|
ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Септември.2008 во 04:41 |
||||||
Истоимена тема!
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Одговорот твој го претпоставувам, но ова го прашав само за да ти покажам дека и така можат да се гледаат работите во контекст на твоите прашања во една друга тема, каде ти праша(со веќе нанапред усвоен став) во врска со моето неверување и некомплетно прифаќање на Библијата. Изменето од Majkl - 08.Септември.2008 во 14:43 |
|||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Brat serd, i ovde se najdovme :) ti blagodaram uste ednas za programata za prevod. sekoja cest sto ja zapocna temava, mnogu poucni tekstovi, za onoj koj saka da si go otvori srceto. Hristos ne povikal na ljubov, taka sto da ne se ugleduvame na onie primeri koi sakaat da vnesat samo nemir i razdor. drvoto se poznava po svojot plod :)
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!
(Св. Августин: За Единството на Црквата) |
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Море разбираат, разбираат, и те како разбираат
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
|
|||||||
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
He he, no ne te rabiraat ikonopoklonicive...
|
|||||||
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Поука од светиот отец Јован Златоуст:
Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
(13 Хомилија на Битие). |
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Кон Светата Пасха и за колебањето11. На Воскресението е ден и почетокот ни е десен, та да се озариме со Празникот и еден и еден друг да прегрнеме! Да им кажеме - браќа2 и на оние што нè мразат, не сал на тие кои од љубов нешто ни сториле или претрпеле. Сè да простиме со Воскресението! Да си дадеме прошка еден на друг, - јас, кој бев тиранствуван со прекрасна тиранија (сега ете ова го изнесувам), и вие, коишто красно тиранствувате, доколку нешто сте ми забележале за колебањето, кое како да е поарно и почесно пред Бога, отколку итањето на некои други. Зашто добро е по малце и да се отстапи пред Бога, токму како Мојсеј на времето, а подоцна и Јеремија3, за потем спремно да притрчаме, штом ќе повика, како Аарон и Исаија4, - но само и едното и другото нека се врши благочестиво; првото - поради сопствената немоќ, а второто - заради моќта на Призивателот. 2. Таинството ме помаза, пред Тајната малце одстапив, колку себеси да се испитам; со Тајната, пак, сега влегувам, приведувајќи го Денов како добар покровител на мојата бојазливост безсилност, такашто Оној, Кој денес воскресна од мртвите, и мене да ме возобнови преку Духот, па облекувајќи ме во новиот Човек, да ме предаде на Новата Твар, на оние коишто се родени според Бога5, да им бидам ним добар изобразител и учител, со Христа доброволно усмртуван и воскреснуван. 3. Вчера Агнецот беше заклан, и се помазуваа портите, и Египет си ги оплакуваше првородените, а нас, пак, истребителот нè одмина, и Печатот беше страшен и достоен за почит, и со Чесната Крв6 се обѕидавме. Денес во чистота избегавме од Египет и од фараонот, горкиот владетел, како и од тегобните надзорници, па се ослободивме од калта и правењето тули7. И веќе нема кој да нè спречува на Господа Бога наш Празникот на Исходот да му го празнуваме; и тоа да Му го празнуваме не во квасецот стар на злобата и лукавството, туку во бесквасниците на чистотата и вистината8, без да си понесеме ништо од Египетската и безбожничка закваска9. 4. Вчера се распнав со Христа, а денес се прославувам со Него. Вчера бев соумртвен, а денес со Него оживувам. Вчера се погребав со него а денес бивам соподигнат. Туку, да Му принесеме плодови на оној, кој заради нас пострада и воскресна10. Можеби мислите дека говорам за злато ил' сребро, или за некакви ткаенини ил' камења проѕирни и скапоцени, минливите вештества на земјата, коишто речиси секогаш и најповеќе ги имаат злите и робовите на нижото и на светодржецот11. Всушност, самите себе треба да се принесеме како плод, ние, на Бога најдрагото и најближното владение. Да му го воздадеме на Образот она што е „по образот“12, да го познаеме сопственото достоинство, да Го чествуваме Првообразот, да ја узнаеме силата на тајната и заради што Христос умре. 5. Да постанеме како Христос, бидејќи и Христос стана како нас. Да станеме богови, заради него, зашто и Он Се стори човек, заради нас. Така, го прифати полошото, за да го подаде подоброто. Осиромашени, за ние преку Неговото сиромаштво да се збогатиме13. Образ на слуга14 прими, за ние слободата да си ја добиеме15. Слезе, за да се извишиме. Беше искушан, за ние да победиме Беше бесчуствен, за да возслави. Умре, за да спаси. Се вознесе, за кон Себе да ги привлече полегнатите долу, во гревовниот пад. Тогаш, секој нека даде сè, сè нека Му принесе како плод на Оној, Кој Себеси Се даде во Откуп и Замена за нас16. Притоа, не ќе даде ништо такво какво што си е, всушност, самиот тој, тајната штом ја разбира, и кој станал заради Него сè она што и Он заради нас постанал. 6. Ви плодоноси Он, како што гледате, пастир; зашто кон тоа се надева и се моли, тоа го бара од нас што сме му под раката негова, тој - добриот пастир, кој душата си ја полага за своите овци17, и двоен наместо единечен вам себеси ви се подава; и бастунот на староста го претвора во во стап на Духот, та на бездушниот храм му додава душевен18, на овој прекрасен и небесен му додава каков и да е, волицок, но сепак за него најскапоцен, со многу пот и труд изграден, уште да речеме дека и достоен е за трудовите. И тој сè свое на вас ви го принесува. (О, великодушност, или повистинито да кажеме - чедољубивост!) А тоа е: староста, младоста, храмов, архиереот, подателот на наследството, наследникот, словата по кои се зажелевате; и тоа не такви кои се залудни и во ветер расфрлани одвај до ушите што досегаат, ами оние коишто Духот ги пишува и ги втиснува во плочи камени, односно плотски19, коишто не се исцртани сал на површината.ниту се лесно бришливи, туку се во длабочината се изобрезани, не се со мастило а со благодат20. 7. Тоа, значи, ви го дава вам овој честит Авраам, патријархот, чеснава и почитувана глава скровиштето на сите блага правило на добродетелта,совршенствово на свештенството, кој денес доброволно си ја пиведува својата жртва кон Господа - единородниот син на ветувањето21. Така, и вие принесувајте му плодови на Бога и нам, со тоа што ќе бидете добра паства, населени на место тревно, напојувани од водите на покојот22, познавајќи си го добро пастирот, а и од него познавани, следејќи го кога пастирски и слободно ве повикува низ дверите; а по туѓинец, пак не одејќи, таков кој прескокнува преку оградата разбојнички и коварно23, ниту слушајќи туѓ глас што поткраднува и ве расејува подалеку од Вистината во гори и пустини, во бездни24 и во места коишто Господ не ги епископствува, со што ве одвојува од здравата вера, онаа во Отецот и Синот и Светиот Дух, Единото божество и Сила Чијшто глас отсекогаш го слушале и го слушаат моите овци, а не зборови подмолни и гнилежни што ги разлачуваат од нивниот Вистинит и Прв Пастир. Од такви сите да се тргаме, и пастирите и паствата, како од болно смртоносно пасиште, и напасителите и напасуваните, та сите сега а, и во тамошниот покој да бидеме едно во Христа Иисуса25, Комушто славата и власта му се во веки. Амин. преводот од старогрчки јазик на Игор Радев
Изменето од mali simo - 15.Март.2008 во 15:30 |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
.
Предсаборско обраћање цара КонстантинаАрију и св.Александру АлександријскомЗнам да је садашњој расправи био почетак када си ти,
Александре, пожелео чути и знати од својих свештеника како сваки појединачно
мисли о одређеним местима из Закона, или једноставније речено, када си изнео на
видело празну страну питања,те си онда ти, Арије, потегао нешто такво о чему у
првом трену није требало ни мислити, или је требало ћутати, и ако си о томе
размишљао. И тако: нека сваки од вас искрено опрости један другоме, и
нека усвоји оно на шта вас саветује онај који је слуга, као што сте и ви.
А шта је то заправо? Зар не би требало упитати и у прошлим временима, па и
одговарати на питања, јер оваква питања, као неизазвана, потегнута су тек онако,
из склоности за препирањем, и да се време замени беспослицом. Али ми треба да
будемо трезвени, а никако да са оваквим стварима тако лакоумно излазимо пред
свет, нити да говоримо простом народу о ономе о чему најпре нисмо добро
поразмислили. Јер ко може онако добро знати и како треба протумачити смисао тако
великих и тешких питања? И тако: када се расправља о нечему оваквом, мислим,
потребно је да се уздржавамо од много речи, како не би довели народ било до тога
да хули Бога, било до тога да учини раскол, а свему томе није тешко дати повода. |
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Кој
сфатил дека човечкиот род се наоѓа во падната состојба, дека земјата е
место на наше прогонство, наша темница, каде што поминуваме кусо време,
па излегуваме за да добиеме или вечно блаженство или вечна казна, тој
секако сфатил и тоа дека единственото човечко засолниште на земјата е
Христос, Спасителот на загубените. Сходно на тоа, единствено
непроценливо човечко богатство на земјата е - познание на Христа и
усвојување од страна на Христа.Оној, кој сака да го стекне тоа
богатство, ќе сака ли да стекне и привремени наслади? НЕ!!! ?Напротив -
ќе ги избегнува, чувајќи се да не го одвлечат. Ќе биде задоволен не
само со она што е неопходно, туку и со сиромаштво. А задоволен човек е
побогат од богатите! СМИРЕНОМУДРЕНОСТ
Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и
смиреномудроста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што
душата е скриена во телото од човечки погледи иопштењето со нив, така и
смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека
тој се оддалечил и се одрекол од сé, туку дури би сакал да се сокрие и
од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги
поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како да не
постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен
и одделен од светот, толку е целиот во својот Владика. УМИСЛЕНОСТ (ГОРДОСТ) Гордоста, издејствувајќи ги падот и погибелта на човечкиот род,(луѓето) не го гледаат падот во човечката природа и не се свесни за него: тие во неа гледаат само доблести, совршенства и убавини; и болестите на душата и страстите, се сметаат за благородни особини. Таквиот поглед на човечкиот род ја прави идејата за Искупителот сосема непотребна и туѓа. Видот на горделивите е ужасно светило; а отсуството на гледање кај смирените е способност за гледање на вистината. На тоа се однесуваат зборовите Господови: на суд во овој свет дојдов, слепите да прогледаат, а оние кои гледаат да бидат слепи. 4. 173 ( в. ЗАПОВЕДИ) ( од свети Игнатиј Брјанчанинов - Енциклопедија на православниот духовен живот ) |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
Ezan-a
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Pozdrav do site nov sum na forumov no nekolku dena gi citam i temive i postovive.Imam bas zabeleska za ovaa tema treba bar da napisete deke ne smee da gledaat deca pomali od 10 godini,na kerkami ke i zastanese srceto koga go vide ovoj Vatopedski!!! so pocit i pozdrav do site se izvinuvam uste ednas
|
|||||||
Beautiful Mind
|
|||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
извадок од книгата Elder Joseph the Hesychast, од Старец Јосиф Ватопедски
За познанието на Божјата волја „Оние што прашуваат духовни луѓе со цел да ја откријат божествената волја треба да го знаат следново: Божјата волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не може да се смести во тесните рамки на човечката логика. Во Својата неизмерна добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно известување. Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да се смирува копнеејќи ненаситно по познанието на волјата Божја и ревнувајќи во нејзиното исполнување. Затоа човекот го прима со вера и благодарност првиот збор на духовниот отец кому му се обратил за совет. Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата, послушанието и смирението не му содејствуваат на човекот - а знак за тоа е кога некој противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други духовници - тогаш Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак. Оваа е чувствителна работа и бара големо внимание. Ава Марко вели: ‘Човек му дава совет на ближниот по мера на своето знаење; Бог, пак, дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’. Суштински предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да покаже спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што порано веќе реков, божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи на некој магиски начин во какви било положби, места или средства, туку им се открива само на оние што се достојни за ваквото божествено снисходење.” |
|||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|||||||
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ЕВЕ ДЕКА ОВА КОЕ ЈАС ГО ПОСТИРА СЕ ЧИТА!!!! А МОЖЕ И ТИ ДА ПРОЧИТАШ НЕМА ДА ТИ ШТЕТИ. |
|||||||
|
|||||||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |