IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Забрзано стареење
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Забрзано стареење

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Забрзано стареење
    Испратена: 16.Декември.2024 во 07:52


Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд откриваат дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проучување на 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.

Во проучувањата биле опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули.

Според наводите, ентропијата - т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст.

- Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој.

Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна - овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт.

Изменето од pajser - 16.Декември.2024 во 07:53
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.