Миравци, ги мина сите правни процедури за да ја превземе лиценцата за настап во Првата лига, се преименува во Вардар 1947, а по одреден период и си го врати името во Вардар. Исто така спроведена е и правна процедура за богатата историја на клубот, со сите резултати и титули, да му припаѓа на новиот субјект, кој сега се натпреварува во прволигашка конкуренција. Во меѓувреме, Вардар, како прв клуб во Македонија се трансформира во акционерско друштво и сега функционира според новата законска регулатива во нашата држава.
 
 
Токму тука и лежи „проблемот“ што би можела да го види УЕФА, но би важел за сите македонски фудбалски екипи подеднакво. Тие мораат да се преструктуираат во акционерски друштва и тогаш би биле нови правни субјекти, а УЕФА при постапката за лиценцирање бара да биде доставен финансиски извештај за изминатите три сезони. Тоа нема да биде можно, затоа што новите правни субјекти едноставно ќе немаат што да приложат, освен да биде потенцирано дека токму тие се наследници на фудбалските прволигаши кои досега функционираа(т) како здруженија на граѓани.
 
 
ЕКИПА од ФФМ доби одговор дека е во постојана комуникација со УЕФА и дека веќе има најавено како сите фудбалски прволигаши ќе мораат во текот на оваа година да се преструктуираат во акционерски друштва и очекува Европската куќа на фудбалот да има разбирање за тоа, бидејќи всушност клубовите мораат да се прилагодат на новата законска регулатива во Република Македонија. Токму затоа и Агенцијата за млади и спорт веќе одреден период одржува работни состаноци со претставниците на спортските федерации и на спортските клубови во државата, објаснувајќи им како треба да тече процесот на нивна трансформација во акционерски друштва.                  


Изменето од емил - 24.Април.2012 во 06:14
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 23:21
Вардар ја победи Шкендија во Тетово

 
Екипата на Вардар направи голем исчекор кон освојувањето на шампионската титула, откако во одложениот натпревар од 20-то коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со 0:1, ја совлада Шкендија.
 

 
 
Дербито во Тетово, го реши најдобриот стрелец во првенството Филип Ивановски со погодокот кој го постигна во 52-та минута од натпреварот.

Вардар со 16-та првенствена победа стигна до 50-от бод во сезоната и ја задржа предноста над Металург, пред нивниот меѓусебен дуел во недела, од седум бода. Актуелниот првак Шкендија, со овој пораз остана на третото место на табелата со 39 бодови.

Табела: 1. Вардар 50, 2. Металург 43, 3. Шкендија 39, 4. Силекс 27, 5. Ренова 25, 6. Брегалница 25, 7. Охрид 24, 8. Работнички 23, 9. Напредок 22, 10. Тетекс 21, 11. Хоризонт Турново 19, 12. 11 Октомври 11.

Следното 21-во коло во ПМФЛ ќе се одигра во сабота и недела, Ренова и Напредок својот натпревар ќе го одиграат во сабота, додека останатите натпревари ќе се одиграат во недела: Шкендија-Тетекс, Вардар-Металург, Брегалница-Хоризонт Турново, Охрид-Работнички, Силекс- 11 Октомври.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 08:52
Шкендија и Вардар нема да играат бидејќи „балистите“ подготвувале пекол

 
Дербито од Првата македонска фудбалска лига помеѓу Шкендија и Вардар, кое беше закажано за денес, сепак нема да се одигра бидејќи полицијата дошла до сознанија дека навивачката група на Шкендија, позната како „балисти“, подготвувале сценарио со насилство
 



Тетовската полиција на повеќе локации во градот пронашла летоци на кои имало пароли што повикуваат на војна за време на натпреварот со скопски Вардар.

„Две војни и две гигантски битки нè чекаат, а победата ќе биде само одмазда, и се колнам во тебе, Шкендија, дека никогаш нема да бидеш сама“, било напишано на албански јазик на летоците што ги пронашла полицијата.

По ваквите сознанија МВР организираше состанок со Фудбалската федерација на Македонија, СВР Тетово и преставниците на Шкендија и Вардар, по што е донесена одлука за одложување на натпреварот.

„Одложувањето е со цел да им се даде повеќе време на клубовите-домаќини за подобро организирање на натпреварите во нови термини“, е објавено на интернет страницата на ФФМ.

Покрај овој натпревар нема да се одигра и дуелот Тетекс-Напредок, кој исто така е дел од 20-то коло, а според предвиденото требаше да се игра во петок. 

Новите термини за одигрување на натреварите ќе бидат дополнително одредени.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 23:43
Originally posted by pilafce pilafce напиша:

Кој фк миравци предавници за 20000ден му го дадоја местото на вардар



Мизерија е се поврзано со фудбалот во Македонија освен некои фудбалери кои сеуште имаат чист образ. Се друго е за на голи оток.
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
pilafce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pilafce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 23:26
Кој фк миравци предавници за 20000ден му го дадоја местото на вардар
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2012 во 17:17
Мала група навивачи бараат оставка од „ФФМ мафија“

 
Група од стотина фудбалски навивачи се собраа пред седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), за да побараат оставка од раководството кое го доведе македоскиот фудбал на мошне ниско ниво
 
 
Со скандирање „ФФМ мафија“ и „бандо криминална“, групата побара оставка од актуелното фудбалско раководство и од првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџиристески.

Далеку под очекувањата за помасовно мобилизирање на навивачи, кое се организираше преку Facebook, на протестите пристигнаа одвај стотина навивачи. На протестите пристигна еден автобус со "Чкембари" од Битола, а има и припадници на групата "Фаланга" од Штип. Од скопските "Комити" присутни се само мал број од оние кои се нарекуваат "Стара гарда Комити".

На ваков чекор навивачите се одлучија по поразот на националниот тим од Луксембург во пријателскиот натпревар што се одигра пред една недела и поради константниот пад на рејтингот на македонскиот фудбал. Токму денеска и ФИФА ја објави најновата ранг листа, на која Македонија се најде на 102 место.

Просторот околу зградата каде што е сместена ФФМ го обезбедува значителен број на полицајци.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 22:26

Ne zezaj, od selskata zadruga naskoro kje se preselat u noviot objekt na FFM. Mozebi im falat uste nesto finansii da ja dopravat, pa morale nekako da se snajdat...

Inaku, jas se sekjavam na Dejvi Glavevski... Parce gi napravi toa Lihtenstajncite...
Incredible Blue
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 18:15



Email: nikola.gjurovski@ekipa.mk

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Луксембург. Аирлија нека ни е новиот прекар, отсега сме Лузембург. Не, не, не...одамна сме Лузембург, само сега се освестуваме затоа што треснавме силно со главата во дното.

Зошто сме фудбалски Лузембург, сите тоа го знаеме, на сите ни е јасно, ама никој не сака јавно да каже или да напише...Има најмалку илјада причини, секоја од нив важна на свој начин. Еве јас ќе почнам прв да ги редам, а кога ќе се заморам, а дел од нив сигурно и ќе заборавам, Ве молам продолжете Вие со коментари под текстот...

 

ЗОШТО СМЕ ФУДБАЛСКИ ЛУЗЕМБУРГ?

- Затоа што оваа година славиме деценија откако тогашниот анонимус и обичен претседател на прволигашки клуб, Харалампие Хаџи-Ристески, на гласање за нов претседател на ФФМ убедливо го победи македонскиот фудбалер за изминатиот век, Дарко Панчев...

 - Затоа што Џон Тошак не ги знае презимињата на нашите фудбалери, а составот му го суфлираат неговите помошници, на чело со Бобан Бабунски...

- Затоа што фудбалерите што играат за репрезентацијата не се најдобрите, а кога ќе го облечат националниот дрес не чувствуваат никаква одговорност, чест и гордост...

 - Затоа што јавна тајна е дека повикот во репрезентативните селекции се плаќа на ваков или на онаков начин...

 - Затоа што младинските репрезентативни селекции се очајни, со чест на исклучоци, за нив воопшто не се води сметка, а уште оттаму се почнува со процесот на играње поради „посебни релации“...  

 - Затоа што во фудбалот ги нема прославените Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Бошко и Милко Ѓуровски, Саша Ќириќ, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Драган Канатларовски, и многу други истакнати фудбалски имиња...

 - Затоа што речиси сите репрезентативци кои ја остварија онаа историска победа од 11-1 над Лихтенштајн сега се далеку од фудбалот, или се заборавени некаде на маргините...  

 - Затоа што немаме ниту еден вистински стадион во државата, а на Градски прво му дадовме звучно име  „Филип Втори“, па дури потоа го правиме – фаза по фаза...

- Затоа што државата направи фудбалски игралишта кои се веќе пропаднати и никој за нив не води грижа...

 - Затоа што Првата лига ни е далеку од професионална, а најголем дел од фудбалерите играат за плата што не е поголема од 200 евра и среќни се ако врзат крај со крај...

 - Затоа што на дел од прволигашките стадиони нема ниту топла вода за туширање по завршување на натпреварите...

 - Затоа што националниот телевизиски сервис, МРТВ, или некоја друга национална телевизиска станица, не го пренесува македонското фудбалско првенство за да ја зголеми неговата популарност...

 - Затоа што најголемите македонски компании бегаат од фудбалот како од црн ѓавол, наместо да вложуваат во неговиот развој...  

 - Затоа што низ годините наназад ги снема поранешните шампиони Слога Југомагнат, Македонија Ѓорче Петров, откако нивните раководства сакаа да стават крај на анархијата на ФФМ...

 - Затоа што просториите на ФФМ повеќе наликуваат на некоја селска задруга, отколку на „куќа на фудбалот“...  

 - Затоа што сите оние кои што појавија желба да го рушат Харалампие Хаџи – Ристески, всушност сакаат да ја грабнат власта и тие потоа да удрат на крадење...    

 - Затоа што Вардар на сила го спасија од Втората лига, го фузираа со Миравци, наместо по природен пат да се вратеше во елитата...

 - Затоа што на прволигашки фудбалски меч во Кичево беше симнато македонското знаме од јарболот од навивачите на Шкендија, а за тоа никој не одговараше...

 - Затоа што „Тумбе кафе“ во Битола наликува на руина, а некогашната фудбалска гордост Пелистер сега се мачи во второлигашка конкуренција и ја сонува елитата...

 - Затоа што Беласица, клубот од каде потекнуваат Пандев, Попов, Стојков, Балдовалиев, кој беше расадник на таленти, сега е на работ на пропаст...

 - Затоа што ФК Победа беше суспендирана од УЕФА и ФИФА како клуб кој „местел натпревари“, досието и беше предадено в рака на министерката за внатрешни работи, а досега не е преземена никаква акција. За разлика од кај нас, насекаде низ светот се води жестока борба против организираниот криминал во фудбалот и лажирањето на резултатите...   

 - Затоа што членови од докторскиот тим на ФК Работнички, кои беа суспендирани поради допинг аферата на мечот со Лацио, потоа добија „Медал за заслуги за Македонија“ како дел од ракометната репрезентација на Македонија...

 - Затоа што претседателот на Вардар го покани Динамо Загреб да гостува во Скопје за јубилејот на најтрофејниот клуб, а не знаеше дека зборува со спортскиот директор Зоран Мамиќ...  

 - Затоа што петлињата, пионерите, кадетите, младинците, наместо на фудбалски игралишта учат да играат фудбал на ниви и на споредни терени...   

 - Затоа што кога имаше снег до колена, Миле Спиркоски тврдеше дека нема да го одложи почетокот на пролетниот дел од првенството, а кога пукна сонце, со „заговор“ на дел од клубовите, фудбалската пролет е одложена за седум дена подоцна...   

 - Затоа што елитен фудбал одамна нема во Велес, Кочани, Куманово, Струга, Кавадарци, Валандово, Македонска Каменица ...

 - Затоа што сите македонски фудбалери прво би одлучиле да заминат на печалба во Казахстан, Узбекистан, Индонезија, Албанија, Кипар, отколку да играат во Македонија, а подобрите лиги за нив веќе се недостижни...


Едно зошто, илјада затоа... тага

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 18:46

Работнички останува најдобропласиран македонски клуб на рејтинг листата на Меѓународната асоцијација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

rabotnicki.jpg500

„Романтичарите“ на денеска објавената листа се наоѓаат на 171.место со коефициент 95,5 што значи три места подобар пласман во однос на претходното рангирање.

Меѓу 400 екипи од целиот свет, од Македонија освен Работнички е присутен и Металург. „Металурзите се на 324.место со коефициент 67,5.

Во ТОП 10 светски фудбалски екипи се:

1. Барселона (Шпанија) (коефициент 369), 
2. Реал Мадрид (Шпанија) (292), 
3. Велез (Аргентина) (291), 
4. Манчестер Јунајтед (Англија) (255), 
5. Манчестер Сити (Англија) (251), 
6. Универзидад де Чиле (245), 
7. Универзидад Католика (Чиле) (232,5), 
8. Сантос (Бразил) (231), 
9. Шалке (Германија) (230), 
10. Клуб Либертад Асунсион (Парагвај) (227,5).


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 17:19

ФФМ го одложи првенството само за мерак на својот потпретседател!


Целата рашомонијада околу одложувањето на пролетната фудбалска полусезона е за да се задоволат апетитите на Ренова, клубот во сопственост на потпретседателот на ФФМ, Кенан Идризи. Ова индиректно го навести и тренерот на тимот од Џепчиште, Влатко Костов, кој пред две недели апелираше за одложување поради тоа што немале каде да тренираат, а потврда даде и денеска, кога во изјава за спортскиот портал „Екипа“ соопшти дека одложувањето било потребно, поради тоа што „неколку екипи што останале во Македонија се соочиле со абнормални услови за работа“.

Идризи е и газда на Ренова и потпретседател на ФФМ

Само параван е оправдувањето дека на терените има снег, а чист и непобитен факт е дека стадионите ќе бидат чисти до 4 март, а единствената вистина е дека Ренова и „другите екипи“ нема да бидат во форма. Со одложувањето на пролетниот дел од сезоната, и со тоа што ФФМ им ја исполни желбата на „гипсарите“, уништена е целата работа на неколку екипи што платија подготовки во Анталија, играа пријателски средби и темпираа форма за почетокот, а не за средината на март. Вардар, Шкендија, Работнички, Турново беа во Анталија на подготовки, се подготвуваа како сериозни екипи, но само Вардар и Турново беа против одлуката за одложување. Преостанатите екипи, на ниво на аматери, седеа во Македонија кога беше снежното невреме, се туфкаа дека снегот ги попречува и ковеа план како да ја одложат сезоната. И на крај, го сковаа планот, кој им штети само на тие што визионерски ги планираа подготовките. Во нормална земја, четирите клуба би добиле обесштетување за загубеното време, пари и нерви, но…

Последно од сета оваа рашомонијада е веста дека Вардар и Хоризонт Турново писмено до ФФМ побараа стартот на првенството да се врати за терминот на 4 март, ама за тоа ќе треба да лобираат и кај другите клубови. Но, ако се знае вистинската причина за одложувањето, попусто ќе одат на преговори…




Изменето од емил - 24.Февруари.2012 во 17:19
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.