|
Рано Христијанство |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Август.2008 во 03:49 |
|
Евангелос, реков веќе претходно, мислам дека во друга тема - злоупотребувањето од страна на една институција на нешто, не значи дека тоа нешто е само по себе погрешно.
Никаде не реков дека МОРА некој да ти го протолкува Светото Писмо. Напротив - ако го прочиташ и го разбереш перфектно и немаш прашања кои ти се неодговорени - тогаш нема потреба да читаш ништо друго. Но... ако го прочиташ и од некоја причина имаш нешто што е нејасно - зошто да не прочиташ што има некој друг да каже во врска со тоа? Особено ако тој некој е признаен од заедницата како некој кој навистина знае што зборува и е почитуван како добар верник и добар познавач на работите? Погледни го форумов - зарем не го правиме токму тоа цело време? Зарем ти самиот немаш давано стотици објаснувања на стихови кои на овој или на оној не му биле доволно јасни и ситуации кои заради сопствената заблуденост не сме можеле да ги разбереме. Јас, во одредена мера, и тебе те доживувам како личен авторитет при објаснување на Библијата... и тоа е сосема во ред. И како што гледаш - многу пати имам несогласувања со тебе за многу работи - но тоа пак не ми пречи да те сметам за авторитет во оваа тема. Потполно исто е и со некој кој пишувал во 9-тиот или 10-тиот век, само што на него не можам да му се искарам. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова било и сеуште е вековното мото на римокатоличката и православната црква: "Библијата е тешка книга и е неразбирлива за тебе обичен вернику. Затоа немој да ја читаш, туку дозволи јас да ти ја толкувам, дозволи ми јас да ти кажам што Бог тебе всашност ти вели..." И на тој начин црковната авангарда, имајќи го авторитетот на "бог", го влечела за нос неинформараниот народ каде што сакала и колку што сакала, а тој само велел "амин" и понизно правел се што великодостојниците во името на Бога ќе побарале од него.
До средниот век црквата многу полесно го практикувала ова мото со помош на неразбирливиот латински јазик, а откако Библијата била преведена на разбирлив јазик, потоа таа се повикала на планот "Б" и се наметнала како посредник (толкувач) меѓу Божјиот Збор и обичниот верник.
За жал сеуште, и во 21век, некои цркви успеваат да си ја одржат функцијата на толкувач на Библијата. Како што можете да видите од изјавите на членовите погоре, авторитет за овие верници не е Божјиот Збор, туку човечкиот збор т.е. толкувањата на Божјиот Збор.
Сеуште и во 21век владее таа иста енигма дека Библијата е напишана на некој криптиран и симболичен јазик и дека ние не сме достојни, ниту компетентни, да ја читаме, туку дека ни се неоходни толкувањата на светите отци. На тој начин, Сатаната ја постигнува целта, ние да го немаме Божјиот Збор како авторитет и водач во вистината, туку човечкиот.
Ги поставувам реторичките прашања:
Ако светите отци ни го толкуваат Божјиот Збор, тогаш кој да ни ги толкува нивните пишувања?
Кој да ги толкува толкувањата на толкувањата?
До каде би одела оваа трансмисија на Божјата едноставна порака до нас?
Ако библиските писатели знаеле дека ќе ни треба толкувач на нивните зборови, зошто самите не се протолкувале (објаснеле) себе си, туку ни пишувале џоамити шифрирано, симболично?
Зарем може некој подобро да ги протолкува од нив самите?
Зарем знае некој подобро што сакал да каже некој од оној кој го кажал тоа?
Зарем има подобар толкувач од Бог?
Или можеби Бог веќе го сторил тоа во самата Библија?
Какви толкувања ви треба за заповедта "не кради"? Или "не убивај"? Или "Кој верува во Синот има вечен живот?" "Кој верува во Мене, и да умре ќе живее", "Ни Јас не те осудувам. Оди и не греши повеќе" итн.
По втор пат велам: Кој ја прочитал Библијата барем еднаш со чисти мотиви, здрав разум и без предрасуди, знае дека таа нема потреба од толкувања, туку како што рекол еден од вашите свети "отци"
"Кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши! Затоа ве молам и преколнувам, да ги затвориме нашите очи за СЕ ДРУГО и исклучиво да го следиме КАНОНОТ на Светото Писмо"
(Јован Златоуст, 13 Хомајлија на Битие)
Повротно ќе потенцирам, цитатот од Јован Златоуст не ви го наведувам како мој аргумент, туку само да ви укажам на тоа дека дури и оние кои ги нарекувате "толкувачи на Светото Писмо", дури и тие велат дека Светото Писмо се толкува самото себе и дека не му треба г-дин г-дин "толкувач". Изменето од EvAngelos - 09.Август.2008 во 10:16 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Карамазов и Евангелос - престанете со лични препратки и навреди!
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne moram da ti citiram protivrecnost (tvojot nedostizen IQ me skameni od strav), zasto tvojata vtora izjava e protivrecna na protivrecnoto, samo ovoj pat iskazana vo stil na staro-nova protestantska "drskoserica", zacineta so, dosega nezabelezana vo istorijata na covestvoto, biblisko-crkovna inkviztorska logika. Te molam najprvo nauci go praviloto kade se stava zagrada vo recenicata, sto ke rece poraboti na tvojata pismenost. Vakviot tvoj napor uste ovde na zemjata ke deluva na site nas estetski izbavitelno, da ne recam fizioloski spasitelno. P.S. Te molam uste vednas da pokrenes kaznena procedura protiv mene, zasto kaznata od tebe i od tvoite slicni drugarcinja (koi veruvam deka vednas ke socuvstvuvaat so tvojata sveta rezigniranost) za mene e poveke od blagoslov. P.P.S. Da bese popameten, a bogami i poiskren, ke znaese da pravis razlika megu protivrecnost vo izjavata i dve protivrecni izjavi. Изменето од Karamazov - 08.Август.2008 во 22:36 |
||
tre, tri, tra
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имено.
Библијата дури не е авторитет - таа е Апсолут! Авторитет - е она/оној што ти помага за да го протолкуваш тој Апсолут, преку своите знаења и спознавања. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е став на Православната Црква:
Делата на Св. Отци се Боговдахновени, но не се безгрешни Нивното учење не е безгрешно А само учењето во Светото Писмо е Безгрешно Исто и Симболот на Верата е Безгрешен, бидејќи тој е составен од учениците на Апостолите Од повторно може да се заклучи дека Авторитет на секоја црква се Толкувањата на Светото Писмо А не самото Св Писмо Бидејќи ако земе секој да му биде авторитет Св Писмо Тогаш нема да има илјадници цркви, но милијарди цркви |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос, не го извртувај тоа што го реков, не ти доликува.
Никаде не реков дека Библијата не е доволна. Напротив - токму затоа што Библијата е она што не прави совршено подготвени, треба да ја запознаеме и разбереме што подобро. Ако во тоа ни помогнат писанијата на светите отци, не гледам ништо лошо во тоа, а напротив, тоа е помош на патот кој води кон постигнување на совршенството кое Библијата го нуди. Вториот дел од твојата порака е токму она за кое зборувам - мешаш две работи. Православието и она кое денес се претставува од страна на разни неуки свештеници и бизнисмени како такво. Тоа се две сосема различни работи. Но - ти како искрен трагач по вистината, би требало да си во состојба да правиш разлика меѓу тие две работи... барем се надевам дека е така... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со други зборови велиш дека Светото Писмо не е доволно за нас обичните христијани, па ни се потребни и дополнителни човечки писанија за да ни ја преџвакуваат Божјата недоволно подготвена храна за нас?
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16-17) Како што гледаш Библијата е доволна за да не направи совршено подготвени за секое добро дело. Зборот "совршен" нема компаративна, ниту суперлативна форма. Нема посовршени и најсовршен. Или си совршено подготвен или си несовршено подготвен. Дополнителните писанијата на светите "отци" не можат да те направат посовршено подготвен, затоа што Библијата веќе те направила совршено подготвен.
Дури и еден од вашите свети отци вели дека...
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики, Контра Паганите I:3)
Ова не го земам како аргумент, туку само ви укажувам на тоа дека оние на чии писанија се повикувате да ви го надополнат Светото Писмо, истите тие ви велат дека Светото Писмо е доволно за објавување на вистината.
Но за жал, православните не само што го надополнуваат Светото Писмо со нивните традиции, писанија на еден куп рани и доцни свети "отци", одлуки на вселенски и помесни собори, туку и целосно го потиснаа Светото Писмо од нивната теологија и пракса со овие човечки зборови. Впрочем, набљудувајќи го денес православието, со сите тие икони, мошти, свети водички, крстови, бројаници и други реликвии, ценовници, тезги, човечки слави, молитви кон марија и други светци, култни личности, етнофилетизам, вмешаност во политиката итн кој може да препознае РОНКА ОД СВЕТОТО ПИСМО во сето тоа? Јас не.
Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 16:03 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос, имаш доста погрешно разбирање за делата на светите отци и нашиот однос кон нив...
Единственото што се смета за Божје Слово - е Библијата. Се друго - е пишувано од авторитети, вдахновени од Бога да го направат тоа, но нивниот збор не е закон. Единственото неоспорно и неменливо нешто е Библијата. Ги нарекуваме авторитети, затоа што се луѓе кои или се многу добро запознаени со тоа што го пишуваат, или се навистина вдахновени од Бога, а тоа е препознаено од страна на луѓето и црквата и почитувано како такво. Кога се обраќаме кон нивните писанија? Секогаш кога имаме прашање, дилема, потреба од духовен совет, се обраќаме кон Библијата. Кога ќе наидеме на прашање кое не можеме да го разбереме до крај или не сме во состојба со до крај чист ум и срце да го примиме словото на Библијата од било која причина, тогаш писанијата на светите отци ни помагаат да го надминеме тој проблем, не советуваат како подобро и полесно да го примиме Словото Божје. Не гледам ништо спорно во тоа. Имаш доста чудно разбирање за поимот авторитет и односот кон него. Единствен неоспорен авторитет е Бог и Неговото Слово. Се друго е само помошно средство и се третира како такво. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nikki, на твоите обвинувања им фали една ситница - аргументи Јас никогаш не сум се повикал на некаков протестантски коментар, ниту на изјава на некој пастор, ни од баптистичка, ни од евангелска, конгрешанска, методистичка ниту од било која друга протестантска црква. Напротив, за секој мој став се повикувам на Библијата. Зад секој мој аргумент стои библиски цитат (Библијата 1:1) За тоа сведоци ми се сите членови на форумов идивиди, а и на другите форуми.
Сметам дека ти си ја имаш мувата на капата, па пробуваш да ја ишнеш од мојата глава, затоа што во твоите коментари оскудува Божјиот збор, а истите се преполни со житија, разни веб линкови и други човечки зборови.
Иако ти сега ми се правиш фраерка мене, сепак слободно можам да кажам дека и јас сум еден од твоите црковни авторитети , затоа што половина од моите коментари тука ги најдов копирани (плагијат!) на твојот приватен мистично духовен веб сајт (http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/)
Значи како што јас го цитирам Исус, Исаија, Петар, Павле итн од Библијата, така и ти ме цитираш мене од овој форум на други веб сајтови
Имам и јас мала замерка. Јас не сум протестант, туку христијанин. Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 14:19 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Противречен си
Твој авторитет е Пасторот на Баптистичка Црква Неговото разбирање на Светото Писмо е и твое разбирање СЕ што пишуваш е противречно ** за мене ЕДИНСТВЕНО само Божјиот Збор Епа не е само Божјиот збор, туку и се друго што читаш Зошто не ги читаш ПРавославните Житија и Толкувања ? А ги читаш Протестантските Коментари Зошто не одиш на Проповед во православна црква туку во твојата црква Ти си одлучил да ги читаш твоите коментари А можеби си читнал некој ред православни толкувања Значи постои разлика Темел на твојот духовен живот се Протестатските Кометари |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nikki, јас не ја читам само Библијата. Во мојата домашна библиотека имам голем број на христијански книги, научни книги, нехристијански, исламски, белетристика, романи, цела колекција на Достоевски, речници итн итн.
Но разликата меѓу мене и тебе е што за мене ЕДИНСТВЕНО само Божјиот Збор - Библијата е Божји Збор, боговдахновена книга, Света Книга од која ги црпам вистините и праксите на мојата вера. Дури и кога читам коментари на Библијата јас не ги читам нив како некое боговдахнновено дело, како некој авторитет, туку само како мислења на други сериозни проучувачи на Библијата. Секоја христијанска книга јас ја читам преку призмата на Библијата, затоа што единствено таа е мој критериум за вистината, од Бога одобрен и потврден Авторитет, од Бог вдахновена книга.
Дали некогаш си прочитала во моите коментари тука јас да ги бранам моите аргументи со некои цитати од некоја друга книга освен Библијата? Зарем не сум препознатлив по тоа што зад секој мој аргумент стои (Јован 3:16) (1 Коринтјаните 8:4) (Исаија 55:9) итн? Кога сум напишал јас (Barnes Comentary of the Bible 5:18) ??? Никогаш! Ниту ќе напишам, затоа што Библијата за мене е единствениот Божји Збор полезен за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело. (2 Тимотеј 3:16)
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имам мала замерка, ние не сме православци туку православни
Евангелос, ако на Библијата не и треба толкување Зошто во твојата црква има многу многу Коментари на Библијата На секој стих од Библијата Зошто имате Ливинг Преводи, со слободен протестантски современ превод ? И уште илјадници книги, во кој се наведува едно протестантско разбирање на Библијата, преку примери од секојдневниот живот Значи твојата Библиотека ја прифаќаш А православната Библиотека со безброј житија и толкувања не можеш да ја прифатиш Зошто си таков ? |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Karamazov, јас побарав од тебе да ми цитираш две мои противречни изјави, а не да ги менуваш моите изјави, па потоа да тврдиш дека се противречни а ти токму тоа си го направил, бришејќи ја клучната заграда во втората моја изјава.
Значи, заради твојот изненадувачки и неочекуван IQ ќе се обидам да ти објаснам малку поедноставно.
Библијата и нејзиното толкување не е причината за разиките меѓу јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн. Туку основна разлика се изворите на вистината. Некои ја земаат Библијата како основен и единствен извор за вистините и праксите во својата вера. Други ја земаат Библијата заедно со традицијата, житијата на светите "отци", одлуките на вселенските собори, пишувањата на разни луѓе. Трети ја земаат Библијата заедно со пишувањата на некои современи пророци/пророчици. Четврти воопшто не ја читаат Библијата, туку се поведуваат по некои накитени великодостојници. Петти воопшто не ја земаат Библијата, туку си имаат некоја друга своја "библија" итн.
п.с. Ако друг пат промениш моја изјава и ја цитираш како да е кажана од мене, ќе потегнам казнена процедура против тебе Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 12:23 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |