|
Торти и колачи со локум |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:43 |
Состојки 1 паковка локум (по потреба ) 500 гр кори 250 гр мелени ореви 250 гр шеќер 200мл масло шербет 500 гр шеќер 750 мл вода 1/2 парче лимон 1 паковка ванила Корите се сечат по должина. Од една кора правите две. На првата кора премачкуваме со масло и ставаме втора кора. Врз втората кора премачкуваме па попрскуваме со мелените ореви, а на крајот редиме локум. Виткаме до крај. Ролатчето го сечеме на две. И се така додека имаме кори. Премачкуваме со маслото. Редиме во намастена тава. Печеме во загреана рерна. Вариме шербет од шеќерот и водата, додаваме лимон кога ќе го направиме шербетот. Кога се ладни баклавките ги земаме едно по едно ги потопуваме во топлиот шербет. Ги чуваме во шербетот,онолку колку вие сакате да бидат благи. Дали сакате по крцкави или понатопени. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 200гр бел локум 200гр шеќер во прав 200гр мелени бисквити 50гр путер 1 екстрат од круша за декорација шеќер во прав по потреба зелена боја по потреба Во длабок сад ставете го локумот и шеќерот во прав и убаво замесете, потоа додадете ги мелените бисквити и путерот и продолжете да месите. Во смесата додадете екстрат од круша и формирајте круши. Секоја круша извајлкате ја во шеќер во прав, а долниот дел во зелена боја за колачи, декорирајте со зелени ливчиња. На здравје !!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За црн дел 400 гр бисквити 100 гр чоколадо за готвење 100 гр маргарин 50гр ореви За бел дел 400 гр бисквити 100 гр маргарин 100 гр кокос 100 гр локум 50 гр млеко 75 гр шеќер во правЗа црниот дел: Бисквитите и оревите се мелат блендер. Маргаринот и чоколадото стопете ги, додадете ги во мелени ореви и измешајте ја смесата. Додадете шеќер во прав. За бел дел Бисквитите измелете ги блендер, додадете кокос, шеќер во прав, топло млеко и топен маргарин измешајте смесата. Локумот иссечете го на коцки и додадете го во белата смеса. Земете цедалка за лимон, внатрешната страна постелете ја со најлонска фолија и ставете од црната смеса на ѕидовите, внатре ставете од белата смеса и затворете со црна. Извадете ја од цедалка кулата. Така направете со останатата смеса. Кулите редете ги на чинија и посипете со какао. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лимон колач со локум ( без јајца) Состојки 400 гр кисело млеко 1 полно лажиче сода бикарбона 1,5 чаша шеќер 1,5 чаша масло 1 лажица ванила екстракт или 1 пак ванилин шеќер 1 лимон рендана кора 1 пакетче лимон шеќер 150 гр локум Дониа со вкус на лимон по желба ореви, суво грозјеСе раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко. Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора, шеќер и ванилата. Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при рака ставив чоколадни трошки. Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час. Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора. Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха). Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол. Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага рецептот да го приготвите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бомбици со локум Состојки 250 гр. урми (суви, без семки) 200 гр. лешници (потпечени, сечкани) 100 гр. суво грозје 100 гр. локум ДониаЛешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колкушто може. Потоа ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад. - Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот. - Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко. - Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна големина, јас направив 22 бомбици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Портокал куглоф со локум Состојки 4 јајца (2 јајца +2 жолчки+2 белки) 200 гр шеќер 1 пакетче портокал шеќер 100 мл масло 200 гр кисело млеко 1 портокал рендана кора 240 гр брашно 1 пакетче прашок за печење 100 гр ружа локум Дониа2 јајца и 2 жолчки се матат со 150 гр шеќер. Му се додаваат етапно и останатите состојки за тестото. Се истура врз намастен клап за куглоф. Локумот се сечи на половинки или четвртинки, се валка во брашно и се става со благо притискање врз тестото. Се печи на 180С околу 35 мин . Печениот колач се вади од калапот да олади. Се матат двете белки со останатиот шеќер и се украсува одозгора колачот, па се враќа повторно во рерна да се потпечат белките. Овде има измени од оригиналот. Имено, во двоењето на белките на второто влета жолчката и се распрска, па никако немаше можност да се оддели. Така, колачот на сликава е всушност со 4 цели јајца, 6 лажици шеќер и 250 гр брашно во тестото, а одозгора е украсен со шлаг и желе. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни колачи со локум СОСТОЈКИ
Посен маргарин(1 ) Брашно(1 Килограм) Масло(250 Грама) Прашок за печиво(1 ) Ванилин шеќер(1 ) Лимон(1/2 ) Локум(по желба ) ПОДГОТОВКА За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бомбици со локум и смокви Состојки 500гр суви смокви 500гр локум 100гр мелени ореви 100гр ситно сецкани ореви 150мл сок од портокал 150гр чоколада за готвењеСмоквите се мелат на машина за мелење месо. Локумот се сецка и се става на оган со сокот од портокал. Се меша и се додаваат и мелените смокви. Смесата се грее се додека локумот се спои со смоквите, а потоа се трга настрана да се олади. Во оладената смеса се додаваат оревите и се замесува смеса од која се формираат бомбици. Смесата е доста јака и блага и затоа бомбиците може да бидат помалечки. Од оваа смеса може да се направат и многу вкусни обланди. Бомбиците се декорираат со чоколада. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колачи со локум
Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Локум колачи Состојки 500гр локум 500гр мелени бисквити 250гр маргарин 100гр шеќер во прав 200гр мелени лешници 4лажици румЛокумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Триаголник со локум и чоколадо Состојки 250 гр. локум(розев,бел) 250 гр. бисквити(мелени) 50 гр. шеќер во прав 3-4 лажици топла вода 100 гр. мелени лешници,ореви+50 гр. кокос 100 гр. чоколада 2 лажици маслоЛокумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2, па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maлинести локумки
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Срценца со локум и сусам Состојки 300 гр локум 150 гр шеќер 100 гр бисквити 100 гр орев 125 гр маргарин 50 гр печен сусам Глазура 100 гр чоколадо 3 лажици маслоВо сад се става шеќерот и 2 лажици вода. Се остава ова да зоврие и се додава локумот да се стопи. Ова смеса се вари 5мин. Се трга настрана и се додаваат останатите состојки. Ако е стегната смесата се додава маргарин, ако се лепи се додаваат ореви или бисквити. Целата смеса се става на прозирна фолија и се сука со сукало. Се сечат срценца и се делат на половина. Значи од 1 срце излегуваат 2 колачиња. Се оставаат да оладат и потоа се глазираат. Пријатно!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 локум ролати Состојки Локум ролат со кокос и желе 1/2 кг локум 200 гр кокос за фил 100 гр желе бомбони 100 гр орев или лешник, бадем 100 гр суво грозје Ролат со локум и сусам 1/2 кг локум 300 гр сусамЗа првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни. За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |