![]() |
|
Диети |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 33> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 15.Мај.2015 во 08:26 |
Чоколадна диета: Слабејте со вашиот омилен десертЗа да го намалите вишокот на килограми не е вистина дека неопходно е да се откажете од сите омилени слатки. Чоколадата останува на трпезата со оваа диета. Ова е една диета која ќе ви даде можност на здрав и поволен начин да го вметнете консумирањето на чоколадото. Диетата подразбира консумирање на три главни оброци и една вкусна ужина секој ден. За време на диетата пијте 8 чаши вода секојдневно и чаеви и кафиња подготвени со топло млеко. Оваа диета забранува консумирање на алкохол. Покрај тоа неопходни ќе ви бидат и секојдневни прошетки од најмалку 30-тина минути. Основна препорака е да се придржувате до неа најмалку месец дена и со неа може да загубите дури 7kg.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Неверојатна Данска диета со која се слабее до 20 кг за 13 дена!Данската диета може да се започне било кој ден во неделата, но се препорачува баш недела.. ![]() Диетата трае 13 дена и е прилично тешка, но и ефикасна. Со држење на оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат дури две години. Не станува збор за традиционална диета, туку начин да се натера организмот да ги согорува мастите побрзо и да го исфрла вишокот на течност, што допринесува диетата да делува и по завршувањето на циклусот од 13 дена. Ако ја пратите диетата правилно може да изгубите телесни маснотии ( во зависност од почетната тежина) во распон од 7 па до неверојатни 20 килограми. Воведни напомени -Диетата мора да се испрати точно 13 дена, ни помалку ни повеќе и како што е поменато мора да се прати како што е назначено-нема мамење: -Ако за време на диетата испиете на пр. 1 пиво или 1 чаша вино, џвакате мастика или јадете друга храна различна од онаа пропишаната, морате веднаш диетата да ја прекинете бидејки нема да има никакви резултати. По ова диетата може да се повтори дури после 6 месеци, никако порано: Ако ја испративте диетата до крај т.е точно 13 дена, не би требало да ја повторите во следите година дена, но се препорачува да не ја повторувате дури и наредните 2 години.-Кога сте гладни пијте вода (најмалку 2 л) -Кафето може да се замени со чај -Мора да користите шекер во коцки -Скоро секој ден се јаде посебна салата така да што било добро да ја припремите за неколку дена однапред Еве ја рецептата: САЛАТА Исечете 1 кг моркови 1 кг бела зелка 1 црвена пиперка 1 зелена пиперка 1 праз За преливот: 1 дл масло ½ дл јаболков оцет ½ лажичка шекер ½ лажичка сол Измешајте ги овие состојки и полиете ги преку салатата. Оставете да одстои 1 час. Од време на време, мешајте. Салатата можете да ја чувате во пластичен сад во фрижидер. Може да се чува свежа до една недела. За едно лице доволно ќе биде и половина одгоре наведената количина. Данска диета – Мени на јадење по денови ДЕН 1 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер Ручек – 2 тврдо варени јајца , спанаќ варен во вода, 1 домат Вечера – 1 голема шницла ( 230 g ) , салата ДЕН 2 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер Ручек – 1 парче шунка од мисирка, 1 чаша јогурт Вечера – 1 голема шницла, салата ДЕН 3 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 2 тврдо варени јајца , 1 парче шунка од мисирка салата Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје ДЕН 4 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија свежо сирење ( 25g) ДЕН 5 Појадок – 1 голем рендан морков со лимон Ручек – 1 големо парче варена риба ( бакалар , црвена риба , околу 230 g ) со лимон и путер Вечера – 1 голема шницла, салата , варен целер ДЕН 6 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков Вечера – половина пилешко на жар без кожа , салата ДЕН 7 Појадок – 1 чаша чај без шеќер Ручек – ништо Вечера – 1 јагнешка шницла , свежо овошје ДЕН 8 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје ДЕН 9 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер Ручек – 1 големо парче мисиркина шунка, 1 чаша јогурт Вечера – 1 голем стек, салата, овошје ДЕН 10 Појадок – 1 чаша кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје ДЕН 11 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија ( 25g ) свежо сирење ДЕН 12 Појадок – 1 голем рендан морков со лимон Ручек – 1 голем дел од варена риба со лимон и путер Вечера – 1 голем стек, салата , варен целер ДЕН 13 Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 тост Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков Вечера – 1/2 пилешко на скара без кожа , салата |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рамен стомак на лесен начин – дома направете си сами „Sassy“ вода
Ова не е еден еден од производите што чинат цело богатство, всушност станува збор за обична вода збогатена со билки кои што се одлични борци против масните наслаги. Нутриционистот Синтија Сас чиј пронајдок е овој пијалок, вели освен тоа што ги топи килограмите одлично делува на целиот организам. И приготвувањето е едноставно : една кафена лажичка корен од ѓумбир, 1 свежа краставица(излупена и исечката на тенки парчиња),1 свеж лимон исто така исечкан на тенки парчиња, 12 листови мента. Овие состојки ги ставате во 8 чаши вода. Пијалокот се остава во текот на ноќта, за тоа време секоја состојка има свој придонес за магијата на Sassy водата. Пијалокот се кунсумира следниот ден. Има пријатен вкус и освежувачко дејство. Комбинирана со умерена физичка активност водата ќе ви помогне да дојдете до рамен стомак, без притоа да се изгладнувате. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Менхетен диета: Останете витки без одрекување![]() Јадете го она што го сакате, немојте на бидете гладни и отфрлете го од себе, сетоа она што во насловот содржи -Диета! Вака живеат современите жени на Менхетен, а за тоа пишуба Ејлен Даспин во својата книга „The Manhattan Diet”. Нејзините совети од книгата ги прифатија многу кои не сакаат да се одречат од храната, а желни се да бидат витки.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДИЕТА СО КИСЕЛО МЛЕКО: 5 КИЛОГРАМИ ЗА 10 ДЕНАДиетата со кисело млеко може да ви помогне да ослабнете 5-6 кг за 10 дена.
Еве од што се состои оваа диета: - Кисело млеко 500 гр дневно, - Овошје 300 гр (со исклучок на грозје, диња, банана и други со висока концентрација на шеќери). - Зеленчук 300 гр дневно, - Зелен чај, 3 чаши дневно, без шеќер, - Од 150 до 200 гр варено месо (пилешко, мисиркино, телешко) или риба. Вие ги комбинирате овие продукти и сами го создавате дневниот редослед на исхрана. Освен што се слабее, оваа диета е мошне здрава, така да воопшто немате никаква опасност од загрозување на здравјето како некои диети на пример. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Месечева (лунарна) диета 2014
Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина. Месечева диета Месечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. ШТО ПРЕТСТАВУВА МЕСЕЧЕВАТА ДИЕТА? Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот. Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина. Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина. Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми. Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар. ДЕТАЛИ ЗА ДИЕТАТА Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна. За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот. Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми. Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната. МЕСЕЧЕВИ ФАЗИ ВО 2014 ГОДИНА (ЗА МАКЕДОНИЈА) Јануари 01.01.2014, 12:14 – млада месечина 08.01.2014, 04:40 – прва четвртина 16.01.2014, 05:53 – полна месечина 24.01.2014, 06:19 – последна четвртина 30.01.2014, 22:39 – млада месечина Февруари 06.02.2014, 20:22 – прва четвртина 15.02.2014, 00:53 – полна месечина 22.02.2014, 18:16 – последна четвртина Март 01.03.2014, 09:00 – млада месечина 08.03.2014, 14:27 – прва четвртина 16.03.2014, 18:09 – полна месечина 24.03.2014, 02:46 – последна четвртина 30.03.2014, 20:45 – млада месечина Април 07.04.2014, 10:31 – прва четвртина 15.04.2014, 09:43 – полна месечина 22.04.2014, 09:52 – последна четвртина 29.04.2014, 08:15 – млада месечина Мај 07.05.2014, 05:15 – прва четвртина 14.05.2014, 21:16 – полна месечина 21.05.2014, 14:59 – последна четвртина 28.05.2014, 20:40 – млада месечина Јуни 05.06.2014, 22:40 – прва четвртина 13.06.2014, 06:12 – полна месечина 19.06.2014, 20:39 – последна четвртина 27.06.2014, 10:09 – млада месечина Јули 05.07.2014, 13:59 – прва четвртина 12.07.2014, 13:25 – полна месечина 19.07.2014, 04:09 – последна четвртина 27.07.2014, 00:42 – млада месечина Август 04.08.2014, 02:50 – прва четвртина 10.08.2014, 20:10 – полна месечина 17.08.2014, 14:26 – последна четвртина 25.08.2014, 16:13 – млада месечина Септември 02.09.2014, 13:11 – прва четвртина 09.09.2014, 03:38 – полна месечина 16.09.2014, 04:05 – последна четвртина 24.09.2014, 08:14 – млада месечина Октомври 01.10.2014, 21:33 – прва четвртина 08.10.2014, 12:51 – полна месечина 15.10.2014, 21:12 – последна четвртина 23.10.2014, 23:57 – млада месечина 31.10.2014, 03:49 – прва четвртина Ноември 06.11.2014, 23:23 – полна месечина 14.11.2014, 16:16 – последна четвртина 22.11.2014, 13:33 – млада месечина 29.11.2014, 11:07 – прва четвртина Декември 06.12.2014, 13:27 – полна месечина 14.12.2014, 13:52 – последна четвртина 22.12.2014, 02:36 – млада месечина 28.12.2014, 19:32 – прва четвртина |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога пушачот ги остава цигарите, тој се свртува на храната. Не знае како да се справи со силната никотинска криза, ниту со што да ги ангажира рацете. Грицкањето звучи како добро решение! Наместо со цигари, поранешниот пушач посегнува по храната која ќе му дојде до рака. Баш така се множат килограмите. Нутриционистите советуваат тие нервозни моменти да не се лечат со кикирики и чипс, туку да се земаат гуми за џвакање без шеќер или да се земе јаболко. Во кризните моменти земете лажиче мед од лаванда или рузмарин, кои го смируваат организмот. Прв ден Втор ден Трет ден Четврти ден Петти ден Шести ден Седми ден |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поминаа празниците, па да се вратиме во форма. Диетата се држи само три дена и за тоа време треба да се ослаби два килограми. Во текот на оваа диета секојдневно треба да се пие по 1 – 1,5 литри свеж домашен кефир, без додаток на шеќер и тоа 5 – 6 пати дневно. Интервалите помеѓу земањето на кефирот би требало да бидат исти. Појадок: Предлог1 : кајгана од 2 јајца, салата од помала краставица, кафе со лажиче млеко. Предлог2 : Гриз/палента и кисело млеко. Предлог 3 : Јајце, тост со путер, чај со мед. Ужина: 3 dl домашен кефир
Предлог1 : Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100 грама), салата од цвекло, парче леб. Предлог2 : Чорба од печурки, паприкаш (3 dl) и салата од свежа зелка. Ужина: 3 dl домашен кефир
Предлог1 : Риба на скара (150 g), зелена салата и чај од билки. Предлог2 : Поголем печен компир, чај со мед. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јаболката ги има во изобилие, посебно во овој период, па затоа сега е идеално време за диетата која се базира токму на нив и нивните здравствени предности. Диетата со јаболка е една од најпознатите, токму заради краткотрајноста и резултатите кои ги дава. Затоа што јаболката имаат минимално количество калории, за време од 3 дена може да изгубите и до 3 килограми. Калиумот и овошната киселина се супер тандем за согорување на калориите, подобрување на метаболизмот и регулирање на варењето. Гликозата пак која ја има во изобилие, го одржува шеќерот во крвта на правилното ниво. Каков е планот за оваа диета со јаболка? Првиот ден појадокот нека ви биде составен од интегрален леб со свежо кравјо сирење и три парчиња јаболка. За ужина изедете обичен кекс и едно јаболко, додека ручекот може да биде обилен. Подгответе си 140g риба, една јаболка, портокал и целер. Попладневната ужина се состои од 85g кравјо сирење и 1 јаболка, а за вечера подгответе две сендвичиња од ‘ржан леб со сирење. Вториот ден започнете го денот со 30g овесна каша, 130ml млеко, лажица суво грозје и 1 јаболка, а за ужина може да изедете уште една. За ручек подгответе си една палачинка од млеко и јајца која ќе ја наполните со рендана јаболка. За попладневната ужина испијте 80g безмасен јогурт и исечкајте половина јаболка. Вечерата нека се состои од 40g ориз помешан со половина банана и 1 јаболка. Третиот ден започнете го со парче интегрален леб, 3 лажици кравјо сирење и јаболка, а за ужина нарендајте 1 јаболка во 140g јогурт и додадете малку лимон и цимет. За ручек почастете се со 80g печени пилешки гради и 1 јаболка, црвена пиперка и лимонов сок. Јаболката нека ви биде и попладневна ужина, а диетата завршете ја со свежа салата од 2 моркови, 1 јаболко, лажица суво грозје и 50g безмасно сирење. Во текот на овие 3 дена не заборавајте да пиете по најмалку 1 литар вода. Ќе се зачудите колку полесно и поздраво ќе се чувствувате по само 72 часа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Наменета е за оние кои покрај што сакаат да изгубат некој килограм, сакаат и да го прочистат својот организам од високо калорична и мрсна храна. Постојат неколку диети со јогурт, но оваа трае само три дена и е многу лесна. Еве како треба да се одвива вашата исхрана во текот на тие три дена: 1 ден
Изменето од Valerija - 17.Декември.2013 во 17:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никој не сака да држи диета и да се изгладнува, но некојпат ни е неопходна. Но, за да не се доведуваме во несакани ситуации, добро е редовно да вежбаме и правилно да се храниме. Овие совети за диета не се вообичаени како во останатите диети, па затоа е добро да ги погледнете бидејќи ќе ве изненадат и можеби ќе ви се допаднат. Јадете повеќе Да, добро прочитавте. Според истражувањата, конзумирањето поголеми
порции ќе ви помогне подолго време да останете сити. Во што е трикот?
Потребно е да јадете здрави намирници, како што се овошје и зеленчук.
Така, голема порција салата е добра, но голема порција помфрит е штетна. Читајте етикети Жените коишто ги читаат етикетите на производите имаат понизок индекс
на телесна тежина од жените кои не го прават тоа. Разликата е голема, 4
килограми годишно. Сечкајте ја храната Оние кои ја сечкаат својата храна јадат помалку од останатите, а се
чувствуваат подеднакво задоволно. Исечкајте го месото, лебот и
останатите производи на мали парчиња пред да почнете да јадете. Уживајте во храната Истражувањата покажуваат дека фокусирањето на она што го правите
додека јадете ви помага да јадете помалку. Наместо да гледате ТВ додека
јадете, одвојте време да размислите за она што го јадете. Повеќе ќе се
заситите и ќе уживате во оброкот. Слушајте џез Најновите истражувања покажуваат дека слушањето побавна и посмирена
музика, како што е џезот, може да ви помогне да јадете помалку, дури и
до 175 калории помалку на оброк. Не прескокнувајте оброци Веројатно сте слушнале дека прескокнувањето оброци е лошо, а новите
истражувања покажуваат и во која насока: оние кои прескокнуваат оброци
обично завршуваат јадејќи висококалорични јаглехидратни и скробни оброци
кои не вклучуваат зеленчук и протеини. Како резултат на тоа доаѓа до
внесување 20 % повеќе калории од обично. Пијте ладна вода Стручњаците за фитнес сметаат дека ладната вода може да ви го забрза
метаболизмот . Зошто? Бидејќи вашето тело согорува дополнителни калории
за да ја загрее водата на температура погодна за да може да се свари. Не гледајте во брзата храна Според најновите истражувања, фотографиите со висококалорична храна, како што е пицата, колачите и газираните пијалаци го поттикнуваат сигналот во мозокот кој ве тера да ја посакувате таа храна. Затоа, воопшто не ги погледнувајте промотивните летоци и реклами на кои има слики со ваква привлечна, но штетна храна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Kако полесно да ги издржите диетите?Не е неопходно да направите драстични промени ако сакате да изгледате витко и убаво. За здрав живот понекогаш доволни се само неколку мали дневни ритуали кон кои ќе се придржувате. За полесно да ги издржите диетите без прекршувања, придржувајте се кон следниве нешта... Начин на живот Важно е кога ќе одлучите да ослабете е да не го разбирате тоа премногу краткорочно. Сфатете го како придржување кон здрава исхрана, па затоа правите нови избори кога се во прашање оброците. На тој начин слабеењето ќе биде долгорочно и килограмите нема да ги вратите за само неколку недели. Направeте едноставни замени Започнете постепено, не се одрекувајте од сè наеднаш. Најпрво тестенините заменете ги со интегрално брашно, оброкот во кој има варен компир не го комбинирајте со леб или пак ако дневно пиете по 3 чаши млеко намалете ги на една. Исто така, бирајте намирници богати со вода, а сиромашни со калории. Додајте неколку вежби Многу истражувања тврдат дека вежбањето го регулира крвниот притисок, холестеролот, шеќерот во крвта, а воедно и го подобрува расположението. Се препорачува телото да го одржувате здраво и со 30 минутни вежби во текот на денот. Комбинирајте истегнување, вежби за сила и кардио вежби. Направете здрав избор на брзата храна Брзата храна е најчест избор на современите девојки и жени. Но, брзата храна не мора одма да значи и нешто нездраво. Наместо хамбургер и помфрит или тост, одберете сендвич полн со свежи салати и сосови, а вкусот може да го збогатите со омилените зачини. Тоа е многу поздрав избор, а воедно и побрз. Обојте ја вашата чинија Грижете се во порцијата да имате што повеќе бои. Тоа укажува на поздрав оброк полн со хранливи вредности. Почнете со црвената - домати, додајте малку жолта или портокалова - морков или пиперка, зелена - лиснат зеленчук, а додајте и малку сина - боровници. Изменето од Valerija - 17.Декември.2013 во 17:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бидејќи денес нема жена која не е затруена со некоја диета во која цврсто верува, доктор Оз ги разрешува најголемите митови и невистини врзани за овие режими на исхрана. Можеби ќе останете разочарани, но сепак вреди да ја знаете вистината. Која е најпопуларната тема поврзана со здравјето за која постојано ви бараат совети? Слабеењето. Секој ден би можеле да правиме емисија за слабеење, никогаш нема да биде здодевна. Која е според вас најдобрата диета ? За мене најдобра е Медитеранската диета. Постојат три типа на луѓе според начинот на кој јадат : 1. Емоционални „јадачи“, обично имаат чувство на дупка во стомакот и се обидуваат да ја наполнат со храна. 2. Сензитивни „јадачи“ кои кога ќе видат каква било реклама што се однесува на храна, тие сакаат да јадат. 3. Редовни „јадачи“ кои јадат редовно, на пример крофна наутро и доцна навечер обилна вечера. И само затоа што имаат таква навика, ќе се здебелат. Сите тие мораат да ја приспособат диетата, секој на различен начин. Медитеранската диета обрнува внимание на овие три типа луѓе. Присуството на Омега 3 во храната може да се справи со емоционалните прашања, храната е сладострасна, така што сензитивните јадачи ќе бидат задоволни, а затоа што се јаде цел ден функционира за редовните јадачи. Кој е најголемиот мит поврзан со слабеењето? Најголемиот мит е дека диетите се ефикасни. Го кажувам ова со „половина уста“, но концептот дека со самоограничување може да се надмине биолошката желба за храна, е заблуда. Кога навистина сакате да ослабете, заборавете на диетите и размислувајте како да „го поттурнете“ телото така што тоа природно ќе ве однесе во времето кога сте биле послаби. Тогаш и биолошкиот дух ќе го поддржи тоа што сакате да го направите. На пример, јадењата што го намалуваат копнежот по храна, се ефикасни. Навиките со кои се редуцира прејадувањето, функционираат. Токму затоа слабите луѓе се слаби. Тие мислат дека дебелите луѓе се мрзеливи, а дебелите мислат дека слабите луѓе се среќни, но ни едните ни другите не се во право. Слабите луѓе создале или наследиле навики за да изгледаат така и по природа тие се по активни. Каков совет ќе им дадете на оние што не сакаат да вежбаат? Ако сте физички слаби, најдобро е да почнете со одење. Не мислам на обично шетање низ паркот, туку тоа треба да биде енергично одење со брзо темпо. Со овој едноставен начин можете да сторите многу за вашето здравје. За оние што се појаки физички, препорачувам јога. Ќе ви даде емоционална поддршка додека вежбате, а на крајот ќе имате повеќе енергија затоа што медитацијата е обично дел од јогата. Јас секое утро 7 минути правам јога вежби. Тоа им го советувам на сите затоа што најчести оправдувања на луѓето се: „Немам време“,„Не сум јас за тоа“. Но, кога треба да вежбате во својата соба само 7 минути дневно, навистина нема оправдување. Да бидеме реални, никој не е толку зафатен да не може да одвои 7 минути во текот на денот за ваков сет вежби- кратки се, додека да почнете, ќе треба да завршите. Колку е важно вежбањето? Фактор број еден за долговечност е секојдневното вежбање. Тоа е превенција за многу проблеми што се јавуваат со годините. Истото важи и за други активности како танцувањето, шетањето или работењето во градина. Важно е да запаметите дека ќе биде тешко само да се откажете од лошите навики, затоа морате да ги замените со добри навики. Кој е најдобриот совет за здравјето што некогаш сте го дале? Секогаш кога одите во продавница, однесувајте се како да сте влегле во аптека. Има моќни состојки во храната на рафтовите и затоа треба да јадете храна израсната од земја, што изгледа така и кога ја јадете. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |