![]() |
|
Фритата |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:18 |
|
Фритата- Мексикански деликатес готов за само 20 минутиСтанете експерт за мексиканска кујна со овој едноставен рецепт кој се подготвува во 3 чекори, ќе ви одземе 20 минути, а со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски. Потребни состојки
Начин на подготовкаВо сад, скршете ги јајцата, посолете ги со малку сол и 1 лажица брашно,а потоа додадете го и млекото и добро изматете. Tиквичката и сирењето и додадете ги во претходно добиената смеса. Истите претходно, по желба може да ги изрендате. Садот за печење, пред да го користите, подмачкајте го со зејтин и загрејте го. Додадете ја смесата, а пред да ја печете, одозгора додадете исецкан домат. Печете 20 минути, на 250°C |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Состојки 6 јајца 50 гр путер или масло 1-2 моркови мини конзерва грашак 1 мал кромид 2 домати 1 тиквичка полн грст сечкан магдонос сол, црн бибер, оригано 1 кисела павлака 2-3 парчиња шунка или салама Морковот исечкајте го на мали коцки и сварете го. Јас наместо грашак од конзерва користев замрзнат грашак со беби моркови, па тоа сето заедно го сварив. Во тавата на путерот или маслото ставете да се запржи кратко кромидот и тиквичката исечкана на ситни коцки. За брзо додајте ги и доматите исто така исечкани на коцки и пржете малку подолго додека се згусти течноста. Пред крај додадете ги грашакот и магдоносот, посолете и зачинете. Тргнете од рингла и сето ова прелијте го со јајцата претходно разматени со малку сол, па ставете го да се печи во рерна на 220С. За нецели 10 минути отворете и одозгора ставете купчиња од павлаката со помош на лажица и меѓу нив со ленти или парчиња шунка или друго сувомеснато што имате и сакате, па вратете во рерна да се допечи додека краевите малку се одделат од тавата. Кога малку ќе подолади, се сечи на парчиња и се служи топло. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Изменето од Valerija - 06.Октомври.2019 во 10:58 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Фритата со компири и сланина
Изменето од Valerija - 06.Октомври.2019 во 10:56 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ФРИТАТА НА ИНДИСКИ НАЧИН СО САМО 300 КАЛОРИИДоколку сте обожаватели на интересни комбинации на вкусови, тогаш сигурно ќе сакате да го пробате овој рецепт. Ако дополнително сте љубители и на индиската зачинета храна, ова е одличен начин да ги приготвите јајцата. Најдоброто од сè е што овој оброк има само 300 калории, па е одличен доколку внимавате на вашата фигура. Потребни состојки: Во јајцата додајте ги и исечканата зелена пиперка и кромидот. За подобар вкус, додајте и малку коријандер. На крај додајте го доматот и изматете ја смесата. На тава за пржење загрејте малку маслиново масло. Ставете ги јајцата и пржете неколку минути додека смесата не стане тврда. Потоа превиткајте го омлетот на половина и пржете уште неколку минути од двете страни. Изменето од Valerija - 06.Октомври.2019 во 10:54 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Автентичен грчки вкус: Медитеранска фритата за појадок, ручек и вечераДали имате желба за едноставен, здрав оброк, полн со свеж зеленчук? Брзата и едноставна фритата ќе стане ваш омилен рецепт за здрав појадок, ручек или вечера. Она што е најдобро, за нејзина подготовка ќе ви бидат потребни помалку од 30 минути. Фритатата е полна со вкусовите на медитеранот: тиквички, шери домати, пиперки, сирење и оригано. Со овој рецепт можете да си играте и да додавате некои од вашите омилени намирници коишто ви се наоѓаат во фрижидерот, па така секој пат да добиете различен вкус. Потребни состојки:
Начин на подготовка:Додадете ги шери доматите и ориганото и зачинете со сол и бибер. Во тавата додадете ја смесата од јајцата. Гответе неколку минути. Додадете го сирењето и ставете ја тавата во претходно загреаната рерна. Оваа фритата е многу разнообразна. Може да го смени вкусот со кој и да е зеленчук којшто го имате при рака – додадете малку свеж босилек и моцарела, малку шунка или чедар… Можностите се бесконечни. Изменето од Valerija - 06.Октомври.2019 во 10:53 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата во микробранова Состојки 1/4 тиквичка 1/2 пиперка 1/4 кромид 2 јајца парче сирење малку магдонос, копар, сол Состојките се одприлика за едно лице, и сепак мерките прилагодете ги според вашите желби, но зависи и од големината на зеленчукот. Најпрво се сецка кромидот, пиперката и тиквичката, се става во мал сад соодветен за микробранова и се пушта на највисока температура 3 минути, колку зеленчукот да омекне. Јајцата се матат, им се додава дробено сирење, сол, копар, и сецкан магдонос. Се прелева врз зеленчукот и се враќа во микробранова, уште 7-8 минути на средно висока температура. Ќе видите доколку е потребно, ќе го вратите во микробранова уште некоја минута. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата од брокула и сирење Состојки 1 главица кромид околу 200 гр брокула 5 јајца 3 лажици млеко 100 гр овчо сирење по вкус сол по вкус бибер по вкус лук во прав или во гранули малку масло за готвење 1/2 лажиче прашак за пециво 2 лажици брашноЕдноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера. Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади. Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора. Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа. Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака. |

Dave's Kitchen: Kласична фритата со едноставни состојкиПодгответе класична фритата со едноставни состојки, кои сигурно ги имате во кујната. Вкусен оброк за целото семејство, за релативно краток период на подготовка. Потребни состојки:
Начин на подготовка |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата со наут Состојки 8 јајца 250 гр наут од конзерва 150 гр замрзнат грашок 150 гр рикота 1 домат исецкан на коцки 1/2 главица исецкан кромид 3-4 лажици сецкан магдонос 5-6 лажици маслиново масло 1 лажиче мајчина душичка по вкус сол и бибер по потреба путер и презла за тавата за печењеВо тава со маслиново масло на среден оган пропржете го кромидот да омекне. Потоа додајте го наутот исцеден од водата, доматот и грашокот. Оставете ги да се динстаат неколку минути додека течноста испари што ќе ја пушти зеленчукот. Потоа оставете го да олади. Рерната загрејте ја на 200 степени а тавата за печење (28) намачкајте ја со путер и посипете ја со презла. Во сад со жица изматете ги јајцата, додајте ја рикотата, магдоносот, мајчината душичка и додајте сол и бибер по вкус. Измешајте да се изедначи смесата. На крај додајте го и зеленчукот. По желба можете да додадете и малку луто пиперче. Измешајте и истурете ја во тавата за печење. Ставете ја да се запече околу 30 минути или додека се зацврсти површината. Печената фритата послужете ја топла со салата по желба |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата од брокула и сирење Состојки 1 главица кромид околу 200 гр брокула 5 јајца 3 лажици млеко 100 гр овчо сирење по вкус сол по вкус бибер по вкус лук во прав или во гранули малку масло за готвење 1/2 лажиче прашак за пециво 2 лажици брашноЕдноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера. Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади. Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора. Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа. Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата со макарони Состојки 6 јајца 1 главица кромид 150 гр. варен грашок 200 гр. сланина 100 гр. ситни макарони 40 гр. путер или маслац (масло) 120 гр. кашкавал на вкус сол и биберЛесно, брзо, вкусно. - Во поголема количина на вода сварете ги макароните. Сварени ставете да се исцедат. - Грашокот сварете и исцедте, но да не е преварен. - Во тавата во која ќе ја спремате фритатата ставете го путерот или во крајна линија масло. Ставете да се пржи исецканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ја на коцки исечена сланината. Нека се испржи до карамелизирање на кромидот, додадете ги сега макароните и грашокот. Размешајте. - Јајцата со жица или вилушка добро сматете ги, додадете на вкус сол и бибер, залијте ги макароните. Нека ги на ринглата околу 5 мин, на умерен оган. - Изренданиот кашкавал посипете одозгора, тргнете од огнот и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени со вентилатор или 5 мин, повеќе без вентилатор. Извадете ја тавата, нека малку олади и служете со прилог зелена салата. Напомена Идеално е ако целото тоа го правите во тава која после може да ја ставите во рерна. Не е пожелно да префрлате од тава во тава. Јас најчесто ја правам со најситните макарони и со машничките. Уште побогата и посочна ќе биде ако додадте 2 јајца плус. Внимавајте на осолувањето доколку користите солен кашкавал. Нека ви е слатко. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата од тиквички Состојки За основата 3-4 средно големи тиквички 2-3 пиперки црвени и зелени 2-3 моркова по вкус сол,вегета, бибер... одокато зејтин За прелевање 6 јајца 200 мл. кисела павлака 150-200 гр. кашкавал1. Тиквичките, пиперките, морковот се сечат во фома каква сакате вие, зачинете ги, ставете зејтин, измешајте. Ставете ги во тавче или огноотпорен сад (најдобро во Делимано ростер тавчето доколку го имате). Вклучете ја рерната и нека се подпече. 2. Изматете ги јајцата, додајте ја павлакта и повторно измешајте, додајте го ренданиот кашкавал. 3. Кога тиквичките се испечени извадете ги од рерната, залејте со припреманиот прелив, вратете во рерна да се подпече преливот. Совет Овој рецепт како идеја сега кога им е сезоната на тиквичките. Понекогаш знам да додадам и 1-2 компира. Вака спремените тиквички се многу вкусни, покрај Кугелот од тиквички за кој веке го имам поставено овде рецептот, ова е исто така едно од омиленото.. Доколку сочеката да потполно се излади...се сече како колач. Јас го ставам во категорија за ручек, а може да биде и доручек... што да не......Уживајте! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Фритата со зеленчук Состојки 5 јајца 1/2 црн патлиџан 1/2 тиквичка 1 црвена пиперка 1/2 главица кромид 1 домат 70 гр моцарела или кашкавал по вкус сол и маслоЗеленчукот (освен црвениот домат) исечете го на тенки долгунести парчиња и ставете го во тава за печење. Посолете го, попрскајте го со масло, измешајте го и ставете го да се потпечи во загреана рерна на 200 степени околу 20-на минути малку да омекни. На половина од печењето повторно измешајте го. Печениот зеленчук оставете го малку да олади. Во сад ставете ги јајцата, малку сол и со вилушка изматете ги. Додајте ја моцарелата или кашкавалот исечкани на мали коцки и зеленчукот. Измешајте ја смесата. Истурете ја во тава бр.26 обложена со хартија или намачкана со масло и посипана со презла. Одозгора наредете го црвениот домат исечен на кругови. Ставете ја да се запече во загреаната рерна околу 15-20 мин додека јајцата се зацврстат. Фритатата оставете ја малку да олади, потоа послужете ја со свежа салата, сиренце, јогурт и сл. Од оваа количина на состојки не излегува баш многу да се најадат повеќе лица, затоа ако треба ќе си зголемите. Кај мене беше доволна за 3-ца. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |